ТЕМА: Состави

Мислење 06 Сеп 2011, 23:44

На повеќето од нас секојдневно ни се потребни состави со најразлична тема, семинарски... За да не му ја мислиме постојано, да споледуваме едни со други наши дела и да си помогнеме.. :)
Еве нешто од мене :)
Ви ја откривам смислата на животот

Животот е премиера, нема реприза. Тој е премногу краток, заминува в миг, затоа живеј го својот живот и бори се за своите цели. Животот нè учи на грешките, да не тагуваме по изгубеното, да не жалиме за спомените. Животот е еден и единствен. Понекогаш е суров и тежок, полн со предизвици и искушенија. Непредвидени ситуации во кои сме учесници, неми сведоци или обични смртници. Животот е како прочитан роман, но со голема разлика, во романот можеш да се вратиш на најубавата страница, а во животот не можеш да се вратиш на најубавиот ден.Животот нè учи да го сакаме она што го имаме, а не она по кое мечтаеме. Да живееме реално и вистинито, да ја откриеме смислата на животот низ среќа и радост... таа е целта на секој човек.
Животот е убав со убави доживувања, со искрени другарувања со радост и смеа. Треба да се радуваме на животот и на новото изгрејсонце. За некој смислата на животот е вечна борба меѓу доброто и злото, војната и мирот, болеста и здравјето, радоста и несреќата. За мене смислата на животот е да бидеме секогаш гордо исправени пред секоја препрека, насмеани и полни со љубов. Да се живее, значи да се постои. Да се радуваш на успесите, да не тагуваш многу по несреќите и да бидеш оптимист. Живејќи треба да им помагаме на блиските, да делиме љубов и добрина и да очекуваме таа да ни биде возвратена.Да се бориш за своите идеали, да имаш своја цел во животот – таа е смислата на животот.
Со сета своја сила треба да се бориме за животот да ни биде убав. Не треба да се препуштаме на судбината и да се помириме со неуспесите.Треба да бидеме трпеливи и упорни. Верувам во судбинското, но сакам да ја изменам судбината кон подобар и посреќен живот. Во ваквата борба е мојата смислата на животот. Животот е премногу краток за да бидеш сит, искористи го секој миг, годините се само бројки. Не сонувај го животот, живеј го својот сон .

СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО СЕ БЛИЖИ ПРАЗНИКОТ 8 СЕПТЕМВРИ,БИ МОЖЕЛЕ И НА ТАА ТЕМА ДА ПИШУВАТЕ,ВАШИТЕ РАЗМИСЛУВАЊА ЗА 20 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА ;)
Аватар на корисникот
Blabla16

Сино цветче
 
11618
Мислења: 341
Зачленет: 28 Јун 2011, 20:47
Локација: Во светот на бајките . . .

Слика

Мислење 03 Окт 2011, 17:58

Ѓи чувам сите состави што ги пишувам (секогаш за во секој случај) но незнам кај сум ги ставила,кога ќе ги најдам ќе ви ги пишам ;)
Аватар на корисникот
Seznajka2

Зелено цветче
 
10756
Мислења: 590
Зачленет: 28 Мај 2011, 14:17

Мислење 15 Окт 2011, 21:03

Феминки ми треба есеј на тема ,,Култура во комуникацијата помеѓу луѓето". Доколку имате ваков сличен состав или сте во можност да ми помогнете, ве молам пишете ми.
Аватар на корисникот
Milica145

Фем почетничка
 
27
Мислења: 31
Зачленет: 04 Јул 2011, 13:25
Локација: Cherrapunji

Мислење 26 Окт 2011, 15:15

Девојки ми треба воведен дел за љубов, до 50 збора, но не ми смета ако има повеќе или помалце..
Ако можете пишете ми во ЛП. Немам никаква инспирација за пишување |(
Аватар на корисникот
belieber

Жолто цветче
 
627813
Мислења: 1082
Зачленет: 24 Сеп 2010, 20:39
Локација: Скопје
Stay strong and never give up.

