1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Текстот кој ви беше напишан во алманахот

Дискусија во 'Образование' започната од odbojkarka, 4 март 2011.

  1. odbojkarka

    odbojkarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Беше одбојкарката наша
    ретко запаѓаше во некоја каша,
    на часови само се смееше
    и со оценките проблеми немаше.

    Како ви беше на вас???
     
  2. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Уууу нешто дека сум искачала многу, шеми вртев тогаш. :D
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    WhiteAngel е женска фина
    на часови секогаш е мирна,
    до Јоки често седеше
    и во дневникот петки си редеше!
     
  4. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Леле се убив додека ми текна, алманахот не ми е тука. :lol:

    Бунтовничка но сепак добра душа,
    професорите кои ја нервираа воопшто не ги слуша,
    кул и откачена девојка без маана,
    момчињата и беа слаба страна.

    Ах леле...најубавото и најлудо време. :D

    ;( Да можеше да се врати....
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Не е алмонах, туку алманах

    Јас мојата ја имам заборавено (thanks God) ама знам дека сите ни беа ко првооделенчиња да ги пишувале :D смеи....два три стиха, и вртат во круг. А пак колку комплицирано беше рима коа неможевме да најдеме :D
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Колку се ретардирани песничките со демек римата со завршување на зборчињата со - ше . |(
    Не личи ко матурант да го напишал,ами првооделенец.
    Во прва клупа седеше,
    со Марија се дружеше,
    и само петки редеше!
     
    На ariela09 и crazylady им се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Ние немавме глупави песни. Ниту ништо со рима. Во цел клас полн со креативци, сите едногласно се согласивме дека нема да имаме песна. Фала богу!

    Имавме баш оригинален текст. И ми напишаа нешто типично за мене со доза на иронија. Ама знам дека се пресмеав кога прочитав :)

    Ништо конкретно не кажав, ама ако кажам, веднаш може некој да ме идентификува или открие, така да комотно бришете ме :D
    Ова чисто како идеја, ако некој сака да се инспирира на темава, можете да смислите и нешто креативно. Не мора да биде песничка за првачиња ;)
     
  8. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Точно! Се согласувам. Не мора да има рима. Тоа е за основци. Веќе во средно сте позрели и покреативни. Знам дека кај нас пример имаше соба бр. и класот (2), пациент бр.и број во дневник, дијагноза, терапија, во иднина....Не мора да е строфа од 4 стиха со вкрстена или паралелна рима :fubar: Си треба кративност. За мојот текст не се сеќавам точно, а и не сакам да ризикувам да бидам идентификувана :lol: :*
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Нашиот клас, што би рекла Пирамитка, исто беше полн со креатвци, уметнички души, немавме текст, туку направивме стрипче...со учениците и професорите како главни ликови... ;)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    И под нашите слики имаше по некој интересен текст. Не се сеќавам на мојот баш точно како беше но нешто вака, можеби со некои мали измени:

    Таа има очи сини и нозе ко грисини :D
    Девојка е со ангелски глас и прекрасен стас.
    Музиката и е јака страна а гласот без ниту една мана.

    Кај мене во клас сите текстови си беа ОК и не содржеа никакви навреди.
    Додека пак во другиот клас малку го имаа претерано.
    Едно девојче многу мирисаше на пот, како никогаш да не се избањала па текстот и содржеше се и сешто од творови до ролонови :worried:
    Не ми е тука аламанахот а и нема смисла да пишувам туѓ текст. Само мислам дека ја утнаа работата. Мене алманахот ми е драг спомен и мислам дека сите треба да го чувствуваме така.
    Какви и да сме биле на крајот секој од нас заслужува по некој убав збор.
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    И ние немавме рима...
    Ама пак ни беа глупави текстовите :D
    Кај мене беше нешто во смисла - најчест посетител на библиотеката, ... па дека сум скренувала ако ми ги оштетат или шкртнат тетратките (вистина е :$ ), и еден мој бисер од школските клупи што не мора да го кажам :)
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Јас го пишував текстот за нашиот алманах. |(
    Започна сосем смешно и наивно, ми беше досадно, па измислив песнулка со супер иронична рима, но само за машките, зашто беа малку и бев инспирирана.
    Ко за белја им се бендиса и ми се јавнаа на врат да го напишам за сите.
    Ееееее, тука настапија неволјите.
    Јас просто не сакав и немав што да напишам за некои ладни, безобразни, лицемерни и глупи кучкетини со кои делев иста просторија 4 е*ани години во ЈБТ |( , па имаше неколку цветчиња кои сами си напишаа песничка...
    Абре мизерија, го имам и изгубено меретниот алманах, ми се повраќа :puke: од самата помисла на него...

