1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Состави

Дискусија во 'Образование' започната од Blabla16, 7 септември 2011.

  1. Mrseznajko

    Mrseznajko Нов член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Состав

    Потребен ми е состав,темата е:Јазикот е обележје на еден народ,и потребно е да има отприлика 250 зборови фала однапред ........ :)
     
  2. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Еве некои песни и состави што ќе ви помогнат :)
    http://lingvoforum.net/index.php?topic=1928.0
    http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/
    Судбината на човекот:
    Судбината на човекот

    Човечката хумана димензија ги досега небесите. Човекот хуманист не бира субјекти, ни време тука спонтано човечки се појавува, заживува во ситуации кога и најмалку се очекува. Судбината човекова предодредува кога тој ќе биде зол, лош, нечовек или пак хуман, човечен.

    Развивајќи некои мотиви од воената репортажа Михаил Шолохов пишува за човечка судбина на Андреј Соколов која прерасна во стологија на моралната силина на рускиот народ на ниво на поединечна судбина но и како осуда на војната воопшто. Ни опиша виор на војна во која човекот војник е измачуван и физички и психички, изложен на насилство чии методи се тешко прифатливи за една разумна свест. Ни го формира своевидниот микрокосмос на семејството Соколови преку Андреј и Иринка, за преку нив да ни ја претстави општочовечката димензија на душевни страдања.Свесен дека моралното истрајување единствено може да се практицира преку добрина и љубов, Соколов силно ќе се потпира на христојанството, наоѓајќи во него и смисла и средство за опстанок.Тој тафтолошки ќе го резонира животот,т.е. ќе го живее низ постојано менување на падови и кревања поточно победи и порази.Ја шири таа микрокосмичка димензија во констатацијата дека ние не сме единствени страдалници на веков што значи не е само рускиот народ анатемисан од војни и страдања ами пошироко во светот. Така доаѓаме до една многу важна карактеристика,тоа е таканаречената материјална метафизика која подразбира максимална универзализација на слики за животот во трагично видување каде мерилото на вредноста не е во доменот т.е. целта на социјалните борби туку во концепцијата на складот меѓу човечките животи и животот на природата...Прикажана е истрајноста на човекот во најтешкиот момент од неговиот живот,,кога на крајот сепак наоѓа зрак светлина во својата несреќа која му дава причина и сила да продолжи напред не осврнувајќи се назад..Воедно е дадена и една реалистична слика за човекот,,кому војната му одзела се,,но на крајот животот му дава подарок,,сопатник кој ќе му ја врати надежта и желбата за подобро утре.Во тие судбински мигови на својата внатрешна драма, најчесто невидлива однадвор, главниот лик Соколов доаѓа до некоја од крајните точки на својата егзистенција и, стасувајќи до неа, го опфаќа во еден миг целото свое битие, сиот свој дотогашен живот, во едно крајно чувство, во некоја судбинска нишка. Токму тука се крие човековата драма, конфликтите кои произлегуваат од одредените ситуации што се најчесто лоцирани надвор од човекот; во самиот човек.Наоѓајки свој сосудбеник во детето на кого војната му ги одзема родителите Соколов се одлучува на “хумана” лага. Преставувајки се како татко, ја сплотува својата судбина со судбината на дететето сираче. Тука се покажува човекот хуманист.

    ‘Судбината на човекот’ е едно од најсилните дела на Шолохов бидејки тој во лицето на еден обичен човек од народот ја дава моралната големина на подвигот на целиот народ.Човекот доага до дното на сопствената трагедија , останува сам на светот , ги губи своите најблиски , удиран е од судбината која му ја наметнува завојувачот но морално истрајува , во омразата и во болката наога сили за натамошна добрина, хуманост и натамошна љубов.
    Странецот-Алберт Ками
    Странецот - Алберт Ками

    Албер Ками е едно од најзначаните имиња во повоената француска литература, а овој факт посебно се должи на неговиот прв и најдобар роман - Странецот. Во него, прегу главниот лик (Мерсо) е претставен механичкиот и безчуствителниот начин на живеење.

    Мерсо е нихилист, тој верува дека минатото и сегашното постоење на човекот е без некоја цел, сврсисхоидност или некоја посебна вредност. Тој ги негира вредностите на некои или сите социјални структури, власта и законот, нормите, вредностите и моралните принципи. Автоматски ваквиот начин на дејствување го води кон насилство и тероризам во однос на воспоставениот систем но исто така резултира и со пасивен отпор кон се, без било какви алтернативи.

    Во овој роман Ками ни расправа за една форма на (не)сензибилитет и таквиот денешен/современ човек. Низ текот на романот, Мерсо е претставен како беспрекорно ладнокрвен човек во повеќе ситуации, како смртта на мајка му, врската со дактилографката Марија, и најважно од се, неговото убиство и судење во Алжир. Еден од клучните моменти во романот доаѓа кога Мерсо, во момент на изгубеност, раздразнет и заслепен под немилосрдното јужно сонце, безмалку со никаква причина, убива еден Арапин. Осуден е на смрт. Додека трае истрагата Мерсо е затворен и ја очекува смртната казна. Тие денови, во осамеништво и притвор, кај Мерсо постепено се буди револтот против бесмисленоста и апсурдноста на еден свет и живот, па и на еден општествен систем кој не сака да се соживее со Мерсо, уважувајќи ги моментите и мотивите на неговата интима.

    Со сета негова дотогашна пасивност и рамнодушност кон животот, кога Мерсо се нашол пред смртта, се почувствувал подготвен одново да преживе се и како единствен начин на кој би можел да се почувствува помалку сам, посакува на денот на неговото погубување да има многу посматрачи кои ќе го дочекаат со извици на омраза, омраза кон неговото бидување странец во свет полн со странци.
    Чекајки го годо
    Делото Чекајки го Годо е напишано од нобеловецот Семјуел Бекет кој е претставник на театарот на апсурдот. Тој е роден во 1906та година во фоксрок, во близина на Даблин, Ирска. Чекајки го Годо е антидрама во која Бекет ја избегнува стапицата на конкретно време и физички простор со збришувањето на специфичностите во позадината. Идејата на оваа драма е приказ на апсурдот во човековата комуникација.

    Во оваа драма се е релативно - времето, местото па дури и ликовите. Чекајки го Годо го врзува мизерниот живот на двајца “бездомници“ (Владимир и Естрагон) кои се едноставно уфрлени во непозната земја без претходно објаснување за нивната состојба. Од нивниот непродуктивен разговор можеме да извлечеме само малку информации кои се релативно точни. “Знаеме“ дека тие се двајца стари пријатели на кои иако не им поаѓа од рака муабетот и не знаат што да прават еден со друг со времето кое им е на располагање, сепак се држат заедно и си се потребни еден на друг. Tука накратко се појавуваат Поцо и Лаки (владетел и роб). Бекетовата сцена дејствува во бескрајна сегашност или во просторно, привремен вакуум. Дејствието е полно со прашања, но без одговори.

    Во втората сцена, Владимир го опсипува Поцо со прашања. Поцо станува изморен од Владимировата континуирана линеарна перспектива и конечно избувнува:
    -Кога! Кога! Еден ден, тоа не е доволно за тебе, еден ден онеме, еден ден јас ослепев, еден ден ќе оглувиме, еден ден се родивме, еден ден ќе умреме, истиот ден, истата секунда, тоа не е доволно за тебе?

    За Поцо времето не е определено, тоа е неповрзано и фрагментарно. Животот е долг континуитет на времето со безброј моменти.

    Бекет ја користи истата метода за просторот. Местото каде Владимир и Естрагон треба да го чекаат Годо е неопределно со поконкретни нешта. Драматургот дејствувањето го лишува од каква било карактеристика што би можела да посочува на посебност на местото, освен што на тоа место има едно дрво и мочуриште.

    Во оваа антидрама полна со апстрактни мисли и метафори, пораката е животот на еден човек без сопствена иницијатива и желба не се променува. Додека ликот на Годо ја претставува надежта која е се што им останува на ликовите, Бекет покажува дека покрај комуникацијата која е пресудна за егзистенција, луѓето повторно се држат заедно, надевајки се на подобар живот.
    Македонска крвава свадба
    Makeдонска крвава свадба
    Војдан Чернодрински за македонска култура и литература претставува најадекватен израз на националната борба за слобода на македонскиот народ од најславниот период од неговата историја – периодот на Илинденската епоха.
    Во делото јасно и категорично проговорува народот кој цврсто решил да се избори за својата национална слобода по пат на оружје и перо. Делото дојде како насушна потреба да придонесе за разгорувањето на борбата, да го посочи патот на сонародниците и патот за слобода на долговековниот поробен македонски народ. Неговата големина лежи и во неговата писателска осаменост во тоа време. Тој успеал самостојно да ги опише страдањето на граѓаните и борбите на легендарните и херојски подвизи.
    Таа импресивна сила што со себе ја носи оваа драма, открива дека дело што има национален белег не умира. Тоа е современо со секое време и има своја одредена функционалност во сите временски простори. Македонска крвава свадба и денес има така снажна национална носивост и порака како и во своето време. Таа во себе ги одразува во себе историските закони, а токму во нив лежи целата величанственост.
    Преку приказната во драмата го истакнува вандализмот на турскиот феудализам, го покажува патот на самоодбраната, и вели: Македонскиот народ мора да се бори. Посебно Македонката не смее да седи со скрстени раце и да поднесува неподнослива судбина на задоволување ниски еротски страсти на агите и беговите. Нејзиното мото мора да биде: Умирам, ама турчинка не станувам.
    Битовоста на драмата е природен атрибут, авторот ја истакнува како најизразит елемент на македонското село. Социјалната мотиватика не ја остава само како појава туку ја темпира со снажен револуционарен протест низ сите пет чина. Елементите на трагика се исто така застапени во делото. Македонската девојка Цвета минува низ жестоки перипетии на душмански однос на турските престапници и умира во името на својот возвишен идеал – одбрана на својата моминска чест и честа на македонската жена. Пораката на авторот е слободата. Слободата на личноста и слободата на поробениот народ.
    Тга за југ
    Тга за југ

    Патувајки со мислата низ времето и просторот, во мугрите на последниот ноемвриски ден го сретнав...него...СТРАНЕЦОТ, со кого и ја започнавме конверзацијата за приоритетите на цивилизацијата во овој денешен вртлог на информации, знаења и напредок, но и страдања, војни и интервенции, т.е.светот на глобализација...нашиот свет. Разговорот течеше како музиката пишувана од ноти на позната синфонија околу аргументите за придонесот на секој народ и земја во светското наследство, културно и човеково.
    Со гордост го нагласив родоначалникот на уметничката поезија и првиот наш македонски поет, роден лиричар кој, туркат од романтичарските ветришта се нурна во своите богати наслојки, во својата пребогата традиција ги црпеше оттаму толку потребните животни сокови. Музиката го свиреше своето крешендо и од мене потече наплив на емоции дедока раскажував... Пред мене оживеа разочараниот и физички истоштен Константин во суровото зимско московско поднебје исполнето со „темна м`гла...мразој и снегој и пепелници, силни ветришча и виулици“. Песимистички расположениот Константин се стремеше што побргу да се ослободи од суровата московска природа: „не, ја неможам овде да седам“. Единствен спас да се ослободи од неа и да се најде во прегратките на родната земја гледаше во добивањето на орелски крилја:
    „Орелски крилја как да си метнех,
    и внаши ст`рни да си прелетнех!“
    кои се издржливи и се најбрзо решение да летне во облаците, да го помине растојанието за да дојде што побргу на „наши ст`рни“, на „наши места“. Да ја почувствува повторно светлината, оној животворен лач, онаа топлина што толку многу му била потребна на поетот во далечната студена туѓина „да видам дали с`нце и тамо / мрачно угрејват, како и вамо“. Тој знел во каква положба ја оставил својата татковина, поробена и обесправена и готов е да лета во облаците се дотогаш додека не најде таква земја во која ќе ја дочека слободата каде „с`нцето светло угрејват“ и „небото ѕвезди посејват“. Во неговата земја го влече неговото болно и очајно срце, спомените од детството, роднините, прекрасната раскошна природа: „тамо зората греит душата, / и с`нце светло зајдват в гората“; го влече и вербата во слободата што треба да дојде. Посакува во тој идиличен амбиент со песната на кавалот да умре во родната земја во моментот кога светлината на денот отстапува место на ноќта „с`нце да зајдвит, ја да умирам“.
    За жал Константин не успеал да ја види родната земја, да се нарадува „ на светалата зора, бистрото езеро и на божевната хубавина, бидејки мрачните зандани на Цариград беа место во кое што тој го проживеа крајот на свотот живот“.
    Оркестарот веќе ги свиреше последните ноти и музиката стивнуваше кога јас на Странецот ја докажав мојата приказна...Видно возбуден само спомна дека земја која ги има Мостовите на Струшките вечери на поезијата и која ги цени творците на пишаниот збор, земја која има свои лауреати и писатели е голема земја, зошто големината на поединецот не зависи од големината земјата во која се родил, туку од духот на колективитетот за кој твори, бидејки публиката е една, а тоа е целата цивилизација.
    Дон Кихот
    Дон Кихот

