1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препишување

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 22 декември 2010.

  1. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Јас книга немам фатено а се 5-ки се ваѓам 8).
    Најчесто препишувам од телефон.. ;)
     
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.767
    Препишувам, но и имам лошо искуство :!: . Препишував англиски и ме фати и оп единица за тромесечије. А тестот од лесен полесен. Инаку веќе англики ни на крај памет. Математика и физика у прибор си напишам формули. Историја и географија (не дека праеме тестови туку по еднаш само ни има дадено наставни лифиња во групи) и јас комотно си прашувам други ученици и он само „Памела знам дека си учела не мора да им кажуваш“. Биологија прашувам одлични ученици. Македонски од час што запомнам, а ако нешто ептен не ме бива исто прашувам. :) Италијански неможам пошто таа ме мрази и секогаш до мене стои. Граѓанско да не правиме муабет, па од општа култура мислам дека треба барем за 4 да се знае не ми е јасно како единици добиваат :x .По другиве не ни даваат тестови. :)

    Се извинувам што толлку во детали објаснив, не дека ќе ве интересира, туку досадно ми е. :lol:
     
  3. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Порано многу препишував, од ливчиња, од клупа, од раце....од секаде. Посебно средно кога бев. :wasntme:
    На факултет препишував чат-пат во прва година, ама понатака веќе срам ме фати. Не научија профсорите и асистентите кои сме (дека помалце од 40тина души сме на биохемија) и срамота беше. :$
    Инаку колешкиве видоа дека прва година ме бива, го иам талентот и си препишував па сега дрндаат демек ја така праам за сите предмети. Нема везе. |( Срам ми е сега да вадам ливчиња. Сега што знам - знам. Ако не знам нема да се појавам на полагање. Или ќе појдам само да видам прашања.
    А, да. Поткажувам некому и потпрашувам ако е густа ситуацијата. :lol: Снаџи се, па живи - демек :P
     
  4. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Јас пред една недела го имав првото искуство со препишување. :o
    Имавме тест по Француски,јас си имав научено,ама си реков ако не ми е нешто јасно,или за да се потсетам си направив ливчиња,(т.е. сите имаа направено).
    Јас секогаш сум учела за секој тест,па и овој и што ќе биде нека биде. :D
    Наставникот не ме фати и извадив 4-ка. :$ за 1 бод. би имала 5.
    А,да го немав ливчето,би имала 2.(а,јас мислев дека се знам). :lol:

    Моето прво искуство. :D Ќе препишувам и понатаму,ама таму каде што не сум сигурна,и каде што мислам дека наставниците се поотчукани. :rofl:
     
  5. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    На секој тест јас морм да препишувам. :D
    Кога праевме писмена по македонски ја извдив тетратката и препишував :clap: и секако ја извадив петка.
    Понекогаш и со другарка ми што седи преку мене си ги разменуваме тестовите, бидејќи девојчето што седи до мене не сака да ги разменуваме :@
    Понекогаш имаме "чат" под клупа. На ливчиња пишуваме кое прашање не ни е јасно и си го подаваме пифчето под клупа :rofl:. ЕКСПЕРТ сум за препишување 8)
    По математика сте дефиниции ги имав запишано на ливчиња ситни иво ташничето, а бидејќи наставникот по биологија е мнгоу лош, морам да ги пишувам поважните работи под тастатура :rofl:
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Едно е сигурно, храбрите среќата ги прати..... :rofl: :angel:
     
  7. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Јас имам препишувано многу. И да сум научила најчесто си правам ливчиња за секој случај. Некогаш не ги ни искористувам, а некогаш многу ми помогнале кога сум мислела дека знам нешто, а всушност ништо не знам. Ме имаат фатено само еднаш, ни повеќе ни помалку туку на музичко тест во основно. Ми го зема тестот, ливчињата, ми стави единица и едвај се воздржав да не се насмеам. Ич не ми беше гајле што ме фати, после часот се изнасмеав со другарките.

