1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Состави

Дискусија во 'Образование' започната од Blabla16, 7 септември 2011.

  1. mnikolovska

    mnikolovska Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Не реков дека темата е тешка и дека ќе го пишувам истото што ќе го напишат , но сепак побарав помош, кој сака да помогне арно кој не ќе критикува , чао |-)
     
  2. frose19992

    frose19992 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Ми треба состав за Една радосна вест.
    Ве молам ако може да ми кажете. ]:)
     
  3. Loshata

    Loshata Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Веднаш ми е потребен состав на тема Пејзаж.За утре ми е!
     
  4. Loshata

    Loshata Активен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Ами додека си се изнамачила да се пријавиш на форумот, таман ќе си си го напишела составот :lol:
     
  6. Twity123

    Twity123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Mi trebaat sostavi na tema Zamislenoto patuvanje do vselenata i Go iscistivme ucilisniot dvor. ve molam nekoj ako ima neka mi prati vo LP. Fala odnapred :)
     
  7. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Да не има некој за Робинзон Крусо некаков состав..Многу ми треба..
     
  8. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    ВЕ МОЛААААМ ПОМОГНЕТЕ.. ЗА УТРЕ МИ Е ;( :worried: напишете што било на тема:
    -Знаењето е сила знаешето е моќ
    -Човекот наоружан со знаење е непобедлив
    -(воведниот дел само) Мојата иднина ја гледам во образованието што треба да го одберам

    помош ;(
     
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    За првата тема ти е многу лесно. Измислувај. Си била во вселената, си видела некои марсовци, нешто. Си се запознала со нив. Сте патувале низ времето. Си го видела своето минато, иднината. Ти откриле некои важни работи. :talk:

    Има на Википедија...

    Безгрижно детство е сон на секое дете.Уште во раното детство,како и сите деца така и јас имав свои желби,сонови,фантазии..копнежи по она најубавото.Моето детство беше исполнето со љубов и среќа,негувана од моите родители..Секако,и јас како и drugite околу мене размислувавшто би можело да bidam кога ќе пораснaм. Сега изборот е наш, што сакаме да бидеме во нашиот `возрасен` живот, дали нешто што ќе ни носи поголема финансиска добивка или нешто што ќе го работиме со љубов и задоволство. Тоа е индивидуално, кој сака повеќе да си ја задоволи материјалната страна или духовното чуство. Вистина е дека без пари тешко се живее, но да се работи многу години без некое духовно задовлство и тоа не иде. Јас сум голем љубител на животните. Многу ги сакам, мислам дека со малку грижа кон нив они ти враќаат дупло повеќе љубов и приврзаност. Од секогаш сум сакала да се грижам за нив, за нивното здравје, затоа одлучив да завршам соодветно школо (ветерина) и да си го исполнам мојот сон. Во мојата професија што јас ја избрав мислам дека финансиската страна не игра голема улога, дека тоа што работам треба да биде со љубов и грижа. Сепак иако се животни тие имаат некои свои чуства и интелигенција и со нив треба да се однесувам со љубов кои они ќе ја почуствуваат. Секаков нивни гест и нивната искажана љубов кон мене ќе ми биде најголемо задоволство во мојата идна професија.
    Не знам дали некој може со сигурност на наша возраст да ја одбере вистинската професија, но за среќен живот мислам дека треба да го слушаш срцето и желбата за она што ќе го работиш да те задоволува тебе без разлика колку е тешко и носи финансиска корист. Јас го избрав тоа и од се срце со големо задоволство би сакала да биде мојата идна професија.
    „Сердарот“ е историско-јуначка поема; историска балада.
    Темата е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода.
    Идејата - да го прикаже макотрпното минато на својот народ и стремежот за слобода.
    Поемата е напишана на грчки јазик (бидејќи се пријавил на конкурсот за поема во Атина).
    Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на Македонија кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи, за да може после да им земе даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на една таква единица.
    Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци. Во неа мотивот и версификацијата (градбата на стиховите) се под влијание на народната македонска поезија, додека стилските особености - сложените епитети, мотивите и ликовите од грчката митологија, опширната епска нарација, описот на оружјето, на двобоите и градењето на ликовите се под влијание на Хомер.