    Со погледот вперен во ѕвездите, седнат покрај прозорецот, во рацете ја стегам книгата на Сервантес „Дон Кихот“. Инспириран од содржината на книгата почнав да размислувам за човештвото кое живее во непрекинатата борба помеѓу идеалите и стварноста; за визионерската моќ на Сервантес кој ја здогледал и спречил опасноста која му се закануваше и го попречуваше развојот на човештвото на почетокот на новиот период...
    Пред мене како на филмско платно продефилираа лица кои бескорисно талкаат по земјата, затвореници во пранги, илјадници калугери, раскошни кочии со бројни придружби... „Маѓепсан витез јуриша“, претрпува еден по друг пораз. За него ветерниците се џинови, стадото овци-непријателска војска, неугледната друмска крчма-богат замок, но тој е длабоко уверен дека го чува светот околу себе. Тоа е вистинска карикатура на витез-скитник. Иако е „преумен“, учен, сепак е лудак, но не човек без ум, тој е паметен лудак, неприспособен кон времето, јасновидец кој на моменти доаѓаше до бистри сознанија за себе и за својот сон. Целите што сакаше да ги постигне се хумани, а иако ја губеше секоја битка во која ќе го извадеше мечот, тој постигнуваше победи „кога ја отвораше устата“, кога се бореше со мудроста и ученоста.
    И нашето време не е без борци кои сакат во светот да вледее правдата, со таа разлика што овој, шпанскиот, не извршил ни едно злосторство, а нашите зад себе имаат крвави патеки. Овој витез е поим за човек кој, занесен од идејата за доброто, но во суштина несмасен и надвор од своето време, доаѓе во судир со своето време, но не се откажува од идејата за општонародна правда и слобода: „Слободата е еден од најдрагоцените дарови што им ги дале небесите на луѓето; со неа може да се спореди благо што е закопано во земјата и што го покрива морето...“
    Паѓањето на книгата од моите раце ме врати во светот на реалноста. Ја кренав онаа иста книга што „децата ја носат со себе, момчињата ја читаат, луѓето ја разбираат, а старците ја фалат. Таа е најубавата и најнештетната забава што постоела досега, зошто во неа никаде нема ни од далеку безобразен збор, ниту мисла што не би била набожна“.
    Илијада
    „Илијадата“ е епопеја - најголемо епско дело во стихови.
    Темата во „Илијадата“ е Тројанската војна, поточно последната, десеттата година од војната и уништувањето на градот.
    Според митологијата причината за Тројанската војна е грабнувањето на Елена, жена на Менелај (крал на Спарта) од страна на Парис (син на тројанскиот крал Пријам). Парис ја грабнува Елена како награда од Афродита („Митот за златното јаболко“).
    Војната ја започнале ахајските владетели: Агамемнон (брат на Менелај и крал на Микена); Диомед (крал на Калидон); Одисеј (крал на Итака); Ахил (син на Пелеј, крал на Мирмидонците, славното македонско племе); Нестор (крал на Пил) - за да се осветат за грабнувањето на Елена, но и заради примамливите богатства на Троја, славата и робинките.
    Во одбрана на својот град, од страната на Тројанците се: Хектор (син на Пријам, крал на Троја кој веќе бил стар за војување и брат на Парис); Парис, Антенор, Енеј, Мемнон итн.
    И боговите се вмешани во војната. Зевс е неутрален и според некои митолошки приказни тој ја предизвикал војната зашто сметал дека земјата е пренаселена. Од страната на Ахајците се: Хера, Атина, Хермес, Посејдон, Хефест; а од страната на Тројанците: Аполон, Арес, Афродита и Артемида.
    Градот Троја инаку се викал Илиј, па затоа епопејата се вика „Илијада“.
    Тројанската војна траела 10 години (1193-1184 г.п.н.е.). Во „Илијадата“ се опишани настаните од крајот на војната кои траат 51 ден. Тука не се кажуваат причините за војната, ниту нејзиниот тек, бидејќи се претпоставува дека митот и главните ликови веќе им се познати на читателите.

    Ликови
    Ахил е јунакот околу кого се одвиваат настаните во епопејата. Со него започнува „Илијадата“, без него борбите се неуспешни, а со неговото враќање се насетува победата на Ахајците. Ахил е идеал за совршен јунак. Нему не му се важни богатството и пленот од војната, туку честа и општото добро на сите Ахајци.
    Ахил е бестрашен јунак кој е непоколеблив во борба, најубав и најсилен од сите, одважен, непопустлив, гневен и упорен. Тој е верен пријател кој се колне дека ќе одмазди по секоја цена. Одмаздувајќи, го гледаме како бездушен (кога го влече Хекторовото тело со двоколката), но и сочувствителен, великодушен и чесен кога му го дава телото на Пријам.

    Хектор е најславниот јунак на Тројанците. Хектор зрачи со својата чесност: како човек, како борец, како сопруг и како бранител на својот град. Заради честа на брат му Парис, заради честа на татко му Пријам, тој го жртвува својот живот. Особено пленува љубовта која ја покажува кон жена си Андромаха и верноста кон неа и семејството. За него тоа е свето, но сепак најсвета за него е родната земја.
    Парис не е како неговиот брат, тој не е толку силен, а ни толку храбар. Тој повеќе сака да ужива покрај убава жена, отколку да си ја одбрани честа или да се жртвува за татковината. Бидејќи причината за војната е тој, односно Елена која си ја зел за себе, тој учествува во борбите и двобоите, но онолку колку што мора.
    Агамемнон е горд и надмен војководец, храбар и силен, но често нерешителен и непостојан во своите одлуки (кога сфаќа дека ќе ја изгуби војната без Ахил, тој го моли за прошка).
    Нестор е постар од другите кралеви и војсководци. Тој е претставен како мудар човек, умерен, кој ја согледува реалната ситуација и застанува на страната на вистината (го прекорува Агамемнон за кавгата со Ахил и му предлага да попушти). За него претераната горделивост и инает се негативности кои човекот мора да ги совлада и надмине.
    Одисеј е храбар и силен јунак, но исто така се одликува и со итрина. Освен што влегува во битките бестрашно и непоколебливо, тој снаодливо влегува во кампот на непријателот за да ги дознае неговите недостатоци. Врв на неговата итрина е смислувањето на тројанскиот коњ.
    Андромаха е добра, чесна и вредна жена, верна сопруга и нежна мајка.
    Елена е прекрасна убавица, вљубена во Парис, но љубовта ја прави несреќна. Не може да поднесе дека таа е причина за толку страдања и смрт, па затоа се кае за сторената грешка што го напуштила својот маж Менелај.
    Терсит е еден од ретките претставници на долните слоеви на народот. Битките ги решавале водачите преку двобои, а не војската. Терсит е слободен војник, кој е опишан како многу грд со што се истакнува неговото ниско потекло (кривоног, куц, со криви рамења, шилеста глава со проретчена коса). Иако бил грд, тој е бистар и прониклив, а на царевите в очи им кажува која е нивната побуда за војување: богатење и плен (девојки).

    Стилски обележја на Илијадата

    Стилот на Хомер е реалистичен при описот на борбите, јавниот живот, семејните односи, домашните занимања, на предметите, животните, полските работи, верските обичаи итн., испреплетен со фантастични елементи од митологијата (боговите). Епското спокојство во раскажувањето како и богатството на стилски фигури ја креваат епопејата на многу високо уметничко ниво. Двојните епитети се одлика на хомеровскиот стил. Секој лик го красат специфични епитети кои речиси сраснуваат со името. Така, Ахил е брзоногиот, божескиот, боголикиот, прекрасниот, русокосиот, синот Пелејев; Зевс е громобиецот, премудриот, громовникот, облакоберецот; Агамемнон е силниот, јуначкиот, големиот, пресилниот цар и великиот водач; Хера е белолакта, златостолна; Атина- сјајноока; Аполон - сребренолак, далекуметен, Фојб (светол); Арес - човекоморец, мажоморец, градобиец; Афродита - насмешлива (весела); Артемида - стрелометна; Хектор - коњокротец, сјајношлемец итн. Освен за ликовите двојни епитети се употребени и за други појави и предмети: кораби брзопловни; оган живожарен; корабоводци итн.
    Освен со епитети, „Илијадата“ изобилува и со контрасти, компарации, антитези и други стилски фигури, што придонесува да се наслика една реална слика на човековата душа, на човековите карактери и страсти и на амбиентот во кој се движат и живеат тие ликови. „Илијадата“ е одраз на целокупниот живот на едно општество (предробовладетелско) и на еден значаен историски настан (Тројанската војна).
    Чорбаџи Теодос
    Чорбаџи Теодос - кратка содржина