    Друг пат не ме фатиле, неколку пати поради ливчиња сум извадила добра оценка на тест, ама има и кога сум утнала работи на тест поради ливчиња. Моментално си припремам ливчиња за биологија тест. :rofl: Кај професорката по биологија според мене најлесно се препишува и да те примети само ќе ти рече дека нема потреба да препишуваш, а и да продолжиш ништо нема да ти направи. Баш последниот час кажуваше дека одобрува да имаме ливчиња бидејќи често се случува да се збуниме или да заборавиме, па тие треба да ни служат за потсетник. Рече дека дури и книга одобрува, доколку знае дека ученикот навистина учи, па заборавил, а ако е некој кој не учел и да му дадеш книга на маса нема да знае од каде да препише. И навистина е така. :)
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ние по Македонски ј. за писмена работа, тема добивавме така што има едно 5-6 ливчиња свртени наопаку и одоздола пишува теми.И претседателот ќе станеше ќе извлечеше и ќе пишувавме писмена на таа тема што ја извлекол
    Арно ама јас 4 години бев претседател, а и немав страв од правење далавери у школо, па кога ќе беше подготовката за писмена, кога ќеизлекував му оставав бег на ливчето,за следниот пат да го познаам, и така секогаш имавме прекрасна тема (хехе истата од подготовката) :lol:
     
  9. Anonnimna

    Anonnimna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    76
    Учам ама нешто што ќе ме мрзи да го доучам на ливче и спремна за препишување.
    Препишувам најчесто од пенкало,од дигитрон(го отварам дигитронот и внатре ги ставам ливчињата),лепам по монитори бели ситни букви,од ѕидови..од кај ми е најзгодно од таму XP :lol:
     
  10. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Мојата тема
    Препишувам , и тоа често и имам неколку тактики за препишување зависи за кој предмет :
    Математика :puke:
    -формули од ливче, или сликани на моб;
    -некогаш ги сликам задачите што има шанси да се паднат и ги пишувам со зум од телефон;
    -а најекстремниот случај кој почнав да го применувам сега во 4та е да ги сликам задачите со телефон додека ги дели тестовите професорката,преку ммс ги праќам кај сигурни луѓе , и тие ги решаваат и ми звонат после со слушалка и ми ги читаат. Е тогаш срцето ми застанува некои 5 минути :sweat: и откако ќе се заврши продолжува пак среќно да си работи :rofl:
    Македонски
    Писмените сама си ги пишувам ама после ме мрзи убаво да ги научам и затоа во word во моб и си терам.
    а за усно испрашување другарчето пред мене што седи пушта на компјутер и фино си читаме сите.
    Социологија и Логика
    Професорите малце ни се забегани ( во позитивна смисла ) па секогаш однапред се договаравме цел клас кои лекции ќе си ги пишуваме ,независно од тие кој ќе ни ги даде професорот , и никогаш не не сетија. :lol:

    И по другите предмети начините се овие , ги спомнав најчесто предметите по кои што препишувам.И да не заборавам : го применувам препишувањето само кога не сум сигурна , и немам научено , и секогаш за 5 ка :tmi:
    А сега да споделам уште една случка со препишување која секогаш ќе ја памтам и никогаш нема да ја повторам !
    Имав хемија испрашување наредниот ден и уште по 10 други предмети а немав како да стасам.
    Учевме за алкени,алкани, реакции си некој 100 имаше сите да ги научиш напамет. :worried:
    И видов не видов , зедов научив само тоа што треба да го кажам за секоја реакција , а за пишување на реакциите реков ќе си ги снимам на телефон и одам, па што биде нека биде.
    И наредниот ден , на час ме скорива професорката а замислете за 5ка одговарам :fubar: јас наоружана со ролка , со марама, со вентијага на мене , косата пуштена и под сето тоа една слушалка :sweat:
    ми ја дава лекцијата а мене рацете и нозете ми се тресат, пуштив на моб таа лекција и си се слушам и пишувам на табла пред нејзе , тоа буквите како хиероглифи излегоја .Ја допишав цела лекција , го исклучив мобилниот, и ги кажав својствата за секоја реакција , и believe it or not ама ми пиша 5ка !! Јас не знаев кај сум :rock: си ги собрав парталите и да ме нема низ врата. :whew:
    Ама ова уште еднаш не, на табла , пред професорката до мене , со слушалка во увото, не препорачувам иако се исплатеше во мојата ситуација.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Седам во последна клупа, убаво место за препишување е, ама ретко кога препишувам затоа што скоро секогаш си доаѓам спремна со научено, а и не сум многу храбра, секогаш мислам дека ќе ме фатат. Ретко кога очекувам од тие до мене да ми подкажат нешто, но секогаш ги потсетувам да не заборават да ми шепнат нешто ако забележат дека сум заглавила негде. Не се замарам со некои си финти за препишување, ливчиња, слушалки и незнам ти што. На тест најчесто учебникот под клупа и терај. :D
     
