ТЕМА: Состави

Мислење 21 Дек 2012, 18:14

Ke ve zamolam mi treba pomosh . Pravam pismena vo ponedelnik za temi:
1. opis na likoovite sid i himena
2. opis na likot tartif
koj moze da napise nesto ke mu bidam mnogu blagodarna .......:D
Аватар на корисникот
diamond5

Фем почетничка
 
00
Мислења: 1
Зачленет: 21 Дек 2012, 18:08

Мислење 26 Дек 2012, 14:53

cool.girl напиша:девоки :sweat:, може некој да ми помогне за 2 состави на теми:
1. Зимски пејзаж
2. Магијата на новогодишната ноќ
текстовите треба да бидат лирски
:* :*

кога ќе дојде зимата, ех, тогаш, тогаш вреди да се живее и да се живее. Драги мои, за зимата ќе ви кажував. И пролетта овде е многу убава, уште во сеќавањата го слушам шумолењето на гората, но зимата... Ееееееее зимата е нешто посебно, ја обожувам!
Чувствуваш се шири мирис на затоплени домови, вдишуваш, а градите ти се полнат со ладен чист зимски воздух, ти поцрвенуваат образите како на Дедо Мраз, а насмевка ти ги краси усните, среќен си.
Почнуваш да се спушташ од ридот па надолу, до бескрај кај ќе стигнеш, замишуваш и се прпелкаш во снегот. Се санкаш сам, без ништо, без санка, без скии и уживаш. Кога ќе погледнеш во ридовите ,тие до вчера големи ридови, сега како да се смалиле, сите се исти како во униформи, бели, бели.
Се е бело околу тебе. Зимата е бела. Гранките како подадени дланки натежнале, се свиле од товарот, полни се, но не со плодови, со снег вчера паднат. Секоја куќа го зголемува своето семејство за по еден член. Снешко е дојден на гости во секој дом и ќе остане, ќе остане се до првиот јужен ветар, се до првите сончеви зраци кои ќе го најават неговото заминување. Еве, секаде снешковци. Снешковци секакви, со капи, со тенџериња, со морковчиња, со метлии, копчиња шарени. А, кога ноќта ќе се спушти тогаш глетката е сеуште бела, пак се е бело, белината на зимата го пробива мракот. Само по некој очекуван гостин скришум доаѓа до вратата и си заминува - соседот да остави новогодишна честитка со желба за радост и среќа.
Пак снегулки паѓаат. Кристално бели, танцуваат додека патуваат, се прегрнуваат една со друга плетат снежна покривка. Се е бело, зимата е бела во мојот роден крај.

се надевам дека ке ти користи :)
Аватар на корисникот
simpaticnaa

Жолто цветче
 
651634
Мислења: 1012
Зачленет: 29 Мај 2012, 14:30
Локација: Далеку од реалноста...
Животот нуди подеми и падови, среќа и несреќа, радост и тага...но најважно е што од него научив три зборови : ЈАС ОДАМ ПОНАТАМУ!:)

Мислење 27 Дек 2012, 14:25

Дали некој може да ми ја каже разликата помеѓу СИНТАКСИЧКА и МОРФОЛОШКА анализа??? ве молам ми треба за утре.. фала ви однапред :'(
Аватар на корисникот
VampireLover

Сино цветче
 
571
Мислења: 120
Зачленет: 09 Дек 2012, 00:37
Локација: Германија
“Don't cry because it's over, smile because it happened.”

― Dr. Seuss

Мислење 06 Јан 2013, 14:42

Дали некој може да ми ја каже разликата помеѓу СИНТАКСИЧКА и МОРФОЛОШКА анализа??? ми треба ве молам... ви благодарам однапред :(
Аватар на корисникот
VampireLover

Сино цветче
 
571
Мислења: 120
Зачленет: 09 Дек 2012, 00:37
Локација: Германија
“Don't cry because it's over, smile because it happened.”

― Dr. Seuss

Мислење 12 Јан 2013, 18:34

VampireLover напиша:Дали некој може да ми ја каже разликата помеѓу СИНТАКСИЧКА и МОРФОЛОШКА анализа??? ми треба ве молам... ви благодарам однапред :(

Pa primer treba da napravish morfoloshka analiza na nekoja rechenica znachi da gi otkriesh imenkite, pridavkite, glagoli, broevi... a ako treba da napravish sintaksichka analiza treba da gi otkriesh podmetot, prirokot, dodatoci na podmetot i prirokot dali e prosta ili slozena ako e slozena od kolku del rechenici e sostavena...

