1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Work and Travel

Дискусија во 'Образование' започната од Skopsko-Pufle, 19 октомври 2010.

  1. Skopsko-Pufle

    Skopsko-Pufle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Здраво... Ме интересираат вашите мислења и искуства околу летните понуди на агенциите за Work and Travel кои нудат работа во Америка за време на летото за стидентите од универзитетите ширум светот. Дали имате позитивно или негативно мислење, дали некогаш сте биле или сакате да одите, дали некој ваш близок бил па имал лоши/добри искуства, каква била организацијата, дали лесно можеш да се прилагодиш на средината, дали работите се тешки, дали имало некакви пеоблеми...... Оваа година јас сум бруцош и би сакала да знам дали ќе ми биде позитивно искуство доколку решам да заминам на такво летно патување. Пред неколку дена имавме посета пред факултетите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од една таква агенција Zip Travel www.ziptravel.mk па сакав да слушнам повеќе мислења околу тоа колку е вистина тоа што го зборуваат од агенцијата.
     
  2. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Work and Travel???

    И јас сакам да слушнам ако некоја фурумџика имала вакво искуство затоа што планирам да одам летово. Неколку мои пријатели беа таму летово и се презадоволни, се вратија со тешко срце, а некои си продолжија уште еден месец. Двајца од нив работеа дури и три работи. Знам дека агенцијата ти наоѓа една работа, а таму зависи ако се снајдеш и каква ти е среќата да си најдеш уште некоја... По тоа што ми кажуваа нај се исплати да работиш во ресторан како келнер/ка, поради големиот бакшиш, особено ако е некој побогат ресторан.
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Work and Travel???

    Имам многу другарки што отидоа некои со Зип, Коузон и Нарон.
    Нарон е можеби малку поскапа ама најсигурна и најзадоволни има студенти.
    Коузон знам лани ги остави без работа мнооооогу студенти и сами без пари бараа било каква работа во Америка, во најголемата криза. Има ептен незадоволни
    А ЗИП знам дека се најкатастрофални од сите овие 3.
    Дури ќе ти дадам еден линк што го најдов за ЗИП на интернет http://img694.imageshack.us/img694/8989/zipl.jpg
    Иначе и Аурора праќа види си и таму.

    Разгледај се, распрашај се, не избрзувај и онака нели јануари/фебруари се тие пријавувања.
    Може и преку Наром да отидеш која дефинитивно е најсигурна, а сепак да немаш убава работа.
    Знај дека работите што ги добиваат се потпросечни, ама може и ептен добра работа да ти се погоди, сепак вие сте студенти кои сте дојдени на 3 месеци во Америка, нема да станете милионери, ама доволно е што ќе заштедите, што ќе се прошетате низ Америка и што ќе имате едно незаборавно искуство. Наром е добар и што прво ги носи во Њујорк на 3 дена сите пријавени, а после ги препраќа на работните места. Добро е што и може ако не ти се допаѓа работата друга да најдеш, не е тешко тоа, или втора работа да си најдеш. Плус ако сакаш порано да си дојдеш ЗИП и Коузон бараат дополнително да им платиш, а Наром само ти го преместува летот.

    Со среќа нека ви е. Јас малкуцка се каам што не отидов кога отидоа многу мои колеги.
    Јас ако одев Наром ќе го одберев ;)
     
  4. Skopsko-Pufle

    Skopsko-Pufle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Work and Travel???

    Секое искуство е добредојдено, а колку повеќе ги има толку полесно ќе можеме да се одлучиме со која агенција да одиме. За таа Наром сум слушнала и јас дека е поскапа ама се ти е загарантирано и посигурно. И јас би ја избрала таа кога би одела ама имам уште една дилема, дали да одам оваа година или некоја од наредните бидејќи јас сум бруцошка и не знам колку би било добро да одам баш во прва година кога имам четири на располагање. Сепак ќе размислам два пати пред да одлучам ама и добро би ми дошло ако и вие ми помогнете во изборот со вашите совети, а верувам дека и другите како Најт стар би сакале да ни помогнете да ги намалиме дилемите и трилемите :) Благодарам rossonerka :* и чекаме уште мислења. Поздрав! :*
     
  5. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Work and Travel???

    не сум одела, но сакам да одам! Нови луѓе, нова култура, нови познатства :) планирам догодина или во Англија или во Шпанија да одам еден месец, но не е лошо ако има и работа :) и јас баш би сакала да дознаам како одат тие работи, знам само дека онаа работа што ти ја наоѓа агенцијата е само колку да платиш стан и јадење а ако сакаш пари да ти останат мора да одиш на две работи истовремено инаку ништо... :|
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Work and Travel???

    Ах Европа е поинаква од Америка.
    Тука прееееееееееееетешно да најдеш работа за помалку од 6 месеци. Се е од 6 до 12 месеци и во глобала тоа е бебиситерство!

    Иначе има одлични можности за усовршување на јазик од 2 недели до 2 месеци.
    Англија е на врвот, најскапа! Јас имав оооогромна желба во Лондон да одам на курс и да шетнам. За 3 недели ми беа потребни најмалку 2000 евра за основни работи, а каде е шетање, ова она, јас нема во стан да дремам. А Лондон е најскап град за посетување на знаменитости. Така да се откажав за 3 недели 3000 евра не давам.
    Ама затоа има во други земји поевтини. Италија има одлична понуда за 3 недели за 800 евра, исто и во Германија. Со останатите трошоци ќе ти дојде дупло помалку од Лондон. 1500 евра помалку за ист временски период, не се малку :tmi:
     
  7. Skopsko-Pufle

    Skopsko-Pufle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Work and Travel???

    Ме интересира ова со Италија, каква е таа понуда за 3 недели за 800 евра, за работење или само за шетање и од која агенција е тоа. Би сакала да прошетам низ некои држави како Италија, Франција...
     
  8. cinderellce

    cinderellce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    47
    Work and Travel???

    Па вака сестра ми беше пред 2 години и тоа отиде преку зип-травел и навистина беше задоволна.Работеше како спасител во воден парк работата им беше стварно лесна само што нема бакшиш.Агенцијата ти ја обезбедува работата ти посредува за виза и билет е кога ке стигнеш таму мораш сам да се снаоѓаш за стан.Она не остана до крај зошто не сакаше да испушти сесија на факултет и се врати порано агенцијата не и бараше дополнително да доплаќа само и го презакажаа летот.Иначе и јас планирам наредново лето да одам но јас нема да одам преку агенција.....ке ми пратат гарантно писмо.Навистина е убаво да се отиде едно огромно искуство е,ке прошетаме и плус ке заработиме :) :)
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Work and Travel???

    Не е обично шетање де, учење јазик е кажав.
    За учење јазици организираат агенцииве или пак училиштава за странски јазици.
    Иначе значи ако ме прочита во Европа нема работа за студенти помала од 6 месеци. А посебно не за 3 недели, кој би те вработил за 3 недели? НИКОЈ! Европа не е како Америка за вработување на студенти!

    Еве ти ова за Италија за учење италијански јазик во Реџо ди Калабрија. Секој ден имаш часови иначе.
    http://elidatravel.bravehost.com/Reggio ... er2009.htm
    http://maximus.mk/index.php/component/c ... alija.html

    А ако сакаш да шеташ само како што ми пиша дали е за шетање, тогаш оди си на екскурзии. Ти сакаш за 1 месец и да учиш јазик и да шеташ и да работиш.
    Нема така, одбери си што ти е приоритет. Само трошење пари? Заработување на пари ама на подолг период? Или учење јазик и малку шетање, кое сепак не е ефтино.
     
  10. Skopsko-Pufle

    Skopsko-Pufle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Work and Travel???

    Епа можи нешто како ова за во Италија што е за учење јазик ама ако одам Италија би сакала и убаво да прошетам, да видам нешто од неа а не само колку да се речи дека сум била и да седам само во хотел. Значи сепак за тука за Европа најмногу одговара со тоа што е за учење јазикот а за во америка се разбира дека е за работа, нема да одам само за да шетам, кој ќе ме финансира до толку :)
    Сепак ти благодарам што се потруди да ми најдеш линкови и да ми објасниш како одат тие работи затоа што воопшто не сум информирана, само ова што го читам сега тука ама деновиве планирам да посетам некоја агенција па да ми е појасно и полесно да се одлучам што ќе правам.

    Инаку cinderellce некои имаат навистина позитивни искуства од Зип травел но некои кои не успеале да се снајдат така лесно како другите кои имале повеќе среќа се враќаат многу незадоволни.

    Ви благодарам на сите што се потрудивте да помогнете :) :*
     
  11. babyI

    babyI Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    Work and Travel???

    Ја бев летово, за некој месец ќе уплатам за наредно лето пак да одам . Што ве интересира, навалете :D
     
  12. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Work and Travel???

    Ajde togas poveke informacii za agenciite, kade rabotese, plata....... :)
    [mod-kirilica:f3g90xji][/mod-kirilica:f3g90xji]
     
  13. babyI

    babyI Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    Work and Travel???

    Значи најпрво одев по агенциите и се распрашував, за цена што како ... Бев во Zip,Викинг, Наром,Коузон ... Цените отприлика горе доле беа исти, Наром малку отскокнуваше, беа малку поскапи бидејќи организираа спиење 2 ноќа во Њу Јорк или така нешто.Се одлучив за Викинг бидејќи ми изгледаа коректни и реални, и за секоја понуда ќе ти кажат што како, немој тоа тешко е , или во тоа место пари нема и сл и беа малку поефтини од другите...Во Zip мислам дека се на почетокот требаше да се уплати, пред визата (што не ми одговараше), а и ми правеа мн филмови. Но сепак, на местото кај што бев, имаше студенти од Зип и тие беа исто задоволни, така да мислам дека се зависи од тоа како ти сам ќе се снајдеш , агенцијата само ти посредува да добиеш виза и да заминеш од тука.
    Програмата+визата+авионскиот билет ме чинеше околу од 2000$ и имав 500$ џепарлак.
    Бидејќи многу касно аплицирав, некаде април, убавите понуди беа зафатени и немав некој голем избор, избрав работа како касиер, 7.50 $ од час. Имав виза за 4 месеци, ама поради обврски јас останав само 2 месеци и за тој временски период заработив ни помалку ни повеќе туку точно 4000$(со се таксата што сега треба да ми ја вратат). Втора работа неможев да најдам, касно го добив социјалниот број, ми остана уште малку време и не сакав ни да се замарам. Бев на околу 1h возење од Њу Јорк, имавме обезбедено смештај од тука, имаше многу македонци, хрвати,словаци .... беше интересно :)
    Пред да појдам од тука си имав зацртано, да им вратам на моите 2000$ а остатокот што ќе го заработам да го потрошам на шетање, бидејќи за тоа и аплицирав, да прошетам да видам нешто, што ако вратам 4000$ дома, а немам ништо видено. Прошетав во Њу Џерси,Њу Јорк , Бостон,Филаделфија,си бев по музеи, галерии, концерти... изнакупив подароци за дома, облека,еден куп тренерки и патики што тука нема шанси да си ги дозволам.
    Значи, не влегов во минус, на моите им го вратив она што го вложија а за мене остана куферот облека :) и искуството што за мене е бесценето.
    Единствен проблем беа куферите, во картата ни пишуваше дека имаме по 2 куфери, за трет се плаќа, на аеродром излезе дека имаме по 1 куфер, за втор се плаќа, па за да не плаќам морав да го земам како личен багаж, па го мкнев по скенери па ме враќаа по три пати, го отвараа ...
    Како и да е , оваа година планирам да одам пак , и како second-timer ќе се потрудам да направам мнооогу повеќе пари од лани :D па ќе видиме. Многу среќа на оние што ќе аплицираат за ова лето и еве ви неколку совети:
    -Не избирајте онака рандом место, убаво распрашајте ги оние што веќе биле, разгледајте по интернет.
    Гледајте да е некое туристичко место, може и на плажа, за да може да најдете и втора работа...
    -Немојте уште од тука да влечете 2 куфери со еден куп облека и непотребни работи, таму се ќе фрлите за да направите простор за новите работи, верувајте. Земете само неопходни работи.
    -Ако имате можност не аплицирајте сами како мене, јас бев убедена дека таму ќе запознам други студенти и ќе се уклопам и така беше, но оние што си дојдоа со големи друштва мн поубаво си поминаа (зборам за цимерство, за купување храна заедно, за превози, аеродроми- ќе нема кој куферот да ти го чува во wc да отидеш).
    -Не се расфрлајте како мене, ах ова 5$ ова 10$ што е тоа 1h работа, да и ги штедев тие на страна ќе си имав нешто за во мкд, сега за кино 150 денари немам :)
    -Бидете подготвени да доживеете големо разочарување од американската храна :) Мене ич не ми се допадна. Смрдиии !!! Во маркет одев во делот International Food и купував крем, паштети,па од тоа живеев (и јадев крофни од Dunkin' Donuts :). Она другото MacDonald's , Burger King , замрзнати готови јадења за во микробранова - све смрдеше (puke).
    -Според мене најмногу пари заработуваат оние кои имаат бакшиш - келнери, шанкери,... Ми зборуваа дека дневно и по 200-300 долари бакшиш имале, ама ти треба одличен англиски и талент ;)
    -Веднаш да аплицирате за social number, за да може да најдете втора работа.
    И тоа беше мојата приказна, ако имате прашања повелете. Може ќе се видиме по агенцииве, по аеродромиве и низ америката ;)
    Позз
     
