Па со оглед на тоа дека учев во приватно школо, би рекла дека приватното школо е подобро. И дека повторно би се запишала ако треба Односот професор-студент беше невероватен, секогаш сите професори беа тука за нас,во секој момент и за што било, додека во државните(како што слушав) ги интересира кој ти се родители и која ти била сестра, па ако била лоша ученичка и ти ќе си таква а и се иживљаваат со учениците. Администрацијата(исто и кадарот на школото) не гледаше како нивни деца, во секој момент расположени за дружба. Сите викаат дека во приватните учат помалце,но сега кога сум на факултет, работите што јас сум ги учела изминативе години, моите колеги од државните школи не го имаат учено и се чудат што е тоа. Единствените работи што беа лоши е тоа што бев нашколо од 8 до 3(како работно време), а исто така и цената. Секако дека цената претставува голем проблем,но доколку би имале ресурси, приватното школо е незаменливо искуство.
vaka i jas sum 8 i nemam poima kade da se zapisham.. sakam da odam na polaganje za stipendija vo yahya kemal i petta privatna g. pa da vidime prvo sho kje napravam deka moite nema shansi da mi platat.. sestrami uchi vo ykc i gledam deka e teshko malce no uchi toa shto kje i e potrebno no zhivot i mnogu znae od praktika.. a za u petta privatna velat deka ne se uchelo bash barem taka mi rekoa :/ Inaku privatnite imat goolema prednost zasho povekje obrnuvaat vnimanie na praktika i na onaa potrebnoto vo zhivot za razlika od drzavnite kade [barem u mojot grad] ne se znae ni sho uchat.. uchat bash gluposti koa razgleduvav uchebnici od drzavnite se iznachudiv.. poubavo e vo privatno shkolo po moe.. samo koi mozhe da si go dozvoli toa.. [mod-kirilica:33y0hql5][/mod-kirilica:33y0hql5]
Ловли, бидејки сега е најважно што ќе одбереш, еден мој совет. Не сакам да звучам како да правам реклама, ама и јас лани се двоумев помеѓу Јахиа Кемал и Петта приватна. Разговарав со ученици, со професори и слушав разни мислења, ама скоро никој не ми го пофали Јахиа Кемал. Се запишав Петта приватна и презадоволна сум. Се учи, не дека не се учи, професорите бараат знаење и за парите кои ги даваш добиваш. Не е пропадната инвестиција. Е сега, лани немаше но годинава има спипендии. Полагаш испит, а се зема во обзир и проескот од 5то до 8мо одделение и награди, диплми итд. (ако ги имаш). Зависи како ќе поминеш на испитот добиваш попуст. Потоа, следната година ако си скроз одлична (со сите петки во прво и второ полугодие) повторно добиваш попуст, а пак ако освоиш 1, 2 или 3то место на било каков натпревар повторно добиваш спидендија(не целосна, мислам). Професорите се секогаш пријателски настроени и тука се за било каква помош.(зборуам за Струга, а и овие од Скопје се истотака фини, повеќето ги знам и сите се супер) Е сега Скопје школарината е 1700евра, а Струга 1300. Има разлика, ама вреди. Со среќа, се надевам ќе добиеш стипендија!! Спојлер Ако ти треба помош околу било што пиши ЛП!
Да кажам свое мислење за Јахја Кемал. Не учам таму, но пред неколку месеци бев на натпревар по англиски. Професорите знаеа англиски ептен малку, колку да можат да се разберат, а некои си тераа на турски, па други ни преведуваа. Среќа мојата група ја надгледуваше македонка, па ни збореше на македонски, инаку тешко дека ќе се разберевме со турците. Училиштето како училиште е океј и училниците се убави, но јас лично не би сакала да учам таму. Ова го кажувам за училиштето во Автокоманда во Скопје, за во другите градови не знам.
Фала white angel. Ќе аплицирам и ги гледав прашањата, не се тешки, па дека имам 2 дипломи од натпревари може ќе поминам добро А Whatsername не знам за во Скопје, ама мене во Струмица ми беше преубаво(дека и јас бев на анг.натпреварот) Сите знаеја македонски и убаво беше организирано и професорите беа баш фини и тука во ср многу ги гледаат учениците и затоа мене повеќе тоа ми врти ум
Не дека јас учам вво Јахја Кемал, но е најдобро училиште во државата и го има покажано својот успех. А и професорите имаат преголемо знаење на англискиот јазик, што им помага на учениците да го разберат исто така има прекрасна толеранција од страна на професорите и добиваш интернационална диплома со училиштево
И јас се двоумам дали да се запишам во Јахја Кемал или во државно училиште во мојот град.Инаку имам освоено 100 % стипендија и за школувањето и за интернатот.Е сега добро сепак има трошоци но во споредба со тоа што го трошат тие што се запишуваат без стипендија ее .... Јас кога бев во Јахја Кемал во Струга.Училиштето ми беше прекрасно.Исто така имам другарка која е сега втора година таму и е презадоволна од професорите и од се друго,мислам комплетно од целото училиште.Е сега гледам вие не го фалите училиштето и слушам некои велат дека во интернатот ќе ти биде како во затвор и сеа тоа ме кочи. А и наставниците во моето училиште каде што учам сега,кога ќе им речам дека можеби нема да се запишувам и се чудат.Ми велат имаш ваква шанса не ја пропуштај.Затоа што ЈК во споредба со нашето државно средно еее премија.Па сеа очекувам ваши мислења
Еве еден совет од мене: не знам како е во ЈК, немам учено, а ни бидено на посета таму, само сум слушала мислења од други ученици и професори ама сепак пробај. Ти имаш стипендија, нема многу да трошиш пари за школарина и интернат. Ако не ти е добро, следната година пробај во друго школо (на пр. во државно или во Петта приватна исто со стипендија) Е сега зависи од кај си, ама можеш да патуваш. Знам неколку деца кои често ги гледам како патуваат Охрид-ЈК! Не мора да бидеш во интернат!
