Девојки се ближи 8ми март празникот на мајките, па ајде да продискутираме малку на оваа тема. После се што направиле мајките за нас, како благодарност на сета грижа, љубов и внимание што ни ги пружаат, заслужуваат барем еден ден во годината да им причиниме некое посебно задоволсто. Сакам да кажете ваши мислења и идеи, како би ги почестиле нашите мајки на овој ден, но не мислам на калсични поклони, туку дали имате идеја за нешто посебно, како на пример изработено нешто со свој труд во чест на вашата мајка.... Ајде да видиме какви предлози ќе дадете па можеби ќе помогнеме на многумина
Темава не ја отворив заради мене туку за сите, јас веќе имам поклон, сакав само да видам што се би направиле за мајките... но никој не е заинтересиран, за разлика од останатите теми... нема врска позз
па на денешно време никој не е толку креативен па затоа сите купуваат готови поклони за било што не само за 8-ми март ја и купив ташна на мајка ми а планирам и цвеќе зашто сепак цвеќето е непропустлив симбол на овој ден
епа јас ја прашав што и треба и тоа и купив затоа што знам дека сака подароците да бидат работи кои се лично за неа и кои ќе може да ги користи, а не нешто од типот на украси или некои работи за во кујна и сл. најчесто и купувам облека или козметика
E мајка ми е манијак по живо цвеќе па не смеам да купувам ништо друго.Неколку години со ред живо цвеќе,мислам во саксија и купувам.За годинава побара палма уште тоа нема,па ќе испошитувам,СИ нарачав од една цвеќара да ми чуваат за понеделник.Ама потежок проблем ми е „свекрва ми“оти нејзе никогаш не знам што да и купам.Те некој украс те парфем,годинава изгледа и таа ќе добие живо цвеќе :roll: Како и да е побитен е начинот на искажување на љубов и почитување.И не терба да биде само за 8 март.
Нормално се согласувам со тебе Кате, сепак најбитна е почитта, џабе е поклон ако се нема почитување. А за свекрвати што и да и купиш ќе биде добредојдено само да не си без ништо па да си имаш проблем после
NA SITE PRETSTAVNICKI NA PONEZNIOT POL IM GO CESTITAM 8-MI MART,DENOT NA ZENATA! DA STE ZIVI ,ZDRAVI,USPESNI I SAKANI!
СРЕЌЕН ОСМИ МАРТ!!! Иако темава не припаѓа во “врски“, решив да ја отворам тука бидејќи овие теми се најпосетувани: Ви посакувам Среќен Осми Март на сите!!! @-->-- @-->-- @-->-- @-->-- @-->-- @-->-- @-->-- @-->-- @-->-- Имајте многу здравје, успешна кариера, неуништлива среќа и вечна љубов!И никогаш не заборавајте колку е да е убаво да си женско Поздрав
Женски ајде среќен празник, да живееме и да владееме, како и да е, без нас не се може ! СРЕЌЕН 8-ми МАРТ !