1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    175
    Претклиничкиот според мене.Книгите се помали по обем но затоа пак содржината вреди за сите пари. Друга работа, во преклинички мораш да исчистиш се за да запишеш клинички, а клиничките можеш да си ги влечеш, не претставуваат никаков услов за семестар, година и слично.
     
  2. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Девојки знаете ли дали може да се специјализира после вишо, значи без факултет. Јас сакам да специјализирам за микробиолог со вишо лаборант. И каде има медицински факултет освен во Скопје и Штип зашто ми спомнуваа и за во Битола. Уште оваа година ми е и матурирам па се мислам каде се запишам :rofl:
     
  3. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37


    Не може,затоа што мораш прво факултет да завршиш па да специјализираш на одредена област. :)
     
  4. Goga123

    Goga123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    6
    Ке ве замолам ако знае некој нека ми одговори, прва година сум на медицински факултет и вонредно сум запишана е сега како оди со полагањето за вонредни нема колоквиуми, само испити или како ?
     
  5. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Ако има некој да продава анатомски атлас од Нетер нека ми пише порака, или пак евентуално коски на горен и долен екстремитет :)
     
  6. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    За коски отвори ја страната на медицински видов пред некое време во огласи имаше дека се продаваат, иако лично не би ти препорачала да даваш пари за нив зошто ќе ти требаат само сега и толку, после џабе ќе ти стојат ако не најдеш некому да му ги препродадеш.
    Туку, ти пишувам најмногу за да ти кажам, доколку не знаеш, дека во "Академска Книга" го има атласот од Нетер, англиско издание, за 2699 денари. Вака македонското издание и да го најдеш на старо, сигурно ќе биде поскапо отколку ова (имам видено неколку случаи кои го продаваат на старо за 4000-4500). А кога ќе видиш дека единствените разлики се во тоа што македонското издание има тврди корици и наслов на македонски, а англиското меки корици и наслов на англиски, а онака се' друго е на латински, удри ја математиката и ќе видиш дека ти е поисплатлива англиската верзија. :)
     
  7. loly-oo

    loly-oo Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Добар ден, студенти и идни студенти, пред се успешна година, можеби малку со закаснување. Кој би сакал и имал време да ми каже во врска со проектната задача, дали темата има улога во уписите, прочитав на пост тука дека се зема во предвит, а некои од професорите викаат дека нема никаква улога. Еве вие како искусни кои веќе сте поминале низ тоа, да ми кажете и ако имате да ми дадете некоја идеја за проектна, некоја област, или нешто по конкретно, бидејќи сакам да се запишам општа медицина. Ви благодарам на вниманието
     
  8. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Здраво феминки. Сега сум веќе 4та година па догдина бруцош на медицина. Бидејќи имаме три задолжителни екстерни предмети и еден интерен, за интерен се одлучив да земам биологија, а и за проектна задача исто биологија, е сега минатата недела едно девојче од друг клас ми кажа дека крателе од поените ако интерниот предмет и проектната се по истиот предмет, дали ова е така бидејќи мене некако не ми лепи, мислам дека нема смисла, а и навистина ли се збори дека догодина ќе воведуваат матетматика на медицински :)
     
  9. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Зависи во кое средно учиш. Јас завршив средно медицинско, отсек сестра, и проектната ми беше по предметот патологија, меѓутоа имам колеги кои доаѓаат од гимназии од различни градови и имале проектни по општи предмети (пр. македонски јазик), па сепак се во државна квота и високо рангирани. Темата нема никаква врска, бидејќи на проектната добиваш само оценка, не добиваш проценти, а рангирањето на бодовната скала се врши по пресметувањето на сите оценки и проценти заедно. :)
     
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Прво, нема никаква врска тоа околу кратењето на бодови и не знам ти што. Значи на проектната и на интерниот предмет не ни добиваш проценти (бодови), добиваш само оценки, а на трите екстерни предмети добиваш и оценка и проценти, па сите тие заедно се собираат при пресметувањето на вкупно бодови за упис, и истите не може никој, на никаков начин да ги промени (било да додаде или да одземе). Второ, зависи што на медицина сакаш да запишеш (општа, виша, рендген, логопед, физиотерапевт), потребни се различен број на бодови, а тука е и она во врска со математиката. Бидејќи сум на општа тврдам со сигурност дека воведување на таков предмет на овој смер нема да има, а за другите смерови немам слушнато ништо, иако не верувам да има ни таму, бидејќи математиката во ниеден аспект од медицината не е потребна, потребна е само биофизика, а таа си е задолжителна. :)
     
    На nonamefanatic му/ѝ се допаѓа ова.
  11. loly-oo

    loly-oo Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Медицинско исто учам и јас, отсек фармацевтско-лабораториски техничар, сакам да земам математика и биологија како екстерни, како интерен фармацевтска хемија, а проектната за hidrocodon сакав да ми биде, бидејќи хемија незнам што друго би можело, па сакав да се консултирам со некој по стручен.
     