    Или:

    Базирана врз мотивот на народната песна за Кузман Капидан, темата на поемата се развива во девет делови. Првиот дел, од девет четиристишија, со рима по двоики (по два стиха) е веста. Известува за смрта на херојот и битката. Во вториот дел се јавува мјката на Кузман Капидан и таа очекува да се врати нејзиниот син. Таа е вознемирена, зашто сонувала како и се руши куќата. Во третиот дел, непријателите ги носат посмртните на херојот и започнува плачот и се слушаат пискотници од Галичник во Река (алузија на жалоста на народот):

    Пискотници се слушаат од Галичник во Река.
    Што тешка несреќа ги збра,
    и мажите и жените та гласи тажна ека
    и навева сал коб и зла?

    а тоа ги потресува и непријателите. Во четвртиот дел е прикажана борбата на Кузман кој ги растераал напаѓачите и неговата смрт. Во петиот дел напаѓачите му одаваат почит на Кузман со тоа што се заколнале дека нема да го напаѓаат неговиот дом. Мајката на Кузман ја отфрла заклетвата и бара од напаѓачите да не го напаѓаат повеќе народот на Река. Непријателите се согласиле на барањето. Во шестиот дел е оплкувањето на мајката на Кузман и преку неа се дознава родословното дрво на херојот. Во овој дел се забележуве лицето на калуѓерката Цвета, која без солзи го мие и кити херојот, како спротивен елемент на ликот на мајката.

    Годините не ја намалиле онаа убост;
    на лице свежест се гледа,
    младешката сочност
    не ја беше сменила грубост.
    Таа е кутрата Неда,

    Во седмиот дел е мајката на Кузман нредува да се донесат и другарите на херојот и тие да се закопаат со сите почести. Во осмиот дел сцената се одвива во домот на свршеницата на Кузман. Обичаите и налагале да се воздржи од лелеци поради загинувањето на херојот пред нејзиниот татко. Но штом таа останала сама и плачот одекнува горчлив и девојката се откажува од се овоземно за да стане калуѓерка. Деветиот дел е крајот на делото, во која се истакнува овековенчената слава на Кузман во иднината, преку посетите на неговиот гроб од страна на неговата свршеница и преку пеењето на слепиот пеач.

    На гусла двоструна свирејќи, покрај патот седнал,
    го пее ова просјак сед;
    а јас, пак, прост запишувач, минејќи тука еднаш
    го запишав од ред до ред.

    Или:

    Димитар Миладинов (Струга, 1810 - Цариград, денешен Истанбул, 1862) бил македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист, собирач на народни умотворби, основач на македонската етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат Константин водел организирана борба против денационализаторството, пенхелизмот и политиката на грчката влада на македонските подрачја.
    Роден е во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција.
    Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност-собирање и запишување на македонски народни песни и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во еден голем Зборник (наречен "„Бугарски народни песни“" зошто имало песни и од Бугарија). Во таа дејност се вклучил и средниот брат Наум Миладинов. Тој ја завршил Духовната академија на патријаршискиот универзитет "Халки" во Цариград и дипломирал на отсекот музика и граматика. Во 1843 година напишал учебник по музика, прв од таков вид во Македонија, додека при собирањето на народните песни истите ги запишувал со нотни записи, ги мелографирал, па така тој е нашиот прв музичар и мелограф.
    Димитар Миладинов, кој бил целосно прословенски ориентиран, често доаѓал во судир со гркоманите во Битола, а по еден таков судир со битолскиот митрополит Венедикт, тој ја напуштил Битола и Македонија. Во Сремски Карловци и Нови Сад имал прилика да се запознае со животот на Србите под австро-унгарска власт, каде уживале потполна културна автономија. Подоцна заминал во Белград. При престојот во овие краишта, тој се запознал со идеите на панславизмот и Илирското движење, кои во потполност ги прифатил како свои.
    При крајот на 1856 година, Димитар Миладинов се вратил во Струга и го испратил братот Константин во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва.
    На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци, насловен како "Бѫлгарски народни песни", дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Д. Чолаков).
    Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под досега неразјаснети околности.