Inache nekoj kje moze li da mi napishe na angliski tekst za "Srekjen rodeneden" neshto kako "Pred xx godini se rodi edna posebna lichnost..." Ve molam
Аватар на корисникот
Directioner4ever

Фем почетничка
 
20
Мислења: 4
Зачленет: 12 Јан 2013, 14:10

Мислење 12 Јан 2013, 18:38

Directioner4ever ако ти врши работа јас ке ти го преведам на англиски,но не ми одат тоа составите и говорите :worried:
Те читам- цел ден бараш помош,но само волку можам да помогнам :(
Аватар на корисникот
feminium

Жолто цветче
 
14472983
Мислења: 1533
Зачленет: 25 Авг 2012, 10:15
Локација: the other side of my mirror

Мислење 13 Јан 2013, 11:54

Directioner4ever напиша:
VampireLover напиша:Дали некој може да ми ја каже разликата помеѓу СИНТАКСИЧКА и МОРФОЛОШКА анализа??? ми треба ве молам... ви благодарам однапред :(

Pa primer treba da napravish morfoloshka analiza na nekoja rechenica znachi da gi otkriesh imenkite, pridavkite, glagoli, broevi... a ako treba da napravish sintaksichka analiza treba da gi otkriesh podmetot, prirokot, dodatoci na podmetot i prirokot dali e prosta ili slozena ako e slozena od kolku del rechenici e sostavena...

Inache nekoj kje moze li da mi napishe na angliski tekst za "Srekjen rodeneden" neshto kako "Pred xx godini se rodi edna posebna lichnost..." Ve molam

Фала ти многу... навистина ми помогна. Инаку тоа треба да е како честитка наа англиски или состав??
Аватар на корисникот
VampireLover

Сино цветче
 
571
Мислења: 120
Зачленет: 09 Дек 2012, 00:37
Локација: Германија
“Don't cry because it's over, smile because it happened.”

― Dr. Seuss

Мислење 14 Јан 2013, 20:50

Девојки, ќе може ли да ми помогнете со дневникот по македонски за зимски распуст ?
Треба да пишуваме состави за поважните празници, јас имам напишано за Новогодишната ноќ, ми треба за Бадник и Божиќ..
Убаво пишувам, но моментално ништо не ми паѓа на памет :(
Ви благодарам однапред :*
Аватар на корисникот
sexylady2

Фем почетничка
 
00
Мислења: 1
Зачленет: 12 Окт 2012, 13:53

Мислење 18 Јан 2013, 16:30

KOj moze nakratko da mi ja raskazi lektirata Crni Ovci ( koj ja ima procitano) za ponedelnik mi e ne mozam da ja najdam da ja procitam :( Koj moze ve molam :*
Аватар на корисникот
Sara.Risteska

Фем почетничка
 
02
Мислења: 9
Зачленет: 14 Јун 2012, 13:50

Мислење 21 Јан 2013, 22:51

За зимскиов распуст немав што да правам и пишував состави , се надевам дека кје ви бидат од корист :) Симона

Светот-место на омраза,сила,грешки.. :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

Секој ден се обидувам да нацртам подобар цртеж , да искомбинирам поубави и подобри бои на мојата палета . Посакувам тоа да биде убав ден исполнет со смеа , радост .. Секогаш мора да постои некоја пречка која ќе ја уништи таа слика , цртеж кој сум се потрудила да го нацртам . Цртежот – тоа е реалната замисла на животот . Сите чувства ги искажувам преку тенката , дрвена четка оставена на дрвената полица . А замислените желби се боите кои се мешаат во мојата палета. Секогаш има некој , кој ќе ја сруши прекрасната замисла на животот . И само што ќе помислам дека ме обзема љубов , радост , среќа и сила – за да го нацртам цртежот, како да иде некој и ја крши сликата додава омраза и цртежот на кој сум изгубила труд и време пропаѓа , заминува едноставно се уништува . Секогаш мислам дека ја не припаѓам во овој свет , моето место не е тука , дали мојата професија е згрешена ? Чекорам по улиците сама , луѓето се презафатени , никој нема време за чај или кафе .. Дали светот се распаѓа ? Дали на луѓето им се толку важни парите . Работат нон-стоп за свои луксузи . Светот би бил поубаво место за живеење ако секој работи за да опстане а не за свои луксузи . Дали луѓето , се сеќаваат дека порано немаше интернет но имаше други игри – ластик , џамлии , жмурги , брканици .. Порано немаше лажни пријателства , лажна љубов , но денес тоа е 90 % застапено . Интернетот , компјутерот работи кои се штетни , како болест која навлегла во вас и не излага , како грип кој тешко се лечи . Луѓе излезете надвор , видете го сонцето , небото , птиците .. Ја се плашам од ова сега што го гледам . Оваа слика не е добра . Не е добра иднина , само лошо минато и сегашност што се живее . Не им овозможуваме иднина на нашите деца , децата треба да знаат што е кошарка , што е жмурка . Некој сигурно си вика оваа е ненормална , дали таа нас ќе ни соли памет ? Си го живееме животот онака како што сакаме , едноставно е . Но јас го мислам спротивното дали ќе оставиш твоите деца да живеат ваков пустошен , штетен живот . Овозможи им на децата иднина а не ја враќај сликата од минатото. Така светот ќе биде удобно и убаво место за живеење !
Аватар на корисникот
LmCd-love

Фем почетничка
 
01
Мислења: 4
Зачленет: 21 Јан 2013, 22:40
loveforallpeopleonthis[/size][/size]site<33

Врати се на Образование

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Anastasija4, WitchOfEastEnd и 27 гости