Јас имам 92 поени...но не верувам дека во Ск ќе ме примнат.. По се изгледа ќе одам во Штип, па наредна година доколку фатам просек Ск не ми бега бтв: има ли некој друг Штип што ќе се запишува...??
Не знам дали прифаќаат вака, една година во Штип, па префрлување наредната година на другот Медицински. Голема е веројатноста да ве вратат повторно во прва година (зашто мислам дека има веројатност да не ти бидат признаени сите предмети) и затоа убаво размислете си и информирајте се што и како, да не ви биде мака отпосле откако ќе бидне работата. Не знам колку се држат до ова, кружеа многу вакви муабети и сум слушала доста од медицинари кои ги мачеше истово прашање. Прашај си некоја која се префрлувала, да не ти излезе дека за џабе ја плаќаш првата година ако и догодина бидеш пак прва, доколку нели планираш да се префрлуваш. И зошто си ја комплицирате бре луѓе? Запишете се на едно место и терајте до крај, вака со сите тие опции само си усложнувате и повеќе ќе ве мачи помислата на тоа него ли останатото кое е доста поважно. Медицината си е таа, па дали ќе ја учите во Скопје, Штип, Тетово, па и надвор од државата ни - сеедно е. Секаде има по некој недостаток.
Не нема да биде прва има што се префрлија од Штип во Скопје дирекно втора година си продолжи, иначе многу е полесно во Штип си ги зимаш годините без мака а тука во Скопје нема некој што не губи година за предмет или два
Ако тебе не те примат во Скопје со 92 поени , мене па ич со 88 .. Така да и јас ке завршам во Штип ..
:/ јас за мене си кажувам, пошо знам дека нема да ме примнат а и тоа е реалноста и пријатели да фаќаш џабе ти е... Имам братучед што студира во Штип и самиот се фали од факултетот и ми кажува дека само анатомија имаат за учење по 300 страни, и има професори кои навистина бараат знаење. Како и да е медицина е треба повеќе да се загрее столчето ако се сака да се постигне нешто...Од трета година ги избираат најдобрите студенти и одат на редовна пракса во клиниката Филип II...Како што мик кажуваат така кажувам, но ако сакаш да учиш секаде ќе учиш, небитно каде!
I jas sakam da se zapisham na medicinski fakultet vo Skopje. No,neznam dali ke me primat,vkupno imam 94,6 poeni.
Не си во право што мислиш дека во Штип се поминува без проблем, прво треба да бидеш информирана дека сите професори што предаваат во Штип, предаваат и на Медицински во Скопје, а истотака има и професори од Србија, Германија и Америка,можеби само постои мала разлика во праксата
Нормално дека треба да земеш и да учиш тоа се подразбира, и ако не сум информирана нема да кажувам и да ширам дезинформации, разликата помеѓу Штип и Скопје е огромна како небо и земја прво да почнеме од уписите во Штип ги примаат како прво со многу низок просек во средно што завршиле едвај со двојка значи луѓе што незнаат а да кажат студираат медицина, секоја чес на исклучоците зошто има и такви и тоа го кажувам од лично искуство а не од рекла казала плус тоа имам другарки што се префрлија од Скопје во Штип и обратно па споделуваат искуства.
И мислиш дека тие што ќе завршат во Скопје ќе имаат повеќе знаење само затоа што завршиле во Ск? се е тоа индивидуално, кој колку учи, а за уписот како и за минувањето секаде има студенти со врски
Значи без инаети и без препукавања....универзитет Гоце Делчев-Штип нема никакви шанси со Универзитет св.Кирил и Методиј-Скопје Без разлика дали е медицина или било кој друг факултет
Луѓенца, не мора да значи. Лани примаа 60 студенти на државна во Скопје, оваа година ќе примаат 100. Вкупно 250. Ако има некој пари за приватна квота, ќе го примат, зошто да не. Само зависи од конкуренција. Последен лани на приватна имаше 89 или 90 бода.
Јас мислам последниот во приватна да не имаше 92 бода, затоа што сите во државна беа со 99,ххх..но не сум сигурна..Сепак си зависи од конкуранцијата