Ако ме примат, ако не знаеш некој друг кој ќе оди можи да се договориме да бидиме заедно в соба ако сакаш оти јас никој не познавам.
Бруцоши има, многу, ама без врски не можеш да влезеш како бруцош. Не можеш ни да аплицираш за Гоце електронски, затоа ти требаат врски некој да те намести. Ако ти е за учење, Гоце е таман. По две во соба, мирно е, а има и читална, а за дружење не е како Стив. Немаш кој знае кава дружба ни со комшии, ниту се големи шансите да видиш некој ако не се договориш со него (сепак се 4 згради од по 14 спрата). Лифтовите не работат секогаш, некогаш дури повеќе не работат од што работат. Јас се имам и во лифтот заглавувано. Малку е морничав студентскиот ама не е ништо страшно. Јас минатата година кога се вселив првите 2 вечери бев сама на цел спрат. Ем сама, ем бруцош, ама преживеав, не е ништо страшно. Па ајде ќе пиеме некое кафе од септември На што факултет се запиша?
Луѓе под осмата точка на потребни документи пишува 8. Изјава од родителот – старателот за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот; Е сега не ми е јасно дали треба изјави од двајцата родители или само од едниот...А и зошто нема никаква изјава за жирантите...пошто разбрав дека се носат фотокопии од личните карти на жирантите и изјави потпишани од нив...е каде се тие изјави???
Кој ви вика дека за 15-20 мин. се стигнува ?? За 20 мин е можно да стигнеш ама ако одиш ептен брзо.. Со нормално одење се стигнува за 35-40, барем јас за толку време стигнував и покрај тоа што одев по скратен пат... И мене искрено не ми беше баш блиску факултетот, стигнував таму цела уморна... Па сега зависи, за кого како.
Јас никаде тука не гледам дека треба жиранти да има http://smestuvanje.mon.gov.mk/PotrebniDokumenti.aspx И друго, дали бруцошите кое се со врски ќе бидат сместени во конечните листи на гоце и кузман?
Има ли некој што знае сигурно дали треба жиранти или не треба? фала однапред,оти ја се изнамачив со документиве,веќе не знам главата кај ми е!
какви жиранти требаат? за што требаат жиранти некој ако сака да ми објасни ве молам јас никаде не прочитав дека требаат
Има на страната на Пелагонија едно треба да спуштиш за жирантите е, ама еве погоре кажаа дека тоа ти треба за после 8ми септември откако ќе излези конечната листа.
јас сум 1 година и се пријавив за во стив ако ме примат на први каде треба да ги однесам дукументите во стив или некаде прочитав во кузман требало да се носат ако знае некој да ми помогне