1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Полагање матура и уписи за на факултет

Дискусија во 'Образование' започната од anastasija19, 20 јануари 2010.

  1. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37
    Јас мислам дека е проклитика бидејќи тука имаме проклитика + глагол и плус е декларативна реченица и акцентот е на глаголот
     
  2. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Прати ми твој e-mail по приватна порака и ќе ти пратам.

    Околку клитиките, мене тоа воопшто не ми е јасно, дали може некој да ми појасни, бидејќи во прирачниците не ми е баш најјасно објаснето. :?:
     
  3. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    Наведениот пример Давајќи му го е енклитика.

    Клитики се: кратките заменски форми, формите на помошниот глагол сум, негацијата не, честиците ќе и би.
    Енклитики се клитики што стојат по полнозначниот збор.
    (мајка ми; кажете и; донесете ми ги;)
    Проклитики се клитики што стојат пред полнозначниот збор.
    (ја зел; не вика; не ја сакам;)

    Се надевам ви стана појасно :)
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Ова истото го пишува во прирачниците, во секој случај фала. :)
     
  5. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    ^ Го препишав од друг учебник за средно стручно, изгледа исто пишува. Јас го научив од таму, затоа го напишав :)
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Прати ми твој e-mail по приватна порака и ќе ти пратам.

    eve savi4_fi4o@hotmail.com
     
  7. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Ве молам, некој што е поупатен да ми одговори на прашањава...

    Брат ми треба да прави сериозна и итна операција на мозок во петок, а полагањето македонски е во сабота, со тоа НЕ Е ВО МОЖНОСТ да присуствува на истото. Дали постои некоја можност да полага пред август, некоја дупка нешто? И дали тие што полагаат во август матура, потоа фаќаат некој од роковите за упис на факултетите( знам дека првиот не, но вториот дали го фаќаат барем)?

    Фала ви мнооооогу однапред на одговорите!
     
  8. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Да, вториот уписен рок секако го фаќаат, тоа им е втора шанса да ги фатат овогодинешните уписи на факултет доколку првиот пат не биле во можност да полагаат или паднале. :)
     
    На Viiiiip му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    Оваа година темата за есеј ќе биде од хуманизам и ренесанса. Дали само овие дела спаѓаат во овој правец:Пеколот,Хамлет,Дон Кихот,Канцониер ? Кај нас професорката ни кажа дека само за овие ќе било.Канцониер го нема во испитната програма и најверојатно нема да се падне .И дали ќе учете за пишување молба,извештај,биографија ?
     
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    ^ Кога ти го прочитав мислењето, првото на кое се сетив е како ни Небиднина од Ацо Шопов ја немаше во наставната програма, ни во било каква програма додека барем во моите четири години средно изучувавме Македонски јазик и литература, а за Ацо Шопов лекцијата ја прескокнавме оти за него ништо немаше да има, па на крај ни ја опрчија толкава песна и не прашуваа што сакал писателот да каже, што е доста релативно и небитно прашање, кога на некои битни песни како Сердарот, кои сме ги обработувале не од прва година, туку од петто одделение, прашуваа колку глаголи и придавки има во реченицата. :D Сакам само да кажам бидете си спремни за се`, и особено за есеиве не бидете сигурни толку, се` што има во книгата убаво прочитајте си и распоредете си, и од граматика и од литература, и очекувајте неколку прашања за песМи што никаде претходно не сте ги прочитале, како и глупи текстови каде што одговараш прашања како во прво одделение, извадени од Кафе Пауза. :D Со среќа!
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Девојчиња, некој да ми ги прати на меил прашањата од било која година, ќе сака ли?
    Страната стандард не се отвара, што е исто така многу кул работа моментално. :)
     
    На QueenN му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JaneAusten

    JaneAusten Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    12
    Имам едно прашање за есејот: слушнав дека не се препорачува да содржи реторски прашања. Дали некој знае колку има вистина во ова?
     
  13. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Ако може и мене, однапред благодарам :)
     
  14. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    Ќе може ли некој да ми го одговори прашањето:Оваа година темата за есеј ќе биде од хуманизам и ренесанса. Дали само овие дела спаѓаат во овој правец:Пеколот,Хамлет,Дон Кихот,Канцониер ? Кај нас професорката ни кажа дека само за овие ќе било.Канцониер го нема во испитната програма и најверојатно нема да се падне .И дали ќе учете за пишување молба,извештај,биографија ?
     
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Tи имаат една страна поназад одговорено.
    И според тоа што нас ни го кажа професорката, есејот би требало да биде преплетување на две дела, едната комбинација е Пеколот и Канционерот, а другата Хамлет и Дон Кихот.
    Инаку пишување молба, извештај, биографија нема :)

    Него да замолам и јас, нормално страната за матура никако не ја отвара.Некој да не ги има клучевите за тестовите од матура, доколку сака да ми ги прати? :)
     
  16. tamicka

    tamicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    5
    А дали има некој информации за слободната тема за есеј?
     
  17. JaneAusten

    JaneAusten Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    12
    Есеј за Хуманизам и Ренесанса без Пеколот не може, а мој совет е за секое од овие дела да си подготвиме по некое делче. Јас утрово саат и пол потрошив на есејот, со триста маки сум ги споила Пеколот, Дон Кихот, Хамлет и некоја реченица за Канцониерот. Иако со од еден период, заедно сите четири не ги бива! Се надевам дека ќе ни дадат шанса да ги поврземе Лаура и Беатриче, а на Дон Кихот и Хамлет не им е тука местото!

    Молба, жалба, такви работи - ПОДГОТВЕТЕ СЕ! Годинава сигурно ќе има, а по моја претпоставка ќе е или молба, или CV!
     
  18. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Добро луѓе зошто ширите лажни дезинформации :?:
    Пишување на извештаи, молби, биографии, писма е исклучено од тестот уште од 2011 година.Значи има пишување на само еден текст-есеј каде што се бира на двете дадени теми, каде што едната е слободна а другата е од дадениот правец.
     
    На feminium и ilovemedicine им се допаѓа ова.
  19. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    За есејот од хуманизам и ренесанса ќе може ли ние да си избереме за кои ликови од 2 дела да пишуваме или ќе наведат на пример за Беатриче и Лаура ?
     
  20. filip44e

    filip44e Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    9
    Дали некој го има насловот на есејот по македонки јазик што е за државна матура??...оти сите деца кажуваат дека учениците од корчагин и јосип броз тито ги наоѓале секоја година насловите и тестовите

    Иначе нашата професорка ни кажа дека есејот што ќе биди од хуманизам и ренесанса ке треба ние самите да избериме автори и дела и од делата ликови со кои ке правиме споредба меѓу нив,а воедно да ја користиме и националната литература...поздрав :D
     
    На ilovemedicine му/ѝ се допаѓа ова.