Во оваа тема може оние зборови од македонскиот јазик што не ви се познати да прашате некоја од феминките што знае што значи да ви објасни. Спојлер мислам дека немаше ваква тема,ако имало се извинувам и нека ја заклучат за почеток јас незнам што е инвазија, ако сака некој да ми објасни?
Супер тема Еве што најдов конкретно за зборот ИНВАЗИЈА : инвазија: наезда, пробив, навлегување, непријателски упад во некоја земја; офанзива, агресија; инвазија: фиг. доаѓање во голем број, навалица на толпа.
Што е архитип?! Хелоу , ми треба Вашата помош. Побарав на гугл и во неколку книги, имам за задача да го пронајдам значењето на зборчето АРХИТИП, но слабо со резултати. Далии некој може да ми помогне ?
Правопис Дечки ќе може ли некој да ми го објасни зборот стологија. Го барав во лексикон, на интернет и никаде не ми го објаснува, барем да знам со кој друг да го заменам. Итно ми е.
Да не мислиш на чунки, а не на чинка ?! Чунки е нешто како, ами, така... А починуваш, е да се одмориш. пример, Колозов секогаш викаше - Чунки арно велиш, ај да си починам малку.
Чинка го има во песната О, Јано, Јано (која, патем, е преубава песна) http://www.youtube.com/watch?v=LlXqkMrG ... re=related
токму од оваа песна ми се нејасни зборовите и неможам да ја сватам песната до крај. мислам на чинка не на чунки та знам што значи а починуеш исто не ми е вклопоува во значењето на песната дека се одмара, во истата песна го има и зборот зенгини претпостваувам тоа богати значи....
Нејасни зборови Многупати сум се сретнала со зборови кои не ги знам па еве решив да отворам една таква тема.Се се токмам ама никако да ја отворам,денес е денот. Овде би можеле да напишеме зборови кои ни се нејасни и секако да добиеме објаснување за нив.Може да бидат на кој било јазик(англсики,српски хрватски..),дијалекти и сл. Мене моментално нејасен збор ми е “камуфлирам“-што значи ? : Спојлер -Да беше мајка и на другарка ми член на форумов сигурно ќе напишеше “а што значи мување?“.. :lol
Нејасни зборови ^^ камуфлажа фр. camouflage преправање, преобразување; маскирање; вој. еден од начините на маскирање што се изведува со бојосување на предметите со дамки, линии и сл. што го деформираат нивниот облик и го отежнуваат нивното пронаоѓање; фиг. прикривање на вистината, мамење. Спојлер Ако некој збор не ти е јасен, можеш да си го провериш во лексикон.
Configuration Manager - Администратор за конфигурирање Што е ова, односно, посоодветно би било прашањето, која е неговата улога, дали е човек или програма затоа што Менаџер е со големо М и ако може кратко дефинирање на поимов. Прашањево е од областа на информациските технологии, знам превод ама воопшто не ми е јасно за што се зборува. На гугл најдов за Конфигурејшн менаџмент, и се спомнува прво некој софтвер, а после компјутерски техничар. А јас сум тутурутка во овие поими и сега сум малку изгубенка.
Еве што најдов: Конизација е хируршки зафат со кој се отстранува вагиналниот дел на грлото на матката во облик на конус или купа.
Овој збор ептен ни е тренд и тие што си имаат поима и тие што не го употребуваат. Турско потекло има зборов, иначе е како помирување со некој факт, зврзник во реченица. Пр. Тие не беа таму, ама нејсе ние ќе одиме. Значи нешто како "како и да е, сепак,..." - буквален превод - whatever