Девојки ме примија и мене во приватниот во Штип но не знам колку е цената.. Јас си планирав во стан да си бидам а сестра ми ми аплицирала и сега можам да си бирам па ме занима цената во Хилјадников колку е... кој знае нека ми пише лп или нека ми го комент. мислењево фала поззз
Девојки брат ми не е во прелиминарната листа и сега сака да прати жалба. Што треба да содржи жалбата некое примерче ама побрзо?
Дечки ја имам друго прашање Уште не ми е направена личната карта(се сликав се', ама уште не е стасана) може ли да се запишам без лична карта јбг
Ќе молам некој од постарите да ми одговори, каде ги најдовте документите кои се потребни за вселување утре???? На сместување.мон.гов ништо не пишува, а мене иако ми е ова четврта година како се вселувам, сепак се плашам да не заборав нешто, па да ми е џабе одење.
Хааај Дали има некоја од вас што престојувала во Кузман, да ми каже што е-како е? Исто и цената каква е? Мислам веќе ме примија, таму одам сигурно, ама онака да си знам. Исто така за докумуентите потребни за вселување планираат да објават кои се или...? Јас немам никакви најдено, на страната немаат уште објавено, на други форуми само спомнуваат меници, жиранти и сл. ама нема ништо точно, конкретно и целосно. Мене ми е првпат да се вселувам, па може да ми кажеш за кои документи веќе знаеш сигурно дека се потребни?
Сигурно требаат овие документи: 1. Меница од 100 денари 2. Обврска за жиранти 3. 3 слики + документи кои се купуваат од студентскиот дом каде треба да се сместиш + пари за да платиш ќирија за септември Барем така беше лани.
Meница и обврска за жиранти можат да се земат од трафика така? Или можам ова: http://www.dsdpelagonija.mk/dokumenti/Ziranti_Smestuvanje.pdf да го испечатам? А исто така мислам треба фотокопии од личните карти на жирантите. А дали може жиранти да ти бидат родителите?
Обврската за жиранти од страната на Пелагонија испечати ја, истата беше досега сите години Меница има скоро во секоја трафика. А може жирант да биде било кој вработен, значи може и родителите доколку се вработени. И да, копија од личните карти на жирантите треба мислам.
Јас еве денеска поднесов документи(бруцош сум),ама има еден проблем заборавив да го пишам идентификациониот број од електронската пријава има некаква врска тоа???
Mислам дека нема, може да те најдат по останатите податоци, ако те имало на прелиминарната. Барем така разбрав од овде: http://forum.kajgana.com/threads/Студентски-домови.11471/page-67#post-4372906 Btw да не има некоја да бара цимерка за Кузман? Јас засега си сум сама, осамена Редактирано од модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето РЕДАКТИРАЈ.
знаете ли некој што седи во партение зоографски ? тоаа било дом за глувонеми деца но имало и нормални ако некој знае како се условите да ми каже
Во Автокоманда е, после Сениќ. По 4-5 луѓе се во соба, јас го знаев како само машки интернет, не знам дали има таму девојки. Знам дека минатата година се пријавуваше за него заедно со другите студентски, ама гледам годинава нема.
Хммм мислам еден другар дека седеше лани таму и беше прилично задоволен, ама не паметам многу од тоа што ми кажа, знам дека велеше дека за учење условите биле супер. А тешко дека би го нашла деновиве за да го прашам, ретко го среќавам
ОК ако го сретнам нема никаков проблем, нема да заборавам да прашам, ама АКО Инаку девојки, тие што имате искуство со студентските, ај и за ова упатете ме: На денот на вселувањето, како оди, тие ти доделуваат соба, има некаков список за тоа или шо знам, anything? Оти ќе одам сама да не бидам скроз ко изгубена оти имам чувство дека така ќе биде
тоа е интернат ....Имав една познајничка што седеше таму што значи не седат само машки и не е машки интернат... Услови за учење супер дека е многу помирно местото, во соба по 4 души мислам, а на 4 соби една кабина (т.е wc и туш кабини)
имало соби само за по двајца ако се паднам таму супер барем на раат да учам ајде ке видиме како ке биде се надевам дека нема да биде мн лошо