Мислење 26 Окт 2011, 16:01

Знае некој некое составче за самовили :^) Глупости се ама за сестра ми ми треба ;)
Аватар на корисникот
dolly.doll

Зелено цветче
 
489257
Мислења: 593
Зачленет: 19 Мар 2011, 11:25
Локација: Македонија
Слика

Мислење 27 Окт 2011, 18:48

Еј ајде ако имате некој состав за екологија или пак на тема книгата непресушен извор која го напојува човештвото..такво нешто. :) фала однапред
Аватар на корисникот
boki24

Фем почетничка
 
11
Мислења: 6
Зачленет: 14 Авг 2011, 14:05

Мислење 13 Ное 2011, 17:42

1. Клетници
- човекот на дното на општеството (клетниците во романот)

2. Странствувањето на Чајлд Харолд
- главните одлики на романтизмот во поемата

3. Страданијата на младиот Вертер
- Вертеровата чувственост и неговата позиција на неснаоѓање во светот, а самоубиството е само конечен чин во серијата неправедности
- границите меѓу човековата љубовност и бесплотната љубов меѓу мажот и жената

Xeлппп...Ако има некој што има некоја од темите ве молам во ЛП.. :)
Аватар на корисникот
House95

Сино цветче
 
2645
Мислења: 125
Зачленет: 03 Јун 2011, 13:25

Мислење 14 Ное 2011, 18:00

Знае ли некој состав за детската фантазија?
фала однапред :)
belieber напиша:Девојки ми треба воведен дел за љубов, до 50 збора, но не ми смета ако има повеќе или помалце..
Ако можете пишете ми во ЛП. Немам никаква инспирација за пишување |(

можеш да напишиш: Љубовта не е нешто со кое се раѓаме, таа се раѓа и развива во текот на целиот живот. Таа едно од ретките нешта за кое се верува дека е неопходно за живот. На љубовта не треба да се штеди. колку повеќе љубов даваме толку повеќе љубов добиваме, на љубовта не треба да се гледа како на извор кој не може да пресуши, за секоја љубов за која не сме сонувале доволно долго и не сме мечтаеле доволно силно може да се распрсне како меур да сапуница...
Последна редакција: RainBow на 14 Ное 2011, 23:08; редактирано еднаш.
Причина: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
Аватар на корисникот
marija159

Фем почетничка
 
31
Мислења: 7
Зачленет: 10 Сеп 2011, 09:31

Мислење 14 Ное 2011, 18:26

Абе а некој знае некој состав на тема Сторив хумано дело ? Кој сака да ми помогне нека пиша во ЛП ;)
Аватар на корисникот
dolly.doll

Зелено цветче
 
489257
Мислења: 593
Зачленет: 19 Мар 2011, 11:25
Локација: Македонија
Слика

Мислење 01 Дек 2011, 15:16

Да се зборува на сите јазици,да се кажува со илијадници зборови е премалку за да се искаже чувството љубов.
Не постои ни едно нешто што може да ја опише љубовта.Се е толку убаво додека љубовта е возвратена,но кога не е тоа е како над тебе да се срушил целиот свет.Се затвораш во себе и ништо нема да бида како што било порано.Постојано ќе си тажен,нема нешто што може да те развесели.Баш тоа ми се случува мене.Се чувствувам како да сум во затворена просторија,сама меѓу четири ѕида.Колку и да ме тешат и да ми кажуваат убави работи ништо нема да ме развесели.Чувството кога ќе помислам дека сака друга е толку неубаво,никогаш повеќе нема да биде мој,него му е убаво си го живее животот не се грижи дали некоја го сака или не.Јас,а што јас? Личност која на секој две минуттки помислува на него.Го сакам премногу,но изгледа ќе треба да се помирам со тоа и да сфатам дека животот оди понатаму.Кога го пишувам ова,солзи го обливаат моето лице,кога ќе го видам помислувам дека сме заедно ..но за жал тоа е ден пресладок сон од кој треба да се разбудам и да погледнам напред кон реалноста.Се се случува еднаш во животот.Колку и да се трудиш,одново и одново никогаш нема да го имаш тоа чувство како да си Три Метри Над Небото.Тоа е тажната страна на љубовта,а јас една будала која искрено сака и залудно се надева!:/
Аватар на корисникот
thegirl2

Сино цветче
 
3019
Мислења: 154
Зачленет: 02 Мар 2011, 17:32

Врати се на Образование

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: cookie19, gricko-999, Nate-spasova и 17 гости