    Станува збор за класична комедија на интригата , што ќе ја инсценира итроманот Арсо за да го исмее градскиот угледник, чорбаџи Теодос со тоа што ке го стори цигански кум . Комедијата е составена од три чина . Првиот чин е остварен како експозиција на драмското дејство и се случува во домот на чорбаџи Теодос. Вториот чин го донесува заплетот на интригата на Арсо и се случува на патот кон лозјата на Водно. Третиот чин ја достасува својата кулминација и комедиографскиот расплет со интригата на Арсо . Во експозицијата чорбаџи Теодос се опишува како лик пред кого сите домашни живеат во страв , и кој ќе биде пречка за бракот помеѓу неговиот син Томче и самарџиската ќерка Стојанка ( бидејќи на девојката и видел кал под ноктите ) . Токму тука се открива господска напернатост во однос на
    помалите луѓе од него. Тој исто така е опседнат со помислата дека н екој или нешто може да го сивалка него или дел од неговата облека . Токму затоа , авторот во третиот чин , под стапица на интрига на Арсо и народните обичаји, го претставува чорбаџи Теодос одеднаш наспроти својата волја и притиснат од народните обичаји да биде цогански кум во семејството на Циганот Поцко. Како што се обичајите , првиот што ќе ги пресретне циганите излезени на патот со бебето во раце - тој ќе биде кумот , а Арсо и семејството се договориле тоа да биде чорбаџи Теодос . Арсо го доведува комедиографскиот расплет и го ослободува чорбаџи Теодос од обврската на кум. Кумството го презема неговиот син Томче , а за возврат добива благослов од татка си да ја побара Стојанка за жена . Исто така и итроманот Арсо е ослободен од својот долг кон чорбаџи Теодос .
    Хамлет
    Хамлет на Шекспир е римејк на популарна драма базирана на историска фикција.Хамлет е сложен лик кој со векови претставува мистерија и инспирација за милиони луѓе. Гневниот, тажен принц Хамлет и неговото разочарување од животот го возвишува неговиот дух во височините на љубовта и омразата. Размислувајќи за секоја своја постапка и колебајќи се за нејзиното извршување тој доаѓа до разумни мислења. Хамлет се определил за животот бидејќи тој му овозможува на човекот да се надева и да сонува, да љуби и да мрази.
    Хамлет е пред се многу лабилен, несигурн лик, постојано се наоѓа некаде помеѓу должноста и бегството.Постојано сконцентри-ран и фиксиран врз проблемот за кој не е ни сигурен дека постои, потоа се провлекува и доза на шизофренија низ неговите постап-ки, моменти на луцидност и губење, значи мора да се потенцира неговата природа за да може да се дојде до некој, било каков одговор. Тој мора да биде сигурен пред било што да направи, затоа
    што не би можел да просто да поднесе да го гризе совеста, тука е и неговата поранешна приврзаност со мајчинската фигура која тој чувствува дека го предала.Верувам дека тој би го пролонгирал убиството да може до бескрајност, затоа што колку и да звучи чуд-но, тој ужива во својата улога на маченик, мислител и философ, а притоа се обидува очајно од неа да избега. Токму затоа доказите му се и толку битни, неговиот слаб и неодговорен лик е толку јасно отцртан со што веднаш се доаѓа до заклучок зошто тој и не е спосо-бен да ја донесе веднаш одлуката. На моменти Хамлет знаел да нав-лече маска на лудак за да може да дојде до некоја вистина и да кажува вистини.
    Омразата е длабоко во неговата душа и за да ја одбрани својата чест го убил убиецот на татко му. Со својата љубов сакал да се бори против кризата на моралот и олицитворение на лажната љубов. Тој ја почуствувал и лажната мајчинска љубов и лажното пријателство, кои биле трагични за неговиот живот. Жртвата на Хамлет не била залудна, таа била патоказ за идните генерации да размислуваат совесно и да се борат против неправдите и лажниот морал во меѓучовечките односи.
    Доброто однесување вреди повеќе од се
    Доброто однесување вреди повеќе од се!
    Каде е единствениот човек кој е задоволен од себе? Сите нешто бараат, на сите нешто им недостига, сите за нешто се борат и бараат начин да си ги решат сопствените проблеми. И честопати многу луѓе забораваат на она што човекот го прави човек, по што се разликува од другите живи суштества на земјава, забораваат на тоа како треба да се однесуваат. Доброто однесување е голема доблест за оние што го поседуваат, и тоа на човекот може да му значи во животот повеќе и од што може да замисли. Треба добро да се однесуваме кон се што не опкружува, но прво место со целиот наш живот треба да покажуваме почит кон нашите родители, кон постарите и кон целата фамилија. За еден човек да има добро однесување во себе треба да има хуманост, почит и добро да биде воспитан. Доброто однесување секогаш не води напред кон поубавото и подоброто во животот. Затоа што овој живот може да биде најголема благодет, најубав подарок на оној што знае да размислува, сака да живее и добро да се однесува, а најголема казна за оној што не знае да живее и има лошо однесување. Бидејќи доброто однесување е слика на нашето минато, но клуч на нашата иднина.
    Кирил и Методиј - Основоположници на словенската писменост
    Кирил и Методиј - Основоположници на словенската писменост
    Аз, буки, веди... Кирил згрбавен над слабата светлина, на белата хартија со петлово перо ги нижи светлозрачните букви. Буква по буква, збор по збор ја создава светлината на слепите, звукот на глувите. Таа глаголицата им ги отвори очите на заслепените Словени од германската и грчка власт. Тие светци Кирил и Методиј им ја даваат храната и водата на гладните и жедни Словени. Константин е роден околу 826/827 година како најмало односно седмо дете на Лав и Марија, а Методиј е најстариот син, сеуште не се знае точно која година е роден. Константинуште како дете покажува голем интерес кон науката и почнува да се школува во високи школи. Се вработува во Магнаурската школа (во која што и самиот се школувал) како професор по филозофија. Поради големата истакнатост и напредност во својата професија го добива прекарот филозоф. Подоцна во Хазарската и Сараценската мисија, Кирил придружен од својот брат Методиј, го ослабнува верското влијание на еврејските и арабските мисионери. За разлика од нив најважна била Моравската мисија. По праќањето на писмото од моравскиот кнез Ростислав да византискиот император Михаил III со молба да им испрати учени луѓе кои ќе ги описменат неуките Словени. Но, Слобениуте немале сопствена азбука. Со голема мака Кирил и Методиј им го даваат тој благодет. Но наскоро почнува неочекуваната војна со тријазичниците. Кирил храбро им се спротивставува укажувајќи дека Бог не рекол дека христијанството не треба да се проповеда на три јазици: еврејски, латински и грчки. Во 869 година се случуваат важни промени во словенската писменост. Римската црква официјално ја признава словенската писменост т.е. делото на Кирил и Методиј. Константин се замонашува и го добива името Кирил, а Методиј добива свештенички чин. По официјалното признавање на словенската писменост, Кирил се разболува. Набргу животниот пат на Кирил престанува, а на смртна постела му остава обврска на брата си Методија да ја доора започнатата нива односно и понатаму да ја шири словенската писменост. Но бидејќи животот е тркало кое непристрасно се врти, Методиј со неговите ученици се наоѓаат во тешка состојба односно зад решетки. Методиј исцрпен од борбата со германското општество умира, додека неговите ученици доживуваат пеколна судбина. Некои од нив после долгите измачувања биле протерувани од Моравија и Панонија, некои од нив повторно биле поробувани и немилосрдно продавани како робови, некои како што бил Горазд, кој што требало да биде Методиев заменик, им исчезнува трагата засекогаш. Делата на Кирил и Методиј ќе останат засекогаш да сведочат за тешката борба за описменување на словенскиот народ и како што кажува Климент во своите дела:
    „...Кога тие двајца ќе дојдат
    слепите ќе прогледаат,
    а глувите ќе слушаат...“
    Парите се отепувачка
    Парите се отепувачка
    Ристо Крле е драмски писател,кој е роден 1900год,како син на струшки чевлар.
    Напишал повеќе драми,но најголем успех имал со драмата Парите се отепувачка.
    Во драмата се раскажува за една случка во с.Аларуп каде родителите не препознавајќи го својот син Ангеле го убиле.
    Татко му Митре пред богатството на овој туѓинец кој полн со пари враќајќи се од Америка преноќува во неговиот дом како туѓинец на местото на синот.
    Драмското дејство е составено од 5 чина.
    Во куќата на Митре и Мара,еден зимски ден имало роднини,пријатели за да го испратат Ангеле на печалба во Америка.
    Од Ангеле се очекувало да им помогне на луѓето во сиромаштијата,во подготовките за свадбата на сестра му Кате и кога ќе се врател да се оженел и да оформел семејство.
    Имало маси полни со храна,пијалоци,со здравици и благослови го испратиле Ангеле на печалба под турско,илинденско востание.
    После 20год во селото,ненајавено се вратил Анеле од печалба во куќата на неговата сестра Кате и ја препознал неговата внука Ана.
    Откако разбрале,неговите блиски го прославувале неговото враќање.
    Потоа неговата сестра,заедно со него заминала во куќата на нивните родители Митре и Мара.
    Остарените родители не го препознале својот син и мислеле дека е туѓинец кој се претставува како Ангеле.
    Тогаш почнале да го опишуваат нивниот син Ангеле и го прашале дало го сретнал некаде во Чикаго.
    Потоа Ангеле си легнал да се одмори,а неговиот татко Митре сакал да дознае што имало во куферот на туѓинецот.
    Кога го отворил куферот,се зачудил бидејќи внатре имало злато.Тогаш ја викнал неговата жена Мара и се договориле да го убијаат туѓинецот,бидејќи сметале дека толкаво богатство неможело да се стекни на чесен начин за 5-6 год.
    Тогаш тие го убијале,со секира.
    Другиот ден кога неговата ќерка им отишла на гости им кажала дека тоа навистина бил нивниот син Ангеле.
    Во тој момент неговата мајка умрела од инфаркт,а неговиот татко се самооубил,се прободил со нож во срцето.
    Печалбари
    Печалбари
    „Печалбари“ е драма во која ни се презентира љубовна приказна меѓу двајца млади(Констадин и Симка) кои се лудо влубени , но припаѓаат на различни сталежи, тој е сиромашен – а таа богата.
    Оваа противречност му била потребна на авторот за да го развие драмското дејство. Љубовта ќе биде главен двигател во драмското дејство, но и кочничар во развојот на љубовта меѓу младите. На нивната голема ќе влијаат непишаните правила според кои двајца млади од различни класи не си припаѓаат еден на друг. Панов тука го вметнал и бунтот како средство со кое ќе се искаже незадоволството и ќе се постигне бунтот.
    Љубовта е таа што двајцата влубени ѓе ги води напред. Но за жал, нивната среќа нема да биде целосна бидејќи посегнувањето по парите и стремежот за исконската печалба трајно ќе уништи едно семејство.
    Во оваа драма Панов ги запазува драмските фази и класичното драмско дејство. При преминот од чин во чин, од појавата од појава во појава авторот не води низ дејство за да го доведе читателот до кулминација на случувањата каде зетот заминува на печалба.
    Јордан во печалбари е лик кој најмногу ги сака парите. Претставен е како чорбаџија кој е мек на зборови но тврдоглав на дела, среброљубец кој гледа низ призмата на парите. Секогаш бил загрижен за мислењето на другите луѓе, а тоа најмногу се гледа кога ја “продал“ својата ќерка, сметајќи оти таков бил адетот. Но бидејќи Симка се заљубила во сиромашниот Констадин, се договориле да му ја даде ќерка си поставувајќи му услов да замине на печалба, туркајќи го во смрт.
    Јордан стапува на сцена во оној момент кога младите очекуваат принова и кога за нив започнуваат новите обврски. Но, тој е бескорисен, не знае да ги покаже чуствата бидејќи за него пред се се парите.
    Јордан донесува одлука која ќе ја плати прескапо, можеби не со својот, но се нечиј друг живот. Наспроти ликот на Јордан, стои Констадин, прикажен као млад човек кој има многу напредни сфаќања во споредба со времето во кое живеел. Како бунтовник, со своите постапки сакал да уништи дел од напишаните правила, како што била печалбарската традиција „ ...Ех црна и крвава е нашата печалба, мајко! Уште покрвава е сиромаштијата што не гони тамо!“ Сфајќајќи ги причините за тоа општествено зло, цврство стоел на ставот дека печалбата носи и несреќа и смрт.

    Божана, мајка на Констадин, е жена која робува на патријахалните традиции. Таа е жена која останала млада вдовица. Но, сепак знаејќи дека печалбата е несреќа, го наговара синот и тој да биде печалбар. Таа знае како е да се живее без пари, да се одгледува дете без татко, но воедно справува и страмува што ќе рече светот и како ќе излезе пред другите со крената глава. Велејќи му на Констадин дека мора поради Јордан да оди на печалба, Констадин враќа со зборовите: Дали чорбаџи Јордан ќе чуе таму во туѓина? Далеку, може дури преку море...На секого си туѓ...Нема со кого збор да промениш, солза да размениш! И не година, не две. Години, години да изврват, скотски да живееш, пари да збереш, додека да имаш лице дома да си дојдеш!... Ако паднам болен дали чорбаџи Јордан ќе праша за мене? Дали ќе има кој потта да ми ја избрише, кошула дами размени, јорган да ми фрли?... Ех, црна и крвава е нашата печалба, мајко? Уште покрвава е сиромаштијата, што не гони тамо! Проклет да и е коренот!... И големо има лечко нишан носи од неа за цел век!... Гледај, што направи од нас таа пуста печалба! Маж – роб! Жена – роб! Син - роб! Ќерка – роб! А мајките, само за солзи се родени!...
    Овие се најтажните зборови што ги проговорил некој печалбар во македонската драма. Во овој цитат Констадин ја насетува својата судбина. Можеби Панов намерно ова го направил се со цел да го стави читателот на размислување, каков е животот на печалбарите и низ каков тежок период поминуваат на печалба за да заработат парче леб. Кога Констадин мислел дека ја остварил својата цел, кога со Симка живееле убав живот и чекале принова, иднината ја нарушува Јордан кој доаѓа по своите пари. Нивната средба не е нималку пријатна бидејќи меѓу нив двајца доаѓа до конфликт. И покрај тоа што Констадин го моли Јордана да го остави барем уште една година да се порадува со својот пород, да сети таткова радост, тој немилосрден велејќи дека не е негово да мисли на пелени, туку на пари.
    Констадин заминува на печалба, но не по своја желба. (Надвор од селото. Во природата. Големо старо дрво. Планинска патека води на печалбарската чешма. Тоа е место на печалбарската разделба. Кога завесата се крева, десно веќе седнала мала група печалбари, прва пристигната на местото на разделбата; седам, пијам и замислено пеам.

    Во наредниот чин Констадин веќе се спрема за на печалба. Се збогува со Симка и со Божана. Прима од нив совети, но и ги прекорува и остава аманет детето што ќе се роди да го носи името на неговиот татко. Испратен е со песна впрочена како што тоа бидува со традицијата. За традиционалното испраќање на печалбарот поканува и моментот кога `рснува тапанот и зурлата, кога се прават и последните адети пред тргнувањето Тука е и размислувањето на Корама Атенас кој најубаво ја пишува тежината на печалбата. “...Разделба е разделба!...И камен на шијата полесно се носи од пустата печалба!“
    Четвртиот чин дава најдобра слика на печалба кога веќе Констадин е во Белград. Таму болен од туберкулоза небаре од црна чума. Со пот и мака спечалил парите, но платил со сопствениот живот. Печалбата за него била многу кобна, тој не успева да го издржи товарот на тешката работа, но желбата да го види Коле, неговиот син е поголема од се. Тажи за својата мајка, за Симка. Свесен е дека ја доживува судбината на татка си, кого никогаш и не го видел. Судбината се повторува со него и тој повеќе никогаш нема да се врати дома. Овде смртата е нормална последица. Но дали вреди по секоја цена да се оди на печалба, да се жртвува сопствениот живот и животот на тие што чекаат дома, да се вратат печалбарите.
    Збогум училиште мое
    Збогум училиште мое

    Образованието на еден човек е едно од најважните нешта, поточно права кој секој од нас го има и доколку знае правилно да го искористи може многу да постигне во неговиот живот. Тоа не е нешто што се стекнува веднаш, тоа се стекнува во текот на подолг временски период, се надоградува континуирано со огромен труд и работа. Сето тоа образование ние го добиваме пред се` во училиштата, од луѓе кои се образовани и имаат желба нивното знаење да ни го пренесат и нам.
    Во текот на изминатото мое 8 годишно основно школување јас научив многу. Во првите години од школувањето научив да читам, да пишувам, ги научив основните математички операции. Со текот на времето учењето стануваше се` поинтересно, осознавав се повеќе и повеќе за светот околу мене, за животот, за луѓето...сето тоа ми помогна на еден начин да формирам слика за моето општество и како тоа функционирало порано и како функционира денес. Покрај учењето тука неминовни беа и детските игри со моите соученици, радостите и тагата што ја споделувавме заедно. Сето тоа е само еден период од животот, само еден дел од школувањето. Со завршувањето на 8 то одделение завршува и тој период, а започнува еден нов, еден нов почеток а тоа е средното образование. Започнуваат нови пријателства, се запознаваат нови нешта, се добива ново искуство кое никогаш нема да се заборави....Сето тоа ме очекува за неколку месеци, поточно откако ќе заврши летниот распуст....
    Затоа збогум училиште мое....збогум за прекрасните денови поминати во твоите клупи, во твојот двор....збогум за твоето училишно ѕвонче кое што понекогаш со нетрпение го очекувавме....нема никогаш да те заборавиме...
    Mојата идна професија
    Безгрижно детство е сон на секое дете.Уште во раното детство,како и сите деца така и јас имав свои желби,сонови,фантазии..копнежи по она најубавото.Моето детство беше исполнето со љубов и среќа,негувана од моите родители..Секако,и јас како и drugite околу мене размислувавшто би можело да bidam кога ќе пораснaм. Сега изборот е наш, што сакаме да бидеме во нашиот `возрасен` живот, дали нешто што ќе ни носи поголема финансиска добивка или нешто што ќе го работиме со љубов и задоволство. Тоа е индивидуално, кој сака повеќе да си ја задоволи материјалната страна или духовното чуство. Вистина е дека без пари тешко се живее, но да се работи многу години без некое духовно задовлство и тоа не иде. Јас сум голем љубител на животните. Многу ги сакам, мислам дека со малку грижа кон нив они ти враќаат дупло повеќе љубов и приврзаност. Од секогаш сум сакала да се грижам за нив, за нивното здравје, затоа одлучив да завршам соодветно школо (ветерина) и да си го исполнам мојот сон. Во мојата професија што јас ја избрав мислам дека финансиската страна не игра голема улога, дека тоа што работам треба да биде со љубов и грижа. Сепак иако се животни тие имаат некои свои чуства и интелигенција и со нив треба да се однесувам со љубов кои они ќе ја почуствуваат. Секаков нивни гест и нивната искажана љубов кон мене ќе ми биде најголемо задоволство во мојата идна професија.
    Не знам дали некој може со сигурност на наша возраст да ја одбере вистинската професија, но за среќен живот мислам дека треба да го слушаш срцето и желбата за она што ќе го работиш да те задоволува тебе без разлика колку е тешко и носи финансиска корист. Јас го избрав тоа и од се срце со големо задоволство би сакала да биде мојата идна професија.
    има и 2 дел :D
     
    На The Drifter му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    „Пиреј“ од Петре М. Андреевски (раскажана)
    „Пиреј“ е првиот роман на Петре М. Андреевски.
    Насловот на романот е симболичен, односно преку троскотната трева пиреј, авторот го прикажува својот непокорлив народ. Лазор Ночески (спореден лик од романот, народен мудрец) јасно нагласува:
    „Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“

    Всушност преку оваа симболика изразена е и темата и идејата во романот. Темата е животот на двајца сопружници, Јон и Велика, и нивните страдања за време на војните, а идејата е дека Македонецот опстојувал и ќе опстојува.
    Времето на случување е Првата светска војна, но и годините пред и по неа. Местото на случување е селото на Јон и Велика, во Македонија каде тогаш биле стационирани многу војски - српски, бугарски, француски, англиски, германски и австриски, но војниците биле најмногу од Македонија. Дел од случувањата се на фронтот.
    Многу е интересна композицијата на романот. Фабулата е предадена преку три сижетни линии. Првата е раскажувањето на Дуко Вендија - составено само од првата и последната глава, а другите две се 28 делови, по 14 на Јон и Велика каде тие во прво лице, значи од свој агол, го раскажуваат сопствениот живот. На почетокот дејството се одвива хронолошки, во средината паралелно (додека сопружниците се одвоени), за на крајот да заврши повторно хронолошки.

