Луѓе дали знае некој сто се случи со стипендиите за студенти,кога ке ги пратат,колку месеци ке бидат исплатени?Ке помине годината веќе а тие немаат ни за еден месец исплатено :evil:
јас колку што знам стипендиите се пуштени,оди до министерство ако ти немаат пуштено само тебе сигурно има некој технички проблем. А некој дане знае дали ке има студенски кредити оваа година,јас аплицирав и уште нема ни ранг листи објавено,незнам ни дали сум добила :?
Стипендии за студенти исплатија за неколку месеци уште пред Нова Година. Би требало сега во март да исплатат за уште 2-3 месеци. Доколку немаш добиено ни денар од стипендијата треба да отидеш до Министерството и да провериш што е работата, можеби оваа година си одбиена за стипендија.
Јас имам слушнато дека и други фактори се важни како на пример имотна состојба, примања и сл. и се плашам дека тоа ќе ми зафркне работа а имам 9,?? просек (не ги имам сите оценки земено ) исто така имам слушнато дека повекето лажат за овие работи кога аплицираат па си реков и јас да подизлажам нешто незнам ни дали проверуваат ни ништо. Кој што знае нека пише нешто.
За стипендии се конкурира септември негде, треба да се има просек над 8,5 и битна е и материјалната состојба. Знам некои луѓе што немаат добиено затоа што нивните родители имаат добри примања но не мора секогаш да е така! И тука го има оној фактор врски така да секакви земаат. А за оцените не се лаже туку има варијанта да се напишат 90% од оцените така да некоја 6ка може да се скрие
За оценките незнам ама имам слушнато дека за материјалната состојба лажат. Па и јас си викам: зарем ќе земат тие од преку 3000 апликации да проверуваат кој зема висока плата а кој не? Сепак незнам има време до септември здравје
Јас земам информатичка стипендија и остнаа уште две рати. Праќаат секој месец по 5500 само нема кој да ги штеди. За мојата стипендија е битен само просекот да е над 9.00 За другата стипендија се зема се во предвид и секако дека се разгледува до детаљ: просек, материјална состојба, факултетот на кој студирате и уште некои работи и за се добивате соодветни поени.
Последно шо разбрав е дека стипендиите и кредитите од оваа година ќе се исплатуваат до декември Буџетот како и секогаш бил празен затоа и се одлага исплатата.Иначе пред некој месец прочитав во весник дека од оваа година може да се исплатуваат стипендии за 10 месеци.Само мене некако не ми се варува.Они одвај ги пуштаат овие не па да исплатат уште за 1 месец плус.
А кренат е просекот за добивање на стипендии од оваа година? За техничките факултети од 8.00 на 8.5 ,а за останатите е од 8.5 на 9.00..Така слушнав,демек кажале на вести. И кредити ќе има оваа година или не? Јас имам просек 9.1 па можеби имам шанси за стипендија..или не?
Јас немам слушнато ништо за тоа дека е кренат просекот....иначе и јас имам над 9 просек и се надевам дека ке ја добијам стипендијата што е за информатичари
Каква е таа стипендија за информатичари?За тие што студираат на тој факултет или за тие што имаат просек над 9?Не се разбирам многу во овие работи,прва година ми е
И мене ми е прва година така да не сум ни јас мн искусна.Ама колку што знам таа стипендија е само за студенти кој студираат на информатика и имаат просек над 9...ако има некој што знае нешо повеке нека ни објасни
Мојата цимерка имаше просек 9.5, ама пак не успеа да добие. Треба ептен максимален просек од 9.8 нагоре. Многу е јака конкуренцијата. На списокот повеќето беа со 10,00 просек.
А на кој факултет студираше цимеркати.....оти јас познавам студенти во велес што студираат информатика со просек негде над 9 ама сигурно не над 9.5 и земаа стипендија.Но сепак и во стипендиите голема улога играат врските нажалост
Зависи на кој факултет била твојата цимерка.Инаку на списокот за одобрени стипендии од лани,има и студенти со просек под 9 а над 8.5 па земале стипендии.
Вака, стипендиите за информатичари се само за студентите што студираат информатика, значи тука спаѓаат информатичките смерови од Електро и ПМФ во Скопје, Технички факултет и АМИС во Битола, смерот за информатика при Универзитетот Гоце Делчев од Штип и Универзитетот за информатички науки од Охрид како и сите дисперзирани на наведениве факултети и при тоа треба да имаат минимум 9 просечен успех. Тука спаѓаат и информатичките смерови од приватните факултети, но е точно одредено колку стипендии се доделуваат на студентите кои студираат на државните, а колку на приватните факултети. Значи тој е сосема различен конкурс од оној општиот за студентските стипендии на кој можат да аплицираат сите студенти кои ги исполнуваат условите. Инаку, за овој што е за сите студенти треба да се има минимум 8.5 просечен успех, додека на техничките факултети треба да се има најмалку 8 просек. Така барем беше досега. Конкурсите обично излегуваат во септември или октомври на страната на Министерството за образование и наука и во некои од дневните весници, па останува да видиме кои ќе бидат условите оваа година. позз