1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приватни vs. Државни факултети

Дискусија во 'Образование' започната од RainBow, 26 јануари 2010.

?

Каде се добива поквалитетно образование?

  1. На приватните факултети

    358 глас(а)
    27,9%
  2. На државните факултети

    926 глас(а)
    72,1%
  1. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Јас незнам шо сите толку лично си сфакате се. Ете конкретно вие може си учите, па и на приватен или на државен сеисто си е. Ама имам само едно прашање. Зошто сте се запишале на приватен? Која е причината? И ај некој нека се јави искрен и нека каже точно зошто се запишал. Прашањето е упатено на оние кои се запишале директно на приватен универзитет. А не оние кои прво биле на државен, па после се преместиле на приватен. Тие ајде, до некаде и ми се јасни. Неможеле да го издржат притискот, не му се допаѓал односот на професори спрема студенти, сфатиле дека немаат толку време да посветуваат на учење колку што се бара на некој државен факултет, дошле, виделе, заминале...Се запишале на некој од приватните факултети. Ама не ми се јасни тие шо директно отишле на приватен. Еве јас за мене да ви кажам дека се мислев меѓу државен и приватен, и ако решев да се запишам на приватен ќе бев само со една мисла, да учам помалку одколку на државниот ми факултет.
    Никој некане сфаќа лично, ама :!: за мене зборам, за друг незнам и незнам како е на другите државни факултети, имам многу другари, познаници што се запишани на приватен факултет, конкретно како мојот. Па јас не секогаш сум имала време да одам да следам предавање, да одам на кафе со колеги, колешки, другари, и у исто време т.е истиот ден да седнам и да го научам материјалот што сме го земале за тој ден. Значи невозможно е. Ете, последните две недели се немам појавено на факултет затоа што имам премногу материјал шо треба да го прочитам само, а тек после да седнам да го учам. Пракса да, ете нема многу на државниов факултет, меѓутоа на кој и професор да му кажеш дека нешто не ти е јасно на самиот час, или дека сакаш практично да работиш и да видиш, секој излегува во пресрет и не заборава. Ете годинава 3 месеци преку еден ден сум од 9 сабајле до 15 саатот на пракса. Кажавме сакаме пракса и ни овозможија. За разлика од некои пријатели што ги имам на приватниве факултети што имаат многу повеќе слободно време од моето. И кога сме кај материјал, немојте, не се инатете пошо секој има некој пријател близок, кој кажува како поминува, како учи и како полага на приватниве. Имам многу случаи каде што ми имаат кажувано дека испит положиле препишувајќи. Епа на мојот факултет да положиш испит кој ќе го препишиш е научна фантастика.
     
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    59.333
    Јас завршив на ФОН и сум многу, многу задоволна. Имало предмети каде што може да се помине полесно, но имало и такви каде ќе се окозиш од учење. Но крај краева, не е битно само тоа што ќе ти го предадат професориве, што е напишано во книгите кои што се составени воглавно од една теорија. Битно е колку универзитетот е спремен на студентите да им овозможи сето тоа научено да го покажат на пракса.. Додека студирав, благодарение на професорите секако, кои што навистина ме мотивираа да се покажам, бев многу активно вклучена во студентски организации. Успевав да положам со 10ки воглавно, да бидам активна надвор од клупите и што е најбитно, да го доживеам практичниот дел од целото студирање.

    Зошто избрав приватен универзитет.. епа, третманот кој што студентите на приватен го добиваат е далеку подобар и поферски, во споредба со државните универзитети. За учење на приватните (зборувам за ФОН конкретно) има помалку, но затоа доколку студентот покаже желба за напредок, желба за повеќе знаење, тогаш искрено, сите врати му се отворени. Имало и разочарувачки моменти, на пример, на мојот факултет се случи да еден ист предмет, ист материјал се повтори во 1ва и 3та година (имињата на предметите се разликуваа малце од малце, ама суштината беше иста), па имало професори кои што не проверувале многу, многу што сме пишувале на колоквиум (полагањата се есејски, а за 10ка треба да ти падне раката од пишување).. па имало местенки, една јавна личност добиваше 10ки не ради тоа што знаеше нешто, туку ради блискоста со одредени личности од повисокиот круг на универзитетот.. Такви работи ме нервираа додека студирав, ама секогаш и секаде имало, па и ќе има.