    Содржина

    Романот започнува со погребот на Велика на кој од градот доаѓа нејзиното шесто дете, Роден Мегленоски. Тој не знае многу за своите родители и не знае зошто неговата мајка и кога е умрена не сака да и се измешаат коските со неговиот татко. Дуко Вендија му раскажува, но како што му кажувале тие за нивниот живот.
    Со раскажување започнува Јон присеќавајќи се на своето сиромашно и несреќно детство. Најмногу го боли суровоста и нечувствителноста на татко му. Потресна е сцената од неговото детство, кога неговата мајка се разболела, па таткото, бидејќи не му требало болен човек во куќа ја враќа кај нејзините родители:

    „— Ајде, сега, деца, вели, простете се со мајка ви, вели, оти ова ќе ви биде последно видување, вели.
    Ние отидовме над неа и таа нè гледаше, а очите и се завируваа. Не може да зборува жената. Сака, а не може. Само нè гледа и и се полнат очите со солзи, претекуваат.(...) Кога ја видовме таква мајка и ние почнавме да плачеме. Татко тогаш ги удри воловите со прачка, ги потера и тие тргнаа.“

    Потоа таткото ги дава децата во манастир, без понатаму да се грижи за нив. Тие никогаш повеќе не го виделе. Само еднаш дошол вујкото, ги посетил и толку.
    Како одминувало времето, Јон растел и потрезвено го прифаќал животот. Во манастирот заштита и поткрепа наоѓа во отецот Висарион кој го охрабрува и поттикнува да учи и да се описменува. За жал, мирниот манастирски живот кратко траел бидејќи доаѓаат комитите кои го убиваат Висарион, а го тераат Јон да им се приклучи (го натерале и ножот да го извади од прободениот отец). Оттогаш неговиот живот станува многу суров. Тој ќе поживее како комита, но ќе се обиде да го продолжи животот нормално. Затоа вели:

    „Со комитите и одев и не одев. Одиш, колеш и чекаш да те заколат. Пред женењето слегов в село.
    — Пушката е со мене, им реков, а јас сум пак, со вас. Пушката никому не му родила дете, реков.
    И така, се разбравме.“

    При изборот на жена, воопшто не била пресудна убавината, туку нејзината сила и работливост. Така, тој ја здогледал Велика на нива како работи како „ламја“ и одлучил таа да му биде жена.
    Велика, пак, своето раскажување го започнува со Јон и дека таа не го познавала од порано бидејќи биле од различни села. Но, при првото гледање нејзе тој многу и се допаднал, бил строен, убав, со дупче на брадата.
    Следува плодното време, време на раѓањето на децата и на раскопачувањето на новите ниви. Како што вели Велика - жената по мажењето станува нива. Породилните болки со првотото дете ја фаќаат на жнеење, додека сите работат на нива. Јон ја засолнува на страна и таа се мачи цел ден, па цела ноќ и дури другиот ден го раѓа Ангелета. Потоа ги раѓа едно по друго: Капинка, Роса, Здравко и Ѕвездан. Живеат заедно со деверот Мирче, а потоа и јатрвата Уља.
    Набрзо, Мирче трга во Америка на печалба, а со почетокот на Првата светска војна Јон го земаат да се бори од српската страна. Тој го опишува војничкиот живот кон кој е рамнодушен. Тој не се бори за свои интереси, ниту за свои идеали. Почнува да тагува по домот и децата, па затоа решава да зароби бугарски војник и така да добие отсуство. За несреќа, го заробува брата си Мирче, кој на патот кон Америка бил прибран во бугарската војска. Така, планираното отсуство му пропаѓа. Сакајќи да дознае нешто за дома, праќа писмо, но одговор стига дури по завршување на војната.
    Јон ја осудува војната и смета дека таа уништува сè - и луѓето и животните и природата. За неа тој вака размислува:

    „Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчам. Цел живот трчаме да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер. Кај што ќе заврши нашето тркалање. Нашето постојано паѓање. Пред малку само тргавме еден кон друг: и од една страна има наши луѓе и од другата страна има наши луѓе. А и сите луѓе на светот се наши луѓе. Околу нас само куршуми цивкаат, ама ни еден не ме погаѓа.“

    На фронтот тој се спријателува со Витомир со кого често разговараат и добро се разбираат бидејќи потекнуваат од слични средини. Двајцата се загрижени за своите ниви, за добитокот кој го оставиле и за семејствата. Во тоа пријателство, Јон доаѓа до својата вистина за луѓето и нивната националност:

    „Се разбираме некако со Витомира. И еба го, не ќе се разбереме! Оти да не се разбереме? Тукуречи исти зборови зборуваме. Само тие ги вртат наонаму, а ние наваму зборовите. А некогаш, во старо време, сите сме биле едно исто гомно, иста лепешка. Ама поминала некоја кола и со колцата ја пресекла лепешката надве, па поминала друга кола и пак ја пресекла лепешката. И така, врвеле коли и ја испресекле лепешката и ние од една лепешка сме станале многу лепешки, многу гомна... Сите ги видов овде и сите исто смрдиме.“

    Сликите од фронтот често се многу страшни, дури и катаклизмични. На сурово-реален начин се опишани борбите по планината Козјак и Пелистер. Ужасно потресни се сликите кога Јон се обидува да му помогне на ранетиот војник кој моли за вода и силувањето на мртвата девојка:

    „Дали ме разбра или не ме разбра, тој пак си мрмори. Од сите зборови само водата ја разбирам. Друго ништо не му разбирам. Врвам така низ буките, засмрдени од барут и од раскопана земја. На едно лединче гледам жена. Млада жена, а гола. Излегла да бере трески утрината, уште кога беше мирно. Го погодила времето за трески! Ја нашла некоја извидница и ја силувале. Подзапирам крај неа и ја загледувам. Жената и мртва е убава за гледање. А мене ми е прво видување на гола жена. Батти среќата на вакво гледање. Главата и е потпрена на нарамникот трески што го носела и едната рака и е поткрената кон челото. Како да се срами, како уште да го затскрива лицето од војниците. А лицето и е бело, небаре варосано ѕитче. Мислиш спие жената.
    — Во војно време, велам, сите луѓе се лоши. Само на крв рикаат, му велам на војничето што го носам, ко волови, ко јунци рикаат, му велам.
    Војничето ништо не ми кажува, ништо не ми мрмори на увото. Насетувам како да станува потежок. Го сметнувам од рамо и го легнувам на земи. Го гледам, а никаде го нема. Погледот му го нема и дишењето му го нема. Ниедна жила не му мрда, не му работи. Го простил Господ на мене, си мислам. Си остинал човекот на моите рамена.“

    Апокалиптични се и сликите од битолската болница исполнета со луѓе на распаѓање во која Јон е однесен по повредата на ногата. Таму му го сечат палецот, како што вели „како шупливо јаболко ми го отребија“. Кога се враќа на фронтот борбите се уште пожестоки. Во раце ќе му умре и пријателот Витомир. По завршување на војната, тој се враќа во селото.

    Паралелно, Велика го раскажува животот што таа го живее во селото за време на војната. И тој живот не е ништо помалку ужасен од оној на фронтот. Велика е силна, изгржлива, работоспособна жена. Таа, по заминувањето на Јон во војна, врз својот грб го зема товарот на целото семејство. Преку нејзиното раскажување, во исповеден тон, во постојана прогресија дознаваме за нејзините патила. Таа раскажува и за другите селани кои се учесници во животот зад фронтот, за сиромаштијата, суеверието, заостанатоста, обичаите и немоќта да се живее и преживее во такви услови.
    Во селото Велика останува сама со петте деца да ги чува и храни како знае и умее. Единствена што останува со неа е јатрва и Уља, со ќеркичката Горица. Преку раскажувањето за Уља, Велика ни ги кажува сите обичаи поврзани со раѓањето и чувањето на бебињата.
    Бидејќи Уља нема никој друг, Велика е таа што ја подучува и и помага. Таа и го пресекла папочето со срп (на машките бебиња се сече со секира), па го подврзала со малку коса од мајка и; ја подучила да не спрема ништо за бебето зашто тие што многу спремале не фатиле живо бебе во рацете; потоа да не ги остава пелените надвор да ги зајде сонцето; како да го чува млекото; на задојување и ставила сито на главата - за да биде сито детето, па книга - за да учи, црвено јаболко - за да биде убаво; исто така до шест недели како леунка да не излегува надвор (зашто шест недели гробот и е отворен); па кога и никнувале заби нанижале низа од варена пченица која ја обесиле на дрво - за лесно да никнат запчињата итн. итн. Во една таква грижа, кога Горица ги менувала забите, Велика го пратила својот најстар син, Ангеле да ги потера кравата и магарето покрај реката. Се случува првата трагедија во нејзиниот живот. Дотрчуваат децата и и кажуваат како собирале куршуми и ги фрлале в огин и дека Ангелета го погодил еден куршум:

    „И таму, во ливадата, го наоѓам Ангелета, ангелот мој златен, со потсечени крилја... Децата се разбегале, ама Ангеле мој не добегал. Еден куршум беше го втасал. Ангеле, Ангеле, му викале децата, стани, не преправај се, му викале, а тој ни да мрдне ни да претне... Лежи ничкум плеснат над земјата. И утопен во крвта негова млада. Тој лежи, а до него кучето, Чако, квичи, завива, гребе со ноктите, копа земја. Го душка Ангелета мој и пак завива, кобно. Ангелот мој ништо не гледа, ништо не слуша. Му ја кревам главата, му ја бришам устата од крвта што му се подсирила и го бацувам в лице, в уста, му ја давам душата моја. Ама тој е веќе остинат. Како да бацувам некој студен камен, некоја мраморна гробница. И јас мрамор се мраморам, си ја тепам главата, а солзите само ми врнат. Олкави вака солзи, ко лешници ми капат в уста и на лицето од Ангелета мој. Го молам да се опули, да ми проговори, а тој молчи. Ни клепка му клепнува, ни прсте му мрднува. Лицето му е крпа и уште помазно. Не дочека, убавиот, и да се забричи. Ноктите помодрени, никаде нема живот, запрена воденица.(...)
    И којзнае колку време сум се тепала, така, кога сетив дека некој ме крева. Се опулувам: јатрва ми, Уља, стои над мене. И мојата рака си ја наоѓам во нејзината.
    — Немој мори, Велико, немој сестрице, ми вели, што е тоа што работиш, вели, зар и ти треба да се отепаш, вели, нека ти се живи другите, вели, имаш и други деца за гледање, вели, зар сакаш сираци да ги оставиш, вели. И плаче. Се засркнува од солзите. Се држиме така сами двете, ко утки во полето и пиштиме, ко потполошката што пиштеше по Ангелета. После, го доведе магарето и го товаривме Ангелета мој. Го префрливме, пресвиснат преку ’рбетот, наголо. Потеравме за в село. Одиме по магарето и само липаме. Една солза падни, друга завири се, стокми се и истркалај се на земја. Којзнае колку солзи истекоа, цело поле го навадив со солзи. Со дожд солзи си го запишав денот. Оти кога го закопувавме дожд немаше, а времето чека стушено. Ама само што се вративме, небото се дупна и потече.(... )
    И тогаш удри дождот. Господе, си мислам, ова дека секнаа очите мои, ова дека немам повеќе солзи, си мислам за дождот. И небото плаче за Ангелета мој, си мислам. Ум недоветлив, човечки.“

