ТЕМА: Состави

Мислење 17 Мај 2012, 13:52

HappilyLoved напиша:Итно ми треба состав за
1. Печалбари и
2. Печалбари и Парите се отепувачка заедно, требало да има за печалбарството и тешката судбина на печалбарите и да се даваат примери од двете дела.

Благодарам однапред :D :D

Печалбари е најпознато драмско дело на македонскиот писател Антон Панов , напишано меѓу двете светски војни, а прикажано во 1936 год.
Печалбарството било специфично за нашето поднебје и нашиот народ, бидејќи опстанокот можел да се обезбди само со трговија и лихваство што било привилегија само на поединци, но не и на мнозинството. Константин има невообичаена одбојност кон тој „адет“ да замине на печалба. Поучен од примерот на татко му и на многу други што ги оставиле коските во туѓина и се плаши да тргне по нивните стапки. Ќе се брани и бори против тоа се до оној момент кога Симка ќе му соопшти дека очекува дете. Тогаш станува свесен дека мора да замине на печалба поради опстанокот на детето и за да може да го врати долгот. Константин е прикажан како бунтовник што се противи на печалбарството и на традицијата жената да се купува и да биде роб. Тој ја сака својата сопруга, а ги мрази чорбаџиите, и лихварите и оние кои ја ползуваат немоќта на другите.
Селскиот чорбаџија и лихвар Јордан, смислата на животот ја гледаво парите и без родителски чувства, полакомен за пари буквално ја продава ќерка си.
Преку мајката на Константин можеме да ја видиме македонската жена од тоа време. Таа има мошне развиено родителско чувство и чувство за правичност и достоинство. Дадениот збор за неа е толку значаен колку и љубовта на синот. Упорно го поттикнува својот единец да замине на печалба, но нејзините побуди се сосема спротивни од тие на Јордан.
Оваа дрма многу придонела за афирмација на македонскиот јазик и претставува можност од театарска сцена да се слушне за маките и страдањата на македонскиот народ. нешто вакво ?
ChrisBrown

Фем почетничка
 
02
Мислења: 2
Зачленет: 17 Мај 2012, 13:40

Мислење 17 Мај 2012, 19:33

Здраво...треба да пишувам есеј од областа етика на било која тема ама ми треба на малку повисок стил, ми треба материјал не мора да е готов јас ќе си го напишам.

Исто ми треба состав на тема „моето живеење ми овозможува остварување на сите соништа“.
Ве молам за помош.
netclient

Фем почетничка
 
012
Мислења: 3
Зачленет: 15 Јул 2011, 08:39

Мислење 17 Мај 2012, 21:29

Здраво :D Ако може некој барем вовед да ми даде на тема Поезијата на Кочо Рацин :D
Аватар на корисникот
DulceChiquita

Сино цветче
 
11657
Мислења: 128
Зачленет: 14 Мај 2012, 22:08

Мислење 17 Мај 2012, 21:38

DulceChiquita напиша:Здраво :D Ако може некој барем вовед да ми даде на тема Поезијата на Кочо Рацин :D

Се надевам ќе ти помогне за воведот. ;)
Скриен текст: покажи
http://makedonija.rastko.net/delo/12472
Аватар на корисникот
Sweety-Tweety

Зелено цветче
 
478433
Мислења: 991
Зачленет: 17 Дек 2009, 13:57
“"Eventually all the pieces fall into place….until then, laugh at the confusion, live for the moment, and know that everything happens for a reason"- Carrie *Sex and the City*

Мислење 17 Мај 2012, 22:07

Sweety-Tweety напиша:
DulceChiquita напиша:Здраво :D Ако може некој барем вовед да ми даде на тема Поезијата на Кочо Рацин :D

Се надевам ќе ти помогне за воведот. ;)
Скриен текст: покажи
http://makedonija.rastko.net/delo/12472

Фала многу :D Ми помогна.. :D
Аватар на корисникот
DulceChiquita

Сино цветче
 
11657
Мислења: 128
Зачленет: 14 Мај 2012, 22:08

Мислење 19 Мај 2012, 16:16

Девојки итно ми треба било што за значењето на:
1.Кирил и Методиј
2. Црноризец Храбар
3. Климент Охридски
што и да најдете или ставете го тука или во ЛП
Благодарам однапред :)
Аватар на корисникот
tropix4e

Сино цветче
 
4394
Мислења: 149
Зачленет: 11 Ное 2011, 18:58
"What" and "If" are two words as non-threatening as words can be. But put them together side-by-side and they have the power to haunt you for the rest of your life: What if? What if? What if?