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Е сега, да седнам на час со тестот пред мене и да се трткам, да се мрткам, да се вртам, па да пазам кој ме гледа, па да вадам ливчиња и таинствено да буљам, тоа не личи на мене. Ќе пукнам од смеа од самата помисла да се видам себеси таква, а не па да го направам тоа. :rofl:
    Ќе изгледам ко да сакам уствари да убијам човек. Не ме бива.

    Има некои бе све ќе си препишат и оп, петче. :tmi:
     
    На LittlePinky и Grunge им се допаѓа ова.
  13. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Ова морав да го раскажам:
    Правевме тест по ликовноо...и јас си спремам ливчиња, нема шанси да земам да поучам нешто. На тестот, доаѓа професорката, ни дели тестови и сеа да видам кои се прашањата и да го извадам соодветното ливче...што ќе видам, не ми се падна ништо од тоа што го имав на ливчињата. Среќа, едно прашање (од 20 поени) го знаев и го одговорив. Другарката што седи до мене ми кажа нешто и...успеав да извадам 4ка. :!:
     
  14. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Каде и да седев, последна, претпоследна, прва, втора клупа... Ма секогаш препишував, и тоа на ВЕЛИКО :) За тие работи бев многу снаодлива, препишував од ливчиња, од книги, па последните 2,3 години и од телефон, ехееее кога ке ми текне што се не сум правела. А и ретко кој професор ме фатил како препишувам, сите имаа добро мислење за мене дека сум примерно девојче, дека многу се трудам и учам :D
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Порано кога немало печатници и фотокопири, книгите и тестовите морале да се препишуваат. Но денес недозволиво е учениците да препишуваат кога има copy-paste.
     
  16. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Во основно и средно си учев, немав потреба од препишување. Освен 2 пати на латински препишував, дека ништо не учевме латински, па немаше смисла јас да си го тупам паметот за некојси изумрен јазик таму :D. Видов дека ме бива за тоа, иако цел живот мислев дека сум тапа, али доста успешно си препишав.
    Сега за на факултет, али ни на крај памет не ми паѓа да препишувам. Асистентите што не чуваат се често искомплексирани газолижачи на професорите, и земаат тестови како им дојде, па можеш ти слободно да си полагаш по 2-3 сесии.
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Извинете за офф топиков, но Smurfette.M морам да те прашам како изгледа тест по ликовно,прв пат слушам за вакво нешто :|
     
  18. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    хмм...па исто како и тест по другите предмети, со 4 или 5 прашања на кои треба да одговориш поопширно. И јас не знаев дека постои се до оваа година. :) Бидејќи во втора година не се црта, туку се учи теорија (за периодите во уметноста, претставници и нивни дела) морало да се оценува со тест. Малку е чудно, никогаш претходно не сме правеле тестови (а и не верувам дека во сите гимназии во втора година прават) и е невозможно да се научи-како нешто апстрактно да учиш и не можеш да го разбереш....
     
  19. monalisa

    monalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Јас главо учам,ама она што не ми влегува во глава..
     
  20. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Значи што си е сигурно, сигурно си е. А, на сигурно мислам дека препишувам :D Значи од секогаш сум препишувала, дури и сега на факултет кога ќе можам зошто да не барем точно ќе ми е напишано, е сега ако ме фатат дека препишувам е тоа е веќе друга работа, барем напишаното ќе ми е точно :lol: