1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонредни студии

Дискусија во 'Образование' започната од k.i.t.t.y, 7 февруари 2011.

  1. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Девојки, дали некоја од вас тука студира вонредно, кои се условите, мислам мора да си вработен за да можеш да студираш вонредно..? Ако некој знае нешто повеќе за ваквиот начин на студирање ве молам нека пише нешто околу тоа :)


    Инаку разгледав низ форумов и не најдов на ваква тема, меѓутоа ако има а не сум видела сори :$
     
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Не мора да си вработен, можеш да си извадиш лекарско, околу 1500 денари е мислам. Има и други ствари..молба мислам дека треба да поднесеш, ама прашај си на студентски.
     
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Зависи каде сакаш да студираш вонредно.
    На колеџот каде студирав јас бараат потврда дека си во редовен работен однос да им се донесе.
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Не мора да работиш, лекарско ќе си земеш во Kузман, 1200 мислам беше....2000 на жиро сметка ќе си доплатиш (ќе си прашаш во студентски прашања) и не знам уште колку евра ќе треба да доплатиш, зашто вонредното е поскапо дупло од редовното! Јас бев со кофинансирање зашто настанаа некои проблеми :devil: Мање важно, и затоа ништо не доплатив во партиципацијата.
     
  5. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Вонредни Студии

    Фала ви девојки, најпаметно ке ми биде да отидам на студентски прашања, ама супер штом немора да бидам во редовен работен однос, тоа е олеснителна околност. :)
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    мене ми побараа м1м2 образец тој што докажува дека си во редовен работен однос, но мислам дека тоа не е единствена причина да студираш вонредно прашај си најубаво ќе ти кажат што точно ти треба
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Јас бев вработена за цело време на студиите,но знам дека и со лекарско се студира вонредно.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    И јас сум вработена, па сепак со лекарско се запишав. попроста е процедурата, вадиш лекарско и тоа е тоа.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Дечко ми работи во печатница, ама сака да се запише и вонредно на факултет, па бара од мене да му препорачам каде, па сакам да ве прашам на кои факултети има, а на кои нема вонредни студии, какви се процедурите за запишување итн...
     
  10. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Па има речиси скоро сите факултети примаат вонредни студенти, прво треба да се одлучи што сака па да се распраша конкретно,мислам дека не е никаков проблем запишувањето освен ако сака на некој кај што има многу кандидати.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.789
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Кога ќе излезе конкурсот има за сите факултети дали и колку имаат определени места за вонредни студенти. Па тогаш ќе може да види и да одлучи.
     
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    На Универзитетот Гоце Делчев за секој факултет има и вонредни студенти, јас сум вонреден студент се запишав со лекарско.
     
  13. roberta-rubi

    roberta-rubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    61
    А дали на приватен факултет можиш да се запишиш вонредно или само на државен и како е за плаќање,дали поскапо е од редовно или ...како?
     
  14. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    за на приватен не знам, но за државен е поскапо редовните (државна квота плаќаат 100, вонредните 200 евра), но сигурно и на приватен е поскапо. Освен партиципација плаќаш повеќе и за испит.
     
  15. lady707

    lady707 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    И мене ме интересира,јас сум на државен факултет и досега бев на редовни студии а сега поради одредени х причини морам да се префрлам на вонредни студии.Ме интересира како е со плаќањето и како студент се префрлува од редовни на вонредни студии.Фала ви однапред
     
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Кај мене на факултет треба да поднесеш молба и се плаќа 2000 денари, притоа треба да имаш лекарско уверение ако не си врботена. Исто доколу си во државна квота, со статусот ,,вонреден студент,, те префрлуваат во привата квота.
     
  17. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Јас ради х причини бев приморана на вонредни студии,и мислам дека ми оди тешко.
    Од аспект на недоволни информации,бидејки материјалот е секаде тој,а сега со новиот систем кај мене на факултет,пак е исто како и пред ЕКТС и се полага преку испити повторно,што значи во тоа поле не ми мења,иако страшна разлика е да полагаш на 250 стр,отколку на 550 или 700 страни.
    Кога би имало врата отворена за студентите(зборам за државниот правен),да чукнеш и да прашаш што те интересира,поолеснителни околности би имало и веројатно и студирањето ке е олеснато.
    Но вака,доагаш специјално кај одреден проф/асистент,во негово приемно време и во двата дена,и два пати наогаш затворена врата,и пак и пак,а на маил тешко и да одговори...Трчкаш по господинот одговорен за ЕКТС и си срекен да те удостои со неговата намуртена фаца и да застане...
    Јас сум одговорен човек и студент,и сакам се да ми е под контрола и организирано,и оваа ситуација многу ме плаши,и премногу нервози ми донесе.Нема смисла,мачење ми се овие додипломски,но што е тука е,желбата е над се!
     
    На doleina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Женски
    Дечки јас сакам да се префрлм од редовен во вонреден студент па сакам да прашам некој кој е веќе вонреден студент како му иде, кои документи требаат, дали е потешко вонредно..

    Знам дека имам уште време до септември, октомври ама сакам и да имам време да размислам и моите да ги убедам малку :)
     
  19. cancer993

    cancer993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Вонредно студирање

    Дали некој знае како е да се студира вонредно?
    Дали е потешко од редовното студирање?
     
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Вонредно студирање

    Ослободена си од предавања,не собираш потписи на крај на семестар за присутност.
    Кај некои факултети може да се полага и на колоквиуми,без да чекаш на испит.
    Се плаќа 400 евра/200 од семестар,ако сакаш на државен факултет.
    Дали е тешко или лесно зависи од тоа дали си човек кој учи од часови,додека професорот предава или не.
    Исто зависи на кој факултет си,што ќе учиш итн.