1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Градежен факултет

Дискусија во 'Образование' започната од solzuska, 7 јули 2011.

  1. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    пред некое време ве замарав со архитектура, ама сеа коа видов колку народ има заинтересирано за истиов, почнав да размислувам и за градежен..ама дека немам никој таму, не знам како идат работите па ве молам вас ако имате некоја информација за факултетов споделете ја :( зашо крајно се разочарав, две години уверена дека идам на арх. и сеа ова ми дојде како едно ШЉАП со мокар чорап ;(
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Е што така ти текна :D , зе зезам.
    Ако добро ти оди математика и физика тогаш оди. И таму има многу вежби, одење по градилишта, статика, бетон (така се вика предметот) и остали глупости. Да има перспектива има, затоа што сега за да една фирма земе лиценца мора освен архитекти да има и градежни инжинери.
    Не сум баш сигурна дали и таму по ЕКТС веднаш биднуваш магистар :) како што е на архитектура или по 3 год. студии си техничар
    Како и да е, не е лесен си има своја тежина а што и да решиш (архитектонски или градежен, што повеќе сакаш) нема да погрешиш
     
  3. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    абе ја шо сакам архитектура сакам...ама мислам дека нема шанси таму да се запишам, па за да не си го губам првиот уписен рок, си викам да идам на градежен, поточно се заинтересирав за геодезија...ама ме буни тоа шо пишува геодезија било 3 години...па нејќам ја 3 години, сакам 4- ко секој нормален :lol: :lol:
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ААААА па така кажи де, сакаш да мериш улици :D :D :D се зезам.
    Види ја програмата таму каква е и што е. И таму имаш малку цртање ама не е толку страшно.
    Сега геодетите имаат полни раце работа со оваа приватизација, легализација. Сега е нивното време ;)
     
  5. Sandrey

    Sandrey Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Јас сигурно одам на градежен фак. уште од 1 средно знаев..се надевам дека ќе влезам на државна квота со 96% поени на конструктивна! :lol:
     
  6. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    абе луге запиша се запиша некој на градежен или слабо колеги ке имам???? :?:
     
  7. Anastasia94

    Anastasia94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    6
    а дали се полага приемен испит и дали ке можам да се запишам ако не сум сите 4 год.поминала со 5?
     
  8. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    не сум видела порано и затоа не сум пишала, не се полага приемен и можеш да се запишеш мислам на оние насоки кај шо има место
     
  9. Anastasia94

    Anastasia94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    6
    a koi predmeti treba da se izberat za polaganje na matura?(bez fizika) :)
     
  10. Sandrey

    Sandrey Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    девојки знае некоја каде се наоѓа лабораторијата на ПМФ за вежбите по физика?
     
  11. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    во горната зграда,приземје или прв спрат.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Јас очекувам еден краток извештај, со подетални информации за факултетов, бидејќи многу се двоумам и за градежен. :?: Можеби на крај ќе завршам тука, уште не сум сигурна, па очекувам детали од сегашни, бивши, било какви студенти/ки на факултетов :)
     
  13. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Ајде геодети помагајте да ја решиме оваа недоумица ! :D
    кажете искуства како е најпрво со математиката , праксата , испитите, професорите
    имам информација дека најспецифични биле професорите :?:
    Јас се двоумам помеѓу геодезија и архитектура...
    т.е повеќе сум за геодезија но брат ми е тој кој ме предомислува (тој е иначе конструктивна насока ,па пак знае отприлика како се одвиваат работите ..)

    :)
     
