Знае ли некој Вовед во право на ЕУ кај Татјана на есеј шо дава и дали има теми кажано на што да се обрне поише внимание за есеј ?
Што е работата со електронското досие, скоро месец не можам да отворам на делот Е-Студент. Прашав и други колеги и тие ми кажаа дека не можат да го отворат. Сега полагаме се внесуваат оценки, а не се отвора, не ми е јасно што чекаат од ЕКТС
Не знам како е за новите генерации, ама за мојата и за неколку пред мене, на есеј се даваа извештаите од ЕУ во последните 3 години. На пример ти дава судски систем и ти треба да правиш детална анализа и споредба како напредувал судскиот систем во текот на тие години, кои закони или реформи се донесувале и слично. Обично за време на сесија не работи досието. Откако ќе заврши и откако ќе ги внесат сите податоци, тогаш ќе го пуштат. А термини за оцени професорите обично закажуваат откако ќе бидат средени податоците.
Колеги кај проф. Софија Тодорова по Применета би можело да се земат оценки освен во терминот кога е наведен за земање оценки?
^^ Мислам дека Сашо не сакал да има допрашување, ама ја денес бев на допрашување кај Фрчковски и он му се јави и му кажа на Сашо да дозволи тие за што се кај него да има допрашување зашто не било во ред да не им даде шанса.
Може некој да ми каже ако има на постдипломски како одите на предавања ?? Сакам да се запишам незнам дали во Штип или во Скопје. Нека пише ако има некој на постдипломски, Фала
Секоја ли година примаат студенти на насоката новинарство?? Јас добив информација дека не па затоа прашувам..
Секоја година има запишување на новинарство не се секирај тоа се сао празни муабети Туку јас сакам да прашам како оди усно плагање кај Родна полагам утре стваро и немам поима како оди презапишан ми е по ново па ако може искуства
Jас сум по стара програма ама од колеги колешки шо слушнав ми кажаа дека кај родна и тина милион пати полесно поминале усно отколку со заокружување. Поставувале во просек по 5, 6 прашања ама сакале веднаш да одговараш а не да се мислиш. Инаку јас сакам да си прашам за мислење. Мислите дека е добра идеја да се оди на мастер на меѓународно право??
Angel. girl колегите од моја генерација што беа на мастер-меѓународно право не беа многу задоволни, кажуваа дека многу била лоша организацијата, а и јас што гледав чекаа по 30 мин за предавање не се знаеше кој професор ќе предава итн. Можеби сега е посредено не знам...
Ништо не е сменето исто и сега. Освен Дескоски и уште некој професор, се асистентите им предааат. Најнесреден смер е меѓународно.
Јас сум на овој факултет, ама студиите ми се во мирување. Слушнав дека од оваа година се полагало и усно. Дали тоа важи за оние кои што се запишани пред тоа или само за оние што се запишани од оваа година?
^ новиот начин на полагање важи за оние кои лани се запишале и сега се 2 год, па наваму.. Значи и за оние кои сега се прва... А ако презапишеш предмет а си пред 3 години запишан незнам по кој примцип би се третирало полагањето..
Сакам да прашам нешто .. планирам да се запишам на правен факултет и запишав дека ќе полагам интерно филозофија и социологија. Е сега социологија е потешко, а географија професорката ги дава прашањата што ќе се паднат на матура. Сакам да прашам дали ако полагам географија одземаат некои бодови, поени ?
Јас колку што знам, на Правен факултет ги гледаат оценките по социологија и историја. Има врска тоа кои предмети си ги одбрала да ги полагаш. Не дека нема да те примат, ама предност ќе имаат оние што одбрале социологија и историја.