Девојки, дали некоја од вас студира на Филолошкиот Факултет во Скопје, поточно на Англиската катедра? Ако ве има такви ајде помогнете и кажете од каде симнувате критики за делата по предметот книжевност.
Јас сум на филолошки, катедра за англиски,,,хмм па имаш смер за книжевност, превод, што поточно те интересира?
па и јас сум на англиска катедра на кнжевност, ме интересира за предметиве по книжевност( кај Кошка и Анчевски ) од кај симнуваш критики
е тоа незз срцка не ми предаваат мене ништо тие сега за сега. јас се што симнував беше од нет, барав на гугл али се изнамачував пробував секако....се случувало и цела нок да барам и незнам што ми стана али не го видов целосно првиот твој пост сори сори многу.
И јас сум на англиски јазик и книжевност. Критики симнував од sparknotes, имаше скоро за сите што ми требаа, а за тие што немаше таму на google ќе напишев тоа што барав и од други страни ќе најдев. Доста помагаат критиките ама мораш да ги слушаш и на предавања и на вежби дека кажуваат многу работи што не се од други места
Уште 2 дена ми останаа, а јас сеуште незнам на што факултет да се запишам.Се мислам за јазици, ама незнам што јазик да одберам.До вчера кажував дека ќе одам англиски јазик(преведување и толкување) и дека после ќе одберам албански. Инаку имам 90,9 бода.Што мислите, ќе бидам ли примана во државна квота, и дали е добар изборот.А тешко ли е јазици, мислам има ли професори што ќе можат да те зафркнат? А па од денес се мислам да не одам англсики прв јазик, туку да одберам нешто друго... Кажете го вашето мислење и искуство, се надевам дека ќе ми помогне
Јас сум на преведување и толкување и полесно нешто здравје(барем мене ми е лесно). Единствен проблем ивам со Дучевска по македонски, е таа е незнам..... Инаку секаде има некој професор што ке те заебе. Во 1ва година имаш оној јазик што ке го избереш како прв, и уште еден како втор. македонски. Културолошки македонски и на другите два јазика, меѓународни институции и здруженија, вовед во лингвистика, електронски преведувачки помагала. Во 2ра место мегународни институции и здруженија имаш теорија на преведување. во 3та имаш стручни предмети право и економија , а во 4та знам за медицина а уште едниот не го знам... јас стигнав до 2ра и морав да паузирам и со многу малце мака имам просек 8.00 до сега. Лесно е доколку стварно сакаш јазици.
Јас сум на книжевност, во глобала не емногу тешко али сепак треба да се учи.Зафркнато кај нас е тоа што ние немам еколоквиуми туку се ни е дирек на испит.А за професор кој би те зезнал би се сложила со коментарот над мене на секој факултет ке се најде по некој.Мене сега за сега ми оди супер факултетот просек имам 8.73 али си мачам маки со книжевноста со Анчевски и Кошка тие ми се ноќна мора хехеех
Значи има 3 насоки: книжевност, преведување и толкување и наставна насока, нели? А има ли шанси да бидам примана со моите бодови?
^ Да те корегирам. Насоките (колку што сум информирана и колку што прочитав во конкурсот) се: *Англиски јазик и книжевност (ова ти е всушност наставната насока) *Англиски јазик: превод и толкување
Околу запишувањето... кога се запишува втор јазик, кога се одбира? При самиот старт или крај на 2ра година? И еве ме се премислив од наставна да се запишам на Англиски јазик: превод и толкување. Имам 92.2 бода - па ќе видиме што ќе е. (вау - ме фаќа нервоза!)
^Брајт, изгледа ќе бидеме колешки а за втор јазик мислам дека се бира почетокот на втора година Јас по се изгледа ќе одам на англиски(превод и толкување) и после втор ќе бирам албански Ќе биде страшно во вторник
Eте точен одговор само на книжевност се две насоки наставна и книжевност....барем така на табло пишуваше трет јазик се бира на почеток на 2ра година, на мојот смер. знам дека има турски српски кинески..други незнам
И јас денес конкурирав на англиски јазик и книжевност има некој тука со поголеми искуства што како е таму,лесно ли е тешко ли е? што мислите со колку минимум се влегува во државна квота?
трет јазик можеш да избереш во 1,2 или најкасно 3 година пошто се слуша само 2 години а ако случајно земаш втор јазик мораш да го земеш или во 1 или најкасно во 2 год пошто тој се слуша 3 години
упссс..... ама изгледа нема да сме колешки! Со Хипи рака под рака си се запишавме на англиски, наставна Ете пак дојдов на одлуката уште од 8мо одд Ама во исти комплекс ќе сме хихи ) И така. Ајде ајде - ќе бидне - за сите. Тој шо си учел нека нема гајле. Со среќа на сите
Ќе може некој подетално да ми објасни за филолошки факултет- насока Македонски јазик и литература, планирам да се запишам па ми требаат информации околу наставата, учењето, материјалот. Ве молам нека ми пише некој. Благодарам
Дали некој е информиран околу резултатите на Филолошкиот факултет каде ќе бидат објавени,дали ќе ги има објавено на интернет страната или не?ај ве молам ако некој е точно информиран да ми каже
јас лани кога се запишував резултатите беа објавени на сајтот,па сигурно и оваа година ќе биде така.Ма не се секирајте сигурно све примени,тоа е лесно но потешко е да опстоите хехех Лани не примија 320 студенти али втор семестар запишавме само 170.Ама нека не ве плаши оваа бројка,не е мн тешко,ако го разбираш јазикот лесно ќе поминеш,ако не потешко затоа што предавањата се само на англиски јазик.