Мислење 19 Мај 2012, 16:43

^^
Ќе ги постирам овде, во случај и на некој друг да му се најдат. Пиши ми ако ти помогнат ;)

О писменех/ Црноризец Храбар

Скриен текст: покажи
Трошка амбиција и поддршка за целта, биле доволни за да се случи пресврт во повеќе полиња. Во областа на комуникацијата помеѓу луѓето, во литературата и образованието почнала драстично да се подобрува ситуацијата. Сето тоа благодарејќи на Св. Кирил и Методиј со нивната толерантност, издржливост и пред се‘ широкоградноста за да му помогнат на својот народ да не остане неписмен и да се покори на другите.
Реализацијата како што и знаеме била повеќе од успешна со тоа што почетокот бил тежок односно раѓањето на глаголицата. Од човек на човек, од генерација на генерација како пајакова мрежа се раширило нивното учење. Завршил периодот на неуките Словени и нивната преродба штотуку започнала. И покрај мачниот пат кој требало да го изодат творците на Словенската писменост, нивната упорност и силна желба ги водела кон успехот. Серија прогонства, протерувања, завршување за решетки не им претставувала никаква закана. Мудроста и интелегенцијата заземала голем удел во целата нивна работа согледувајќи го тоа во делото О писменех.
Богатиот речник, ораторска способност, одбраната на својот народ и вршење атак на противниците биле
главните искористени оржуја кој го занемеле грчкиот народ од страна на Црноризец Хранар, анонимен автор.
Без спознание за своето потекло си како турист без компас. Загубен луташ по тлото на земјата незнаејќи каде да се насочиш. Да, грчкиот народ немал мапа ниту изгравирано име и период на создавачот на нивната азбука и нелогичниот заклучок дека грчката азбука има помалку букви отколку што се. Краткотрајното време што му било потребно на Кирил за да ја создаде азбуката.. сето ова Црноризец Храбар, го интерпретира во делото ‘О писменех‘, најверојатно со тоа што сакал да го пренесе позитивниот углед кој го имале Светите Браќа и индиректно да ја пренесе нивната посветеност кон народот.


Еве уште еден текст за О писменех или Црноризец Храбар

Скриен текст: покажи
Како дете кое ги прави првите чекори, така примитивното писмо било основа на која понатаму се планирало да се гради Словенската литература. Неумеењето на да се искажат во целост со примитивното писмо, во едно и нивното славо познавање на грчкиот и латинскиот јазик довело до точка на колуминацијата. Жарчето надеж им го разгореле Солунските Браќа Кирил и Методиј создавајќи ја глаголицата како темел на Словенската литература. Додаток на целиот историски пресврт на Словенскиот народ и нивното прифаќање на христијанството и покрстувањето. Конечно сонцето ги просветли и нив, благодарејќи на Светите Браќа.
Тие го скршиле мразот односно почетокот бил тежок, и многу ретко кој ќе се нафател да почне да го крои.. понатаму коцките сами си се ределе. Кога веќе Светите Браќа во најкраток рок ја создале азбуката, започнале со ширење на Словенската литература и биле добро прифатени од народот, правдата била на нивна страна.
Одбарана од страна на Црноризец храбар била поткрепена со факти, а всушност фактите ги создадоа Светите Браќа. Образложувањето за потребата за постоењето на словенското писмо, се образложува во делото ‘О писмених‘. Ораторската вештина и снаодливоста даваат значаен резултат, а воедно и воошување во вистина за тоа дека грчото писмо има ист број на букви како и словенското, грчкиот народ не го знае своето потекло односно создавачите на нивното писмо и долгиот период кон им требал за да го создадат писмото. Додека Солунските просветители биле целосна спротивност од нив.


