ТЕМА: Лектири за основно

Мислење 19 Апр 2013, 13:25

Ја има некој прочитано Сребрените Снегови? :| Јас ја немам,но сите велат дека лектирата е мн досадна :?: Ако некој ја има прочитано може ако не му е тешко да ми каже за што се раскажува во неа? :$
Аватар на корисникот
Butterfly-Girl

Зелено цветче
 
250479
Мислења: 669
Зачленет: 04 Јан 2013, 01:19

Мислење 19 Апр 2013, 20:29

Butterfly-Girl напиша:Ја има некој прочитано Сребрените Снегови? :| Јас ја немам,но сите велат дека лектирата е мн досадна :?: Ако некој ја има прочитано може ако не му е тешко да ми каже за што се раскажува во неа? :$

Мене ми беше предосадна. Се работи за учителка која доаѓа во едно село и сака да отвори училиште и да ги учи децата. Но, жителите на селото не се согласуваат со ова, па таа некако го отвора училиштето, па не доаѓаат учениците кај неа... редица досадни настани.
Скриен текст: покажи
Толку се сеќавам на лектирата :D
Аватар на корисникот
I.want.to.sleep

Сино цветче
 
252910
Мислења: 386
Зачленет: 03 Јан 2013, 16:33
Локација: Улица темница, Број не се гледа
Смеењето е универзален јазик. :D :D :D

Мислење 19 Апр 2013, 22:13

Двојната Лота :inlove:.
Сите лектири ги читав секогаш. Така барем беше до втора средно. Потоа не, потоа селектирав.
Аватар на корисникот
karenin

Жолто цветче
 
20621826
Мислења: 1426
Зачленет: 08 Мар 2010, 01:10
Локација: Saturnia, Tuscany, Italy
To see the world in a grain of sand, and to see heaven in a wild flower, hold infinity in the palm of your hands, and eternity in an hour, Blake

http://www.youtube.com/watch?v=ztpiMnjisyE

Мислење 01 Мај 2013, 18:08

лугеее може да ми најдете линк од лектирана Дворец на опачини и треба на сестрами за во школо за утре им ја дала наставничката а таа уште ја нема прераскажаноо !!! фала однапред
ivana-red

Фем почетничка
 
00
Мислења: 4
Зачленет: 27 Јун 2012, 10:43

Мислење 11 Јун 2013, 15:01

Butterfly-Girl напиша:Ја има некој прочитано Сребрените Снегови? :| Јас ја немам,но сите велат дека лектирата е мн досадна :?: Ако некој ја има прочитано може ако не му е тешко да ми каже за што се раскажува во неа? :$

јас ја имам, и да, на почеток е малце досадна, ама после интересна станува.. барем мене ми беше интересна :D

инаку сакам да прашам, наставникот по македонски не ни даде работна за лектири за осмо, а на гугл не најдов, па ако може некој да ми каже кои се лектири за 8мо ??
сега ги имам Силјан Штркот и Чорбаџи Теодос, ама Силјан Штркот е 40 страни и не сум сигурна дали ќе ни биди, нема многу прашања кои може да се постават за неа :?: Повикот на Дивината ја имам прочитано, и за неа сум прилично сигурна дека ќе ја има, ама за други незнам..
И сакам да прашам, Печалбари е за 8мо или за средно ??
Аватар на корисникот
MaggieTatum

Зелено цветче
 
2941201
Мислења: 568
Зачленет: 21 Јул 2012, 23:49
Слика
"Sticks and stones may break your bones but tv shows and books will crush your soul to a million pieces."

Мислење 23 Јун 2013, 12:41

Некој кој ја прочитал Двојната Лота тука или во ЛП да ми прати за КРАТКА СОДРЖИНА,бидејќи и треба на сестра ми :geek:
:!: (доволна е една мала страница од тетратка) :*
Аватар на корисникот
eliesaab

Сино цветче
 
3232462
Мислења: 418
Зачленет: 27 Апр 2013, 20:39

Мислење 27 Сеп 2013, 20:11

Итно ! Итно ! Итно ! :D

Дали ја има " Втора смена " од Велко Неделковски на интернет???

Или пак некој ако ја има сега брзо читано во ЛП да ми раскажи на кратко за што се работи :geek:
Аватар на корисникот
LittlePinky

Зелено цветче
 
8606482
Мислења: 657
Зачленет: 08 Јан 2013, 18:56
Локација: в соба
You mαy sαy I'm α dreαmer, but I'm not the only one.. ♥

Мислење 27 Сеп 2013, 22:08

Не сакам да бидам арогантна,ама морам.
До толку не можете да прочитате една проста лектира и накратко да ја раскажете?
Што има тука тешко,не ми е јасно,просветлете ме?!
Ако ви е ова тешко па не знам што ке правите кога ке треба да раскажувате за дела кога ке ги учите во средно,на пр. како „Цар Едип“-Софокле,„Галебот Џонатан Ливингстон“-Ричард Бах....?!
Аватар на корисникот
Baroness

Бело цветче
 
4324
Мислења: 56
Зачленет: 14 Сеп 2013, 09:58
Локација: Скопје

Мислење 27 Сеп 2013, 22:33

Baroness напиша:Не сакам да бидам арогантна,ама морам.
До толку не можете да прочитате една проста лектира и накратко да ја раскажете?
Што има тука тешко,не ми е јасно,просветлете ме?!
Ако ви е ова тешко па не знам што ке правите кога ке треба да раскажувате за дела кога ке ги учите во средно,на пр. како „Цар Едип“-Софокле,„Галебот Џонатан Ливингстон“-Ричард Бах....?!

Aко ова важи за мене, немаше да барам помош доколку лектирата не ми беше за овој понеделник што иди а јас сум прва смена на училиште а, мајка ми ми кажа дека утре библиотеката не работела.. прво информирај се за што се работи па после повели кажи.. |(
Аватар на корисникот
LittlePinky

Зелено цветче
 
8606482
Мислења: 657
Зачленет: 08 Јан 2013, 18:56
Локација: в соба
You mαy sαy I'm α dreαmer, but I'm not the only one.. ♥

Мислење 28 Сеп 2013, 20:39

Не важи ова само за тебе туку за сите.
Инаку лектири не ги кажуваат од денес за утре,така да си имала време да ја земеш од библиотека и да ја прочиташ.
Аватар на корисникот
Baroness

Бело цветче
 
4324
Мислења: 56
Зачленет: 14 Сеп 2013, 09:58
Локација: Скопје

Врати се на Образование

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 9 гости