Под помош за ученици и студенти подразбирам помош за материјалот. Некои прашања кои не ви се разјаснети, некоја информација која ја нема во книгите и каде да пронајдете информации или ако сакате да знаете нешто повеќе за материјалот кој го изучувате - да прашате овде. Да почнам јас. Географија за I-ва година гимназиско образование. Треба да размислиме која е предна, а која задна страна на Земјата. Вели вака: Метеорите кои паѓаат на Земјата, паѓаат два пати повеќе на предната отколку на задната страна. Секое место на Земјата за 24 часа се наоѓа еднаш на предната и еднаш на задната страна. И како да објаснам која е предна, а која задна страна?!
Ај јас да поставам едно прашање. Зошто кај цицачите има две ушни школки, зошто тие се ставени странично на главата и зошто се подвижни?
Да не се мисли на Северна и Јужна полутопка?Мислам дека Земјата нема предна или задна страна, затоа што има форма на елипса... :geek:
Според тоа дека секое место на Земјата за 24 часа се наоѓа еднаш на предната и еднаш на задната страна, најверојатно предна е онаа страна која во моментот е свртена кон Сонцето.
Ми треба помош за хемија. Вака. Имам задача : Примерок од H3PO4 содржи 1,2 ⋅ 1023 молекули. Под а) ми се бара да пресметам колку мола од киселината има во овој примерок.- тоа знам како да пресметам ама под б) се бара колку атоми на кислород ќе има во овој примероко- е тоа не го знам. Па ако може малце помош !
Ќе пробам да ти објаснам ама незнам колку ќе ме сватиш .. Молекули или атоми се пресметуваат по формулата N = Na * n Na ти е еднакво на 6,022, а за да го пресметаш n треба да знаеш маса или количество мол. После е лесно n= масата(она малото м) врз(делено) со моларната маса (големо М ). Откако ќе го добијаш количеството заменуваш во хорната формула... Се надевам помогнав.
Чисто информативно, за есејот. Се се брои, интерпукциски знаци нормално не. Ако пишуваш англиски, и напишеш I'm наместо I am, треба да го броиш како два збора. Сите кратенки од тој тип се бројат како два збора. She's = She is = два збора. Зборовите кои се поврзани со тире, се еден збор. Ice-cream, coca-cola. Значи И си е посебен збор, сврзник. Не е негова вина што е составен од една буква. Пример, така што е сврзник, ама ретко кој би се запрашал дали да го брои.
Не знам дали на прашањево тука му е местото, ама ако не е во ред нека го преместат модераторите. Знае ли некој да ми каже кај можам да ја најдам "Диво месо" да ја гледам онлине драмата, абе цел ден изгубив во тоа и пак не можев да најдам ?
а) n(H3PO4) = N/Na ; n(H3PO4) = 1,2 ⋅ 1023 / 6.022*10na23 = 0.119 mol б)Значи ако во една молекула од фосфорна киселина има 4 атоми кислород, тогаш во 1,2 ⋅ 1023 молекули фосфорна ке има 4*1,2 ⋅ 1023 = 4.8*10na23ta атоми на килород во примерокот
Ми треба песна со обрглена рима,барав и на интеренет и во 6 книги никаде нема!Ако некој најде или ако ‘‘може‘‘ да ми измилсли ве молам да ми пишете!!
Обгрлена рима е кога се римуваат 1 и 4, 2 и 3 стих. Во парк, одиме во парк. Таму птички пеат, дечиња се смеат. Трака-трака трак. Оваа само ја треснав, така ми дојде. Ама некоја друга нека се обиде да измисли. Очигледно мене не ме вива баш.
Фала ти Елена!! Ке ја напишам оваа строфа али ке треба да најдам уште неколку зашто наставничката сака повеке строфи
Проста еволуција... Најлогично образложение е бидејќи цицачите главно чекорат по земјата, постои еден вид на борба за опстанок и однос- предатор -жртва, затоа, ушите поставени на двете страни се еден вид на помошен аларм при опасност, за подобра ориентација, одржување на рамнотежа и подобар слух. Од истите причини се и подвижни. Фраерка мајка природа
Би сакала да ве прашам дали некој знае која е највисоката планина во Германија?? Ако некој знае ве молам нека напише! Благодарам однапред!
Феминки ми треба помош за писмена работа. Темата е Виктор Иго со "Клетници". Значи ако може некој само да ми напише вовед, онака по дирлив другото јас сама ќе си го напишам. Однапред благодарам.