Похвала за Кирил Филозоф(ова е дело од Климент Охридски)

Скриен текст: покажи
Кирил - татко на нашата писменост, круна на Словенската литература. Неговата истрајност и трпеливост водат единствено кон успехот што го достигнал. Долгиот мрак што ги зафатил Словенскиот народ, конечно го огреално сонцето. Нашето потекло, традиција и култура не прави да бидеме горди на тоа што сме, без да поднаведнувам глава кога би се претставувале. Ние сме горди на тоа што сме, благодарение на нашиот татко Кирил.
Благодарноста му ја искажува и неговиот ученик Климент во делото Похвала за Кирил Филозоф каде што го компарира со невозможното, со недостижното. Односно навистина премалку се зборови за да се искаже неговото значење во однос на Словенското писмо на кое следствено се градела литература, а со тоа и лицето на еден народ кон не останал сиромашен во оваа област. Препреките низ кои минал биле ништожни наспрема неговата волја за да го доведе до целта.
Малку ќе бидат сите епитети да ги наредиме за да ја искажеме неговата значајност за нас, потомците на Словенскиот народ. Затоа и до ден денес се слави неговото име и дело, затоа денес нема учебник од каде не се учи нивната дејност, во ницна чест прославуваме празник, во негова чест подигаме споменици, а сепак е малку.. во однос на неговата широкоградност и творештво.


И девојки ако ви треба некој состав на некоја општа тема(не за лектири и дела), пишете ми во пораки затоа што темава не ја посетувам често плус вас ви треба ‘од денес за утре‘, пишете ќе се снајдеме, ќе напишеме нешто.
Аватар на корисникот
innablood

Зелено цветче
 
1303861
Мислења: 788
Зачленет: 23 Фев 2011, 13:01
Локација: фреквенција на љубовта.
“She was Lo, plain Lo, in the morning, standing four feet ten in one sock. She was Lola in slacks. She was Dolly at school. She was Dolores on the dotted line. But in my arms she was always Lolita.”
― Vladimir Nabokov, Lolita

Мислење 19 Мај 2012, 17:15

Еве еден мој состав за О Писменех

Скриен текст: покажи
Да се зборува за словенската средновековна литература значи да се зборува за Црноризец Храбар. Псевдонимот на овој анонимен писател- Црноризец Храбар значи калуѓер храбар. За него се знае дека е автор на делото О писменех- За буквите. За него нема многу податоци, освен што се претпоставува дека живеел во десетиот век и дека зад овој псевдоним се крие името на Наум Охридски.
О писменах е тракт со јасен и жив стил, со тема, појава и постоење на словенската писменост. Идејата му е одбраната на словенската писменост од нападите на тријазичниците кои ја негирале и сакале да ја уништат. Црноризец Храбар храбро ја докажува оправданоста на нејзината појава и постоење. О писменах е напишан во вид на теоретска статија. Композициски е составена од два дела: историски и полемички дел. Во првиот дел, со историско-јазичен карактер се проследени развојните фази на појавата на првата словенска азбука. Во првата фаза ни е претставен периодот кога Словените биле пагани, многубошци и се користеле со рецки и црти бидејки немале своја азбука. Втората фаза од развитокот на словенската писменост се совпаѓа со времето на нивното прекрстување и откажувањето од многубоштвото, односно нивното примање на христијанската вера. Третата фаза од писменоста се совпаѓа со мисионерската дејност на Кирил и Методиј кои за да можат да го шират христијанството во Моравија било неопходно да создадат оригинална словенска азбука. Црноризец Храбар тука го фали филозофот Константин- Кирил кој на Словените им приготвил азбука, глаголица со 38 букви од кои 24 биле по образец на грчката азбука, а 14 нови кои сам ги измислил според гласовниот систем на словенскиот јазик. Во вториот дел од О писменах, Црноризец Храбар полемизира со прашања и одговори, со тези и доминантни антитези со тријазичниците. На сите нивни аргументи им наоѓал против аргументи. Тој со своето знаење докажал дека е многу образован Словен со голема ораторска дарба.
Во завршниот дел на трактот истакната е големата љубов на словенските писатели кон творците на словенската писменост браќата Кирил и Методиј и општествено значење на нивното дело и нивната прогресивна идеја дека секој народ треба да има свое писмо и култура. Секој народ има право на своја самобитност.