    Смртта на Ангеле, за жал, не е последната несреќа, напротив, таа е првата. Оттогаш несреќите почнуваат да се нижат. Зимата, се разболува Роса, а немоќната мајка ја гледа како и се топи пред очите. Се обидува да и помогне со сите лекови што и ги кажала Маса Ќулумоска (селската треварка и бајачка), со мачкање на ракија, киселина, лук, саѓе, катран, но друга помош нема. Селото е затворено со војски од сите страни, нема шанси да и помогне вистински лекар. Откако умира девојчето, Велика цел ден се мачи да и го ископа гробот, бидејќи имало снег до пазува. На крајот успева да дојде до земјата и да ја запрета Роса до Ангеле. Заедно со Уља, тажат и плачат покрај двете гропчиња. Тогаш на Уља и текнува дека не чини толку да се плаче и да се предизвикува ѓаволот, туку за да го избркаат и предлага да играат и пеат околу гропчињата. Немоќна пред сопствената несреќа, веќе споулавена од болка, Велика пее и игра и на крајот изнемоштено се онесвестува.
    Долгата зима Велика едвај ја пребродува, без храна и без огрев. Кога се крева снегот, селаните живнуваат, имаат колку-толку нешто за јадење: штавеј, коприви, лобода. Почнуваат да доаѓаат војници и да тропаат по куќите барајќи храна, но селаните се кријат. Летото, Германците прават пат, па многу од селаните одат да работат за корка леб. Оди и Велика. Гладот е толку голем што таа работи по цел ден за да им донесе на децата малку лепче за да преживеат. Многу селани умираат од глад. Но, војниците носат и заразна болест (колера) од која селаните не знаат како да се одбранат. Првите предлози од Маса Ќулумоска се луѓето да јадат лук, а куќите да се премачкаат со катран. Тие тоа и го прават, но како што вели Лазор Ночески - од болеста и од смртта не може да се побегне. Тогаш се разболува Здравко. Велика нема што да му даде, со што да го лекува. Едвај наоѓа малку шеќер да му стави во водичка, за да не го боли мешето. Таа бдее над него со денови и ноќи:

    „Се топи детето ко сапунче оставено во вода. Боледува тој, боледувам јас за него. А Капинка и Ѕвездан ми плачат за јадење. Јас ги тепам и ги бркам од собата на Здравка. Од понеделникот до петокот така. Во петокот, кај пладне, како да се поврати детето од несвестицата.(...)
    — Облечи ме, вели Здравко, облечи ме и намести ме.
    — А, за кај да те наместам, сине златен, му велам, и почнува вода да ми шопа од очиве. Не знам што да правам. Му ја држам раката оти ништо друго не може да ми досегне. За кај се спремаш, Здравко, здравец мој попарен, викам и сеќавам дека неговата рака се лади во мојата. Само уште еднаш се насмевнува, свртен кон прозорецот и истрпнува, се предава. Од раце ми избегува детето.“

    Во селото, болеста и понатаму се шири. Селаните гасат вар и ги премачкуваат куќите, некои дури и крововите ги премачкале, но спас нема. Маса Ќулумоска предлага за да ја избркаат големата болест - да направат голема смрдеа. Таа вели да се соберат сите кучиња од селото и да се запалат средсело. Немајќи друг избор, селаните се сложуваат и ги даваат своите кучиња, но Велика успева да го скрие Чако (тоа е кучето на Ангеле и таа не сака да го даде). Ужасна и потресна е сцената на палењето на живите кучиња намачкани со катран.
    Бидејќи ни на тој начин не успеваат да и се спротивстават на болеста, Маса Ќулумоска дава нов предлог - да се фаќаат врапчиња, сојки и прлици и да им се плукне во клунот - така да им се предаде болеста, а тие да ја однесат в гора. Селаните и тоа го прават.
    Но, болеста ги стигнува и последните две деца на Велика, Ѕвездан и Капинка. По последниот предлог на Маса Ќулумоска да избегаат во шумата од болеста, Велика се закрева со болните деца, кравата, телето, магарето и Чако. Болеста ги достигнува и таму. Откако сфаќа дека нема спас, Велика тргнува назад во селото, за децата да и умрат дома и да може да ги закопа. Прво умира Капинка, која сама на магаре ја носи до другите гропчиња, ја закопува и немајќи сила повеќе, моли Ѕвездан да причека со умирањето барем до утредента. Но, вечерта и тој умира. Тогаш доаѓа Лазор Ночески и и помага да го закопаат последното дете и да го заколат телето за душа на децата.
    Откако и умираат сите деца, Велика повеќе нема цел во животот. Таа оди кај што одат сите селани, работи што работат сите, механички, без срце, без душа. Единствена надеж гледа во враќањето на Јон и во утехата што може да ја најде кај него.
    Кога завршува војната, Јон се враќа. Потресна е сцената на нивната повторна средба:

    „Одам до него и му се фрлам, го прегрнувам. Тоа беше прво наше прегрнување. Го грнам така, а како сув шип да прегрнувам. Не е тој човекот, се изменил.
    — Кај се децата, прашува Јон и гледа кон скалите од кај што слегов.
    — Е кај се де, велам, не знам како да му кажам.
    — Кај се децата, вика Јон и гласот го истанчува.
    — Ами немале ангел да ги чува, велам, и си ги собирам рацете од рамената негови.
    — Јас ги оставив со тебе, вели, а не со ангели.
    — Болест, Јоне, голема болест фати, велам, немаше кај да ги скријам. Од господ ништо не се крие, велам.
    — Кој господ, бре, бамити господот, вели, јас сум сега господ, вели и се наддава кон мене. Му чкрта дишењето на човекот, слушам како му чкрта дишењето, мислиш неподмачкана кола. И остана така подзинат. Нешто наеднаш го жегна, го прободе и го одзеде. Му ги одзеде и рацете и нозете, го улогави.
    И човекот, часот, побеле во косата.“

    По враќањето, Јон сосема се променува, почнува многу да пие, да ја малтретира и тепа Велика, да ја понижува и навредува пред селаните. Вината за смртта на децата, вината за неговото пропаѓање, тој ја гледа во неа. Сиот свој бес од сопствената изгубеност, тој го истура врз неа. Таа ја разбира неговата болка и го моли да го остави алкохолот и да се ослободи од лошото во себе. Но, Јон не може. Тој и се приклучува на власта и заедно со нив оди по куќите на соселаните да ги посрбува. Оди и кај неговиот пријател Дуко Вендија, кој одбива да си го смени презимето. Чувствувајќи се силен со власта, тој таа сила и ја покажува и на Велика. Кога ќе се врати навечер, ако таа спие и не го чека - ја тепа; ако не спие и го чека, пак ја тепа; ако облече нова облека - за кого се дотерува, ако ја преврзе шамијата - зошто ја преврзала. Таа вели:

    „Не знам што да облечам, што да обујам. Ако ја кренам главата:
    — Кај гледаш, вели.
    — Кај да гледам, му велам, кажи кај да гледам, да не прогледам.
    — В земја, вели Јон, оти ќе се сопнеш.“

    Лошотијата на Јон постепено се зголемува. Колку повеќе пие, толку болката му станува поголема. Ги коле кокошките, зашто влегле кај него, сака да го убие и кучето Чако, зашто го погледнало накриво, од истите причини го отепал магарето итн. Еднаш, пијан некој го заѕидал со камења, другпат за малку што не се удавил во реката, а Велика не ја поштедува во ниеден момент. Враќајќи се дома пијан, ќе ја тера ноќе да оди по вода, за да се гаси, еднаш, двапати, трипати, до утро, додека сè не наполни со вода. Безмилосен е Јон кон неа. Кога е таа бремена со шестото дете, веќе со голем стомак; додека наведната перела, нему му се чуло дека таа испуштила гасови и затоа ја казнува и ја тера на една нога да скока околу куќата - трипати. Се собираат соседите, луѓе, деца, а тој им кажува што направила таа. Децата се смеат, луѓето ја сожалуваат.
    На крајот, додека таа се пораѓа во плевната, Јон умира во куќата.
    Раѓањето на последното дете, Роден, е единствената светла точка во животот на Велика, тој е надежта, тој е поттикот да се живее понатаму. Роден е нејзиниот пиреј, тој е и македонскиот пиреј.

    Ликови

    Велика, таа чиста, искрена, бескрајно издржлива македонска жена не пленува со својата човечност и благородност. Таа е носител на македонскиот патријархален морал, на сè македонско и човечко.
    Велика е селска девојка, срамежлива, работлива, сериозна, која не си дозволува своите љубовни чувства директно да ги изразува кон момчето. По мажењето, таа целосно му се предава на раѓањето и мајчинството, но и на работата и грижата за целото семејство. Времето на плодноста и напредокот, за жал, кратко ќе потрае. Таа останува сама за време на војната, за време на болестите и безизлезот. Но, нејзината големина и издржливост ја гледаме токму тука. Во нејзиното раскажување речиси нема ништо друго освен тага, смрт, очај и немоќ. Велика е сама во најтешките моменти и затоа е неутешна. Утехата ја очекува со враќањето на Јон, но нема да ја добие. Во својот очај таа не потклекнува. Наоѓа сили да го оправда однесувањето на мажот, па дури се обидува да му помогне. И покрај неговите нечовечни тортури таа е крајно попустлива и добра кон него. Неговата смрт ја растажува, но и ја ослободува. Таа сè уште има сила да продолжи, да го одгледа и шестото дете. Величината на Велика е бескрајна, таа е мајка - херој, жена - херој, таа е Македонија.
    Јон рано останал без родители и самиот морал да се грижи за себе. Се сеќава на топлината на мајчината љубов, но се сеќава и на суровоста и бесчувствителноста на таткото. Детството го живее во манастирот, а потоа е присилен да им се придружи на комитите, на еден суров живот (одиш, колеш и чекаш да те заколат). По женидбата тој е подготвен многу да работи за да го обезбеди семејството, но тој живот кратко потрајува. Всушност, неговиот живот е војничкиот живот. Војувајќи во српската војска, тој се надева дека и неговата татковина ќе биде ослободена, дека и Македонија ќе добие нешто. Но, по завршувањето на војната и преживувањето на најстрашни случувања во неа, тој ги губи илузиите дека ќе се живее подобро. Уште пострашно за него е сознанието за смртта на децата. Тој во истиот миг побелува во косата и овенува. Се наоѓа во безизлез. Добродушниот, вреден, мирен, посветен родител и татко станува ѕвер. Тој е всушност трагична личност. Јон нема сила како Велика за да продолжи понатаму. Почнува да пие, да се губи себеси, целосно да се однародува и посакува да умре. Тој не бара излез за живот, тој бара пат кон смртта, кон крајот.
    Неговиот брат, Мирче, има сопствена судбина. Тргајќи на пат за подобар живот и тој е зафатен со виорот на војната. Него го земаат во бугарската војска и на Солунскиот фронт се среќава со Јон, но од спротивната страна на борбената линија. Тоа е слика на борбата на брат против брат, за туѓи интереси, тоа е слика на судбината на Македонецот во текот на Првата светска војна.
    Дуко Вендија, блискиот пријател на Јон, негов девер, раскажувачот на настаните е посебен во својата одлука да не учествува во војната. Тој останува во селото, тој останува Македонец кога доаѓаат да му го менуваат презимето, колку што му дозволуваат условите, тој останува свој. Единствено тој му префрла на Јон дека е продадена душа, поради што ќе биде истепан.
    Зборовите на Лазор Ночески ги изговараат сите во селото. Тие мудри изреки се присутни во сите ситуации, во секое време. Имаме впечаток како тој да е фиктивна личност, како глас на народот, но сепак, тој и реално постои. Неговата судбина е слична со другите, тој живее и страда во воените времиња. Мудрите изреки се резултат на неговото искуство и претставуваат показ на народната мудрост. Еве дел од нив:

    - Некогаш не те сака Господ или намерно те остава за да се мачиш.
    - Лошото време го прават лошите луѓе.
    - Стравот е страшен само за оние што му се плашат.
    - Кога човек се плаши од пушка, тогаш пушката повеќе пука.
    - Болеста е голема кога имаш леб, а уште поголема кога немаш леб.
    - Јадење, ко секое јадење, ако го јадеш - се јаде.
    - Од болест не се бега и од смртта не се бега.
    - На селаните, среќата им е променлива, а несреќата постојана.
    - Пријателот ти е роднина кој самиот си го одбираш.
    - Трагата на ѓаволот не му ја гледаш, а пак по неа одиш.
    - Племето наше е пиреј и не го крши не една војска, ни една болест.

    Маса Ќулумоска, пак, е претставничка на митското, тајно, магиско знаење на народот. Нејзиното знаење понекогаш граничи со безумие, па затоа е трагикомична сликата на бркањето на птиците за да им се плукне во клунот, палењето на кучињата и бегањето во шумата од страшната болест.
    Уште многу ликови го надополнуваат целиот колорит на романот: Јоше Свирачот, Давиде Недолетниот, Мисајле Ковачот, Доксим Тренчески, Неделко Сивески итн.
    „Чичко Горио“
    „Чичко Горио“ од Балзак

    „Чичко Горио“ е роман чија тема не е единствена. Опфатени се три паралелни приказни кои се испреплетуваат поради средбите на ликовите.
    Тој е реалистичен, психолошки, социјален и семеен роман.
    Дејството се случува во Париз, 1819 година.
    Приказната е реализирана преку сезнаечки наратор (раскажувачот сè знае и сè гледа).

    Темата ги опфаќа:

    1. Драмата на чичко Горио;

    2. Животот и моралното пропаѓање на Ежен де Растињак;

    3. Судбината на робијашот Вотрен.

    Овие приказни се поврзани со местото на живеење - пансионот на госпоѓата Вокер.
    Романот е уметничка слика на ликови кои од различни причини го загубиле својот висок општесвен статус и се приморани да живеат во најсиромашниот париски кварт. Општеството е виновник за положбата во која са наоѓаат.
    Идејата е да го прикаже општеството каде движечка сила се парите кои морално го деградираат човекот и сочинуваат свет преполн со егоизам, лицемерство, интриги, подлости, измами и предавство.


