Јас следната година ќе бидам прва среднои планирам да се запишам во Георги. Ќе може ли некој да ми каже какво е школото, професорите нешто слично. Бев на страната на училиштето, ама сепак ништо не ми помогна многу. Па ако можете кажувајте !
Па можеш да се распрашаш од другарки или братучетки што учеле или учат таму. Како што го бие глас, претставува за едно од подобрите и посолидните средни школи во Скопјево, а тоа се однесува и на друштвото таму, на професорите и воопшто на образованието што ќе го стекнеш таму. Сепак, изборот е твој. Не дозволувај некој да те убеди да не одиш таму каде што ти сакаш (ова ти кажувам од сопствено искуство ) со некои нивни различни коментари и негативни критики. Ти нормално дека можеш да побараш мислење од некој што мислат за школото, ама ако некој има негативни критики не мора ти веднаш да се повлекуваш, еј тешко е, строго е, не одам таму. Не очекувај дека некое средно е лесно, сите имаат одредена тежина и нема таму да те мазнат. Не е основно, средно е. Ќе мораш да се стегнеш и здраво да учиш. Се на се, Георги си е школо на ниво. Што и да одлучиш, верувам дека правилно ќе одлучиш. Поздрав. Едит.. А инаку како е страната на Георги? Баш би сакала да видам што коментари има таму.
Фала ти многу. Јас зборев со некои што завршиле таму ( бидејќи немам и баш некои пријатели што сега учат таму) и сите ми велат различно, па затоа барав мислење и од некои други А за страната јас ја знам само оваа http://www.georgidimitrov.info/ Мислам дека има уште една, ама мене таа не ми ја отвара. Еве ја и таа http://www.georgidimitrov.schools.edu.mk/ Поздрав
Па нормално секој различно ќе ти вика. Зависи од вкус и начин на расмислување, кој како го доживеал воопшто школото. Некој на пример не учел, па не му се свиѓа, некој учел па топ му е. Добро сега може некој и учи, ама па да има зезнати наставници. Се може.. Сега зависи ти во кои спаѓаш, дали учиш или не учиш, или некаде златна средина, како мене И јас сум осмо сега, па еве мислам во ЈБТ да се запишувам, освен ако не сменам мислење во последен миг. Сепак, се останува на нас. И јас така се мислев, ме разубедуваа другите, ама веќе не им дозволувам. Каде сакаме ние ќе одиме, не другите како ќе ни кажат.. Епа ајде ќе ни кажеш таму во јуни каде си се запишала
Инди грл и јас следната година ќе бидам прва и се двоумам помеѓу Орце Николов и Георги и мене ме интересира ако може некој што учу овде да сподели мислење и искуство за ова школо ако може
Јас учев во Георги супер е средено си функционира добро,нема некои професори ептен да се жали некој,да треба да бирам пак таму би се запишала.
Јас исто така се мислев дали да се запишам во Георги или во Орце и на крај сепак се одлучив за Орце. Втора година сум во билингвалната англиска паралелка и ептен ми е супер. Мислам дека Орце ти е гимназија на место, ретко има искомплексирани професори и иако треба многу да се учи, никогаш не ми недостасувало време за да излезам или да поминам 1-2 саати на компјутер, а сепак сум одлична. Што се однесува до Георги, брат ми оваа година се запиша таму и ич не е задоволен. Едно е тоа што помалце му се учи, но вака според кажувањата има многу непријатни професори и очигледно сакаат да го дигнат рејтингот на училиштето, па затоа многу построго ги држат последиве 2 години. Јас сепак од се срце би ти го препорачала Орце! (плус тоа не носат на тродневни екскурзии во странство секоја година, за разлика од Георги што ги носат на еднодневна во парк) Со среќа каде и да се запишеш;
Ако брат ти не е по учењето секако дека ќе му биде лошо и дека нема да му се допаѓа школото. И јас сум прва година во Георги и истите професори ни предаваат (со исклучок по одредени предмети) и можам со сигурност да кажам дека не се непријатни, секако си бараат знаење, дисциплина и има одредена строгост што е нормално за една од подобрите гимназии во Скопје. Иако навистина може да се најдат некои непријатни професори кои навистина се премногу строги и бараат премногу знаење, но тие не предаваат во прва година. Всушност не знам брат ти дали е во гимназијата или во стручниот дел, но сепак не мислам дека во стручниот дел би му било тешко. Што се однесува за рејтингот Георги одсекогаш бил на високот ниво и имал добар рејтинг. А и не знам зошто ги мешате екскурзиите, тоа е најмалата работа на која треба да мислите при запишување во средно. Бог да чува, ко да екскурзијата е најбитната работа во целата гимназија. И да има одредени причини поради кои во прва година се оди само на еднодневна екскурзија (која оваа година беше во Крива Паланка), а исто така ги носеа зимава на скијање во Банско, а следните години се оди надвор од државава. Така што немој да го градиш своето мислење за одредени училишта само на тоа што кажувале другите. Инди, јас искрено ти препорачувам да се запишеш во Георги Димитров бидејќи пред се важи за едно од најдобрите средни училишта, а потоа и професорите и децата кои ќе ги запознаеш се одлични.
