Еве кои специјализации ги има и што треба за нив отприлика. http://www.medf.ukim.edu.mk/mk_content_ ... =8&jazik=1
Дали бодовитв за упис на овоj факултет ке ти се зголемат ако имаш одено на натпревар и имаш освоено некое место? Зборам конкретно за натпревар по латински? Брат ми сака да оди на овоj факул. има освоено мислам 3 место.
Доколку ја имате желбата и сакате да напредувате во областа на медицината каде и да се запишете вие ќе го постигнете тоа. Нека не ве спречуваат муабетите кои ги кажуваат сите различно и индивидувално,затоа што ако денес прашаш 10, тие ќе ти дадат 10 различни одговори. Имам слушнато дека медицинскиот факултет во Скопје е далеку подобар од факултетот во Штип, зошто? Затоа што има поголема строгост,дисциплина,поквалитетно предавање,самиот факултет е признаен и престижен, во Скопје имаш подобри и поквалитетни услови за работа и напредување во медицината и сл. Но доколку конкурираш во Штип и си навистина добар и квалитетен ти ќе се издвојуваш од другите студенти,твојот потенцијал ќе биде забележан од здравствени установи како што е "Филип Втори",бидејќи факултетот во Штип е во блиска соработка со ПЗУ "Филип Втори".. Секој факултет има предности и недостатоци. Во обзир земајте ги условите со кои располагате и каде вам лично ќе ви одговара да се запишете. Поздрав
Zdravo Sakam da prasam dali ima nekoj sto e na Opsta medicina i da prestojuva vo studentski i dali toa voopsto e mozno?? ve molam odgovorr.......))
Јас знам неколку студенти што студираат општа медицина а престојуваат во студентскиот дом Пелагонија така да возможно е, а и не гледам некоја посебна причина зошто не би било возможно.
Здраво феминки Сакав да ве прашам како ви одат предавањата и вежбите по анатомија? Зашто многу сакам медицина, ама ова лешовиве некако ме плашат
Здраво женски. Јас сум сеуште во средно, општа гимназија, но желба ми е да учам медицина. Моето прашање е дали има некој овде кој се запишал на медицина од општа гимназија и дали му е многу потешко за разлика од другите кои учеле средно медицинско?
^ Тоа што си запишана општа гимназија нема врска со прашањето дали ќе ти биде потешко на факултет. Ќе си одбереш во трета година Природно-математички смер, Б комбинација и ќе немаш гајле. Tаму се посветува повеќе внимание на природните науки и нешто од латински јазик. Ако учиш, ќе ти биде лесно секаде.
Има И како што кажа Мишела,ако сакаш на тоа да одиш,барем да запишиш природно-математички Б смер за да ти е малце полесно. Можеби им е малце полесно на тие од средно медицинско,но не значи дека тебе ќе ти е претешко.Ако решиш ти да учиш и имаш желба и го сакаш тоа,ќе се помачиш,ќе успееш да научиш се и ќе завршиш. Еве и сестра ми е исто така,па добро и оди,се навреме си полага ВАжно е да сфатиш колку учење ќе треба,колку време ќе ти е потребно и посветеност,а потоа ќе се вклопиш,бидејќи не е како во средно,туку се учи многу повеќе (ова општо,не само за овој факултет). Всушност,медицината е секогаш со учење,дури и откако ќе завршиш Ама самата ќе сакаш да знаеш повеќе,нема да ти е напорно отпосле.Ти посакувам успех понатаму
Јас сум кандидат за општа медицина во Скопје. Може ли некој да ми каже доколку имате некои информации колку поени треба да имаш минимум за да те примат?
Девојчици, никоја овде не може точно да ви каже оваа година што и како ќе биде, а многу-многу не се ориентирајте по ланските резултати зашто од година во година тоа постојано варира. Ако имате солидни поени, а кога велам солидни, мислам на навистина високи поени над 95 - слободно конкурирајте и не би требало да бидете одбиени. Навистина има преголема конкуренција, а најголема предност ви е (освен тоа да се биле одлични во текот на четирите средношколски години) ако на матура сте имале само петки. Се влегувало и со четворки, но зависи какви четворки - во секој случај, ви требаат убави поени, ако имате под 91/92 не би ви препорачала да се надевате за место таму или имајте си втора опција обавезно, ако веќе планирате да си ја пробате среќата.
Зависи до генерацијата, конкуренцијата е многу голема пред 3год влегоа со 89 ама со проширување на квотата примаа 120 а потоа ја продолжија уште 50+ па така околу 170 примија, е наредната генерација мислам дека во тие 120 немаше некој што е под 97 многу јака генерација значи се на се зависи до генерацијата е сеа ако имаш мајка, татко доктор ке влезеш секако таа варијанта ти е најсигурна
Планирам да се запишам општа во скопје , но имам 88 поени .. па доколку ме одбијат ми останува Штип ..
И јас планирам да се запишам на медицина 98,5 поени ама знам дека е голема конкуренцијата па не знам како што ќе биде? Другите?