Би сакала некои информации / искуства за овој факултет. Сега ќе почнам 4та година средно и размислувам за овој факлутет па што ќе ми препорачате .. Благодарам однапред
http://vs.edu.mk/index.php?option=com_c ... 05&lang=mk Разгледај си, ова ти е нивна официјална страна и + фб страна https://www.facebook.com/group.php?gid= ... 738&ref=ts Друго ми имаат кажано дека е доста лесно и дека ти наоѓаат пракса уште во прва година мислам, не сум сигурна. Разгледај си ги страничкиве, верувам ќе си ги најдеш одговорите.
Не знам сега како е, но додека беа Шпиц и Време на пример, многу често доаѓаа студенти од школата на пракса - оние кои учеа новинарство. Многу од нив, веднаш штом завршија се вработија благодарение на Геровски, но тоа беше баш бидејќи едноставно ги биваше децата и имаа поддршка од Геро. Обично се залага за секој студент што ќе го примети, секој кој вистина се труди и го бива особено за пишување... од она бар што видов и чув од моите колеги, кои ја имаа завршено школата. Тие бар беа задоволни. Е, сега не знам како ќе оди тоа со праксата и вработувањето потоа. Бидејќи во тоа време беше и списанието Сега и многу други работи кои сега веќе не постојат. Доколку сметаш да избереш Корпоративни комуникации и односи со јавноста, навистина не знам за тој смер тука кај нас како е и специјално на школата. Ама ете девојката пред мене ти има оставено страница од фејсбук, па можеш и таму да поставиш прашање, ваљда некој ќе одговори
Благодарам баш сега ќе погледнам што има. Инаку баш сакав корпоративни комуникации и односи со јавноста но благодарам и за ова...
НОВИНАРСТВО Драги форумџики имам еден мал проблем, оваа година сум матурантка и сеуште не сум се целосно одлучила на што и на кој факултет да студирам, но некако повеќе ме влече Новинарството, но немам некој близок кој се разбира од струкава, со кој можам да поразговарам па ве молам ако некој има завршено или некој ако срудира на тој факс нека пиши, како е , тешко-лесно, вреди или не вреди, за работа како е итн. А може и од останантите по некој совет однапред големо благодарам
јас се запишав на новинарсто е сега имам еден проблем што ме примиле во приватна квота.. а ги исполнувам сите услови за да бидам во државна квота.. и слушнав исто така дека има и квота за националност вистина ли е и како можам да го решам ова?
Можеби ќе звучам малку глупаво но навистина не се разбирам т.е ништо не знам за приватна или државна квота... а што всушност е тоа квота ... ќе може некој да ми објасни плиссс ..
Приватна квота значи дека си го плакаш целосниот износ за студирање. Државна квота односно кофинансирање е кога пола од студирањето ти го плака државата. За во државна квота имаат предност студенти кои имаат највисок просек. За останатите ако има место, ако не тогаш запишени се во приватна квота. На пример студирањето на мојот факултет е 400 евра за 1 студиска година. Јас сум примена во државна квота односно со кофинансирање и не плакам 400, туку 200 евра.
Сфаќам .. а тоа го има на секој факултет или само на некои ? И треба посебно да се пријавување или ... ??
Дали англискиот јазик игра голема улога во овој факултет,бидејќи јас сум слаба со англискиот,а велат дека предавањата биле на англиски ?
јас се размислувам меѓу новинарство на Јустинијан,и ова мада уште не ми е јасно дали станува збор за приватна или државна институција,и дали може да потенцира некој кој студира каде е подобро од тие 2 места?
Дали има некој кој студира новинарство...и ако може да ми каже какви се условите таму? И колку плата зема еден новинар?