    Точно е дека имало студенти кои што чисто онака само за 6ка, колку да поминат доаѓале на настава. Ама има и професори кои што нема шанси да те пуштат ако не научиш асално.
     
  3. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    УКИМ приватен факултет е?
     
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Како бе приватен :o УКИМ е првиот државен универзитет во Македонија.
    Лејди ти средношколка си? Претпоставувам така е.
    Како може средношколец да не знае што е УКИМ (те молам немој да го сфатиш ова како навреда). Просто се чудам :?:
     
    На cooll и duffi им се допаѓа ова.
  5. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Во една тема незнам која беше една феминка имаше пишувано нешто за приватни факултети и во заграда имаше ставено УКИМ ја затоа се збунив па си прашав иначе знам јас за УКИМ и не го сваќам како навреда воопшто ;)
     
  6. maccetoo

    maccetoo Активен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Јас мислам и двете се убави..
    Државните .. :|
    Приватните мислам имаат помалку часови
    ама сепак повече сум за Приватните Факултети
     
  7. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сигурно треба да дополагаш? Бидејќи знам студенти на коишто им ја признаа дипломата без дополнително дополагање...хм..
     
  8. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    Квалитетот на студиите е намален, без разлика дали сте на државен или приватен факултет.
    Државните универзитети се во борба за повеќе студенти, бидејќи им ги намалија износите на ко-финансирање и плус сега не може како порано во приватна квота да запишуваат колку сакаат студенти со по 2000германски марки. Истото сега важи и за приватните универзитети односно факултети, бидејќи нив ги загрозија УГД, Тетовски, како и безброј милиони дисперзирани факултети при државните универзитети.
    Јас завршив на УКИМ, дел од професионалното искуство го поминав на еден приватен универзитет и со целата одговорност тврдам дека и од државните универзитети и од приватните универзитети/факултети излегуваат „капацитети дипломци“ , исто како што излегуваат излегуваат и „неписмени дипломци“ кои јас би ги вратила во основно, а не во средно.Затоа велам, се зависи од студентот, дали сака да се потруди само за 6ка, кое во денешно време со тоа ЕКТС и писмено полагање на делови, лесно се добива, или пак ќе се труди за повеќе.
     
    На Mishela и Luna91 им се допаѓа ова.
  10. Badboy7

    Badboy7 Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Јас прво бев на државен па сега на приватен.Не е точно дека на приватен е полесно,затоа што еден куп имаат 5ки и неможат да ги поправат,а второ на приватен го има феноменот кога професорот ти вика ДОЈДИ КОГА САКАШ НА КОНСУЛТАЦИИ.. а на државните бегаат како ѓавол од темјан...
     
  11. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Навистина е така мислам дека на државните факултети се добиваат повеќе знаења и поквалитетни кадри излегуваат , а за овие перилници на пари може да се наречат ,2000 евра од година па што е тоа кое семејство има толку приходи плус во годината да одвои само пари собираат и за знаење ич ама ич не им е гајле .
    А кога ќе дојде време за вработување сите фирми бараат да е дипломата од државен универзитет по можност од УКИМ.Е драги мои па зарем тоа не е доволно за да се свати кој факултет е поквалитетен ..
     
