1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препишување

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 22 декември 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Дали спаѓате во оние студенти/ученици што не фаќаат книга, ама си го сакаат другиот начин за поминување? Препишувате? Или ги осудувате оние што препишуваат?
    Се фрустрирате ли кога ќе се утепате од учење, а некој книга не пипнал и ќе извади подобра оцена?
    Што мислите за таквите луѓе?

    Јас во животов не сум препишувала. Да спремам ливчиња од дома и само со тоа да отидам на испит не ми се случило, а не верувам и дека ќе ми се случи од причина што не ме бива за препишување. Ќе сменам сто бои, ќе се препотувам цел испит и нема шанси да не испаднеш сумњив. Еднаш дури не ни препишував, ама за подобра концентрација сум ја наведнала главата и ми дојде професорката и ме тераше да станам :^)

    Немам баш високо мислење за луѓето што поминуваат со препис. Поготово студентите. Па кој срам е да те извади пред цел амфитеатар и да те посочи како препишувач. Мислам дека би пропаднала во земја :x
    И да, ме вади од такт кога ќе се утепам од учење и ќе извадам лоша оценка, или не дај Боже ќе паднам, а некој туку така ќе си помине и ќе извади добра оценка.

    Ама тоа е, секој гледа да си се снајде.
     
    На Ragazzina и LadyN им се допаѓа ова.
  2. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас исто како тебе Rainbow, немам срце да препишувам. Еве втора година на факултет сум, никако досега не сум се осудила да препишувам. Поарно ќе трескам глупости ќе пишувам или ќе прашам некој, ако мислам дека може да ми помогне, ама да препишувам нема шанси. За оние кои препишуваат не ги осудувам, само некогаш искрено можеби ќе изгледа себично од моја страна, но ми паѓа криво, бидејќи некој од препишување ќе го положи испитот со иста оценка како мене, а јас сум се утепала од учење :( . Знам дека никогаш во животот и нема да се осудам на овој чекор, ама тоа е, барем нешто знаење ќе стекнам ако не друго :).
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Никогаш не се откажувам на испит, ми се случило и да препишам и да поткажам :)
    А дефинитивно сум мајстор за препишување, тоа го правам без грам трема и паника :) (алал да ми е) хаха
    Ете и задутре имам колоквиум, па 4 колешки си го поделивме матерјалот и ќе препишуваме меѓусебно (секоја е одговорна за својот дел ) хаха
    Снајди се па положи работава :rofl:
     
    На Avokado, skeridoll и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Немав навика за препишување, а не ни сакав да ја створам. Неколку пати сум напишала на ливче нешто за потсетување. Кога ќе дојдеше време да го извадам :tmi: препотував, се тресев, црвенеев и пулсот ми се качуваше. И не го вадев ливчето, туку пишував она што сум го запомнила.
    Мојата цимерка цел факултет го помина на препис, покул личност не сум сретнала :). Правеше ливчиња за сите лекции два дена пред испит. Минијатури пишувани рачно, ги ставаше во дебели проѕирни пенкала и од нив препишуваше. Се опремуваше со панталони со големи џебови, плус јакна и во секој џеб ставаше по 5 пенкала. Нумерирани за да знае кој дел од материјалот во кој џеб е. Неверојатна тактика :D .
    Секогаш се смеев и и’ велев побрзо ќе научиш ако седнеш и прочиташ, а ти време губиш на спремање ливчиња. Ама алал да и на ладнокрвноста пак ќе речам - некои можат.
    Инаку, секако дека имам повисоко мислење за суденти кои не препишуваат. Такво снаоѓање е малку лицемерно... еден професор велеше дека е еднакво на крадење :) .
     
    На Independent.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Еееех токму од тој препис што се прави на факултет имаме неписмен и нестручен академски кадар. Не е работата да го поминеш факултетот вака или онака. Работата е во тоа што учиш за она што ќе ти биде професија. Кога ќе излезеш од факултетот треба да бидеш спремен, да имаш знаење на високо, професионално ниво... На работа немаш од каде да препишеш...
    Жално е колкав е бројот на студенти вака што поминуваат.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Не знам да препишувам,ниту некогаш сум препишала,а најчесто и се имам научено,па нема потреба.
    Во секој случај...некаде еднаш прочитав,глупавите не ги извршуваат своите обврски,просечните го прават по пропис,а паметните го наоѓаат најкусото и најефикасното решение,што се надоврзува на некое си таму истражување,дека поинтелигентните деца наоѓаат споредни патишта за да успеат,како на пример препис,а остатокот од времето го користат за нешта кои вистински ги интересираат...У правод,глупи сме ние што учиме,што и не е далеку од вистината.
    Јас имам пример од страшно интелигентно човече,на страшно тежок факултет,сите истпити на препис,оп дипломчето,ама затоа сега е еден од подбрите на своето поле и навистина се разбира.Коа ќе видиш,при препишување поднаучил нешто,тро талет,тро широко образование...
     