Скоро сите деца што седат Охрид или Струга, патуваат до ЈК. Ама така ќе мора да плаќаш стан. А интернатите се преубаво уредени. Појди види,немаш што да изгубиш. Од искуство ти кажувам дека школото е сон ... Особено во Струга, пошто пред 2 години го направија. Земи размисли си, иако добра е понудава! Јадењето во склоп на школските часови,сама ќе треба да ги плаќаш а и излегвењето од интернатот, пример за такси кафе ова она. А поручекот и вечерата се во цената на интернатот,што тебе ти е доделена за без пари. Бидејќи ти имаат дадено ЦЕЛОСНА стипендија,верувам дека учиш и дека си надарена во некој од предметите, па не се ни сомневам дека ти ќе го претставиш школото во најдобро светло на сите натпревари(регионални,државни па дури и светски). Пиши ни што ќе одлучиш,баш ме интересира
Незнам,ќе размислам.Читав и на друг форум дека професорите кон децата кои имале стипендија се однесувале поубаво отколку со тие што немаат стипендија.Треба да одлучам најкасно до 30 април. Па ќе ви кажам што сум одлучила
Ако имате пари запишете приватно средно училиште а ако сакате нешто да научите запишете државно училиште. Што сакам да кажам??? Кога и ако отидете на факултет интересно ве гледаат со други очи. Ако сте од приватно училиште веднаш ќе ви залепат етикета дека имате пари и на друг начин ќе ве третираат. Секако дека ќе завршите средно затоа што морате според Закон...ама не е иста приватна и државна диплома. Разлика постои и секогаш ќе постои. Според мене, сепак државно училиште е подобро
Нема врска дека ќе ти залепат етикета дека имаш пари. Има ученици кои се со стипендија на приватните. А иначе повеќе ќе најдеш кренати фаци во државните одколку во приватните. Во приватните нема што кој да се докажува,таму се учи! А во државниот се натпреваруваат кој колку и кој повеќе има. За учењето горе долу е исто, државните учат нешто повеќе, нешто помалку од приватните - го добиваш истото знаење во двата типа на школи. Факт е дека ќе постои разлика и вечна дебата ..
За државните, на веќе кажаното, ќе додадам дека има и натпревар кој чив/а син/ќерка е и кој има посилна врска за повисока оценка!
Да има, затоа што се со сите незаслужени 5-ки и потврди од родители дека земаат плата од 200 евра. Да се разбереме и не лажеме дека приватно средно училиште се плаќа а нема секој пари да го плати. Се знае кој оди на приватно училиште и чии деца одат. Ако на приватни средни училишта нема кој што да докажува тогаш, незнам каде има И тврдам дека не се добива исто знаење во двата типа на школа. Еве на пр. знам лично деца кои завршија на Јахја Кемал 4 год, со една тетратка и грдни пари фрлени од тато ,,бизнисмен,, а не ни знаат македонски т.е да се потпишат на било што. Втор пр. незнам дали и недај боже да забегаш на ....не ми текнува во момент како се викаа овие служби што дежураат за инекции во болница за викенд - (ваљда Ургентен центар), кога тоа дете завршило приватно средна школа за сестра да дава инекции и бидејќи д-р ти препишал Б12 ама таа нема во момент па ти дава Б6+Б6 = КАТАСТРОФА Разлика секогаш ќе постои затоа што сите не се мамини и татини деца. Не дека навредувам некого или сакам да потенцирам, ама за жал парите ја играат главната улога. Тој што има пари и ако сака навистина квалитет нека го прати на Запад-странство не е битно каде па тогаш да го видиме квалитетот т.е на кого колку му сече црпката......
На оваа тема само во нашава држава е обратно. По некое правило - приватно училиште значи дека : Професорите ќе обрнуваат повеќе внимание за секој студент, повеќе работа, поголемо знаење, поголема дисциплина( и тако даље ) ама кај нас.... Како и да е... јас се запишав во приватно средно училиште, и беше буквално срање- само што да, на нас тогаш ни изгледаше убаво и интересно фактот дека ништо, буквално ништо што не учиме на час! Дури имаше професори од типот на : дечки, ај извадете ги книгите надвор за ако случајно некој влезе внатре да МИСЛИ дека учиме. И нормално- се 5! Дома презадоволни, малку зачудени, како со толку малку учење јас добив дури и пофалница абе ајде!!! Мајка ми ме седна да ме испраша нешто и нормално, ништо не знаев... и полуде. Отиде во школо и се бунеше за моите 5-ки, бидејќи биле нереални а сите ја гледаа чудно во стилот на : ние тука сме среќни за петкиве на нашите деца а вие се буните за тие петки. И така... ме отпишаа.... Државно си е државно луѓе, немојте да се лажете. И ден денес имам проблеми со специфични предмети каде што очекуваат предзнаења, а јас.... дупки, дупки во знаењето.
Се надевам дека прашањево беше за да се изнасмееме добро... Нормално дека има лектири. Секаде има лектири. Во приватно школо се учи исто колку и во државно... Програмата по македонски е иста.