ТЕМА: Состави

Мислење 19 Мај 2013, 15:11

L-a-r-a22 напиша:
N-ate напиша:Девојки во вторник правам писмена по македонски па ќе ве замолам некој кој знае да пишува состави ако сака да ми напише зашто не ме бива по пишување :(
Темите се овие:
Прва тема: Извадок од нашиот дневник/Една страница од мојот дневник –наслов
Да се опфате:
• ден,месец и година
• најважните настани по хронолошки ред
• настан во кои сме почуствувале огромна возбуда,среќа/радост,
која била исполнета со неизвесност
• можни теми:другарство,симпатија,успех,запознавање со некој ...

Втора тема: Современата настава ја замислувам со ...
• Вовед: општо за образованието и настава
• Главен дел: организацијс нс настава,нагледни материјали,техники,практична настава, како да се поттикнеме ние учениците
• Завршен дел: што ќе сменеме во нашето образование .
Ви благодарам однапред :)

Една страица од мојот дневник

18 мај 2013 год.
Се чувствувам тажно... Да навистина тажно како да не знам по кој пат да тргнам. Се наоѓам на една раскрсинца и незнам кој пат да го изберам. Тапкам во место, чудни мисли ми го поматуваат разумот... Па се запрашувам кого да послушам, дали срцето или разумот? Одговор не добивам... Знам единственото решение е да заборавам на минатите дни и да продолжам понатаму, кон нови светови, светови полни со нови предизвици. И кој знае можеби крилјата на судбината ќе ме однесат толку онаму каде што се наоѓа клучот за вратата зад која се крие вечната среќа.
Но ти сеуште си во секоја моја мисла, иако знам дека морам да те заборавам. И колку повеќе се трудам, толку ми е потешко. Останав сама, без тебе... А верував дека ќе бидеш до мене засекогаш.
И денес кога повторно ни се споија погледите, моето срце затрепери како и тогаш кога беше до мене, кога тивко ми зборуваше, кога твоите очи нежно ме гледаа... Но зошто набргу го тргна погледот од мене, се сврте и замина? Зошто? Зарем толку бргу ме заборави? Зарем јас не ти значев ништо?
Се тркалаат солзи по моите образи, горчливи солзи кои ми ја горат душата...
Зошто животот е ваков, зошто љубовта е толку болна? Останав да пловам на кајчето на осаменоста и да се сеќавам на секој миг поминат со тебе, во твојата прегратна.
Зарем ќе продолжам да чекорам по долината на љубовта без тебе?
Ах, колку сакам да си сега до мене и да можеш да го прочиташ ова што низ солзи го пишувам за тебе.
Жал ми е што не си до мене, но јас ќе чекам, ќе чекам, ќе чекам... И знам, еден ден нашите погледи повторно ќе се сретнат...

- ова е убаво но е тажно а на нас ни бараат нешто среќно,возбудливо како што напишав таму :)
ве молам кој знае да пишува убаво да ми напише зашто хитно ми е....:(
N-ate

Фем почетничка
 
04
Мислења: 22
Зачленет: 01 Авг 2011, 20:30

Мислење 19 Мај 2013, 16:27

луѓе ми треба нешто за професија банкарство кажете нешто добри и лоши страни на професијата,па корисноста на општеството од оваа професија,ниво на стрес,колку е кративна професијата,колкава е заработката, начин на облекување и изглед,колку е безбедна оваа работа е вакво нешто ми треба за во писмената утре ја правам ..ве молам помош стварно незнам шо да напишам :/
Аватар на корисникот
Pixyy

Бело цветче
 
2619
Мислења: 59
Зачленет: 27 Јан 2012, 21:40

Мислење 19 Мај 2013, 16:39

Ве молам ке може ли некој да ми напише состав на тема ''мојата идна професија,,
Планирам да се запишам средно медицинска сестра , а потоа на факултет за докрор........Ве молам помогнете ми.... Ви благодарам однапред :sweat: :( :| Ве молам итно ми е.....
Аватар на корисникот
mwah4e

Фем почетничка
 
04
Мислења: 5
Зачленет: 12 Апр 2013, 21:45

Мислење 19 Мај 2013, 16:47

itno mi treba esej za marta od g.petrevski
1sporedba na likot na marta od pocetok do kraj
2dokaz nadezda manipulaciite i vnimanieto koe treba da im se obrne na tie sto ne sakaat
3treba da se preraboti vovedniot
ako mozete da mi dadete nokoja ideja ili neshto sl :worried: :|