  12. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Фала многу на одговорот, уште нешто да прашам колку бодови ми требаат за да влезам во државна квота на општа медицина, три години просекот ми е 5.0 се надевам и оваа година ќе биде така, и како се сметаат на крајот бодевите од успехот и матурата. :)
     
  13. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Мислам дека оваа година во државна квота на општа, со најмалку бодови примениот имаше 93, а во приватна најмалку имаше 88. Сега нели, правиме муабет за УКИМ, бидејќи на УГД е каша-попара и секогаш примаат со многу малку бодови, ама затоа и образованието не е исто.
    За сметање на бодови не мораш да се замараш, секоја година веб страните на ФИНКИ и УКИМ објавуваат калкулатор на поени така што таму ќе си пресметаш и ќе видиш. :)
     
  14. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Ама девојче ти нешто си збунета или јас сум грешка? Колку што знам, можеш да бираш само два предмети, од кои еден екстерен и еден интерен, не можеш да бираш два или повеќе екстерни. На матура се полагаат како први два екстерни македонски и англиски јазик, третиот екстерен си го бираш сама (јас имав одбрано биологија), а интерниот исто така го бираш ти (јас полагав хирургија и гинекологија и акушерство со нега). Е сега, не знам дали од оваа или од наредна година ќе се воведе математика на матура како задолжителен предмет за полагање, но ти советувам, доколку се' уште не е задолжителен, немој да го бираш него. Познавам многумина кои сметаа дека математика им оди лесно, па ја избраа за полагање на матура, и на крај некои од нив едвај положија, со двојки, а некои паднаа и требаше да преполагаат, при што го пропуштија првиот уписен рок на факултетите. А околу темата на проектната задача ти кажав, не е важно ниту која е темата, ниту по кој предмет е.
     
  15. loly-oo

    loly-oo Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Да потполно те разбирам, само незнам зошто не се разбираме, македонски секако се полага, се бира помеќу англиски и математика и третиот треба да биде општо образове, интерниот треба да биде стручен, тоа се три екстерни и еден интерен. Фала за времето и советите, и мал детал, машко сум не сум девојче
     
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Хмм, за ова околу полот, секако дека не би претпоставила и затоа се извинувам, а инаку ете, и сама си реков, можеби јас сум грешка, затоа cе зачудив. Во секој случај си останувам на ставот дека ти е најдобро да си полагаш англиски јазик, чистa глупост е тестот и екстремно лесен, додека математика не е играчка, па сега, како ќе си одлучиш ти така, се' уште имаш време да си размислиш, и среќно. :)
     
  17. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Благодарам на информацијата идна колешке :)
     
  18. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Луѓе мене ми треба малку помош околу тие поими.. :?:
    Дека јас сум средно сега, а незнам како е на факултет и поимите не ми се јасни.. :D
    Ако може некој да ми каже што е :
    - сесија, колоквиум, колоквиумска неделеа, семестар, бодови ( wtf??)
    - предклинички и клинички дел, како е на испит (усмено или писмено и кога одиш на испит)
    - праксата каква е :sweat:
    - Анатомија 1,2 и 3 ??? зошто 3 анатомии? :|
    И.. дали е многу строго?
    Извинете :lol:
     
  19. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Сесија, испитна сесија, пример јануари: цел месец се само испити, нема предавања (ако мислиш на таква сесија).
    Колоквиумска недела: недела во која нема предавања, туку има само колоквиуми - "полуиспити" - тестови или усно испрашување за дел од материјалот.
    Семестар: 5 месечен период на предавања и колоквиуми кој завршува со испитна сесија; има летен и зимски семестар (можеш да ги сметаш на некој начин за "полугодие"; два семестра формираат една година).
    Бодови, исто што и бодови на обичен тест во средно; од колку до колку за која оценка.
    Претклинички и клинички дел од студирањето на општа се воведе оваа година, во превод глупости живи и ништо посебно, само што прва и втора година се водат како претклинички, и сега за да запишеш трета година, т.е. да влезеш во "клиничкиот" дел мора да ги имаш исчистено (положено) сите испити од предходните две години, и плус се полага испит подготвен од лекарска комора.
    Не се тоа три анатомии, една е, ама бидејќи материјалот е ненормално оооогромен зафаќа 3-4 семестри па затоа е поделена вака, и за да можеш да слушаш анатомија 2 мора да си положил анатомија 1, за да слушаш 3 мора да си положил 2, за да се има евиденција до каде си со материјалот.
    Колоквиумите зависи од предметот и материјалот можат да бидат усни или писмени, и сега нормално дека не е средно, нема препишување, бегање и не знам ти што, ама нели си запишан на општа, нема жалење, тоа е што е.
    Праксата не е како пракса во средно каде одиш да им бидеш потрчко на сестрите и болничарите; тука мање више ништо не правиш, воглавно се сведува на набљудување отстрана.
    Дали е строго? Нема ни да се потрудам да го одговорам прашањево.
    Се надевам дека колку толку ти се разјасни, иако не сфаќам зошто уште отсега си го тапиш мозокот со овие информации. Кога ќе дојде време за тоа сакаш неќеш набрзина ќе сфатиш секој поим што знаи, како е и што е, сега за сега уживај си во средното. :)
     
    На marijaz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    24
    Ме интересира бесплатниот билет што го даваат за студенти за четврток дали важи и за меѓуградски релации или само за јавен превоз скопје? :)
    А и уште едно прашање :D
    Дали Медицинскиот факултет при УКИМ е признаен во странство? :)