Вака сега јас имам состав за тоа што беше за приказна од школската клупа,но мојот е училишен живот.тука и има опишано и една случка се надевам дека ќе ти помогне.
-Училишен живот
Иднината е светлината кон која одиме низ животот,а факелот со кој ја осветлуваме е во нас,во нашето знаење,образование.За да може секое дете да се изгради во успешен човек потребно му е учењето од родителите,постарите,но пред се од наставниците во улилиштето.Учењето не е мачење-ако си го олесниш.Одењето на училиште не е само добивање на нови знаења,туку стекнување и на нови пријателства.Најдобрите другари остануваат за цел живот а потекнуваат од училишните клупи.Знаењето ја пали искрата на образованието,а таа искра треба да ти служи за целиот живот.
Во забавиште започува и мојот училишен живот.Тогаш запознав многу другарчиња и сѐто тоа беше голем чекор напред во моето детство. Кога за прв пат стапнав во просториите на моето училиште бев многу среќен,а вооедно и многу возбуден за сѐ она што ме очекува.Додека седев во училишните клупи,постојано се восхитував на убавите зборови,на советите,на утехите што ми ги даваше мојата наставничка.Наставичката во моите очи изгледаше како сезнајка,беше мој идол.
На моменти се чувстував и како исплашено глувче кое незнае што треба да прави.Не бев од оние палави деца кои секогаш беа прекокувани од наставничката.Во прво одделение јас повторно се запознав со нови другарчиња и започнав да ги изучувам и првите букви и бројки.Секоја година се искачував скала погоре и го проширував своето знаење.Кога стигнав до четврто одделение се чувстував како веќе да сум пораснал,бидејќи тогаш бевме најголеми на долниот кат.На крајот на учебната година се чувствував многу тажно поради разделбата со мојата наставничка,но вооедно бев и среќен што се качувам скала погоре во моето образование.Во петто одделение се запознав и со моите нови наставници.Бегањето од часови или добивањето на слаба оцекна го сметав како најголемата глупост што можи да ја направи еден ученик.Во шесто одделение бевме „прогласени“ и за најнедисциплинираниот клас.Постојано добивавме укори од наставниците.Во седмо одделение започнав да ги правам и нештата што порано ги сметав за најголемите глупости.Многу бегав од часови,добивав слави оценки,укори од сите,неоправдани...По некое време дојдов до заклучок дека ова што го правам не е во ред,па решив да се смирам малку.Сватив дека сите овие глупости воопшто нема да ми помогнат,туку напротив тие само ќе ми го отежнат учењето.Сите настаавници добија лоша слика за мене.Многу се мачев за да избришам таа лоша слика и на крај успеав.Се уверив во тоа дека секој труд вреди.Седмо оддление ќе го запаметам и поради непријатната случка,која ме засрами пред целиот клас.Правевме тест по македонски јазик.Цел ден ден дома играв,бидејќи играњето беше позабавно од учењето речиси и заборавив дека правиме тест.Вечерта набрзина,иако времето можев да го искористам за учење,јас набрзина приготвив ливчиња за препишување.Се беше добро,но јас заборавив дека наставничката има будни очи кои гледаат и од тилот,иако се свртени кон таблата.Не знам како,но таа дојде до мене и ми ги побара лифчињата.Моето лице се врцвени како булка.Многу се застрамив,но наставничката ми прости и ми рече дека идниот час ќе ме испрашува скоро цел час.Непријатната случка остана и ден денес врежана во календарот на мојот живот.Непријатната случка ме обележа со погрдно име.Иако наставничката ми прости одделението не ми прости и ме нарекоа Ladylove - препишувачот.Кога следниот час ги одговорив сите прашања,прекарот веќе немаше смисла.
До година ќе бидам осмо одделение.Ќе бидам полуматурант.Ќе се наоѓам на една голема раскрсница,за тоа каде да го продолжам моето образование.Верувам во себе и искрено се надевам дека искрата на моето знаење ќе ми помогне да го изберам вистинскиот пат.Еден од најголемите генијалци во светот Алберт Ајнштајн рекол....
„Образованието е она што ќе остане кога ќе заборавиме се што сме научиле во училиште“.
Имам и состав за Зошто да не помогнам утешам израдувам можеби е касно но јас сега ја гледам темава

се надевам ќе му помогнам на следните генерации.
- Зошто да не помогнам,утешам,израдувам
Добрината е особина што ја облагодарува душата го разгалува срцето.Да замислиме дека добрината е бисерно зрно и дека секое човечко срце е закитено со такво зрно,тогаш,целиот свет би личел на бисерен ѓердан.Сите скапоцености можат да се измерат со физичка величина,но вредноста на добрината,убавиот збор,радоста,можат да ја мерат само душата и срцето.
Ако сакам да дарувам утеха на нечија душа,ќе го сторам тоа со збор.Тој со својата уметност ќе се претвори во чудотворен лек за болниот,ќе ја стопи тагата не несреќниот ќе го истера стравот од плашливиот.Ќе облагодарам нечија душа така што со уметноста за зборовите ќе ја насликам сликата на животот во очите обвиткани со превезот на темнината.
Зошто да не утешам,помогнам,израдувам!
Нема причина да не го сторам ова,зашто јас сум човек,а од сите живи суштества,само човекот ги има овие особини.Хуманоста носи и друг збор„човечност“.Помошта личи на бумеранг зашто еден ден ќе ти се врати.Радоста се меша со среќа и насмевака.
Да пиеме во животот од чашата наполнета со овој коктел и да го градиме животот на темелите од овие вредности.
Вчера дарував крв,а со тоа можеби спасив нечиј живот.Дарувањето крв е како црвена врвца за која ќе се заврзе животот што е во опасност.Само хуманите луѓе можат да ја почувствуваат среќата зашто се трудат во реката на животот да ги капат луѓето само со среќа.
Денес и помогнав на една старица безбедно да ја помина улицата,а радоста сама си бликна и на моето и на нејзиното лице.Му помогнав на брат ми околу домашната задача,на мајка ми околу средувањето во домот.Нахранив едно гладно врапче,го стоплив и згрижив малото кученце оставено беспомошно во џунглата на асфалтот.
Подарив само еден цвет на баба ми,едно шарено луле на дедо ми,но ја измамив радоста за себе и за другите.
Ова што го направив вчера и денес е патоказ моето утре,а таму ќе се трудам уште повеќе со зборови и дела да утешам,помогнам,израдувам.....Моето срце ќе биде широко колку небото,топло колку Сонцето,мило колку детското раче.И тоа секогаш ќе дарува добрина и убав збор и ќе се радува на животот како пчелка на шарен цвет.
а мене ми требаат состави за хектор и за гилгамеш позззззз