Што мислете за изборните предмети? Овие предмети сега во 2-ра година се избират за 3-та и 4-та година. Во 3-та и 4-та година предметите што ќе ги избереш ќе ги имаш почесто.Може да се избира 2 предмета од дадени 6. Баш сега кај нас во школото ни дадоа лист за да избереме.Па сакав да дискутираме за тоа Кои предмети треба да се одберат? Дали треба да се одберат стручните предмети(за стручните училишта) или пак оние општите? Може и ако сакаат сите ученици од една училница да изберат сите 2 предмета и да не се мешат со другите паралелки Што мислите вие за ова?И дали овие изборни предмети ќе имаат некакво значење за екстерните тестови или пак при уписот за фалкутет?
Еве јас сум сега 3 год. лани одбрав еден стручен и еден општообразовен,имам по 2 часа и од двата предмети неделно. Ама не планирам на матура да ги полагам овие два предмети.Можеш да избереш 2 општи или еден општ и еден стручен.За екстерните тестови мислам дека нема значење што си одбрал. Edit:Општообразовниот предмет што го одбрав не ми е редовен, а стручниот ми е и како редовен, значи два пати го слушам, скоро исто учеме и на изборниот и на редовниот. Инаку медицина учам.
Јас одбрав еден стручен и еден општообразовен. Тој стручниот го слушав првите две години, а и имам намера да го полагам на матура. Општообразовниот го избрав бидејки знам дека можам лесно 5-ки да вадам, го сакам тој предмет и го имам и на редовна и на изборна настава!
ОА - смер сум. Имам право, социологија и латински и ги слушам по 2пати неделно. Во 4та ќе имам економија, менаџмент и логика, покрај филозофија и бизнис како задолжителни. Мене ми е супер Да овие предмети имаат големо значење при уписот на факултет. Пр. за економски треба информатика, историја, географија, социологија, филозофија, математика или англиски интерно од гимназиско итн. Не можеш ти да очекуваш како што е конкуренцијава денес пр. на тој факултет да влезеш ако си ЈА-смер и учиш јазици или ЈБ-смер и учиш уметности.Што ќе полагаш? Едноставно за сите факултети има определени предмети што се бараат оди на страницата на Бирото за развој и ќе видиш ако имаш некаква замисла за факултет. ОА е за правен и економски факултет, МА за ПМФ, машински, електро (евентуално), МБ ПМФ медицина фармација технолошки итн. ЈА филолошки претежно, ОБ филозофски такви факултети и ЈБ ни сама не знам на кој факултет би можеле да се запишат.
Јас учам хемиско-технолошка струка-прехрамбен смер и незнам што да одберам Математика ќе ја одберам ама незнам дали ќе има доволно деца Сега се двоумам меѓу физика и хемија А прехрамбена не одбирам бидејки не ми оди многу
Зошто математика? Секако хемија тоа е многу побитно. Физика обожавам, па затоа физика и хемија според мене ако немаш друго на располагање
Јас сум на јазичен смер . Имам италијански , латински и педагогија . Мислам тие ми се нови предмети. Сигурна сум дека не згрешив
Е супер што има ваква тема, затоа што само што се вратив од училиште и главата незнам кај ми е од размислување на кој смер да одам. Ни дадоа три опции, всушност четири, но природно математичкиот смер не ни го гледам, не ме интересира тој дел. овие што ги гледам се Општествено-хуманистичко(општествени науки) Група А: трета година Вовед во право, Социологија, Латински четврта година Економија, Менаџмент, Логика и Историја Група Б: Социологија, педагогија Етика во трета година Филозфија Историја и Психологија во четврта година, Ама има и Јазично, Трет Странски јазик(италијански, француски или германски) Класични јазици(старогрчки или латински) Педагогија Психологија Компаративна книжевност И јас сум цела испомешана...не знам што да одберам, И БАРАМ ПОМОШ да ми помогнете во изборот... На факс ќе одам или Филолошки Книжевност, или Филозофски Историја...од овие две едно е сигурно(сигурно е бидејќи друга опција не ми се завртела во главава дури од 6то одд) Помогнете ми
Дефинитивно јазично. Само има и А и Б не знам за во твојата гимназија. Евентуално ОБ, само не се знае дали ќе се формира група. Што ако ти сакаш ОБ а сте помалку од дозволениот број на група и не се оформи ? Така кај нас не се оформи ОБ, затоа се оформи ЈБ. Додека на ЈА според мене секогаш има ученици.
Еве сега го добив листот и се мислам што да изберам. Ама најверојатно ќе биде еден општообразовен и еден стручен. Т.е. биологија и интерна и педијатрија со нега. За интерно незнам се двоумам дали тоа или хирургија. Да не има случајно некој да ми подобјасни кое е подобро?
Јас избрав Математика и Прехрамбена технологија односно еден стручен и еден основен предмет Сега по тие предмети имам 2 часа во недела плус и по нив учиме различно од основното.
Проектната ми беше - Обичајот и обичајното право во Република Македонија А полагав, Македонски,Англиски,Историја и Вовед во Право
Јас избрав физика и програмирање во 3та сега за 4та сум. Ама професорите многу попуштаат на изборни најмала оценка е 2
Се е до професорот Кај нас тие што избраа математика, а си немаа поима и не доаѓаа на часови,сега се на полагање
Сепак јас мислам дека и не треба да се попушта по некоја оценка по изборните предмети нели тоа ни е идната професија? Мораме повеќе да знаеме нешто околу тоа. А овде ајдее тие што немаат поим по едно двојче и цепај дома
Да ве прашам,има ли некој што имал/има изборен предмет информатика во втора година,општа гимназија? Дали е тежок предметот?
Во прва всушност изборните предмети не се одржуваат редовно.Професорот само ќе каже дека треба да направите проект и до кога да е завршен.На крајот ќе ви пишува во свидетелството дека е завршен проектот,ако сте го завршиле секако.Нашиот клас го одредија да биде географија. Имаше култура на здраво живеење,етика некако имаше еден,некој јазик и информатика мислам.Не се сеќавам баш добро,а и ние не ги биравме кој што сака,ни кажаа само што да заокружиме,за да бидеме цел клас.