Дали некој знае кој студентски дом во Штип е најблиску до медицинскиот факултет? Кој знае нека ми пише.. Фала поздрав
Нели денеска треба да има резултати за бруцошите во студенски? Дали каснат или... ако знае некој нека пише
Ахам,ко менструација се тие таму затоа каснат. Неработен ден е. Тоа значи дека се не работи. И дека утре ќе има резултати. И не чекате само вие бруцошите,сите чекаме резултати. Трпение - спасение.
сега како да знам дали пријавата што ја потполнував е валидна постојано ми се правеше КОНКРУСОТ НЕ Е ДОСТАПЕН (нели до нив беше таа грешка) сега дали да носам документи и да одам или прво треба да сум примена може некој да ми објасни подетално.......фала однапред!!
^^ Девојки,стрпете се. Конкурсот не е валиден дека најверојатно страната е во изработка. Ви се важат сите пријави,бројчето чувајте го по него ќе се видите на списокот и не се нервирајте,се ќе се среди навреме,ако се видите на списокот ќе се вселите,не се секирајте! Јас имам прашање друго. Има ли некој од тука било каква информација за тоа дека годинава цените на студентските пораснале? Рабрав сите ги накачиле за една илјадарка..? Колку е точно тоа,знае некој..?
а кое бројче........ мене постојано ми се правеше конкрусот е невалиден а инаку и јас разбрав така... дека се зголемени цените
Тоа од пријавата. Чекај бе малку,колкава си ти? И да си прва ,уствари,кога ја пополни пријавата,нели ти кажа тоа идентификационен број.. Епа мислам дека според тој треба да се барате на списокот,заборавив како беше.. Не ми е јасно што имаш проблем.. Пак ќе ти кажам,почекај до утре,денес е неработен!!
Тоа дека е неработен, неработен е, ама тогаш кој к.. пишувале дека ќе излезат на 30. 800 присутни има на страната што чекаат.
http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx ... ntId=40341 На алфа кажаа дека најдоцна до утре ќе се знае кој е на списокот. Некои велат дека е можно резултатите да бидат објавени после 23.00 денес ама никој не знае точно . . .
јас во електронската пријава го означив на 1.09 да одам да се пријавам во студентски ако ме примат а на факултет треба да одам на 2.09 ако отидам и во студентски на 2 ке ми прават ли проблем бидејќи имам пишано за на 1 кој знае нека помага
Не се секирај, нема да ти прават проблеми. Задоцнивме и ние со сестра ми 1 ден годинава, ама ништо не рекоа, ни ги примаа документите.
Јас аплицирав за во студенски и најдоцна до утре би требало да ги знаеме резултатите, али јас ги повлеков документите од прв уписен а бев примена но се предомислив и сега на 1 ќе одам да се запишам на втор уписен а за во студенски видов дека ни треба потврда од факс а јас ќе ја немам за на 1 Ќе има некој проблем или пак ќе може и после 5-ти да се однесат пријави (бидејќи тогаш ке има резултати од втор приемен ) ? И дали треба да одам кај нотар за документите за во студенски да ги заверам (диплома светелства,државјанство) ?
Кои документи ни требаат за сега кога идеме да се вселуваме? Треба ли некои изјави од житантите и каде може да ги најдам тие изјави?