  14. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    Се надевам дека не каснам многу со мојот одговор......Јас сум студент на градежниот факултет на насока хидротекника. Ќе се обидам да бидам кратка :) Јас се мислев помеѓу градежен и архитектура, и ако сега повторно би требала да бирам, пак не ми била сигурна во мојот избор....И девете работи подеднакво ме интересираат (па здравје, за некое време можеби ќе се запишам на архитектура)
    Градежниот факултет од следната учебна година ќе се изучува како 3+2 (до сега беше 4+1). Бидејќи ова е ново, не сум баш добро запознаена со новата програма, па затоа би ви кажала како до сега функционираа работите. Она мене најмногу што ми се допадна на градежен е организираноста на факултетот и пристапноста на материјали, комуникацијата со професори. Значи уште во октомври се знае кога се испитите,нема промени на термини, секој професор дава програма (кој термин која материја се обработува) а исто и асистентите ви даваат план за работа, па можете да си го планирате слободното време. За учење, програми,колоквиуми има многу, за тоа не би сакала да ве лажам :) значи има многу работа (седење и решавање програми во читална до сабајле) :) ама секој труд е вреднуван и се влијае на крајната оценка. Има многу дружење и кафиња во кино карпош :D
    Што се однесува до тие што имаат двоумица меѓу градежен и архитктура, само би кажала воопшто да немаат страв од примниот на архитектура (ако тоа навистина ги влече) а и + на градежен квотите не се пополнуваат ни во трет уписен рок, така што ке има место ако сакате и покасно да се запишете :)
    За смеровите сега.... значи градежен нуди студии по градежништво, геодезија и геотехника. На градежништво се избира меѓу конструктивна насока ( за проектирање објекти од високоградба,се учат повеќе предмети како армиран бетон,челични конструкции); хидротехника( за проектирање водовод,канализација, брани, системи за наводнување,одводнување....се учат повеќе предмети поврзани со водата и нејзините карактеристики); патишта и железници (за пректирање на патишта, сообраќајници, тунели, железници.....). Геодезија е за мерење на површини,парцели и пренесување на тие податоци на карти.......
    ако ве интересира повеќе: http://www.gf.ukim.edu.mk/ :D
    инаку приемен не се полага, се запишуваат и со малку бодови (50%)
    Во однос на прфесорите, можам само најпофални зборови да напишам (бар јас сум немала некое непријатно и некоректно однесување од нивна страна)
    Слободно може да дојдете на градежен, од 11-13 секој ден, во студентската служба и ќе ви помогнат и одговорат на секое прашање
     
    На Kaetana и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  15. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    ^
    Јас за жал не сум од Скопје па не можам да дојдам , а кога идам во ск , најчесто е за викенд и неможам да начекам некој во факултетот , за подетално да ми објасни :^)

    Сакам да те прашам ,разбрав дека на геодезија предавале и се менувале само 2-3 професори за сите предмети , мажи биле , и многу биле тешки за комуникација . Т.е ако од почеток те фатат за око , ќе те мачеле цело време понатаму. :| Точно ли е ова Калиа ? :?:
     
  16. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    Неколку професори ги држат предметите на катедрата по Геодезија, 4-5 мислам дека се. Мене лично само еден професор од нив ми има предавано, и немав никаков проблем (а и општо некој од мојата генерација не се сеќавам дека се пожалил нешто од него). Други муабети немам слушнато и не можам нешто поконкретно да ти кажам. :/
     
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Пред некое време на страната на факултети.мк излезе некое писмо од некој изреволтиран родител што кажува како администрацијата се изживува таму врз студентите. Точно ли е тоа?

    Инаку градежен го сметам за еден од најтешките ако не и најтежок факултет, но и најперспективен.
     
    На Ваљдрин. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    за градежен?!?! прв пат слушам за проблеми со администрацијата :/ јас за овие 4 години сум немала никакви проблеми.... баш се е организирано си има и на страната ценовник на услугите ....
    а за тоа дали е тежок факултетот..... Е! има доста работа, и цртање и решавање и само со редовна работа се постигнува се. :D
     
  19. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Јас иако имам уште 2 години до факултет сакам уште сега да се одлучам и да се насочам повеќе кон тие предмети кои ке ми бидат од корист за факултетот.
    Е сега ме интересира дали има многу физика за сите смерови посебно за геодезија, геотехника и градежништво и дали има девојки на факултетот да не се само машки.
     
  20. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    вака сеа, физика како предмет се слуша само еден семестар ( за геотехника и градежништво). општо на факултетов треба да знаеш физика, онака основно бар. има и физика и математика, за да те насочат логички и инженерски да размислуваш :) не е нешто тешко :)
    за девојки на факултетов, за чудо последните години се повеќе и повеќе се запишуваат.
    на мојот смер јас сум едниствено женско и право да ти кажам ич не ми било тешко да се вколопам или да се дружам. вака коа ќе размислам јас, јас цел живот сум учела во машки класови :)