    Двете се креативни и талентирани
    умни примероци за пеење и глума
    тралала и нананана
    едната - роб на РнБ и хип хоп,
    другата - метал до самиот гроб!

    (делев строфа со другарка ми и така и заврши алманахот)... со гроб!
    :D
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Смешки :lol: ....во клупа со тој седеше,петки редеше....така се вртеа скоро сите од нашиот алманах...за мене баш не се сеќавам до збор знам дека се спомнуваше огледалцето мое бидејќи на 5мин го вадев и се огледував :lol:
     
  14. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Barbie ни е слатка шема,
    и за учење време нема.
    Излегувањето таа многу го сака
    и со момчињата си немаше мака.
    ПС: Леле, кога ќе дојде петок! |(



    :D Ова ми беше за крај на основно.
     
    На Minareli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.595
    Пол:
    Женски
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    :rofl: :rofl: :rofl: Помнам во основно препишуваа од тие што завршија пред нас :D
    Ми беше нешто дека сум модна дива и со нокти секогаш средени, не помнам точно како беше.
    А во средно беше многу интересна замислата арно ама на гласниот не му се допадна, па не го предал нашиот 4 месечен труд.
     
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Јас ја пишував таа големата што е за цел клас, ептен им се допадна на сите... и си влегов во филм тогаш и стварно текстот ни го отслика секој час и секое искачање со клас....

    а песните, не ни беа песни, него нешто како идна професија, после 10 години, и се на смеа и шала, ама мене искрено ми се допадна така ко целина...

    ееех да се вратат времињава...
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    И кај нас небеа она класични песнички туку имаше нешто класот за неа; знак за распозвање ; имилена фраза и така нешто не ми текнува баш како беше битно беше многу искрено и реално немаше срцки мрцки, лепотички и такви работи
     
  18. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    И во алманахот има и бисери :) споделете некои ваши ....
    Еве некои кои се во план кај мојот клас
    учениk: Наставничке ви треба таблава ?
    Наставничка :не бе слободно земај си ја

    Наставник: ако речам дека бев убав тоа беше минато време ама ако речам убав сум какво е тоа време?
    ученик: тоа е многу добар виц наставник :D

    Наставник: Хххх Фатија вратана
    Ученик: а кај да ја носам ? |(

    има уште многуу ама ме мрзи да пишувам .... :)
     
    На Dulceee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Бидејќи бев во економска паралелка и не сакавме нашиот алманах да се повтотува како секоја година, за тоа ние го наптравивме во вид на фискална сметка :) И вака беше некако

    Фискална сметка
    #015-Miljkovic(бр.на дневник)
    ДОО Нико Нестор
    Пролетерски бригади бб-Струга
    Продавница бр.IV-1
    ------------------------------------------------------
    365x повратни билети за Охрид(постојано бев во Ох)
    5т брзоплетост
    10л совесност
    -----------------------------------------------------
    Вкупен промет
    ДДВ
    -----------------------------------------------------
    Права Вевчанка
    ...и тик што!
    --------------------------------------------------------
     
    На mileystar, sweetheart10, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Текстот кој ви беше напишан во алмонахот

    Ееее да не ја видев темата немаше ни да го отворам алманахот и да се потсетам на песничкава :lol: :lol: :lol:. Колку само се смеам....

    ФБИ ќе биде манекенка по професија
    огледалце, кармин, креон- нејзина опсесија.
    Со високи штикли на модната писта,
    а машки што ја бркаат ги има цела листа.
    За неа нема веќе што да кажеме ние
    ќе ја гледате на телевизија сите вие.

    По 10 години: менаџер на модна агенција.
     
    На iloveyou29, kolovoz, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.