Мислам ама не сум сигурна дека треба да го пријавиш во службен весник, ќе извадиш нов и треба да ги собереш пописите од сите професори и плус да ти ги најдат пријавите, за да ти ги пишат оценките. Ако си во приватна квота подобро е да се префрлиш вонредно, па така мислам дека нема да треба да земаш потписи, а ако си редовна во државна квота, тогаш ќе треба да ги земеш и потписите.
Eдна другарка го изгуби индексот. Се изнадава пари додека извади нов. Мислам дека е таа процедурата Среќичка што ја кажа. А која година си? И како индекс да изгубиш? Па тоа јас го чувам како очите во главата
Најголем страв и траума ми беше да не си го изгубам индексот додека студирав. Моето сочуство. Се пријавува во службен весник дека ти е изгубен, ама мислам дека сите потписи не ги собираш. Пишуваат на тие места дека индексот е нов, т.е. дека стариот ти е изгубен и продолжуваш да собираш потписи до кај што си застанала. А оценките мораш да ги собереш сите, со помош на пријавите од студентски прашања. Ако некоја недај Боже ти фали, тука е драмата, некои проф. имаат евиденција кој како полагал, а некои абер немаат од организација, па може да ти мрчат. Како и да е, биднало веќе, без нервоза и со среќа, ќе се среди.
не го изгубив јас, колега еден ми го изгуби, требаше да земепотпис, во сета збрка и мешаница на економскиот ... мојот индекс исчезнал... ќе одам утре на факултет, ако може да го најдам, може некој по грешка ми го зел
Кој и да го зел, ако е по грешка ќе го врати. Не верувам дека има студент. што или да земе по грешка или да најде индекс, не би го вратил. Секој си знае како би му било да си го изгуби индексот
Девојки, која е процедурава за изгубен индекс? Дали некој знае како иде со објавувањево во службен весник, каде треба да се обрати и сл? Ве молам пишете итно е!
Ако си од Скопје тамо во Буњаковец се пријавува на едно место, 500 денари мислам дека е. После вадиш нов и почнуваш да збираш оценки одново
го изгубив пред две недели пријавив дека е изгубен од која книжарница да одам да го купам??? на кирил и методиј сум
Дечко ми го изгуби индексот, и тоа сега на крајот од факултетот! Има уште 3испити до крајот, ги имаше собрано сите потписи и оценки. Ама индексот како земја да го голтна. Прашањето ми е, дали тој ќе може да ја искористи студентската легитимација како документ за да на пример си извади потврда за редовен студент, наместо индексот?
Не знам на кој универзитет студира, еве за УГД конкретно не ти бараат индекс, само бројот ти го бараат.
Го пријавуваш во службен весник дека е изгубен , па од тука со потврдата на студентски од таму ќе те упатат што треба
Како што имаат споменато и другите феминки, најпрво објавуваш дека ти е изгубен индексот во Службен весник, а потоа ќе си купиш нов, околу 500 денари е. Инаку За УГД не знам како е точно процедурата, ама во Ск бараат во новиот индекс повторно да ги собираш потписите и оцените од претходните семестри, што е многу комплицирано..
Ахам фала ногу средив а за потписите и на угд треба повторно да се збираат..само незнам како ке биде со тие професори со веке не се на угд.
Здраво феминки, ве молам за помош. Студентска сум на УГД, го загубив индексот... Како земја да го голтнала. Кажете доколку некој бил во иста ситуација, што треба да направам. Се мрднав од нервоза овие неколку дена.