    Содржина на романот

    На почетокот е претставен сиромашниот кварт каде се наоѓа пансионот на госпоѓата Вокер. Преку него, Балзак ни ја претставува цела Франција и односите во општеството. Ги претставува ликовите и нивното минато, подредувајќи ги по катови како што се подредени во општеството. На првиот кат се најбогатите, а како се качуваат погоре се сè посиромашните. Многу сликовито е опишан мирисот на пансионот, кој е карактеристичен за сите такви места. Тој го нарекува пансионска реа - „мириса на затворено, на мувла и бајато, студено и влажно при дишењето, мирисот се впива во облеката, ја има реата на соба во која штотуку се вечерало, смрди на кујна, на немиени садови, на прифатилиште“.
    На првиот кат од пансионот се наоѓаат најубавите станови во куќата. Таму се сместени госпоѓата Вокер во помалиот, а во поголемиот госпоѓата Кутир (вдовица) со младата девојка Викторина Тајфер;
    На вториот кат има исто така два стана, во кои живеат Поаре и господинот Вотрен;
    На третиот кат има четири соби. Во нив се сместени: госпоѓицата Мишоно (стара мома), чичко Горио и Ежен де Растињак (едната е празна, но најчесто таму живеат студенти);
    Во поткровјето се наоѓа таванот за сушење алишта и две мансардни соби во кои се сместени слугата Кристоф и дебелата готвачка Силвија.
    По описот на пансионот и жителите, дејствието го води Ежен де Растињак. Тој потекнува од пропаднато благородничко семејство и по секоја цена сака да постигне нешто во животот.
    Прво се зафатил со работа и учење, но забележал дека жените имаат огромно влијание во општествениот живот, па решил да се впушти во таков свет и да си најде заштитнички. Тетка му го поврзува со виконтесата де Босеан (богата и влијателна), која го поканува на бал. Таму ,тој се запознава со грофицата Анастазија де Ресто со која игра и ја поканува на повторна средба.
    За време на пансионскиот ручек Ежен раскажува за балот, за госпоѓата де Ресто, за нејзината убавина, танцувањето. Горио со внимание го слуша и блеска од задоволство и среќа. Кога тој заминува од масата, другите го озборуваат дека таа му припаѓа на Горио, дека тој ја издржува и дека го водат ниски страсти.
    Утредента Ежен оди кај грофицата на договорената средба, убаво облечен и преполн со надеж. Во салонот се среќава со љубовникот на грофицата, Максим де Трај.
    Во задниот дел од куќата, грофицата тајно се сретнува со Горио, го бакнува, го испраќа и се враќа во салонот да ги пречека гостите. Таа повеќе внимание му обрнува на Максим, а Ежен се обидува да се бори со соперникот за вниманието на Анастазија. Тоа му успева кога доаѓа грофот и убаво го прифаќа заради неговото потекло и роднинските врски со виконтесата де Босеан. Но, кога Ежен го споменува Горио, нивниот однос сосема се менува, па тие речиси го исфрлаат од куќата.
    Разочаран, тој оди кај Босеан која е растревожена заради нејзините љубовни односи, поточно зашто нејзиниот љубовник решил да се жени. Ежен и раскажува за посетата на Анастазија и тогаш дознава дека Горио им е татко, нејзе и на Делфина.

    Кога бил млад, Горио бил работник во фабрика за тестенини. Со упорност и ризик за време на економската криза успеал да се збогати. По смртта на својата жена, тој целото внимание им го посветил на ќерките кои бескрајно ги разгалил. Тој им нашол богати и угледни мажи и им го поделил богатството оставајќи си за себе само колку што му било неопходно. Анастазија ја омажил за гроф, па таа станала грофица де Ресто, а Делфина ја омажил за барон и таа станала бароница де Нисенжан. За титулите дал големо богатство, на тој начин сметајќи дека засекогаш ќе ги обезбеди ќерките и ќе им овозможи лагоден живот. Во почетокот, Горио бил сместен на првиот кат во пансионот Вокер, во најубавиот стан. Секој ден се дотерувал, со убава облека, перика и со златен синџир. Но, како минувало времето неговите ненаситни ќерки му го земале и тоа малку што му останало, а тој осиромашувал и се качувал сè погоре во пансионот Вокер. Госпоѓата Вокер дури сакала да го заведе и да се омажи со него, но кога сфатила дека единствена љубов во неговиот живот се ќерките, се откажала и почнала да го озборува. Го претставувала како сладострастник кој имал две љубовници што ги издржувал.
    Кога Ежен ја дознава вистината за Горио и за ќерките кои се откажале од него и не сакаат повеќе ни да го видат, па дури и се срамат од него, многу се растажува. Босеан му предлага да го запознае со Делфина де Нисенжан која сè би дала за да влезе во високите кругови, а таа нему ќе му го овозможи тој влез. Освен тоа, сестрите биле многу завидливи и љубоморни една на друга, па на овој начин Ежен ќе и врати на Анастазија за нејзиниот понижувачки однос кон него.
    Заради ова, кога се враќа во пансионот, Ежен де Растињак зазема заштитнички став кон Горио.
    Ежен решава да преземе акција за влез во високото општество, па затоа им пишува писма на мајка си и сестра си во кои се понижува себе си, само за да добие пари од нив. Пари, за да може да купи убава облека, а тие можеби ќе останат без основни средства за живот. Се чувствува ниско заради тоа, ист како ќерките на Горио.

    Во дејствието на романот преку разговор со Ежен се воведува приказната за Вотрен и Викторина Тајфер. Вотрен сосема го разбира Ежен и неговите намери за влез меѓу богатите преку љубовни односи со богати жени. Вотрен е 40-годишен, силен маж, со широки рамења, цврст, набиен, со длабок глас, човек кој се познава со сите, се разбира од сè, пријатен, услужлив, шегаџија. Тој му предлага на Ежен поинаков начин, односно наместо да наоѓа љубовници - да се ожени со Викторина Тајфер. Викторина била убава, млада девојка која поради несреќниот живот, малку пропаднала. Татко и се откажал од неа, а целото богатство го оставил на нејзиниот брат. Вотрен му навестува дека преку наместен двобој тој може да го убие нејзиниот брат и така таа да остане единствена наследничка. Ежен малку се зачудува од предлогот, но не го коментира и не го одбива.

    Ежен де Растињак ја посетува Босеан за таа да го исполни ветувањето дека ќе го запознае со Делфина. Иако Босеан многу непријатно се однесува кон него заради сопствената несреќна љубов, сепак попушта и тие заедно одат во театар. Случајот сака таму да се сретнат со Делфина која била пред раскинување со нејзиниот љубовник (тоа е една од причините што Босеан го упатува Ежен на неа). Растињак и се приближува на Делфина токму со разговор за нејзиниот татко, односно со случката кај сестра и. Ежен ја понижува Анастазија, ја прикажува како сурова, како неќерка (всушност го искористува лошиот однос меѓу сестрите).
    Кога се враќа дома сè му раскажува на Горио, бидејќи тој сака да слушне сè што се однесува на неговите ќерки. Тој ја бакнува земјата по која тие газат. А, Вотрен, пак, го потсетува на разговорот за Викторина Тајфер. Ежен забележува дека тој и се допаѓа на Викторина и не ја отфрла сосема можноста за спојување со неа.
    Со нова облека и со почетничка среќа Ежен игра комар, добива пари кои и ги дава на Делфина за да ги исплати долговите на нејзиниот поранешен љубовник и на тој начин ја започнува врската со неа. Но, Ежен продолжува со коцкањето и запаѓа во долгови., а за да се раздолжи позајмува пари од Вотрен.
    Ежен и Делфина во договор и со помош на Горио си подготвуваат стан во кој би живееле, а таткото би можел непречено да доаѓа и да ги посетува.
    Вотрен не се откажува од неговата замисла и затоа една вечер во пансионот приредува пијанка во која всушност ги успива сите. Утрото дознаваат дека братот на Викторина загинал во двобој.
    Во меѓувреме, госпоѓата Мишоно и Поаре се сомневале дека Вотрен е измамник, избеган робијаш, познат под името Лажи-смрт, а неговото вистинско име било Жак Колен. За доказ, требале да го откријат неговиот белег. Мишоно му дава напиток, го успива и докажува дека била во право. Измамникот е фатен, но пансионерите се свртуваат против Мишоно и Поаре и ги бркаат од пансионот.
    Напуштањето на пансионот го најавуваат и Ежен и Горио.

    Горио за првпат бил многу среќен, но неговите ќерки повторно сè расипуваат. Прво доаѓа Делфина жалејќи се на финансиски проблеми, а потоа и Анастазија. Избива силна караница меѓу сестрите преполна со злоба и љубомора. Горио не може да го поднесе тоа, паѓа во очај и се разболува. Ќерките не доаѓаат да го посетат иако Ежен ги моли. Делфина само ветува дека иако е „болна“, ќе дојде да го види татка си додека не е предоцна, а Анастазија доаѓа, но доаѓа предоцна.
    Нивната бескрупулозност, самољубие, бесчувствителност, непочитување, уште повеќе доаѓа до израз кога тие двете не доаѓаат на погребот на татка си, туку испратиле само празни кочии. Не сакале ни да дадат пари, па Ежен го заложува својот часовник за да може да го плати бедниот погреб на чичко Горио.
    Ежен ја докажува својата хуманост и добрина, како и сожалувањето кон Горио, но тој не се откажува од своите намери. Тој го предизвикува лажното општество, лицемерието, злобата и решен е да се пресмета со него. Романот завршува со: „Растињак отиде да вечера кај госпоѓа де Нисенжан“. (Иако го презира нејзиниот однос кон родителот, сепак неговата цел е поважна.)

    Романот е целосна слика на француското општество на почетокот од XIX век. Во него се претставени најниските слоеви, сиромашните, слугите и осиромашените, но и најбогатите - оние што одат на балови и самите ги приредуваат, живеат лагоден, но и развратен живот. Бракот најчесто се заснова на финансиска спогодба, па затоа сите имаат љубовници.

    Ликови

    Ежен де Растњак е младо и убаво момче кое решило да успее во животот. Тој е од југот на Франција, од осиромашено семејство и сака по секоја цена де живее во светот на богатите. Тој сочувствува со сиромашните, повредените, недостојните, но не отстапува од неговата цел - слава и богатство.

    Горио е типичен лик на татко кој безмерно ги сака своите ќерки. Неговата љубов е толку голема што нему не му е тешко да ја поднесе секоја жртва за нив. Заради нив тој живее бедно и се надева дека за возврат од нив ќе добие љубов. Толку многу ги разгалил и расипал што тие немаат ни трошка почит кон него. На крајот, сфаќајќи дека создал бесчувствителни монструми тој паѓа во очај и умира.

    Делфина и Анастазија воопшто не се разликуваат меѓу себе. На моменти ни се чини дека Делфина е подобра, но таа не доаѓа да го посети болниот татко, а чекорите што ги прави се само за да докаже пред Растињак дека е подобра од Анастазија. Тие ја цицаат и последната пара од татко им без да се сожалат на него. Си завидуваат, си љубоморат, се караат за секоја паричка. Живеат во лажен свет, без љубов и морал.

    Вотрен дејствува против ваквото општество, но не како револуционер, туку како крадец и убиец. Тој ги почитува своите другари (робијаши) и нивните пари ги чува кај себе со посебна почит. Тој не ги сака нивните, туку парите на богатите. Прво детално ја анализира ситуацијата, пресметува колкава ќе биде неговата корист, па дејствува (случајот со Викторина). Кога ќе биде фатен тој отворено ќе признае сè, цинично ќе се однесува со што ќе го покаже својот однос кон општеството.
    Сердарот
    Сердарот

    „Сердарот“ е историско-јуначка поема; историска балада.
    Темата е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода.
    Идејата - да го прикаже макотрпното минато на својот народ и стремежот за слобода.
    Поемата е напишана на грчки јазик (бидејќи се пријавил на конкурсот за поема во Атина).
    Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на Македонија кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи, за да може после да им земе даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на една таква единица.
    Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци. Во неа мотивот и версификацијата (градбата на стиховите) се под влијание на народната македонска поезија, додека стилските особености - сложените епитети, мотивите и ликовите од грчката митологија, опширната епска нарација, описот на оружјето, на двобоите и градењето на ликовите се под влијание на Хомер.

    Содржина

    „Сердарот“ започнува со потресна слика за положбата на македонското население во Галичник и Река, каде е лоцирано дејствието на поемата.

    Пискотници се слушаат од Галичник во Река,
    Што тешка несреќа ги збра
    и мажите, и жените, та гласи тажна ека
    и навева сал коб и зла?

    Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?
    ил’ рој од скакулци се вдал?
    Дал’ султанот арачлии пред време беше пратил
    да збира арач лут без жал?

    Ни град полињата житородни ги беше фатил,
    ни рој од скакулци се вдал,
    ни султанот арачлии предвреме беше пратил
    да збира арач лут без жал!

    Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
    тој сердар прочут падна в бој,
    и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
    и да ги брани нема кој...

    Со познатата словенска антитеза, карактеристична за нашето народно творештво (но и за Хомер, види го извадокот за разделбата на Хектор и Андромаха - употребена е истата стилска фигура), Прличев нè воведува во понатамошниот тек на поемата.
    Гласот за смртта на јунакот се шири со голема брзина и тој предизвикува болка и страв кај населението, зашто ќе нема кој да го заштитува.
    Од тој ужас и немир што се шири меѓу селаните, Прличев се префрла на тивкиот и мирен дом во кој мајката на Кузман - Неда е осамена и во исчекување да се врати синот. Таа претчувствува нешто страшно, бидејќи сонувала како се руши куќата и потпорната греда (Кузман) не издржува. Со смирен тон и многу сликовито, Прличев ја опишува мајката:

    На средна е доба; и јадра, сосема здрава,
    кршна и херојски силна.
    Извајана е амазонската нејзина става:
    Вистинска личота милна.

