пред некое време ве замарав со архитектура, ама сеа коа видов колку народ има заинтересирано за истиов, почнав да размислувам и за градежен..ама дека немам никој таму, не знам како идат работите па ве молам вас ако имате некоја информација за факултетов споделете ја зашо крајно се разочарав, две години уверена дека идам на арх. и сеа ова ми дојде како едно ШЉАП со мокар чорап
Е што така ти текна , зе зезам. Ако добро ти оди математика и физика тогаш оди. И таму има многу вежби, одење по градилишта, статика, бетон (така се вика предметот) и остали глупости. Да има перспектива има, затоа што сега за да една фирма земе лиценца мора освен архитекти да има и градежни инжинери. Не сум баш сигурна дали и таму по ЕКТС веднаш биднуваш магистар како што е на архитектура или по 3 год. студии си техничар Како и да е, не е лесен си има своја тежина а што и да решиш (архитектонски или градежен, што повеќе сакаш) нема да погрешиш
абе ја шо сакам архитектура сакам...ама мислам дека нема шанси таму да се запишам, па за да не си го губам првиот уписен рок, си викам да идам на градежен, поточно се заинтересирав за геодезија...ама ме буни тоа шо пишува геодезија било 3 години...па нејќам ја 3 години, сакам 4- ко секој нормален
ААААА па така кажи де, сакаш да мериш улици се зезам. Види ја програмата таму каква е и што е. И таму имаш малку цртање ама не е толку страшно. Сега геодетите имаат полни раце работа со оваа приватизација, легализација. Сега е нивното време
Јас сигурно одам на градежен фак. уште од 1 средно знаев..се надевам дека ќе влезам на државна квота со 96% поени на конструктивна!
не сум видела порано и затоа не сум пишала, не се полага приемен и можеш да се запишеш мислам на оние насоки кај шо има место
Јас очекувам еден краток извештај, со подетални информации за факултетов, бидејќи многу се двоумам и за градежен. Можеби на крај ќе завршам тука, уште не сум сигурна, па очекувам детали од сегашни, бивши, било какви студенти/ки на факултетов
Ајде геодети помагајте да ја решиме оваа недоумица ! кажете искуства како е најпрво со математиката , праксата , испитите, професорите имам информација дека најспецифични биле професорите Јас се двоумам помеѓу геодезија и архитектура... т.е повеќе сум за геодезија но брат ми е тој кој ме предомислува (тој е иначе конструктивна насока ,па пак знае отприлика како се одвиваат работите ..)
Се надевам дека не каснам многу со мојот одговор......Јас сум студент на градежниот факултет на насока хидротекника. Ќе се обидам да бидам кратка Јас се мислев помеѓу градежен и архитектура, и ако сега повторно би требала да бирам, пак не ми била сигурна во мојот избор....И девете работи подеднакво ме интересираат (па здравје, за некое време можеби ќе се запишам на архитектура) Градежниот факултет од следната учебна година ќе се изучува како 3+2 (до сега беше 4+1). Бидејќи ова е ново, не сум баш добро запознаена со новата програма, па затоа би ви кажала како до сега функционираа работите. Она мене најмногу што ми се допадна на градежен е организираноста на факултетот и пристапноста на материјали, комуникацијата со професори. Значи уште во октомври се знае кога се испитите,нема промени на термини, секој професор дава програма (кој термин која материја се обработува) а исто и асистентите ви даваат план за работа, па можете да си го планирате слободното време. За учење, програми,колоквиуми има многу, за тоа не би сакала да ве лажам значи има многу работа (седење и решавање програми во читална до сабајле) ама секој труд е вреднуван и се влијае на крајната оценка. Има многу дружење и кафиња во кино карпош Што се однесува до тие што имаат двоумица меѓу градежен и архитктура, само би кажала воопшто да немаат страв од примниот на архитектура (ако тоа навистина ги влече) а и + на градежен квотите не се пополнуваат ни во трет уписен рок, така што ке има место ако сакате и покасно да се запишете За смеровите сега.... значи градежен нуди студии по градежништво, геодезија и геотехника. На градежништво се избира меѓу конструктивна насока ( за проектирање објекти од високоградба,се учат повеќе предмети како армиран бетон,челични конструкции); хидротехника( за проектирање водовод,канализација, брани, системи за наводнување,одводнување....се учат повеќе предмети поврзани со водата и нејзините карактеристики); патишта и железници (за пректирање на патишта, сообраќајници, тунели, железници.....). Геодезија е за мерење на површини,парцели и пренесување на тие податоци на карти....... ако ве интересира повеќе: http://www.gf.ukim.edu.mk/ инаку приемен не се полага, се запишуваат и со малку бодови (50%) Во однос на прфесорите, можам само најпофални зборови да напишам (бар јас сум немала некое непријатно и некоректно однесување од нивна страна) Слободно може да дојдете на градежен, од 11-13 секој ден, во студентската служба и ќе ви помогнат и одговорат на секое прашање
^ Јас за жал не сум од Скопје па не можам да дојдам , а кога идам во ск , најчесто е за викенд и неможам да начекам некој во факултетот , за подетално да ми објасни Сакам да те прашам ,разбрав дека на геодезија предавале и се менувале само 2-3 професори за сите предмети , мажи биле , и многу биле тешки за комуникација . Т.е ако од почеток те фатат за око , ќе те мачеле цело време понатаму. Точно ли е ова Калиа ?
Неколку професори ги држат предметите на катедрата по Геодезија, 4-5 мислам дека се. Мене лично само еден професор од нив ми има предавано, и немав никаков проблем (а и општо некој од мојата генерација не се сеќавам дека се пожалил нешто од него). Други муабети немам слушнато и не можам нешто поконкретно да ти кажам. :/
Пред некое време на страната на факултети.мк излезе некое писмо од некој изреволтиран родител што кажува како администрацијата се изживува таму врз студентите. Точно ли е тоа? Инаку градежен го сметам за еден од најтешките ако не и најтежок факултет, но и најперспективен.
за градежен?!?! прв пат слушам за проблеми со администрацијата :/ јас за овие 4 години сум немала никакви проблеми.... баш се е организирано си има и на страната ценовник на услугите .... а за тоа дали е тежок факултетот..... Е! има доста работа, и цртање и решавање и само со редовна работа се постигнува се.
Јас иако имам уште 2 години до факултет сакам уште сега да се одлучам и да се насочам повеќе кон тие предмети кои ке ми бидат од корист за факултетот. Е сега ме интересира дали има многу физика за сите смерови посебно за геодезија, геотехника и градежништво и дали има девојки на факултетот да не се само машки.
вака сеа, физика како предмет се слуша само еден семестар ( за геотехника и градежништво). општо на факултетов треба да знаеш физика, онака основно бар. има и физика и математика, за да те насочат логички и инженерски да размислуваш не е нешто тешко за девојки на факултетов, за чудо последните години се повеќе и повеќе се запишуваат. на мојот смер јас сум едниствено женско и право да ти кажам ич не ми било тешко да се вколопам или да се дружам. вака коа ќе размислам јас, јас цел живот сум учела во машки класови