    На Lolipop23 и FBI им се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Не сум препишувала.
    Мислам дека немаше да бидам толку лош препишувач, ама ме мрзеше да правам ливчиња и да смислувам секакви стратегии.
    За тоа време можев комотно да научам повеќе од пола материјал.
    Башка, мојот ракопис е крупен и сакам прегледност, минијатурни ливчиња за препишување ми се аут.
    Да е потрагедија, не сум препишувала ниту за некои најидиотски предмети кои знаев дека нема да ми бидат потребни никогаш во животот, а имаше реални шанси да се препише.
    Ко на пример - старословенски.
    Седнав и научив за 6ка.
    Немав живци за препишување.
    За тие кои препишуваат секоја чест, мене лично ми е срамота да поминеш цел факултет со ливчиња бутнати во градник и по џебови. :^)
    Инаку, на препишувачите секогаш им прераскажувам една приказна како моја братучетка ја фатија на економски со слушалки за мобилен и и' бапнаа забрана за полагање цели 6 сесии.
    А на времето имаа само по 2 сесии годишно за полагање.
    You do the math ;)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Aаа Трендафилке,сега усовршени се.
    Материјалот го скенираат,го намалуваат тоооолку многу,колку да прочитаат и го принтаат,ете ти мини скрипта!Или ги прекуцуваат најважните работи и постапката од горе.
    А сега е ин и бубица која е толку мала,колку една малце поголема трошка,што се вади само со магнет од уво и слушаш кристално јасно,а и најмал шум од микрофонот кој може да ти биде на папок залепен се слуша на другата страна.

    Еееех ....
     
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    никогаш не сум препишувала, ниту во средно, ни сега на факултет, а и знам дека нема да препишувам оти ми е страв да не ме фанат а и не знам да препишувам..
    ако бидам фатена да ме пишува на огласна табла, ем срам, ем забрана за полагање..


    на првиот колоквиум по еден предмет решавав што решавав и на крај ми остана прашање кое не ми текнуваше како беше, а многу учев за тој колоквиум и почна паника да ме фака, да ги менувам сите бои на мене, да ме здоболува стомакот..и оти косата ми беше пуштена, на асистентот му дојде чудна сета таа нагла промена и дојде до мене, фино ме замоли да ја тргнам косата случајно да не носам слушалка, се увери дека нема, ме праша дали сум ок му кажав дека од паника, ми се извини најкултурно оти посумњал и помина... во тој момент јас се усрамив оти он посумља, а не па да ме фатеше.. ке умрев..
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Понекогаш ми се случуваше да препишам. Не дека го немав доволно научено материјалот, туку едноставно за сигурност си проверував во ливчето .
    Сепак во 3та ме фати срам да се потсетувам, па затоа фино лепо ќе си питав некој околу мене ако нешто не знаев.
     
    На Iza.bella777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Кога можам препишувам.Некни правев тест и препишував и 5ка ќе ми биде. :P
    И му кажувам на другите.Ми се има случено со другарками да се договориме таа да научи половина материјал,јас половина и потоа си ги сменивме тестовите и се точно ни испадна.
    Уште од 7мо одд почнав да препишувам и тоа по историја,раскажани лекциите и ископирани во минијатурен формат..абе милина да препишуваш. :D
    Утре ќе одговарам усно со слушалки по латински.И кога ќе препишам си се гордеам.Ама секогаш пред да препишувам го читкам материјалот,бидејќи треба да знаеш и што да препишиш.А и усно да одговараш со читање мораш да бидеш поснаодлив,да биде незабележливо.
    А многу ми е криво кога јас на другарка ми еднаш по германски јазик се и кажував те.и диктирав и напишаното слично ко моето и мене ми пишала професорката 4,а нејзе 5. :(
    Е тогаш пукнувам од мака.Криво ми е кога други се испрепишале,а јас сум се мачела да научам.
    Затоа најпаметно ако можам да си препишувам. :)
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Средно додека бев знаев да препишам по некој предмет за кој знам дека нема да ми треба, како физика да речиме. Мада шо никогаш не отидов на ништо ненаучено: секогаш учев, а ливчињата ми доаѓаа како бонус. Сега, на факултет, не се осудувам да препишувам. Засега :P :D
    И да, многу се нервирав кога ќе имав учено, а некој друг со препишување ќе добиеше иста оценка со мојата или повисока :@
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    колку се нервирам на препишување, ко прво не е фер некој се скапал од учење и не мрднал од дома а некој оп ќе си се изнашета ќе си препише ќе си положи и на крај ќе делиме иста диплома :devil: Јас не сум препишувала до сега, нема ни да се обидам, што научам и колку научам тоа поубаво пониска оценка ама барем да знам нешто од материјата отколку само препишувај па после појма да си немаш, само се прашувам што ќе прават на работно место пошто денес скоро сите имаат факултет, а знаењето каде е?
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Не препишувам затоа што НЕ ЗНАМ и жива се јадам за тоа! :devil: Многу ми е криво кога гледам како препишуваат сите околу мене а јас не можам да мрднам и да извадам некое ливче.. Па затоа си учам секогаш, ако положам - добро ,ако не следна сесија ;)