И еве уште нешто за Похвалата
Скриен текст: покажи
Похвалата е најпоетичната творба во старословенската литература., а воедно и една од најважните творби на Св. Климент Охридски. Словото претставува химна во која се искажува топлата љубов и благодарност кон учителот. Идејата е пофалбата на Кирил и повикот да се слави неговото име и дело. Композициски текстот е составен од четири дела.
Во првиот дел Св. Климент Охридски го слави Св. Кирил како татко и учител на Словените и искажува голема благодарност за просветлувањето на словенскиот народ со тоа што им дава писмо и азбука која ги описменува. Во похвалата се прикажува како Кирил уште како млад човек не ужива во животот и го напушта целото свое семејство. Иако многупати бил прогонуван, тој сепак успеал да остане верен на Господ и Верата постојано го водела нанапред. Во натамошниот текст на Словото, со видлива возбуда на авторот, се набројуваат делата на Св. Кирил: борбаѕта со иконоборците, христијанските мисии меѓу Сарацените, Хазарите и Словените. Вториот дел на Похвалата е вид пофална песна – ода за Св. Кирил. Во словото Кирил е претставен како исклучително необична и силна личност, неговите способности и особини ги надминуваат можностите на обичниот човек. Похвалното слово е напишано со изразито возвишен и патетичен стил, но лесно разбирлив со сложени епитети и многу стилски фигури создавајќи така еден многу поетичен текст. Климент Охридски употребува лирско обраќање и лирско повторување , што е карактеристичен беелг на возвишениот патетичен стил, Климент на тој начин го изразува неговиот голем восхит. Честа е употребата на компарацијата при споредбите на Кирил со возвишените нешта - хиперболична компарација, а за засилување на Кириловите постигања употребува реторски прашања, контрасти, метафори, симболи и анафора.
Аватар на корисникот
Tenkai

Жолто цветче
 
1842385
Мислења: 2264
Зачленет: 09 Јул 2010, 11:24
Локација: Perth

Мислење 19 Мај 2012, 18:13

девојкии и мене ми требаше состав за климет кирил и методиј и о писменех.. па во благодарам многу за помошта :D
Аватар на корисникот
Lady-Love

Бело цветче
 
2096
Мислења: 71
Зачленет: 30 Јун 2011, 17:11
И тада у том тренутку схватиш да се све дешава само једном у животу://<333.

Мислење 19 Мај 2012, 19:52

Девојки, ви благодарам многу на текстовиве, зашто и онака сме од ист клас со tropix4e и во понеделник правиме писмена македонски, но сега неможам да ги најдам целосните теми зашто не беа вака.. Јас секако утре ќе се потрудам да најдам нешто, и ќе ги искористам и вашиве текстови да склопам нешто за четворче, по можност петка. :) Ма, ако добијам петка ве частам сите. :rofl:
Аватар на корисникот
blueeparadise

Жолто цветче
 
11962283
Мислења: 1830
Зачленет: 22 Окт 2010, 22:58
Локација: Detroit, Michigan.
Ja dobro znam sta radim
al' ne znam zbog cega
sve dobija drugu boju i miris
koliko sam puta krenula iz pocetka
i stigla do istog, prokletog mesta.

Moje vreme prolazi
nemam ga jos mnogo,
a nista nisam stigla da naplatim..

Radim protiv sebe..

Врати се на Образование

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: emerald.orchid, JKT, Piink, tropical и 19 гости