  12. ajiproks

    ajiproks Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    за тетовскиот универзитет од полно што слушнав мислења воопшто несум задоволна.ШТО Е ТОА НЕКУЛТУРА, НЕУБАВО ОДНЕСУВАЊЕ, НЕМА РАЗБИРАЊЕ СО ПРОФЕСОРИ ЕДНО ТИ КАЖУВААТ ДРУГО БАРААТ ОД ТЕБЕ НА ИСПИТ, БОЖЕМ ТОЛКУ СМЕ НЕ СПОСОБНИ НИТУ ЗА ЕДНА 6 .ЈАС ЗНАМ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ТИЕ ДЕЦА ТИЕ УЧАТ ПО ДРУГИ КНИГИ ЈАС ПО ДРУГИ.АДМИНИСТРАЦИЈАТА ИМ Е КАТАСТРОФА ШТО ИМА ЕДНА МАКЕДОНКА ШТО РАБОТИ ТАМУ КЕ ЈАДЕ ЌОТЕК НЕКОЈ ДЕН.ТАА Е ЃУБРЕ ГОЛЕМО НЕ САКА ДА ИМ ПОМОГНЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ СРАМОТА РЕВОЛТИРАНА СУМ МНОГУ......
     
  13. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Јас се запишав директно на приватен факултет од причина што прва година ми е бесплатна и се на се ми излага исто парично кај ќе се запишам (не учам во мк). Супер ми е никогаш не би се пребацила на државен никогаш. Имам помалку предавање, за учење нормално имам многу, ама имам и време кога се тоа да го научам. ДО сега ми се нема случено да ми се испонаша некој професор, кога сакам им се обраќам на меил, на консултации одам значи апсолутно кога сакам и се ми објаснуваат како што треба. Да не зборам тоа како ни изгледа факултетот, како е среден и опремен. Никој ќе каже демек леле ич не е битно, ама битно е сепак. Барем мене ми е, ако веќе седам некое време таму, барем да имам нормални услови.

    Да студирам во скопје дефинитивно би студирала на приватен, луѓето мислат дека на приватен се запишуваш и после некое време идеш само оценки да ти ставаат им плаќаш и толку е. Што е мнооогу глупо мислење. Кај год да си мораш да учиш, разликата е во тоа колку те интересира да седнеш да научиш нешто. Од сите другари на државниве, не знам еден што не положил барем 2-3 испити на препишување. Нормално на предавања не одат, океј до луѓето е ама не може никој да тврди дека приватните не чинат пошто ништо не се учи пошто реално и на државен и на приватен имаш и такви и такви.

    И да, може тебе ќе те примат попрво на работа пошто имаш државен факултет завршено ама ти брат ако не си ја знаеш работата никој нема да те задржи пошто ете тебе дипломата од државен факултет ти е :!: :)
    Ииии да
     
    На Bojana.20 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SouthParkFan

    SouthParkFan Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    24
    образовението се добива повеке на приватните факултети да, но дали навистина приватинте се подобри? - не
    на приватни одат повеке тие што имаат вишка пари за фрлање а учењето сепак не е многу голема разлика
     
  15. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    824
    Допаѓања:
    1.944
    Се надевам дека некој ќе го прочита ова :sweat: од како се запишав на факултет (државен) како во пекол да сум,од секогаш го сакав тој смер каде што сум,но не можам никако да се сконцентрирам за учење,точно е дека седам на интернет по 9-10 саати,и мислам да деактивирам фб и да не се уклучувам некое време,кога ќе почнам да учам како блокирана сум ништо не памтам ;( пиев и рузмарин за меморија пак исто..........кажете нешто :sweat:
     
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476
    Те разбирам Franca. :)

