ТЕМА: Состави

Мислење 13 Ное 2012, 17:03

Девојки и на уште една слична ваква тема побарав помош ама не добив одговор.Па можеби овде нешто ке добијам..Сега значи вака утре прам писмена и наставничката ни кажа 3 теми од кои само 1 ке ни даде.И за 1та напишав се . И за другите знам ама незнам како да почнам.Иначе еве ги темите :
1. Љубомората и зависта го уништуваат срцето на човекот.
2. Убавината на моите години.

Фала однапред.
Аватар на корисникот
Rna

Сино цветче
 
5735
Мислења: 192
Зачленет: 15 Јун 2012, 22:17
Локација: во едно место. :D
Liam Payne.! <33
Богат си , кога знаеш дека поседуваш нешто што неможат да го купат парите..! ( :

Мислење 13 Ное 2012, 17:08

Значи,8-мо сум и за утре ми треба прераскажана песната тешкото за писмена вежба,ама не баш да биде прераскажана.Ако може некој да ми помогне бидејки стварно незнам. :?: :)
Аватар на корисникот
Snow.Queen

Фем почетничка
 
134
Мислења: 47
Зачленет: 10 Ное 2012, 16:41

Мислење 13 Ное 2012, 17:12

Ми треба состав за "Љубовта во срцето мое"(да искажеме љубов кон:татковината,брат,сестра,мајка или татко).Ако сака некој нема ми помогне,да не ми беше итно немаше да пишам за отценка ми е!
Аватар на корисникот
Mia-K

Сино цветче
 
9855
Мислења: 301
Зачленет: 29 Јул 2012, 21:07
Локација: I don't know.
Слика

Love is sweet!

Мислење 13 Ное 2012, 17:14

Mi treba sostav za ljubovta vo srceto moe i blaze koneski i osvrt na pesnickite teshkoto i vezilka
posvoena

Фем почетничка
 
00
Мислења: 12
Зачленет: 07 Мар 2012, 15:47
:P <3

Мислење 13 Ное 2012, 17:44

Za citanje mi e lektirata Bojan a jas pojma nemam od kade da ja zemam segde prebarav nikoj ja nema..Ve molam za cetvrtok mi e koj mozhe samo glavniot del da mi go raskazhi samo sodrzhinata.. :((( :O
Аватар на корисникот
Sara.Risteska

Фем почетничка
 
02
Мислења: 9
Зачленет: 14 Јун 2012, 13:50

Мислење 13 Ное 2012, 18:47

Sara.Risteska напиша:Za citanje mi e lektirata Bojan a jas pojma nemam od kade da ja zemam segde prebarav nikoj ja nema..Ve molam za cetvrtok mi e koj mozhe samo glavniot del da mi go raskazhi samo sodrzhinata.. :((( :O

е работи за младото момче Бојан, кој што еден зимски ден доаѓа да го посети својот дедо, чија колиба се наоѓа на највисоките падини на планината Грамадна. Но, дедо му неколку дена мора да замине долу во градот за да заврши неколку работи, па Бојан останува сам да се грижи за колибата и за стоката. Тоа одлично го знаеше, бидејќи уште од мал, додека сите одеа некаде на одмор, тој и летниот и зимскиот распуст ги поминуваше овде на планината.
Таа беше негов втор дом, а неколку метри погоре живееше и неговиот друг дедо, дедо Иван. Иако мислеше дека сè ќе помине во ред, сепак не беше така. Во неколку наврати стоката беше нападната од глутница волци и тој беше приморан цела ноќ да чува стража и да бдее над стоката, која преплашено завиваше. Иако друштво му правеа храбрите песови Караман и Стрела, сепак неколку овци станаа плен на волците. Тој мора да се бори и против снегот кој без престан паѓа и сè повеќе му пречи да ги извршува секојдневните обврски. Својата упорност ја „истура“ врз дебелиот трупец, со кој води секојдневна борба, во обид да го расцепи. Во меѓувреме го посетува и дедо Иван, кој што е многу среќен што сред оваа тешка зима неговиот храбар внук дошол да го посети. Бојан го поминува и најсилниот тест, копнежот кон својот дом и својата мајка. Неколку дена има и голема треска, но сепак не се откажува и како херој го дочекува дедо си, кој поради големите снежни наноси, подолго мораше да остане долу во селото.
Романот има и втор дел, кој се случува кога студената зима ќе помине и ќе дојде пролетта. Тогаш на планината доаѓаат и луѓе од градот, меѓу кои Денко, кој подоцна станува најдобар пријател на Бојан и Елена, мило девојче, кое буди симпатии кај Бојан уште на прв поглед. Тие тројца доживуваат многубројни згоди и незгоди, на кој единствен сведок е планината и врвот Орелска Чука, кој го освојуваат дури два пати.

