Дали има некој што студира таму? Дали има некој таму запишан од форумов? Ја отворив темава за размена на мислења во врска со факултетот како целина( администрација, кадар, студенти )
И јас би сакала ско има некој да сподели во кратки црти какви се условите ? начинот ..... Конкретно ме интересира колку чена година студирање за ова што е 3 години ? И за мастер студии ?
Мислам дека за условите не треба да се дискутира затоа што се е на високо ниво. Администрацијата е во секој момент способна да ти помогне и да те услужи. 4 недели се предава, 5та се полагаат колоквиуми. Се полагаат 3 колоквиуми од предмет, но доколку паднеш на 1 колоквиум одиш на испит. Односот помеѓу студент-професор нема да го најдеш никаде. Можеш кога сакаш да им звониш на мобилен или да им пишиш на маил. Една година е отприлика 1500 евра. Таа всушност е 2000,но даваат 500 евра стипендија на секој студент. Ова е значи цена за прва година. За втора натака незнам,затоа што сепак другите години за униформа не се плаќа. Ама би требало тука така да е исто. п.с. Доколку си матурантка, а сакаш да се запишиш на ЕУРМ - тие ти даваат бесплатни часови за државната матура.
Ме интересираше за мастер студиите јас сум на државниов па не планирам таму и мастерот да го земам затоа и прашував која цена е ? Само ме збуни ова акопаднеш колкоквиум одиш на испит ? ваму барем имаме поправни Фалааа
Незнам точно која цена е за мастер. Сепак во прв циклус сум сеуште. Да, ако паднеш на еден од тие три колоквиуми, одиш на испит. Размисли си сепак -За повеќе информации, пиши ми ЛП
За мастер е 2000 евра годината мислам ( за тие што идат од државен) , а за тие што си продолжуваат е 1500. Исто така слушнав дека нема да има повеќе колоквиуми, од септември ќе се полага на испити се.
Ау мрачна сега и мене ми се смрачи испиит страшно звучи Научена си сум со колоквиумиве Фала ви на информациите па ако ми треба нешто ќе ве малтретирам по ЛП
Што мислите за факултетот за детективи и криминалистика? Што може да се работи откако ќе се заврши? Дали е напорно? Слушнав дека давале часови за матура доколу се запишеш на европски факултет,колку е точно не знам. Дали има некој таму да сподели лично искуство? Сите мислења се добредојдени
Откако ќе се заврши факултетот за детективи и криминалистика, може да се работи во полиција, обезбедување, осигурителна компанија итн. Убаво е што во склоп на часовите кои се важни за овој смер, вметнува и по некој друг предмет од другите насоки. Ќе ти објаснат А иначе да, даваат часови за матура. Само да се пријавиш. Познавам многу што беа и се задоволни
За магистериум, ова 100% ви кажувам тие што си продолжуваат 3+2 плаќаат по 1500 евра секоја година и двете години се 3000 евра. А тие 4+1 плаќаат 3000 евра за годината. Парите се неповратни во случај да се премислиш уште пред да почне годината
"Латас ќе биде професор на Европскиот универзитет" извор: http://www.libertas.mk/vest/26904/Latas ... niverzitet Се измешаа вредностите во светот. Зашто мора да го препотиш газот од учење, да скапеш над книга 24/7. Кога може да плукаш јавно по се живо и диво, со силно грбче позади тебе и фино лепо да си се сместиш зад професорска катедра. Прво какви услови има исполнето тој за да стане професор, молимте Спојлер За вонреден професор може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област во која се избира, објавени најмалку пет научно-истражувачки трудови во соодветната областа во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или три научни труда во научно списание со импакт фактор во последните пет години, учество во научно-истражувачки проекти, односно значајни достигнувања во примената на научно-истражувачките резултати, придонес во оспособувањето на помлади наставници и кое покажало способност за изведување на разни видови високообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата. За редовен професор може да биде избрано лице кое има научен степен доктор на науки од научната област за која се избира, објавени најмалку шест научно-истражувачки трудови во соодветната областа во меѓународни научни списанија или меѓународни научни публикации или четири научни трудови во научно списание со импакт фактор во последните пет години, кое учествувало или раководело со научно-истражувачки проект и кое има придонес во оспособувањето на помлади наставници и кое покажало способност за изведување на сите видови вискообразовна дејност и позитивна оценка од самоевалуацијата Колку ми е одвратен тоа е чудо. Ај што ќе има секој ден публика врз која ќе може да си ги лечи фрустрациите, идат со ова и плус парички во џеб, зашто знаеме колку мала плата зимаат професориве. Среќа студентите на овие години се доволно свесни па нема да може да си прави свои полтрончиња :geek: Не студирам на овој факултет, ама коса ми се крена од објавава
Да не има некој што е запишан на факултетот за детективи и криминалистика, ми треба книгата "Детективско право" за сестра ми. Ако ја продава некој, или може да ми ја позајми да ја ископирам ве молам пишете ми лп.
Сакам да прашам дали некој знае да ми каже,да студираш на Европски правен факултет во странство,дали можеш после да работиш секаде во Европа,пример да се вратам пак во Македонија? Затоа што правен факултет е во прашање нели се учат правила,закони на една земја,не ми е јасно ова а на Европски тогаш ке може ли секаде да работам? Ќе бидам многу благодарна доколку знае некој да ми одговори
Сакам да се запишам на ЕУРМ на арт и дизајн, искуства...некој е или можеби бил? секаква информација е добредојдена
Завршувам втора година средно и се размислувам уште од сега и планирам да се запишам на европски смер стоматологија Дали некој од тука е на смеров или планира да се запишува ? Сакам повеќе информации.