    Годините не ја намалиле нејзината убост;
    на лице свежест се гледа,
    младешката сочност не ја беше сменила грубост.
    Таа е кутрата Неда!

    Таа е последна која дознава за смртта на синот, сите се плашат да и ја кажат кобната вест, но кога таа сепак допира до неа, Прличев го повишува тонот и ги градира чувствата:

    Да, како лавица што дрско ловците ја гонат
    и плодот и го крадат прв...
    А тогаш и најтврдиот од очи солзи срона:
    го стигна жалта својот врв.

    Мајката жали, испушта крици како лавица, ја фрла шамијата од главата, ги кубе косите, но многу брзо се созема и им се обраќа на селаните возвишено и гордо:

    Доста му се ридањата, пискотите мои ледни
    за награда во овој час.
    Над ваш’те невести и ќерки плачете, о бедни
    бидејќи за нив нема спас.

    Но, Неда не е само мајка на загинат јунак, туку и борец, закрилник на народот што ќе го земе мечот во својата рака за да го одмазди синот и ќе ја продолжи неговата борба:

    Но и други борци ќе воскресне Река и водач
    нивни ќе излезам в гора.
    По вашата трага ќе тргнам и по вас ќе одам...
    Јас да ве уништам морам,

    Ил, мртва ќе паднам. Зошто ми е животот кога
    син ми неодмазден ќе е?
    Во бојот ќе побарам смрт. Но, по желба на бога
    може и триуф да грее!

    Гегите (Албанците) се непријателите кои го пљачкосуваат и тероризираат населението, но Прличев ги слика како поклоници на јунаштвото и чесноста. Тие за да му оддадат почест на големиот јунак, сами на раце го носат Кузмановото тело во домот на мајката, на тој начин искажувајќи ја почитта и кон неа и нејзиното херојско и гордо однесување. Стариот Албанец ќе каже:

    И везден ти да плачеш, имаш зошто. Биди силна!
    Ти загуби, о мајко, џин!
    Народните ќе пеат колена со уста милна
    за делата на твојот син...

    Тој ќе ја опише борбата и невидената храброст и сила на Кузман кој убил многу Албанци и двобојот меѓу Махмуд и Кузман во кој загинал. Ја опишува Кузмановата смрт како најхеројска и достоинствена:

    Од крвта ненаситен се уште водеше битка,
    лутина гневна дишејќи;
    од раните бликаше крвта, но се уште бритка
    мавташе сабја, беснејќи.

    Непријателот е воодушевен од јунаштвото и сака да ја утеши мајката:

    ...јас не сретнав појунак човек,
    жено, од сина ти сакан.
    И блажени нека се твоите гради се довек
    што го отхраниле така.

    Од голема почит, тој ќе вети дека Гегите никогаш нема да ја нападнат и навредат мајката на јунакот, дека таа секогаш ќе биде заштитена. Но, храбрата Неда не прифаќа да ја заштитат само неа, таа сака заштита за сите Македонци.
    Прличев потоа го опишува ритуалот на капењето на мртовецот, тажачката на Неда, како и историјата на семејството, дека и Кузмановиот татко исто така се борел и храбро загинал.
    На крајот од поемата, сосема кратко, но многу сугестивно е прикажана Марија, свршеницата на Кузман, која од силна љубов знае само за верност до гроб. Таа го презира својот убав лик, ги распушта косите и фрла пепел врз нив, сосема се отуѓува од животот и убавините што може да и ги донесе, па затоа се закалуѓерува.

    ...Румената лика од болката свенала многу;
    лицето — восок и стана...

    И почна од луѓето да се отуѓува; веднаш
    в мисли да потоне знае...
    Си шепотеше сама...И сите ја сметаа, бедна,
    за поулавена да е...

    Гробот на Кузман е секогаш осветлен со кандило и на него цвеќе има, бидејќи таа не го заборава, а не треба да го заборавиме ни ние.

    Ликови

    Со особено мајсторство и во хомеровски дух, Прличев ги насликал ликовите во неговата поема. Сите ликови се длабоко сугестивни, силно впечатливи, носители на возвишени, но и реални особини.
    Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра - гордо ја поднесува смртта на синот, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата - да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.
    Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.
    Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно (преку навраќања). Тој е олицетворение на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како - љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство.
    Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели - пљачкаши, немилосрдни, убијци, но и тие ги носат возвишените атрибути на чесност - носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.
    Марија, свршеницата на Кузман, иако е опишана сосема кратко, е исто така впечатлив лик. Таа е достојна на љубовта на големиот јунак, верна до гроб, бескрајно вљубена, тивка и искрена. По смртта на својот љубен, таа нема повеќе за што да се радува, се повлекува во калуѓерство, посветувајќи му се целосно на споменот на таа љубов.
    „Сердарот“ има врвни уметнички квалитети. Поемата е симбиоза (обединување) на фолклорот, Хомеровиот стил и сопствената силна уметничка дарба на Прличев. Богатството на јазикот, стилските изразни средства, силината на претставувањето на ликовите, фабуларниот тек (со ретроспективни навраќања) ја ставаат оваа творба на највисоко место во периодот на Романтизмот, но и денеска.
    Што е љубов
    Што е љубов

    Да живееш… Да копнееш... Да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен... Најубавото чувство. Тоа што нè исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Единствен, на начин на кој некогаш бил само дел од нашите сонови. Што е тоа? Кое е тоа чувство кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца? Да, тоа е љубовта! Љубов – толку мало зборче, а сепак исполнето со многу емоции, чувства... Исполнето со огромна светлина и радост, но понекогаш и тага. Љубовта постоела отсекогаш и претставувала чувство без кое ако размислам, човечкиот род не би можел да опстане. Без разлика на времето, местото и положбата во која се наоѓале, луѓето секогаш биле способни да дадат љубов, па дури и да го дадат својот живот за оние кои ги сакале.
    Што е тоа љубов? Понекогаш ќе се прашаме. Всушност мислам дека тоа е најчесто поставувано прашање. За некого љубовта претставува само болка и страдање, додека за некого претставува најубавото и најпрекрасното нешто на светот, единствена причина за живеење. За мене љубовта е еден вид пријателство, да бидеш со тој што го сакаш во добро и во зло, да растете заедно, да плачете, да се смеете... Да ги поминувате заедно најубавите моменти. Да си верувате еден на друг, но пред се да верувате во вашата љубов. Едноставно, тогаш целиот свет е само ваш, а на него постоите само вие двајца и нормално вашата љубов.
    Се уште не можам да зборувам за љубовта и нејзината убавина, но сепак мислам дека таа е дел од секого и дека nекој има право да ја почувствува. Пролетта е време за вљубување. Па затоа се вели дека на вљубените целиот живот им е пролет. Љубовта е најубавото нешто на светот. Кога сум вљубен чувствувам дека целиот свет е мој, а светот е обоен со розова боја, прекрасна волшебна боја... Љубовта знам колку е слатка, но знам и колку боли. Не се откажав од љубовта, бидејќи таа доаѓа кон оние кои веруваат во неа. И секој пат кога ќе ги осетам оние пеперутки во стомакот, ја осеќам љубовта на своја кожа, сите убави мигови, се осеќам најубаво. Па дури и кога нема љубов во мојот живот, остануваат спомените од нешто поминато, спомени кои ми го одржуваат животот. Љубовта е најсилната сила. Сила која го врти светот. Во школо не учат за гравитациона, електростатичка и други сили кои не опкружуваат, но дали се тие и најважни? Тие се сили кои ги проучуваат некои научници, кои го трошат својот живот затворени во својата работна соба, проучувајќи ги законите и она што не опкружува. Но ниту еден човек, ниту еден научник или слично не може, не е способен да ги открие сите закони на љубовта. На таа сила која според мене има најголема моќ.
    Но љубовта е секогаш непредвидлива. Иако ни ја носи најголемата среќа во животот, знае да донесе и болка, тага и мнгоу солзи. Но сепак тој баланс помеѓу среќата и тагата е неопходен во нашите животи и сето тоа се надминува. Најбитна е убавината на љубовта, за која доколку е вистинска вреди да се ризикува животот. Дали само еден цвет ја прави ливадата шарена? Дали само една ѕвезда го прави небото чудесно? Само еден лебед ли ги прави водите на езерото романтични? Започнав со мелодијата на пријателството, а завршувам со песната на љубовта. Љубовта е како музичка кутија која е затворена со катанче, а клучот на тоа катанче го има тој што го сакаме. А душата, таа претставува огледало, при секој поглед во него се гледа нашата љубов. Ако си го отвориме срцето, љубовта ќе ни ја отвори душата. Кога музиката од музичката кутија допира до мојата душа, започнува љубовта. А, кога ќе запре музиката се крши огледалото и се губи клучот – тука лежат одговорите на сите прашања. Неверствата и лагите ја трујат љубовта. Помалите лаги и неверства бавно ја уништуваат љубовта. Големите лаги и неверства ја уништуваат побрзо. Љубовта не значи само болка и повредување. Љубов значи: Љубовта да ја подариш на оној што мислиш дека му е потребна и искрено и безусловно да го сакаш. Љубовта е најубавото нешто на светот, но само ако е возвратена! Секогаш носи љубов во твоето срце, затоа што само така ќе бидеш среќен и ќе те сакаат. А тоа, да бидеш сакан е најубавото нешто што може да ти се случи. Деновите потрошени без љубов, се залудно потрошени денови... Тој што те сака, и ти сакај го, но тој што те повредува, засекогаш избриши го од твојот живот. Ако си во мојот живот само за да си играш со моите чувства, не си го губи времето и оди си. Но, ако си тука да ме сакаш и да ми покажеш што е вистинска љубов, можеш да
    останеш засекогаш...
    Книгата е извор на сите мудрости во животот
    Книгата е долг тунел на знаења во кој се подлабоко влегуваме и се повеќе се буди љубопитство. Книгата има моќ да нè пресели во својот свет.
    Книгата е цвет кој постојано цвета и не вене, ѕвезда која постојано сјае и не гасне. Огромно богатство кое нè прави личност. Таа е како сјајно, жолто сонце кое грее над сите зрели полиња, како пеперутка што ги буди росните цвеќиња, како пламен кој гори секогаш во нашите срца, едноставно книгата е како патоказ за среќен и удобен живот. Таа претставува втор вид на дружелив човек на земјата, единствено нешто што треба да направиме е да ја запознаеме и да го откриеме богатството скриено меѓу таинствените корици. Книгата ни носи скапи знаења кои се доволни со вистински труд да нè направат културен и паметен човек. Книгата е најдобриот другар кој никогаш нема да те издаде, туку во душата ќе ти влее многу мудрости со кои ќе се гордееш и кои ќе ти бидат полезни во животот. Книгата не треба да ја запоставуваш, туку треба со љубов да ја читаш. Книгата е како топло и тихо ветре кое дува во нашите срца, будејќи ги длабоките чувства. Книгата е извор на чувства, небо покриено со прекрасни ѕвезди кои ѕирнуваат во длабочините на срцето. Книгите се пролетен дождец, златно зајдисонце, светла капка роса и прекрасна Месечина. Таа е како мајка, толку умотворна и толку прекрасна. Иако е мала во неа можат да се сместат дворци и планини, големи и високи. Книгата е како поточе од кое непрекинато течат, се леат нови волшебни зборови. Книгата може да се спореди и со облаците, кои секогаш донесуваат живот односно нов дожд односно нови зборови. Таа може да нè одведе секаде, на месечината, на дното од морето, да нè врати во времето кое поминало. Таа е волшебничка што може да направи чуда. Книгата е како топла прегратка која нè прави среќни.

    Мораме да ја пробиеме тврдата лушпа на своето човечко ЈАС со помош на духовната сила во нас, за да го извлечеме богатството на животот. Читањето е најдобро учење. Знаењето и само знаењето го прави човек ГОЛЕМ и СЛОБОДЕН. Затоа другарувајте со најверниот и најдобриот другар кој може за миг да ве однесе и на најневозможното и најодалеченото место за кое никогаш не сте размислувале.

    И секако со читање се збогатува фондот на зборови и се продлабочуваат мислите. Книгата на животот е нашата душа. Во таа книга се наоѓа нашата актива и пасива: нашите добри и лоши мисли, зборови и дела. Секоја мисла, секој збор е енергија. Во целиот универзум енергијата не се губи. Се е забележано во душата и во соѕвездијата. Книгите се најголемо богатство.
    Се надевам дека помогнав :geek: :D :wasntme:
     
  4. Aleksandra12331

    Aleksandra12331 Нов член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здравоо нова сум тука,ми треба ваша помош,по македонски ми треба состав на тема Дарежливост,ама да бидат иронични (со иронија некој/нешто да се исмејува).Фала однапред
     
  5. martina.marte

    martina.marte Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Ми треба есеј за Сон на летната ноќ-Вилијам Шекспир
     
  6. SpringGirl

    SpringGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    2
    Сон на летната ноќ..нешто како љубовта секогаш победува :) someone? :/
     
  7. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    1.ЖЕЛБАТА И ЉУБОВТА СЕ КРИЛЈА ЗА ГОЛЕМИ ДЕЛА
    Животот одсекогаш ни приредува разни изненадувања со кои се соочуваме секој ден. Тоае малку напнато за едно човечко битие бидеќи животот знае да биде суров во голема мера. Ако во еден човек постои љубов.желба,волја сето тоа може да се надмине. За да се живее добар живот потребно е тоа да се подкрепи со добри дела а да се направат добри дела во животот потребна е желба. Желбата го потикнува човекот да се навикне на животниот баланс и да се насочи кон помагање на другите луѓе а се разбира до колку ја поседува желбата во себе. Љубовта е најбогатиот цвет на човекот кој го опива самиот човек и го прави да се изолира од реалниот свет што го чека и да се насочи само кон личноста која ја сака. Тоа и не е така многу позитивно но позитвноста на ова чуство е што за личноста што ја сакаш можеш да направиш се спремен си за секаков ризик и предизвик и ги правиж најголемите дела за него. Вољата исто така е позитвна особина за еден човек со вољата се надминува се па дури и најлошото искусво се надминува благодарение на вољата. Оваа особина е лек за еден човек лек кој не се купува со пари туку се отвора со душата и со срцето. Во животот потребно е да се поседуват вакви особини кои се прозорец за секоја човекова иднина,тие се крилја за секое големо дело и светлина која никогаш не гасне туку е патоказ за еден човечки живот.