    Значи - подржувам препишување и браво за тие што се способни да го прават тоа! :rock:
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Не знам како некои не им е срам така со гордост да пишуваат како препишувале???? Па да се ставаат и оцени за успешноста за препишувањето. Еј бре луѓе срамота е, ок си е сите ќе дипломирате, па и денес факултетите се многу полесни отколку порано... Да ќе дипломираш и што понатаму? Утре ќе отидеш на интервју за работа основни работи нема да знаеш, срамота, а си дипломирала. Според мене доколку би постоеле многу построги мерки за препишувачите како на пример да им се скратат 6 сесии за полагање, па и незнам дали би биле толку храбри. А што вака само ке ги избркат од полагање и можат да дојдат на поправен или истата сесија на испит. И не се сложувам дека се способни препишувачите, ако се способни нека седнат нека научат.
     
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум препишувала,повеќе сакам да научам нешто и да го положам испитот,отколку да поминам со препишување, но и од причина што и да сакам да препишам,знам дека сигурно ќе ме фатат :D Секој различно размислува или се снаоѓа :) дали со препишување или само со научено да се оди на испит,пак нешто се знае,колку толку, меѓутоа знаењето подоцна ќе се види, нормално откако ќе се заврши факултетот, што незначи, но во глобала е така.Сепак, познавам и такви луѓе кои препишувале, а подоцна откако ќе ги прашаш што научиле, појма си немаат.Тоа е релативна и индивидуална работа,некој може да помине со препишување, но некои не :)
     
  17. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Мене ич не ме бива за такви работи :lol: Неколку пати сум пробала и ме фаќа страшна трема и страв да не ме фатат. ОК е да знаеш да се снајдеш, ама се согласувам со сите вас дека не е фер некој да учи да се труди, а некој се да си препише и да положи и тоа со јаки поени.
    Имаме еден добар асистент на факултет и кај него мислевме дека сите ќе препишеме, ама еден колега си нае*а пошо препишуваше од мобилен и му стегнаа казна. И од тогаш страв ми е дури и на страна да погледнам, а камо ли да препишувам.
     
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Јас пак многу често помислувам да препишувам ама не можам. За кој к*р тогаш се имам запишано на факултет? Да научам нешто или да доаѓам онака а да си поминувам година.
    За средношколците Да, подржувам да препишуваат затоа што некои професори знаат да бидат ептен гад иако нивниот предмет не е толку битен, така да ученици САМО НАПРЕД!!!!!!!
    А да се вратам на факултет, ненормално ме живцира кога гледам студенти со слушалки, бубици и сл.
    Господ да ги благослови оние блокатори, попаметна работа здравје.
    Знам многу личности (поготово од мојата група што студирам) кои доаѓаат онака ич мува не ги лази а си поминуваат со 10 и 9-ки. Јас што ќе се убијам од учење ќе поминам со скромна 6-ка и после истите ќе ми се смеат за оценка. :devil: :devil: :devil:
    И кога ќе ги прашам зашто доаѓаат со бубици добивам одговор од типот "зашто да учам????" :@
    Па од причина зашто си се запишала на факултет,глупача една (посветено)
    На многу луѓе на кои навистина им се учи и сакаат струка да студираат, не добиваат можност заради глупави личности горе споменати
    Препишувањето е ок, ама со мера, а не да завршиш школо и факлтет и да не знаеш ништо за својата струка

    Ако забегав малку од темата извините, али неопходно беше се да се каже
     
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Гордо признавам дека препишувам . Лани хемија едвај 3 имав со учење а годинава со препишување 4 :lol: Не ми одат природниве предмети ама ич .. На македонски писмени нонстоп , заборавив кога сум отишла последен пат и да пишувам буквално она што ми дојде на памет прво :D Само еднаш ме фатиле и можам да се пофалам дека ме бива за тоа :) :P И сега некоја професорка да ме познае фали :D :D
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Во целава моја образовна кариеира, само два пати сум препишала,ама не дека ми смени нешто многу, туку за повеќе да има напишано :D не ме бива за тоа, а додуше не сум се ни потрудила, пре ќе седнам и научам отколку да пишувам ливчиња и да се влечам по копирници. Ги има многу што препишуваат, ама кога ќе размислам тие таквите еден ден ќе станат инженери(конкретно за мојот факултет зборувам), а нема да знаат да решат еден прост извод или што е челик. И што им вредело целото препишување?-Ништо. Затоа јас одбирам да си седнам врз книгата, па колку научам толку да добијам.