Гледам малку феминки колешки имам

јас сум апсолвент на ПФК, како што видов од датумот mime87 сигурно веќе си почнала на факултет, така што знаеш и сама се што те интересира, јас само сакав да искоментирам во врска со споредбата со другите правни факултети - се знае дека Јустинијан има традиција и име и дека каде и да се отвори друг факултет пак него ќе го сметаат како најквалитетен, ама со оглед на тоа што се случува последниве неколку години, не сум баш сигурна. Мислам, самите факти зборуваат: на мојот факултет ви требаат 40 испити за да дипломирате, не се полага со прашања на заокружување туку со пократки или подлоги одговори со раскажување (кога веќе го нема усното полагање барем писмено да знаар студентите да се изразат), а во однос на фаќањто услов, тоа го нема според ектс така да не би требало да го има ни на факултетите во скопје, зашто неположените предмети едноставно се презапишуваат и кога ќе го достигнете максималниот предвиден број на запишани кредити 36 неможете други предмети да запишувате. Исто така, многу добро е тоа што имате контакт со професорот, а не како на некои факултети каде до професорот неможе да дојдете па таман да се работи за живот или смрт

како и да е си го изнафалив факултетот, ама мислам дека за сите што размислуваат да се запишат на Правен а се од регионите на Кичево, Битола или Струга треба да му дадт шанса на овај факултет зашто навистина не е некој бош факултет каде нема да добиете квалитетно образовани.

Ама не е баш толку лесно, така да ако очекувате дека само така ќе поминете, откажете се