    2.Во делото ,,Сон на летната ноќ '' на Шекспир ја исмејава дотогашната идеја на љубовта, и
    на љубовната приказна. Тој создава сценарио во кое што сите ликови имаат проблеми кои
    произлегуваат од нивната љубов . Тоа служи да потенцира дека љубовта не е секогаш поволна,
    ниту е лесна. Ликовите се оставени неисполнети поради нивната љубов, токму тоа ги прави нив
    несреќни. Тука се истакнува темната страна на љубовта . Тие не се среќни поради нивната љубов.
    Таа ги остава недовршени. Подоцна во приказната влегува како елемент и љубовниот напиток
    коишто самовилата Пук ќе го искористи во обид да им ги реши проблемите на главните ликови.
    Тоа ќе биде неуспех што само додава на мотивот на несовршен љубов.
    Нивните меѓусебни врски ќе бидат во хаос поголем од предходниот, прикажувајки ја непредвидливата природна љубовта. Атракцијата ќе смени фокус што ќе предизвика конфликт меѓу ликовите, што ќе доведе до поголем хаос.

    Вториот состав е превземен од страна која што ја знаат повеќето професори. Така да, ако ве фатат, јас не сум крива. :wasntme:
     
    На The Drifter му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Imini

    Imini Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    Ако на некој му се најде време да напише нешто многу сум му благодарна, барем некоја реченица за било која тема :)

    1.Процес во создавањето на културните и духовни форми на човекот.
    -Работата не чува од три големи зла: досадата, пороците и бедата.

    2. Природните катаклизми се опасност за човештвото.
    -Природата наградува, но и казнува.

    3. Се што не чини произлегува од човекот, се што е добро е исто така негово дело но она што е добро никогаш не умира по човекот.
    -Животот се цени по делата а не по траењето.
     
  9. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Проза, поезија, цитати, извадоци

    девојки ми треба поезија за роден град и Блаже Конески, некоја идеја, пример...
     
  10. zorizza-995

    zorizza-995 Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ми треба состав, темата е: Бесмисленоста на животот видена од страна на Мерсо од романот "Странецот". Благодарам однапред :))
     
  11. liily

    liily Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    5
    ke ve zamolam za pomos zasto ic ne mi ide so pisuvanje :/ pravam pismena na tema apsurden covek vo apsurden svet. vo vovedot treba da ima postaveno teza za toa ako zivotot e bezvreden i besmislen dali vredi da se borime na nego. vo sodrzinata mi treba spoj od " dali nesnaoganjeto vo sovremenoto ziveenje moze da bide pricina covekot da se otugi od sebe i ostanatite i da go zivee zivotot po svoe viduvanje ( Merso - Stranecot)" , covekot e kreator na svojata sudbina se dodeka ne im steti na drugite i nikoj nema pravo da go obvinuva ili da mu sudi za negoviot izbor ( Estragon i Vladimir - Cekajki go Godo)" i " pravejki izbori covekot dozivuva podemi i padovi, sekoj neuspeh e motiv da se bide podobar (Jozef Kafka )" . i vo zavrsniot " vo sekoja besmisla ima smisla" ili " se sto ima pocetok ima svoj kraj no i krajot znaci nov pocetok"
     
  12. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.753
    Пол:
    Женски
    Не. Туку подитно ми треба состав на таа тема ве молам :)
     
  13. TheGirlWhoWaited11

    TheGirlWhoWaited11 Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    Здраво Феминки. :) Утре правам писмена работа по македонски јазик. Ми треба итно состав за Минатото на работникот. Може да ми понмогнете?
     
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.796
    Пол:
    Женски
    „Сон на летната Ноќ“ - Вилијам Шекспир.
    http://vodlabocinatanatunelot.wordpress.com/2013/12/09/сон-на-летната-ноќ-вилијам-шексп/
    Љубовта никогаш не била перфектна, никогаш не била совршена и никогаш не поминувала без проблеми. Таа никогаш не беше невина, а најмалку злобна, но толку наивна и заслепувачка. Толку проблеми би произлегле од неа, но зошто? Што беше тоа што ја правеше таква? Такви проблеми од кои никој не можи да се скрие, проблеми кои произлегуваат од … љубовта. Зошто тогаш сите ја милуваме толку многу како нашето најмило кога сите наши неволји произлегуваат баш од тука? Бездруго тоа сака да ни даде до знаење дека љубовта не е перфектна, не е доволна за опстанок, но сепак има нешто во нас што ни вели дека сепак не можеме без неа.
    Истакнувајќи ја темната страна на љубовта која е потемна од најтемната точка на ноќното небо, љубовта која бездруго не труе длабоко во срцето, која ни ја труе крвта која јури во вените … Остануваа недовршени, тажни баш поради нивната љубов, но ете тука некој вели, „љубовта е доволна“, но вистината е, не, не е доволна, па и да би била, тогаш мора да е вистинската, но како знаеме ние која е вистинската?
    Љубовен напиток. Би рекла во темната ера вештерството беше забрането, но ете, спас за несреќната љубов добрата самовила би го направила и тоа, но дали тие луѓе некогаш се прашале … колку вистинско беше тоа? Дали неуспехот во нивната љубов ќе се надогради со само една љубовна напивка?
    Хаос. Непредвиден хаос. Хаос од кој неможи да се бега зошто љубовната напивка беше ни помалку ни повеќе не природна. Неприроден начин за љубов, проблеми поголеми од претходно, проблеми поголеми отколку што тие и би очекувале ….
    (Овој го пишував со читање критика зошто го немаме обработвано ова дело, а многу ми се допадна)
    „Ликот на чичко Горио“ - Балзак.
    http://vodlabocinatanatunelot.wordpress.com/2013/12/02/ликот-на-чичко-горио/
    Од различни очи беше различно гледан, некаде херој, а некаде само како старец кој безусловно се обидува да ги задоволи лакомите потреби на своите ќерки. Во нечии очи беше негативецот, а во други светецот.
    Беше се збогатил, чичко Горио, во времето на економската криза, доволно остроумен, итар и вешт, за кои го продавал брашното десет пати повеќе отколку што вредело. Црн вдовец и што повеќе му остана, но да се посвети максимално на своите две ќерки? Секоја негова воздишка беше само уште една воздишка исполнета со љубов кон своите две ќерки од моментот кога прв пат ги држеше во своите раце па се до крајот на неговиот живот.
    Секој нивни збор беше негова запобед, скапи дарови, кочии и толаети, па дури и сопрузите беа по мерка, барајќи ветување дека секоја солза од нивните очи ќе биди солза од среќа, сакајќи тие никогаш да не се запознаат со вистинска тага.
    Но … ни едно богатство нечесно заработено не останува долго, ниту пак има пари без работа. Не беше чичко, но беше господин Горио, пречекуван како Бог, секогаш на главното место на трпезата на неговите ќерки, но моментот кога го губи и последниот златкик, за него нема ни место во куќарката на кучето, а не во една соба во куќата на ќерка си. Живееше од скап апартман на долните катови, до најзафрленото катче во зградата каде што ни пиле не пее.
    Повлечен и навидум беше уништен, живеејќи во пансион како за куче погоден, тема ни една не му беше интересна и вредна за зборување ако не е еза неговите ќерки, а кога беше господин секој би сториј се‘ за да размени два збора со него, а сега што остана? Човекот кој остана сам.
    Тој никогаш не сфатил дека парите не купуваат љубов, но само проклета зависност и корист.
    За една љубов којаникогаш нема да му биде возвратена, освен можеби, кој знае, на неговиот гроб, тој ги продаде најдлабоките спомени, богатството на нив и единствената работа која како искра не престана да гори во него беше наивната надеж и вербата во подобро утре за среќата на неговите две најсакани ќерки.
    Наоколу се‘ е глуво, ирелевантно, празно и непостоечко освен тие двете и парите. Во природата на човекот е да биде лаком, да сака повеќе, да биде амбициозен, но ништо не е без граница, па кој знае, дури и универзумот.
    „Зошто пораснаа? За да ми кршат срцето! Зошто? Татковците треба секогаш да имаат да даваат!“
    Наивната невиност на децата исчезнува во моментот кога почнува да ги разбира работите онакви какви што се, гледајќи ја реалноста без розово перде во очите.
    „Оф! Деца мои! Таков е, значи вашиот живот! Но, тоа е смрт за мене …“
    Присутен или не во животот на сопствените деца секогаш ќе постои родителската љубов која е безусловна и безгранична, најневина и безкрајна!
    „Би сакал да ги понесам вашите маки, да страгам наместо вас … Ах!“
    Каејќи се зошто неможи да ја возврати љубовта кон нив онаква како што ја замислив, но кому му е грижа освен нему?
    „Се што не чини произлегува од човекот, се што е добро е исто така негово дело но она што е добро никогаш не умира по човекот.“
    http://vodlabocinatanatunelot.wordpress.com/2013/12/09/се-што-не-чини-произлегува-од-човеко/
    Галилео Галилеј, Данте Алигиери, Дарвин, Ајнштајн … Толку многу имиња, толку многу имиња што од билиони се издвоиле баш тие, баш тие неколку имиња кои секоја единка на земјава ги знае и би било срам доколку некој не и знае. Зошто би било така? Што се тие повеќе? Па се разбира … Животот се цени по делата, а не по нивното времетрање.
    Некогаш велиме „ова ќе ми служи долго“, но што ако тоа се само празни зборови? Што ако во суштина тоа долго трање, но воопшто не ви служи? Која е целта на долготрајноста кога постои безкорисноста? Зар не е подобро нешто да ни служи па камоли и на еден ден, на еден час, на една минута … во еден момент? Зар не е подобро тоа краткото да е најслатко, највредно и најдобро? Се што не чини произлегува од човекот, бездруго произлегува, зошто само тој е единственото суштество кое ја користи неговата свест и способност баш така. Се што е добро е исто така негово дело, но она што е добро никогаш не умира по човекот е доказ дека слатките работи и редните траат пократко од едно затворање на очите.
    Кога би сумирале се‘, се што не чини произлегува од човекот, се што е добро е исто така негово дело, но онашто е добро никогаш не умира по човекот, па затоа секогаш вреди да о ставиме нашето име во книгата на историјата.
    „Човекот зрно песок од големата пустина наречена човештво“
    http://vodlabocinatanatunelot.wordpress.com/2013/12/09/човекот-зрно-песок-од-големата-пусти/
    Безброј галаксии, безброј планети, седум билиони луѓе и ете си ти. Зрно песок од големата пустина наречена човештво. Секогаш велиме дека сме безкорисни и дека не вредиме ништо, дека сме поразлични и дека сме посебни, но која е вистината кога сите сме слични, но сепак толку различни карактери, различни нуклеински киселини, различен распоред на атоми, но сепак некои ставови толку се поклопуваат. Толку исти, но толку различни се човек на човека.
    Само уште еден човек некој ќе речи и ќе се осуди да одзема и живот, но вреди ли и дали е тој кој суди? Секој е толку различен во морето на луѓе, но гледано од една точка над Земјата би рекле: „Ах луѓе … Толку глупави, но сепак доволно паметни. Толку лакоми, но дарежливи …“ тешко е да се кажи само еден збор кој би ги опишал освен можеби … посебни.
    Да се биди едно зрно песок од големата пустина на човештвото не прави да се чувстуваме толку безвредни, толку осамени знаејќи дека сме толку мали и слаби, но зар никогаш не сме помислиле дека сме посебни, подобри … ?
    http://vodlabocinatanatunelot.wordpress.com/македонски-јазик-и-литература/
     
    На The Drifter му/ѝ се допаѓа ова.
  15. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Sostav za Gilgames za pismena ako ima nekoj?:)
     
  16. Tanya19

    Tanya19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    5
    nekoj da ne ima tema za pesnata Albatros od Bodler?
     
  17. angela999

    angela999 Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    4
    Имам да напишам некој состав за ДАРЕЖЛИВОСТ за утре, обично пишувам состави ме бива ама сеа некако не ми оди..ако има некој напишано за оваа тема тука може да ми кажете на која страница е ве молааамм ??? :sweat:
     
  18. JovanaMcCartney

    JovanaMcCartney Нов член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали може некој да ми даде идеја за една драма. Значи треба да напишам драматизација во која ќе го искористам стилското изразно средство иронија. Составот се вика дарежливост, што значи дека во некој дел треба да ја прикажам скржавоста на некого. Не мора ништо да ми пишувате, само мала идеја како би можела тоа да го направам :)
     
  19. Kristinna1

    Kristinna1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    125
    состав некој за Тартиф ? :/
     
  20. hp7

    hp7 Нов член

    Се зачлени на:
    11 декември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Pomos!

    Moze li mala pomos za sostav na tema : SNEGUKKATA MI RASKAZUVA ne e zamene za pomalata sestra e, ke mi bide dobro ako mi pomognete malku, fala odnapred. :)