Evee ;)
Аватар на корисникот
dealolipop

Фем почетничка
 
40
Мислења: 27
Зачленет: 18 Авг 2012, 09:09

Мислење 13 Ное 2012, 18:49

Mia-K напиша:Ми треба состав за "Љубовта во срцето мое"(да искажеме љубов кон:татковината,брат,сестра,мајка или татко).Ако сака некој нема ми помогне,да не ми беше итно немаше да пишам за отценка ми е!

Љубовта во срцето мое



Љубовта е една огромна величина, но сепак ја собира и во најмалото срце. Еден огромен свет, во кој ако знаеш да сакаш, ќе бидеш сакан. Љубовта е во сите нас, односно во нашите срца. Секој чуствува љубов, кон некого или нешто.

Било да е тоа родителска љубов, љубов кон децата, блиските, далечните, љубов кон природата, музиката, уметноста, љубов кон татковината, љубов кон пријателите и семејството, љубов кон животот воопшто! Како и сите љуѓе, така и јас чуствувам љубов кон сето тоа и кон уште други работи и личности! Секако најмногу за семејството, пријателите, училиштето, татковината..

Но посебно ќе ја издвојам љубовта кон мојата најдобра другарка!

Таа беше моето ѓаволче во моментите кога ми требаше храброст.. Моето ангелче во моментите кога ми требаше добрина..ми беше вечен придружник за да ги одмеруваме улиците и се тоа што се наоѓаше на нив..ме научи да не им верувам на сите добри зборови кои излегуваат од лоши усти.. Беше присутна во секоја моја испуштена воздишка која доаѓаше од дното на мојата душа.. ме научи како да бидам дарежлива и да ги споделам радоста и тагата, љубовта и омразата.. ми покажа какви лоши работи постојат во животот и кога ми беше најтешко и ми рече да се радувам затоа што моето “тешко” неможеше да се спореди ни половина од тоа што навистина се случуваше околу нас.. Ми даде верба дека животот е убав и вреди да се живее најдобро во секоја измината стотинка.Ми ја поткрена главата повисоко поради љубовта што мислев дека е вистинска.. Беше со мене секогаш кога ми беше потребна, ми ги покажуваше работите кои некогаш беа невидливи за мене, ме водеше по вистинскиот пат во моментите кога сама неможев да продолжам..

Токму поради сите овие работи таа заслужува едно посебно место во моето срце и сета љубов во него!

Еве :)
Аватар на корисникот
dealolipop

Фем почетничка
 
40
Мислења: 27
Зачленет: 18 Авг 2012, 09:09

Мислење 13 Ное 2012, 22:15

Ако може помош...Треба да напишам есеј за иновации и претприемништво околу 3-4 стр. да биде ,за претприемништво нешто најдов ама за иновации нема никаде :/ ај ве молам ако знае некој нешто или ако има напишано да ми прати ... :) фала однапред.
Аватар на корисникот
Martina156

Фем почетничка
 
00
Мислења: 23
Зачленет: 13 Ное 2012, 22:06

Мислење 14 Ное 2012, 14:30

Феминки, ми требаат итно состави на теми:
1.Впечатоци од новата учебна година.
2.Детството - најбезгрижен период од мојот живот.
3.Со конците на народниот јазик се исткајува вечниот глас во народните умотворби.
Ќе ве замолам да ми помогнете што побрзо, оти утре ја правам писмената. Ви благодарам однапред! :)
heyter

Фем почетничка
 
00
Мислења: 1
Зачленет: 14 Ное 2012, 13:44

Мислење 14 Ное 2012, 18:02

Може некој да ми напише состав за детските права но на повисок стил,ми треба за сестра ми :)
Ве молам,и фала однапред и во мое и во нејзино име.
Аватар на корисникот
rosebush

Сино цветче
 
885896
Мислења: 149
Зачленет: 12 Ное 2012, 19:47
Локација: Источно од рајот.
-A library is a hospital for the mind.
-Thank you for the tragedy. I need it for my art.

Врати се на Образование

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Google [Bot] и 32 гости