Девојки, цел ден се обидувам да се пријавам, ама кога ќе кликнам да ја пријавам пријавата ми се појавува дека нема никаков конкурс во тек, што е работата?
Хммм...на потврдава пишува ...ги положил следните испити..., ...заостанати испити..., ...просек од сите години,...тоа не е за мене или...?
Не знам, можеби ќе ти дадат некоја друга потврда од факултетот ама ти и оваа испечати ја за секој случај.
дали би имала некој проблем бидејки во ова семејното материјално што го извадив кај татко ми пишува дека има примања од 200 000 али тоа е толку бидејки лани работеше а материјалното мора да биде од 2010 а сега се води како невработен и морам на пријавата да пишам 0 дека не зема плата...???би сметало нешто тоа???
Дали пелагонија студенскиот дом е многу далеки од фолозофскиот факултет? Сакам да аплицирам во пелагонија ама ми рекоа ддека далеку бил ке треба со автобус да одам на факултет, и месецов до 28 треба да аплицирам за во пеагонија?
Мене ми кажаа дека пешки од Пелагонија до комплексот факултети е 15-20 минути. Јас на филолошки се запишав и аплицирав за Пелагонија
Немам одено пешки од Пелагонија до Факултетите ама мислам оти и по тие скратени патчиња што одат пак е повеќе одење од 15-20 минути.
Колкави се шансите да влезам во Кузман (со врски) и покрај тоа што го нема да се избере на аплицирањето за бруцоши?
Ако ти се јаки врските, има шанси и тогаш нема да има потреба од електронско аплицирање..само со потребните документи можеш да аплицираш.