1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    86
    некој поискусен и постар ако може да ме информира за следново. сакам да продолжам општа медицина на факултет. сега учам и средно медицинско општи смер :) кој предмети ќе ми бидат најсоодветни за полагање државна матура за запишување на факултет ? и која тема можам да ја одберам за проектна задача ? од кој предмет може да биде ?
     
  2. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    112

    Па предмети за државна матура задолжителни ти се македонски јазик, некој странски јазик кој го изучуваш во школо и како трет екстерен според новиот модул на државна матура кој стартува од 2015 задолжителен ќе ви биде математика :)
    Инаку за интерен по твој избор можеш да земеш биологија или хемија или некој друг предмет бидејки си средно медицинско. Ќе ти се признае секој оној предмет што е од областа на медицината што си го изучувала најмалку 2 години со 2 часа неделен фонд или па 1 година но со 3 часа неделен фонд.
    Проектната не е важно кој предмет ќе ти биде. Важно да е поврзано нешто со медицина. Можеш да земеш да проучиш некоја болест како епилепсија, хепатитис, албинизам, болести на респираторен систем, ренген, компјутерска томографија, магнетна резонанца, опис на некој орган како пример срце, црн дроб, бели дробови и така натаму значи не е битно ти се признава се. Поздрав :)
     
    На daks му/ѝ се допаѓа ова.
  3. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Дечки па јас за време на уписот кога ми го дадоа индексот воопшто ништо не напишав кај предметите зашто немав поим кои ни се ... сеа гледам тука пишувате требало да избереме предмети... што треба сеа да направам ??
     
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    Во врска со муабетов, пошто вам ви се фаќа сега покрај македонски и англиски задолжително да полагате математика, па не мора дополнително да се оптоваруваш да полагаш хемија. Јас полагав македонски, англиски, биологија и хирургија со гинекологија, а темата на проектната ми беше "обдукција", и ја правев со Зденка патологија како ментор. Ама имаш уште доста време да се размислуваш за тоа, и плус за проектната е најлесно, или избери си сама тема што ти е интересна (како јас, од цела генерација само јас ја имав таа тема), или и професорките ќе ви предложуваат теми, поготово професорките кои водат пракса. :)
     
    На daks му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    Тоа предходно тука што пишувавме за избирање предмети е за после, за во електронскиот iKnow систем, инаку кога подававме документи никој не пишуваше предмети во индекс, прва година запишуваш, од кај знаеш што точно ќе слушаш и како се водат тие предмети. Тоа ти го пополнуваат на факс и после кога ќе си го земеш индексот ќе видиш кои предмети ти се таму заведени, за ти да ги заведеш електронски, се надевам дека ме разбра. :)
     
  6. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Да те разбрав фала ти многу :D
     
  7. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    На 15 септември ќе имате нешто како прием за добредојде (не се залажувајте дека се фини :D) и тогаш ќе добиете студентски информатор. Во него ви ги пишува сите предмети,во кој семестар се слушаат,колку кредити носат и со колку часови предавања и вежби се застапени. Така да уживај,имаш време до тоа :)
    Не знам дали на претходните страни е спомнато,ама со предавања почнувате веднаш на 15,распоред ќе си видите на страната на факултетот,ќе истакнат ден-два пред да почнете.
    Учете редовно,анатомија пред се‘ :D и ќе си немате мака. И бидете редовни на вежби :D
     
  8. fitness-girl

    fitness-girl Активен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    барам анатомски атлас Netter, доколку некој продава на старо нека ми пише ЛП :)
     
  9. Agnesssss

    Agnesssss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    6
    Дали вас ви стигна корисничко име и пасворд за да пријавите семестар,пишува дека до 9 се пријавува а уште не стигнало на е маил?
     
  10. KatarinaPetrova

    KatarinaPetrova Нов член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    дали можете да се најавите на Iknow системот, или само јас не можам?
     
  11. KatarinaPetrova

    KatarinaPetrova Нов член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    мене уште ништо не ми е стигнато
     
  12. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    И мене ми е работата тоа дека треба пријавување наводно до 9ти сега, а мене сеуште ништо ми нема стигнато, не знам дали деновиве ќе почнат да стигнуваат тие имејли или што е работа. :?:
     
  13. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    ^Ова е најново на страната на медицински, така да изгледа дека ќе си почекаме уште малку за најава. Инаку сега за сега можете да си ги симнете распоредите на настава и вежби, и за сите оние кои се запишани општа медицина да ве израдувам дека уште на 15ти ќе почнеме со предавања, а останатите смерови почнуваат од 16ти. :headbang:
     
  14. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    22.589
    Пол:
    Женски
    А, овие А и Б во распоредот за општа се групи, така?
     
  15. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    Појма немам, и мене тоа ме збуни, јас не ни знам додуша сега како ќе не делат, по групи ли, не знам ништо, ако знае некој друг нека каже, ако не ваљда или нова објава ќе стават на страната на медицински со конечната листа на која би требало да сме поделени, или на 15ти ќе ни објаснат што како. :)
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Belle1995

    Belle1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    Книги се купуваат уште истиот ден? :)
     
  17. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    Тоа мислам дека зависи од самите професори, за некои треба книги, за други само скрипти, а колку што сум запознаена кај некои сами ќе треба да си бараме материјал, дали од нет или од друго место зависи од нас. Плус од годинава може да има измени и во тој поглед, нели према принципов 2+4 што го направија, па можеби ќе ни треба дополнителна литература. :?:
     
  18. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    Луѓе а на распоредов за вежби си пишува дека и предавања и колоквиуми се одржуваат во Амфитеатар I, додека вежби да не знае некој каде се одржуваат? Еве пример анатомија, пошто со тие најпрво почнуваме. Инаку зборувам за општа медицина. :)
     
  19. IvanaDusa

    IvanaDusa Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    http://www.medf.ukim.edu.mk/upload_vest ... 738748.pdf Ке може ли некој да ми го објасни ова? Дали до 10.09 ке треба да се оди таму за да се уплатат пак? прашувам за оние што се запишани сега за 1 година дали ова важи и за нас?
     
  20. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.305
    Допаѓања:
    18.106
    Пол:
    Женски
    Не бе нема никаква врска ова, гледаш убаво ти пишува ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ и упис на зимскиот, како и правење на СТУДЕНТСКА ЕВАЛУАЦИЈА. Ти сега ќе почнеш прва година, кој летен семестар ќе го заверуваш? :lol:
    Бруцошите плативме се што требаше кога бевме за индекс, сега само на 15ти ќе си почнеме, ќе си земеме индекс и одма на предавање (тие што сме општа), а другите на предавање од 16ти, и тоа е. :)
     
    На shivaree му/ѝ се допаѓа ова.