ТЕМА: Состави

Мислење 11 Мар 2013, 00:59

Фала премногу ^.^
Аватар на корисникот
FamousGirl

Фем почетничка
 
216
Мислења: 49
Зачленет: 10 Фев 2013, 12:12
The privilege of a lifetime is being who you are.
Joseph Campbell
If you can't handle me at my worst, then you sure as hell don't deserve me at my best.
I don't know who invented high heels, but all women owe him a lot.

Marilyn Monroe

Мислење 11 Мар 2013, 02:18

MissKlea напиша:Ми треба ваша помош...
Бидејки од домашни причини неможам да мислам за писмена и да пишувам доколку имате и знаете состав за една од овие две теми нека ми пише во пораки ви благодарам многу :)
Ми треба за утре...
1. Бесмртноста во епот Гилгамеш
2.Потрага по славата во епопеата Илијада

;(
Аватар на корисникот
MissKlea

Фем почетничка
 
31
Мислења: 41
Зачленет: 23 Ное 2011, 14:52

Мислење 11 Мар 2013, 10:45

Devojki imam pismena rabota na temi...
1.Срцето на татковината
2.Убавините на мојата татковина
pismenata mi e utre ako moze nekoj denes da mi prati ako ima itno e .....
Anabella1011

Фем почетничка
 
00
Мислења: 1
Зачленет: 11 Мар 2013, 10:35

Мислење 11 Мар 2013, 11:57

Некој состав за Гилгамеш,само немојте од нет линкој оти сите ги видов ?
Хитно ми е :)
Аватар на корисникот
ines.h

Зелено цветче
 
34471981
Мислења: 995
Зачленет: 23 Авг 2011, 22:57
Локација: МАЛЦЕ ТАМУ,МАЛЦЕ ВАМУ
Слика

Мислење 11 Мар 2013, 13:01

MissKlea напиша:
MissKlea напиша:Ми треба ваша помош...
Бидејки од домашни причини неможам да мислам за писмена и да пишувам доколку имате и знаете состав за една од овие две теми нека ми пише во пораки ви благодарам многу :)
Ми треба за утре...
1. Бесмртноста во епот Гилгамеш
2.Потрага по славата во епопеата Илијада

;(

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0% ... 5%D0%BF%29
http://mapyourinfo.com/wiki/mk.wikipedi ... %81%D1%82/
http://makedonskijazikiliteratura.blogs ... st_13.html
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0% ... 0%B4%D0%B0
Аватар на корисникот
Tina94

Фем почетничка
 
12
Мислења: 21
Зачленет: 29 Јан 2013, 12:25

Мислење 11 Мар 2013, 14:33

За Сид и Тартиф нешто? :)
Аватар на корисникот
Witchy-style

Сино цветче
 
594343
Мислења: 497
Зачленет: 30 Јун 2012, 17:25
Локација: Домче :D
Немојте никогаш да се расправате со идиот. Тој прво ќе ве спушти на негово ниво а потоа ќе ве победи на искуство.

Слика
I had a dream i was king, woke up still king! <33 love him <33

Мислење 11 Мар 2013, 18:29

Ми треба состав ЕДНА МОЈА АВАНТУРА ич не ме бива! :(
Аватар на корисникот
Mia-K

Сино цветче
 
9855
Мислења: 301
Зачленет: 29 Јул 2012, 21:07
Локација: I don't know.
Слика

Love is sweet!

Мислење 11 Мар 2013, 19:03

Mia-K напиша:Ми треба состав ЕДНА МОЈА АВАНТУРА ич не ме бива! :(

Еве најдов нешто на интернет се надевам дека ќе ти помогне.. :)

"Една моја авантура"
Да се биде авантурист значи многу повеќе од се останато, самото постоење како авантурит го прави човека да биде на чекор пред сите останати да се чувтвува слободен, исполнет, среќен, маѓепсан. Ретко кој не го искусил чувството да се биде дел од авантура.
Така и јас девојче со _ години од моето постоење имам многу авантури но сепак доволно за да можам за една исклучително посебна да ви раскажам.
Беше саботна вечер, моите родители заминаа некаде надвор на вечера. Откако останав сам погледнав еден инзвонреден авантуритички филм во кој се казжуваше за каубојскиот живот на дивиот запад. Така гледајки го филмот сум заспала. А пак утредента долгите зраци на силното сонце ме разбусдија, по навика излегов надвор да погледнам какво уртро започнало и штом ја отворив вратата се затрепастив, пред мојата куќа стоеше еден прекрасен жолт коњ, како мене да ме очекувал. Мојата љубопитност беше на највисоко ниво со веднаш се качив на него, како нешто од внатре да ме тераше да го направам тоа. Но за секунда како со брзина на светлината коњот јурна кон непонат правец. Одеднаш се најдов помеѓу пустински карпи како оние во филмот синоќа. Изненадена, вчудоневидена заедно со коњот кој се викаше Спирит –го пишуваше неговото име на ременчето прикачено на седлото, почнавме да шетаме низ пустината ико коњот мене ме носеше а јас само изненадена го наблудував секој детаљ, од исушената пустинска трева де секој мал и голем камен. Потоа се најдовме во едно мало градче, сред пустина каде што жители немаше многу но и тие што беа не можев да ги разберам на нивниот јазик, затоа жедна и гладна почнав со мимики да се разбира со една стара жена со цел да добијам храна и вода, за мене и за мојот кон Спирит. Откако успеав во тоа ни самата не знаев каде понатаму. Одеднаш од еден вид на бар се слушнаа истрели од пиштоли и излгоа двајва налутени каубојци со кафеави шешири на главите, обелени карирани кошули и сини широки фармерки, чудесно-исто како на филмот. Јас го јавнав мојот коњ и исплашени и двајцата јурнавме понатаму. За правец или наока не знаевме не сепак едно дезнавме–дека станавме добри пријатели. По патот каде што се движевме наидовме на доста опасности, изненадувања, дури и еден старец ми понуди да работам на фарма со змии, но сепак работата со змии беше премногу луда работа па затоа веднаш одбив. Талкајки така без цел во путината веќе помина една недела а јас веќе не знаев што да чувствувам и да што да размислувам но сепак поле сето тоа патување, на жешкото сонце, изгладнеа уморемна можеби посакував да се вратам дома. А ни ка коњот не му беше лесно.
Така едно неверојатно жешко попладне додека одморавме со Спирит покрај еден камен зад мене нешто зашуми. Исплашено се свртив а зад мене се наоѓаше една жолта змија со зиг-заг кафеави риги, а имав слушнато дека таквите змии биле најопасните во тој регион. Во тој момент не можев да реагирам, мозокот единствено што размислуваше беше за необјасливо големиот страв сто го чувствував . Во тој момент од мојата уста испуштив едно гласно –НЕЕЕ! Но тогаш изненадени моите родители ме погледнаа кои штотуку се вратиле од вечера а јас во тој момент сфатив, вау!!Сето тоа било сон. А кога станував од каучот под перницата се најде ременчето со името на мојот коњ-Спирит. Јас се насмеав и бев среќна што засекогаш ќе се сеќавам на едно такво доживување, на еден драг пријател, на една таква авантура која ќе биде достојна за неизбледлив спомен во моите спомени.
Аватар на корисникот
Butterfly14

