1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексуално образование во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од Unfaithful18, 23 јули 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Факт е дека денешната младина и покрај пристапот на интернетот сосема малку е информирана за сексот.Полово преносливи болести, несакана бременост се само неколку од многуте последици кои може да ги донесе неинформираноста.
    Бевме сведоци и овде на форумот како 16 годишни девојчиња прашуваат глупости, кои нам ни беа смешни а тие навистина не биле информирани.
    Дали сте за воведување на сексуално воспитување во училиштата?
    Што мислите, која е идеалната возраст да се воведат вакви часови?
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.559
    Пол:
    Женски
    Треба да се воведе сексуално воспитување во училиштата. Идеална возраст на учениците за да се воведе ова е 14 години. Најчесто тогаш почнуваат со сексуални односи.
     
  3. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Се согласувам потполно со СамрГрл.
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    јас повеќе сум за воспитување на родителите еднаш да ги научат дека треба да разговараат со своите деца на оваа тема,а не да ги оставаат да дознаваат од ваму или онаму,па после трудна останала ќерката на 15години.нема потреба според мене да се воведува ваков предмет,кога за оваа тема родителот е задолжен да го научи сопственото дете
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Треба да се воведе. Просто е неверојартно колку е младината неинформирана. Сите сме сведоци за тоа тука на форумов.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.993
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно сум за воведување на сексуално образование во училиштата, затоа што е навистина неопходно. И сами сме секојдневно сведоци на тоа колку е младината „информирана“. Жалосно е што денес, во 21 век сексот е сеуште табу тема. Децата не се информирани за многу работи - за самиот чин, за последиците, опасностите, начинот на заштита, подготвеноста за тој чин. Сметам дека и родителите треба да имаат своја активна улога во сексуалното воспитување на младите, и дека треба да има отворена комуникација на таа осетлива тема. Ама за тоа ќе почекаме изгледа уште некое време...
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Не знам што е пострашно: контра ефект и дркаџии на последните клупи или на 14 години бремено девојче или на 20 години да не се знае што е клиторис! ?? Јас се извинувам што вака се изразувам, ама тоа е реалност.
    На часовите секој ученик различно ќе го сфати предавањето на професорот. После тоа да не испадне професорот крив? Да не му предал искривена реалност за сексуалниот живот, непишаните правила и слично според неговото искуство? Многу работи се мешаат. Да не им прави шема како момчето да и го слече градникот на девојката без таа да осети? Или пак да не им кажува на девојките дека поголемиот број на момчиња се „палат“ на лезбејски бакнежи? Какви генерации ќе се родат и преобразат?
    Во наставата ќе има и вон прашања и потпрашања и потпотпрашања од учениците. Кој ќе биде доволно спремен да им одговори или да им даде некаква насока? А ако насоката води во ќорсокак?
    И што ако речеме дека има доволно информации на интернет за и околу сексуалниот живот кога не се бираат оние поверодостојните (гламстик.. што форум ќе беше тоа? :о). Тажно. Бедно!

    И дали треба сексуална едукација? НЕ ЗНАМ! Сметав дека треба, ама за нигде е работава.
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  8. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Треба да се воведе сексуално воспитување во училиштата. Мислам дека најдобро е од 14 години да почнат да се запозмаваат со сексот по темелно .. затоа што тогаш тие се во пубертет и на 14 години можат да направат нешто што не треба ! :^)
     
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Сметам дека треба да има сексуално воспитување во училиштата. На еден дел од часовите да биде присутен лекар кој би овозможил запознавање како со здравствената така и со емотивната страна на сексот.
    Освен тоа би требало многу внимателно да се избере таа личност , што истовремено ќе биде доволно стручна, а ќе знае како да ни се обрати и да биде блиска со нас-слушателите на тој предмет.
    Кај нас на школо безброј пати сме разговарале со професорите на оваа тема дали треба или не треба да се воведе сексуално воспитување и знаете кој одговор го добивме- родителите се против. Група од 10-15 родители се противеа дури и на трибините за млади преку кои се информираме.(полово преносливи болести,абортус,контрацепција,емотивно здравје,па дури и на темите како што се прва менструација и посета на гинеколог).Теми кои се од витално значење за здравјето на нивните деца.

    И на крај ми останува само да констатирам дека си мислат дека со тоа децата ги држат `во мракот на незнањето` и тие нема да направат ништо `погрешно` :x :fubar:
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.924
    И те како треба. Мегутоа, треба да се информираат децата за можностите за заштита, а не да се величи апстиненцијата затоа што хормони работат и се знае дека сите сакаат нешто повеке со партнерите, па барем да знаат како да се заштитат
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Не да треба, неопходно е!