    Или:
    Константин Миладинов (Струга, 1830 – Цариград, денешен Истанбул, 18 јануари 1862) бил македонски собирач на народни умотворби и поет. Со неговата песна „Т'га за југ“, која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на поезијата. Роден е во Струга, во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција. На 14 октомври 1849 година се запишал на Филозофскиот факултет во Атина, дипломирал 1852 година, отсек грчка филологија. Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места.
    По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година станал учител во селото Трново, битолско.
    По завршувањето на студиите престојувал во манастирот „Зограф“ на Света Гора. По враќањето во Струга, станал учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857 година се запишал и студирал словенска филологија во Москва, каде што членувал во Словенскиот кружок и соработувала во неговиот весник „Братски труд“, како и во весникот „Дунавски лебед“.
    Константин заминал во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва. Во време на неговиот престој во Русија го обзема длабока осаменост и жал по родниот крај.
    Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија.
    Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба.
    Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.
    На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - „Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци“, дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Чолаков).
    Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград каде дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Надевајќи се дека ќе успее да го ослободи својот брат, наместо за Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани. Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под досега неразјаснети околности.
    На 24 јуни 1861 година во Загреб излегол Зборникот на народни песни и умотворби на браќата Димитрија и Константин Миладинови.

    Измисли нешто. Ќе сте оделе со твоите на некое патување. Не знам. Има премногу теми. Што тебе би те израдувало? Тоа напиши.
     
  10. dancheto9

    dancheto9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво! Може некој да ми напише состав на тема:

    Опис на моето другарче
    Моите скриени желби.

    Ви благодарам однапред. :)
     
  11. flegma

    flegma Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Итно ми треба состав за „Мојата татковина“
     
  12. angela35

    angela35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Девојки ве молам очајно ми треба ваша помош. Имам писмена утре на тема ,,една радосна вест,, и сега незнам како да почнам некој ако има готов ваков состав може да ми го прати воведниот дел. Ве молам........ :$
     
  13. J.K

    J.K Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Sostav!!

    Ke moze linekoj da mi napise sostav na teme "Moite Zelbi" i "Opis na moeto drugarka"
    ako moze na napsete do ute
    Blagodaram od napred.
     
  14. lidija2

    lidija2 Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Зраво,дали можи некој да ми напише состав за екологија за утре ми е 1 час прам ?? :D
     
  15. Katerina997

    Katerina997 Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ve molam sostav za droga ili ljubov itno mi e :)
     
  16. zaj4ee

    zaj4ee Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Ќе може ли некој да ми напише состав за „Мојата идна професија?“...???
    Значи планирам да се запишам средно економско па ако може некој нешто околу тоа да ми непише состав...??!! :) :*
     
  17. dancheto9

    dancheto9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ако може некој да ми напише состав на теми:

    Моите скриени желби
    Опис на мојата другарка

    Напишете ми во ЛП. Благодарам однапред :(
     
  18. martinna24

    martinna24 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    помош

    Ве молам ако можете да ми напишете или да ми дадете идеја за состави на тема "Моето осмгодишно школување" и "патопис". Фала од напред <3
     
  19. J.K

    J.K Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
  20. J.K

    J.K Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Итно ке ми треба состав на тема:
    „Моите скриени желби’’
    Испратете ми во ЛП.
    Ве молам побрзајте
    Благодарам однапред.
    ;(