    На Counter Girl, stojanovskata, Skopsko-Pufle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Work and Travel???

    Благодарам на исцрпниот одговор :) . Ни имаш опишано се детално, така да и ги добивме речиси сите протребни информации. Ме интересира само како се одвиваше плаќањето во викинг, дали претходно се плаќаше пред да се добие виза или...?
    Инаку јас не сум била, но оваа година сакам да заминам заедно со мојот дечко, па се надевам ќе поминеме супер. Сеуште се двоумиме за изборот на агенцијата, прашувавме па ќе видиме.
     
  15. babyI

    babyI Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    Work and Travel???

    Прво уплатив 150 евра за програмата, 150 $ за виза, и откако ја добив визата го доплатив остатокот од програмата и авионскиот билет. :)
     
  16. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Work and Travel???

    Благодарам уште еднаш за одговорот :)
    Се надевам ова лето ќе ја посетам америка.......... :)
    Само уште да се одлучам за агенцијата и да уплатам
     
  17. ButterFly09

    ButterFly09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    5
    Work and Travel???

    Дали знаете некоја агенција која нуди работа за студенти во италија ?????
     
  18. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
  19. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Work and Travel???

    Можеби ќе ви звучи малку смешно но, имам 16 години и многу нормално дека немам лична карта... :lol: Ама сакам мнооогу да одам во странство по работа зошто во Македонија е многу тешко, да не кажам невозможно! Дали можам со некој од моите да отидам? И дали воопшто може да се најде за малолетници некаква работа преку наведениве агенции? сори што сум офф топик ама навистина ме заинтересира идејата. Ова лето плус сакав да се вработам некаде за да не го губам безпотребно времето. Па, што мислите? Дали имам шанси во странство да најдам некаква работа ако одам со мајка ми (како на пример). Или пак тоа е за студенти исклучиво? Ај ако има некоја време малку нека ми појасни зошто навистина ме интересира.
    Благодарам :)
     
  20. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    Work and Travel???

    И јас многу се размислувам за овие понуди ама не знам..
    Прво си мислам прва година сум, има време..
    А пак од друга страна зошто летово да си го поминам во Македонија, кога можам да одам некаде надвор..
    А па и немам баш друштво, никој не се нафаќа од тие што ги знам да одат :(
    До кога треба да се аплицира за овие програми?