Зелено цветче
 
416661
Мислења: 730
Зачленет: 20 Фев 2013, 20:17
And if I said I didn't plan for it to turn out this way I'd be lying... Because I was born to be the other woman.I belonged to no one, who belonged to everyone who had nothing, who wanted everything.

Мислење 11 Мар 2013, 20:48

здравоооо...потребен ми е состав на тема "Авантура" за мојата сестра...Дали имате ваков состав напишано или прочитано па во кратки црти да ме поттикнете да и напишам...Бидејќи во моментов немам инспирација |( ЌЕ ВИ БИДАМ МНОГУ БЛАГОДАРНА АКО МИ ПОМОГНЕТЕ ФЕМИНКИИ <3
Аватар на корисникот
mirindaa

Бело цветче
 
177
Мислења: 76
Зачленет: 29 Јун 2012, 13:07

Мислење 11 Мар 2013, 21:17

Witchy-style напиша:За Сид и Тартиф нешто? :)

Ликови во Тартиф


Во ликот на Тартиф Молиер создал типичен лик на лицемер. Тој е измамник скриен зад свештеничката наметка, кој на многу перфиден начин ги искористува слабостите на другите луѓе. Својата подлост многу добро ја маскира. Тој секоја лага и злодело ги прикрива со вишите цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело го смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот - го прифаќа од страв да не падне во лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни документи. Од богомолец тој лесно се престорува во шпион. Сепак, најнегативните особини на Тартиф се гледаат при заведувањето на Елмира - развратен, сладострастен, ненаситен, дволичен, алчен, неверник, омаловажувач на вербата во Бога, па и на самиот Бог. Неговите страсти ги става пред се.
Преку ликот на Тартиф, Молиер насликал типичен лик на неговата епоха, кој подоцна станува синоним на лицемерство и лажна набожност.

Оргон е богат, лековерен набожник. Неговата заслепеност се граничи со глупост. Тој не е во состојба да го препознае лицемерното пријателство и потпаѓа под влијанието на Тартиф. Тој оди до таму во својата наивност што е подготвен за некој новодојденец да се откаже од сопственото семејство. Го дава имотот, го брка синот, ја дава ќерка си на Тартиф - до каде ли треба да оди неговата глупавост и наивност? Тој мора да слушне со свои уши и да види со свои очи дека е измамен, бидејќи не им верува на своите блиски, туку му верува на лажливиот туѓинец.

Госпоѓата Пернел е слична на својот син. Тие двајцата се на истата страна - го заштитуваат лицемерот толку слепо и фанатички и затоа се носители на смешното во драмата. Таа е религиозно заслепена, против земните уживања и смета дека сите што не мислат како неа - грешат. Па, дури е навредена од туѓото поинакво мислење и затоа демонстративно ја напушта куќата.

Останатите ликови се спротивни на Оргон и мајка му. Тие се позитивни ликови, кои со здрав разум успеале да се ослободат од религиозното чувство и да ги согледаат вистинските намери на Тартиф.
Елмира е добра сопруга, мајка и снаа, која сака да помогне во разобличувањето на Тартиф. Таа сака да ја одбрани својата чест и да го разубеди заслепениот сопруг, па затоа божем го заведува Тартиф.
Дамис е чесен и искрен и се обидува отворено да му каже на татка си дека е заведен.
Дорина е посебно изграден лик преку кој се претставени широките народни маси и нивните позитивни особини: доброта, умност, трезвеност, здрав разум и критички став. Таа е многу интелигентна и веднаш ги сфаќа намерите на Тартиф. Иако е слугинка, таа јасно, преку лесен хумор ги изнесува своите ставови. Целосно му е предадена на семејството и секогаш е тука за да помогне да се разрешат конфликтите. Особено ја поддржува Маријана, којa е премногу мирна и покорна, и и помага да му се спротистави на татко и и да се избори за својата љубов.
Аватар на корисникот
Tina94

Фем почетничка
 
12
Мислења: 21
Зачленет: 29 Јан 2013, 12:25

Врати се на Образование

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Ejndzell, maaaa, MagsDestiny, specificone, ss123 и 31 гости