Потсетување од модератор

Ве молиме пишувајте на кирилица. Ако не знаете како, прочитајте овде.
anonimnaa1

Фем почетничка
 
00
Мислења: 1
Зачленет: 19 Мај 2013, 16:35

Мислење 19 Мај 2013, 19:37

ke mozete li da mi napisete analiza na Glas od Makednoja- Kole Nedelkovski? pls

О, трајте, трајте, тирани недни!
Доста се тија лаги и злоба -
пакосен глас од устите гадни
над мојот народ у секоја доба.

Та ете веќ векови цели
писка и стенка од волци гости -
за брата вијат кој да го дели
за да му глода сувите коски.

Па нека сега сам да си реши
со своја волја судба и сева,
в животот еднаш сам да се теши,
д'издигне славно свој род без врева.

Та Шар и Пирин дружно да викнат
родната песна в небеса темни
и бурниот Егеј - на век да плиска
тешкиот глас на новите химни.

Напишано од Билјана Богданоска

Користена литература:
„Избор песни“ од Коле Неделковски
Литература за втора година - Георги Сталев
„Коле Неделковски“ -
saveska

Фем почетничка
 
00
Мислења: 4
Зачленет: 19 Мај 2013, 19:21

Мислење 19 Мај 2013, 21:21

Здраво феминки ! Ми треба некој состав за мојата идна професија :?:
Фала однапред :)
Аватар на корисникот
mnikolovska

Фем почетничка
 
24
Мислења: 23
Зачленет: 11 Мај 2013, 11:20

Мислење 20 Мај 2013, 12:37

N-ate напиша:
L-a-r-a22 напиша:
N-ate напиша:Девојки во вторник правам писмена по македонски па ќе ве замолам некој кој знае да пишува состави ако сака да ми напише зашто не ме бива по пишување :(
Темите се овие:
Прва тема: Извадок од нашиот дневник/Една страница од мојот дневник –наслов
Да се опфате:
• ден,месец и година
• најважните настани по хронолошки ред
• настан во кои сме почуствувале огромна возбуда,среќа/радост,
која била исполнета со неизвесност
• можни теми:другарство,симпатија,успех,запознавање со некој ...

Втора тема: Современата настава ја замислувам со ...
• Вовед: општо за образованието и настава
• Главен дел: организацијс нс настава,нагледни материјали,техники,практична настава, како да се поттикнеме ние учениците
• Завршен дел: што ќе сменеме во нашето образование .
Ви благодарам однапред :)

ВЕ МОЛАМ БАРЕМ ИДЕЈА ДАДЕТЕ МИ ЗА ОВАА ПРВАТА ТЕМА! ИТНО МИ ЕЕЕЕЕ
N-ate

Фем почетничка
 
04
Мислења: 22
Зачленет: 01 Авг 2011, 20:30

Мислење 20 Мај 2013, 12:53

^^ Па пример имаш ... преврти ги реченицте, тагата во среќа ... и така :)

едит - прочешлај ја темата СДК, сигурно ќе најдеш некое добро мислење, кое е како извадок од дневник
Аватар на корисникот
sanjaeva

Жолто цветче
 
1577851
Мислења: 1184
Зачленет: 03 Фев 2011, 00:37

Мислење 20 Мај 2013, 17:32

Девојки ве молам за помош!!! За утре ми е..
1.Кога срцето е полно со надеж.
или
2.Младите не читаат книги ни кога мораат.
Било која од овие,мене не ми иде баш пишувањево состави...
Аватар на корисникот
Matee

Бело цветче
 
34
Мислења: 66
Зачленет: 28 Апр 2013, 20:36

Мислење 21 Мај 2013, 13:52

Ми треба за утре состав за "Убиственоста на парите во драмата "парите се отепувачка" ве молам ако има некој нешто да ми помогне :)
Аватар на корисникот
frose19992

Фем почетничка
 
02
Мислења: 19
Зачленет: 09 Мај 2013, 15:35

Врати се на Образование

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: DimaAmid, dust.in.the.wind, Little-one, mode-kristina, potato, Srcushkaa23 и 15 гости