Еве во оваа тема ке зборуваме германски...Тие што учат германски и имаат потешкотии со тој јазик слободно нека прашуват па оние кои знаат ке помагаат...Тие што знаат зборувајте на германски... Интересен,убав ли ви е тој јазик... Јас знам нешто но не многу сепак би сакала се повеке и повеке да знам... Ако има ваква тема клуч...
Германски Јас учев до пред некое време онака чисто за мене, а нешто и поднаучив, но тешко некако ми одеше....боже тие граматики ужасни се....па си се откажав, ама ете овде можи ќе биди интересно и забавно низ дружење да се поднаучи нешто
Така си е ако сакаш би требало да успееш Wie sind Mädchen?(Како сте девојчиња?) Поправете ме ако не е точно напишано
Ај после германски напишаното во заградата напишете со кирилични букви како тоа се изговара по нашки. И кога би имале време и трпение напишете некои основни правила, знам имало некои збир букви се изговараат како една и сл., барем некои основни правила да има човек од кај да почне вака електронски да го учи јазикот . Почнав еднаш од интернет да учам ама потешко е кога не знаеш како се изговараат, за на курс немам време а и кога би одела би одела на турски.
Јазиков го знаев многу добро, ама сега дека не го учам сум подзаборавила зборчиња,треба да се потсетам Инаку за изговорањето sch-ш ei-aj eu-oj ie-долго и c-пред самогласки како к s-на почеток на збор како з sp-на почеток на збор како шп tsch-ч z-како ц ig-на крај на збор како их Овие ми текнуваат за сега Од граматика памтам дека секогаш глаголот е на второ место во реченица.Именките се пишуваат со голема буква.Повеќето глаголи во инфинитив завруваат на -еn.Родовите на именките се различни од нашите.Доста е за сега
Тежок е акцентот ете тоа ти е цела филозофија ... Ако го совладаш тоа топ си . Инаку граматиката не е нешто посебно тешка . Да научиш одсновни правила за читање и пишување тоа е тоа
Па не би се сложила дека само акцентот е тежок. Граматиката е многу посложена Јас еве германскиот активно го зборам секој ден , исто така и на курс одам и највеќе проблем ми е граматиката ама полека ја совладувам . Иако не многу години го учам ама ете за година ипол , со активно зборење можам да се пофалам дека добро го знам .
Како не е граматиката тешка.Многу чудни правила имаат за времињата, зависните реченици, падежите.Не е воопшто лесно.Особено зашто родот на секоја именка мора да го научиш напамет, друг начин нема, па во зависност од родот користиш различно правило за било кој падеж итн.Плус имаат сто типа глаголи, па сите различно се менуваат по лица, па напамет учиш дали за минато време ќе користиш haben или sein и да не набројувам.
Еве тема за мене еве Јас да ви кажам едно мое искуство . Моите деца од гледање телевизија го разбираат и говорат Германскиот одлично ,Во 6-то основно некаде се учит како втор јазик .Кога беше корка ми 6 -то и се падна генерација со Германски и нејзе добро и одеше бес курсеви и на регионален натпревар освои 1-во место а на републички 4 -то место штета не сакаше да продолжи јазична гимназија одбра медицина и таму немат втор јазик . Е сега син ми е 6 -то осмо летка и му се падна француска генерација и тој не сакаше да учит француски па морав на 3.09 да го префрлам во друго училиште фала богу одма се вклопи во друштвото ! И сега секој ден ко ке имет германски нашкола идет радосен и кажуват што учеле како тој знаел пример дека ке одел на секција ,многу му е интересно леле ако не му дозволев да се префрлит и ако учеше француски бес желба ке се разочараше ! Инаку навистина е тешка граматиката граматика на натпреварот кажуваше крека ми оние кои оделе на курсеви од мали подобро се снашле писмено и имале повеке поени , а таа на усмениот дел ги добивала повекето поени и зато на државен била 4-та .Но за мене нејзиниот успех е најголем и 4-то место е висок пласман .Значи дека треба и повеке учење во школи за да бидит целосно знаењето а не само самоукост !