1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Студентски домови

Дискусија во 'Образование' започната од Unfaithful18, 28 јуни 2010.

  1. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.517
    За секаде ти се потребни врски :D :D. Оваа година и во Медицинар не примаа без врски, а замисли на другите места
     
  2. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    И брат ми заврши основно, но се запиша и го примија во средно, па јас од таму планирам да извадам деновиве потврда. Бидејќи тој заврши со основното и веќе е примен во средно.

    Колку што сфатив Министерството ќе обезбеди државјанство, потврда за невработени родители од завод за вработување и извод за брат/сестра под 6 годишна возраст.

    еве го копирано од страната:
    16. Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
    - потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Македонија;
    -извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
    - уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

    Секаде нешто фали:
    1. Кузман би го ставила на прво место бидејќи се две во соба, во Центар е, има најубава храна. А, како негативни страни би ги навела што е мн тесно, нема вц во соба и ти требаат мнооогу врски за да влезеш ко којзнае што да е.
    2. Гоце Делчев зависи соба до соба, но претежно се лоши условите, има и лебарки, влага, храна мн послабо од Кузман, далеку е од Центар... Единствената добра работа е што се две во соба имаш малце приватност како на Г се собите и во двете згради има вц во соба.
    3. Пелагонија се 4 по соби, мн е бучно и дружељубиво, тешко се доаѓа до храна, нема ред како по другите студентски се туркаат преку ред.
    Во овие 3 имам седено, а во Стив и Медицинар немам, не се во ништо подобра состојба, а колку што видов за Медицинар нема ни оглас веројатно ќе ги туркаат.
     
  3. Gulumse-kaderine

    Gulumse-kaderine Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    Девојки брат ми треба да оди во студентски дом, но сакав да прашам за земјодец, треба ли потврда дека е земјоделец или само потврда од УЈП за остварени приходи, бидејќи колку што се сеќавам кога одев јас во студентски извавав и таква потврда дека е земјоделец, но сега не е тоа наведено во потребни документи.
     
  4. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    А што ќе правиме со документите од УЈП кои се неопходни за аплицирањето, а постапката за нив или е запрена или се издаваат од 2012 а не се валидни. А оние од 2013 не биле сеуште изработени ...
     
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.811
    Допаѓања:
    38.281
    Пол:
    Женски
    Како мислиш не биле изработени сеуште, дали тоа ти го изјавија од УЈП?
     
  6. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    Да и само што се јавив во генералната дирекција за да прашам дали до 13 ќе почнат да ги издаваат , таа ми кажа дека незнае да ми каже точно и ми даде еден број нормално на кој никој не се јавува. Да не има некој случајно број од Министерството за образование
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.811
    Допаѓања:
    38.281
    Пол:
    Женски
    Го има веројатно на страната на Министерството, ама ако ги издаваат покасно од 13 не е битно, до 22 се носат документи, битно да ги издадат.Оние кои се сигурни во приходите кои ќе им бидат внесени во УЈП нема да биде проблем да се пријават онлајн.Инаку кај нас за сите членови се нула приходи, сигурна сум и веќе ќе пријавам.Јас не знам од кога почнуваат студентски со работа, ми треба потврда и уверение, оти брат ми го пријавувам кој не е тука, не му знам оценки за да му напишам просек во пријавата, да не знае некој до кога се на одмор?
     
  8. BlairChuck

    BlairChuck Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Здраво!
    Бруцош сум и сакам да аплицирам за во Кузман. Инаку, сакам да се запишам на Филолошки факултет. Дали некој може да сподели искуство какви се условите и колку е далеку од филолошки фах(кој студентски е најблиску воопшто)
    Благодарам однапред ! Позз :*
     
  9. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Кај мене се јави проблем. Ја потполнив електронската пријава, ја испраќам и ми вика невалиден внес за татко. Цифрите се точно напишани како што треба, проверив неколку пати и не може да се испрати. Чаре? |(
     
  10. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Ако си бруцош, не можеш да аплицираш во Кузман. Таа опција воопшто ја нема во електронското аплицирање. Можеш да влезеш само ако имаш ептен јаки врски, па да се вселиш без аплицирање.
    Од Филолошки оддалечен е 30 минути, а најблиску ти е домот Стив Наумов, петнаесетина минути.
    Во Кузман не е лошо, собите се тесни бидејќи по двајца живеат внатре. ВЦ нема во собата, туку едно заедничко со две кабини за сите од спратот. Истото важи и за бањата. Предност му е што е во центар, а и храната е солидна. Се` на се`, оценка 4/5.

    @Tropical Цифрите треба да ги внесеш без запирки, точки, празни места,... Провери дали тоа е можниот проблем.
     
  11. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    А сигурна си дека треба без празни места, без точки и запирки да внесам...да не направат проблем па? :/
     
  12. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Јас се` уште немам аплицирано ама како што памтам од претходните години, и мене тоа ми се случуваше. Ги делев илјадарките со едно место ама бројката треба да стои споена, без простор измеѓу.
     
  13. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    ***.***,00 Вака ги внесив цифрите, како што е на документот од УЈП. Нема празни места, се' е како што треба. А ми нема некоја логика без запирки и без точки.
     
  14. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Пробај без таа точката на средина. Ако не е така, пиши ми ЛП па ќе пробаме други комбинации :)
     
  15. visnicka

    visnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    20
    Јас аплицирав и не треба ни точки ни запирки да се пишат. Ако сумата е пр. 100000 така треба да се внесе. :)
     
  16. BlairChuck

    BlairChuck Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Фала многу. А во Стив како е? Дали се 2 во соба?
     
  17. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Во стив беа 4 а сега ке се 3 во соба
     
  18. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Може ли некоја да ми каже која е разликата меѓу точките 5 и 6? Нели е тоа еден ист документ?
    http://smestuvanje.mon.gov.mk/documents
     
  19. irina.007

    irina.007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    76
    Едниот документ го има во овие од мон и го носиш само печат му ставаат, а другиот го потполнуваш таму на факлутетот ( и обично се плаќа 600 ден ) ..
     
  20. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Од лани во секој студентски дом можат да аплицираат бруцошите. На крајот на краиштата ќе видиш кога ќе биде електронското пријавување дали ќе го имаш Кузман понуден да го избереш или не.
    Во Стив мислам дека се по 4 во соба.