    Родителите, да, треба да разговараат, ама ако се гледа дека не разговараат - мора да се воведе. И тоа би вовела голем број часови за сексуално преносливи болести, бременос, абортус и слично. Исто така истражувања за последици од прерано започнување с сексуални односи... можеби ќе ги подзамисли малку децата. Ова што се случува е премногу. И неинформираност е една од причините.
     
  12. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.128
    Пол:
    Машки
    A zashto da ne,..i toa so po dva chasa dnevno...
    po moznost prviot i posledniot...ako nishto drugo...
    redovnosta kje se podobri sigurno.!!
     
  13. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Секако дека треба,па децата баш во тој перод се љубопитни и сакаат да пробат се.Подобро би било кога би биле упатени во што се впуштаат.Треба да да се воведе сексуално воспитување без расислување.Децата денес така и така се знаат,гледаат порно филмови и слично,но сметам дека поинаку ќе биде кога за тоа ќе и објасни стручно лице.Можеби ќе ја сватат суштината на сексот,сексуално преносливите болести и се друго поврзано со таа тема.ВО никој случај мислам дека не би влијаело негативно,туку може само да го прошири знаењето и погледите на учениците во врска со таа тема.
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Одлична идеја Марли. :D
    ________________________
    Да се воведе или не?
    Веќе не се знае со денешниве деца.... ама сепак би гласала ЗА. По секако прават глупости, бар нека знаат да прават и разлика меѓу клиторис и вагина.
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    јас не сум за воведување на Сексуално воспитување во училиштата :x
     
  16. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Е кога веќе не си ЗА барем образложи ни на нас феминки те молам ,,просветли не,, да знаеме и ние зошто не чини!!Бидејки вака сама од себе стварно не ми текнува, мора да сум глупа.
     
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Мислам дека треба да се воведи, од причина што сега младите почнуваат со сексуални односи, без притоа да се едуцираат за тоа или воопшто да прашаат или да разговараат со некого. Е после одкако ќе се случи тогаш му текнува и затоа ги поставуваат глупавите прашања, си ја нашле мувата на капата.
    Мислам дека 14 годишна возраст е доволна за воведување на сексуалното воспитување. Ако не друго барем ќе почнат да разговараат за тоа, зашто за некои родители сеуште сексот е табу тема. |(
     
  18. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Па нели викаа ќе вовеле на 13,14,15,16,17 и 18 годишна возраст т.е од 7мо па до 4та година ..ама ништо од тоа,како и многуте работи во државава..
    Инаку сум ЗА воведувањето.Не образложувам,кажаа девојките погоре се ! :)
     
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно и категорично ДА!
    И тоа од 14 години!! Не мора до 4-та средно да се изучува, ете барем до 2-ра.
    Стварно помладиве се ептен не информирани, жалосно кога читам коментари од типот на "се триевме преку облека, дали сум бремена" итн итн. И тоа од 17 годишни!
    Така да нека не чекаат туку сместа да се воведе!
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Го чачкав образованиево да најдам нешто вакво, а ако немаше ке отворев. И тоа со желба да акнеме една петиција кон Министерството за образование.
    Се со што младиве ги трујат, убедливо дека понатаму нема да им се најде. Но ова секако дека ке им се најде, и не само тоа туку е и од круцијална важност, до степен што животот може да им зависи од истото.

    Додека сме млади мислиме дека се што лета, се се јаде. Дека утре ке нема, па ајде да искусиме денес. И не прашуваме никого, ни родител ни бутур, туку тераме по свое, за на крај да патиме. На младинава повеќе и е срам со својот родител да направи муабет на оваа тема, отколку со некој друг. Па со родителот на другарката ке разговара побрзо отколку со својот. |( И не е чудно, родителите избегнуваат да ги едуцираат децата на оваа тема приватно, дури и можноста за вметнување на оваа тематика во предметните активности во училиштата категорички ја одбиваат. Па ке продолжеле по свое - е ке продолжат сигурно.
    Несакани бремености, тајни абортуси кои не се случуваат еднаш, тајни абортуси со некогаш трајни последици... Е тогаш им доаѓа на памет што си направиле. А што е со огромниот број на сексуално преносливи болести? Да се прашувам јас, бременоста е ништо во однос со што се не шета по сексуалните канали. Нешто се лечи, но повеќето не. Се заработува трајно. И што направивме?
    Вреди или не вреди да се едуцираат младите?
    7-мо одделение е одлично за старт. Кога можевме ние од 7-мо да почнеме информатика да учиме, може и тоа од тогаш да се спроведува. Па на денешно време компјутериве на мнооогу корисни работи ги учат младите. :|
    Ке научат што е заштитување, што е безбеден однос... барем во поголемиот број случаи ке овозможи безбедна иднина. Ке си го запознаат своето тело, а не заради неинформираност да си го запустат животот.
     
    На Strumfeta93 и alison им се допаѓа ова.