Моментално сум втора година во Георги и до некаде се каам со одлуката да се запишам тука. Но само до некаде Школо како школо, си има и добри и лоши професори (ако може така да се каже). Да, бараат знаење и ретко кој толерира недисциплина. За екскурзии во Георги немој многу да се надеваш. Мислам не дека не одиме, али за разлика од другите школи кои уште во прва година одат надвор од државата...Лани ние бевме на екскурзија во парк (still can't believe it) , а оваа годнина на само 2 дена во Охрид...па сеа види си ти.. Како и да е...школото не е лошо...поготово не ако си учиш Сепак твое е да си одлучиш...
фала многу што одвоивте време да ми одговорите ! јас сум сеуште во дилема но има време, ќе размислам пак убаво па ќе видам. Не учам многу ама сум доста снаодлива и одлична ученичка(за сега), ама за екскурзиите е малку тапа..оние шо се сеа трета у Карев у Италија ги носеа их..не знам стварно каде да одам
Не знам што ви се толку битни екскурзиите. Секое школо си има своја политика, не може сите школи да бидат исти и сите школи да имаат иста програма за екскурзиите. И не е битно колку траат екскурзиите и каде ве носат, ако имаш добро друштво, фини професори и добро испланирана програма тогаш и екскурзијата од еден ден во парк ќе ти помине одлично, а ако немаш добро друштво и програма, ниту онаа од не знам колку дена во Италија нема да ти биде интересна. Според мене кај нас е правилно одредено кога и каде ќе се оди на екскурзија. А веќе и екскурзииве станаа крадење пари од родителите. Јас во ниеден случај не се покаав што се запишав токму во Георги, бидејќи навистина е едно од најдобрите школи.
па еве изгледа ќе идам во Георги пошо гледам кај можам полесно да си поминам а у Орце сака учење така да сепак не е ништо сигурно.Уште мислења се добродојдени
И јас завршив во Георги На нас и не ни беше толку битна релацијата за екскуризиите,битно беше да си се дружиме.Воопшто не се каам што учев таму,да треба пак да се запишувам дефинитивно би го одбрала "Георги Димитров"
Јас сум прва година во Георги, и можам да ти кажам дека е супер Се двоумев помеѓу Орце и Георги и мислам дека правилно одлучив. Наставниците се фини, можеби бараат многу, но сепак на тие што учат, не им е тешко. Екскурзиите не се толку битни, нас не носеа на еднодневна во Крива Паланка, ама убаво си поминавме.
Јас завршив во Ѓорѓи....ме потковаа за понатака....одлично....ти го препорачувам мада јас од пред 8 години сум излезена, ама во тек сум и со наставен кадар и со програма и услови....супер
вака....јас сум трета во Георги и не е нешто лесно.....ама секое школо си бара посветеност.....и да, има неколку професори шо се забегани (и тоа многу забегани ) ама без нив нема да ни биде интересно а за екскурзиите не се секирај.....во трета и четврта имаме 6 дена во странство иако тоа не е најбитната работа за едно школо
Абе сите ги носат ама не знаеш што се дешава додека се одлучат за екскурзијата. Иначе меѓу Георги и Орце секако Орце би го избрала.
јас исто завршив лани во ѓорѓи и искрено супер си поминав ние бевме генерација што се изнашетавме хеххе не можеш да решиш според тоа каде биле претходно организирани екскурзиите тоа се менува секоја година според можностите, понудите и желбите и зависи од учениците иначе школото е супер, има секакви професори и ако сакаш можеш да си поминеш најубаво
не сум сеуште сигурна дали да идам у Георги, не ми е за екскурзиите, туку ми рекоа дека имало некои многу зезнати професори по македоснки и физика..