    И јас сум во иста ситуација, само што јас учам нешто што воопшто не го сакам.
    Имав ограничен избор при изборот на идна професија, од финансиски аспект, и затоа се одлучив за нешто што сметам дека во иднина би ми било перспективно.
    А како се справувам?
    Најпрвин, разбрав дека не треба залудни да ми се вложените пари во факултетот. Тоа подразбира да завршам со учење, па тогаш слободното време ќе го користам за фб.
    Јас функционирам вака:
    Ако е предколоквиумска недела, денот ми започнува со утринско кафе. Додека го пијам кафето, седам на нет. Потоа кликам shut down на лат топот, и седнувам да учам. На секоја наредна пауза на 3, 4 часа повторно сум на интернет, но не премногу, околу 20тина минути.
    Најпрвин треба да разбереш, дека фб не е продуктивна работа, и е губење време.
    Не знам како тоа што го учиш, и претставува струката што од секогаш си сакала да ја изучуваш, не ти е доволна мотивација, за учење? :)
    Мора добро да се организираш, за да стасаш да го научиш материјалот.
    Почни од тоа што за секој ден ќе си зададеш обврска, во смисла колку теми ќе научиш.
    Потцртувај, читај гласно, создавај слики во главата за прочитаното.
    И јас последнава година имам премногу проблеми со концентрацијата-буквално имам чувство дека не знам ништо кога сум на колоквиум или испит, и затоа се трудам по сто пати да го прочитам материјалот.
    А апчиња воопшто не препорачувам да се пијат.
    Имам една другарка, која стално ги конзумираше, па еве по завршувањето на факс, се однесува како склеротична. Не се сеќава на некои најбанални работи, а не пак клучни. :|
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Јас им давам предност на државните факултети во однос на квалитетот на образованието.Според една студија неодамна направена од страна на еден од реномираните светски универзитети,на прво место е рангиран универзитетот Св.Кирил и Методиј,потоа е штипскиот,па натаму следуваат приватните универзитети.За да се биде академски граѓанин не е доволно само учењето,туку и волјата и желбата да се биде квалификуван во некоја област.Секој има талент и афинитет за нешто само треба да се навреме да се препознае и да се надградува.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Freya123

    Freya123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    234
    Студирам на приватен и сакам да ви кажам неколку работи, за кои сметам дека не секогаш с(т)е право студентите од државни факултети. Пред да се запишам, правев муабети со луѓе кои ги познавам и кои го студираа тоа што јас го сакам на државен, тие ме запознаа повеќе со тоа што ме чека ако се запишам таму - програма, професори, услови, се. Се запишав на приватен, не затоа што ме мрзи да учам, не затоа што имам вишок пари, не затоа што мамичка или татичко ќе ме вработат после тоа, туку затоа што приватниот факултет ми нуди многу поквалитетна програма и многу пообучени професори отколку државниот. И воопшто не се каам за мојата одлука. Тоа што навистина ме разочарува и демотивира, се постојаните коментари упатени на сметка на приватните факултети. Прво, да, мнозинството што се запишува на приватни факултети го направило тоа затоа што во иднина ќе си има загарантирана работа и не сакаат да се трудат, меѓутоа има мал број од нас, што сме отишле стварно да учиме, и не е фер што мои познаници, па дури и пријатели го сведуваат мојот труд на нула само затоа што некои ставаат слики и чекинови, па ако го прават тоа некои, не значи дека сите сме такви! Второ, околу дипломата, да не се лажеме, толку колку што се купува на приватни, толку се купува и на државни, само таму тоа е малку потскриено, па оди преку студенстки парламент и слични работи. Сите имате колеги што се немаат појавено на предавања, па пак се во топ 10 листа на положени, нели? Или што ќе учат недела дена пред испит, па поминуваат со повеќе бодови од вас, така?
    Не сакам да ме сфати некој погрешно, јас не напаѓам никој за неговиот личен избор (затоа што мене тоа ми се има случено 1000 пати до сега), само упатувам на некои стереотипи околу приватните факултети. Иако лично сметам ко што врски можат во живот да ти помогнат, не може друго. :)
     
    На oblace1 и Bojana.20 им се допаѓа ова.
  19. supergirl1

    supergirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    13
    Devojki pa i momci, fakultetot finki koj se naoga vo skopje za informatika i kompjuterski nauki e privaten ili drzaven fakultet? I ako e privaten kolku se plaka?
     
  20. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    30.639
    Пол:
    Женски
    Државен е финки. :)
     
    На supergirl1 му/ѝ се допаѓа ова.