Добив дозвола за нова тема за за апликации за иос оперативниот систем на ајфоните, па може во склоп сите прашања за ајфон да ги пишувате тука(декодирање џејлбрејк итн.), да се дистинктира од темата за мобилни телефони. Кои ви се топ 5 апликации кои ги користите?
Одлична тема. Немам многу време за игри и таки ствари, така да ќе ги набројам оние кои ми се корисни на некој начин и ги користам секојдневно. Повеќе од 5 ќе бидат. 1. АвтоБуско 2. Viber 3. Instagram 4. Google Maps (finally ) 5. Мејловите, Yahoo и Gmail 6. Bump 7. Shazam 8. You Tube 9. 9GAG 10. Polyvore 11. Google 12. Skype 13. Facebook и 14. Weather која што е автоматски инсталирана во самиот iPhone. Спојлер Има и други, ама овие ми се онака најомилени.
Ова со апликацииве пак се меша многу со останатите оперативни системи, како што гледам наброените апликации се достапни за сите о.с. а Хипстер во првото мислење нагласи дека сака темава да ја оддели од останатите, па така сметам дека би требало да се насочиме во друг правец, односно ако веќе збориме за Ајфон се да биде ајфонски, и апликации од типот на iMessages, iGoWorld , iBooks, проблеми со iTunes и сл. Од друга страна па немаме тема ни за корисни апликации, каде би се пишувале овие универзалниве така да прајте си ко што си милувате .
Никако неможе така да ги одделиме зашто никој од нас не би можел да знае кои точно апикации програмерот ги смислил само за IOS а не и за андроид. Плус 99% од апликациите што ги има денес ги има и за андроид, а всушнот тие се најчесто користените и најраспространети. Што муабет има да свртиме за ајтјунс на пример? две/три мислења максимум. Мислам дека нема потреба да се ограничуваме само на i аликации. Темава доволно си е одделена со насловот. Па во секој случај овде ќе станува збор за корисни апликаци за ајфон, без разлика од кој дивелопер се, за намена за ајфон се. Мене најчесто користени ми се: - Viber, за комуникација, смс и јавувања преку wirelees и 3G. Ептен ми е корисна зашто имам голем број луѓе што ми се низ странство, и од кога го имам телефонов, крајно ми е олеснета комуникацијата. Во последно време и iMessage ја превзема целата работа - Instagram, Twitter и Facbook, нема потреба да се дообјаснувам, социјални мрежи - Shazam, апликација за препознавање на песни, ептен ми се наоѓа во кола плус сега со новиот апдејт најправија многу јако, ја слуша песната и ако не си конектиран на нет и после коа се конектираш ја препознава. Добро е зашто пример во странство кај ќе се вклучиш на 3G, или во некој момент додека се вклучам на интерент, ќе ми избега песната - Tv Show Tracker, апликација каде ги имам сите серии што ги гледам и ми дава нотификација кога има нова епизода од некоја серија и кои епизоди ги немам гледано, ептен ми олесува, дека гледам еден куп серии па да не ги мислам - Cydia, покрај јеилбрејкот, си ја корстам редовно и за твикови - Tapatalk, за форуми - iBooks, за телефонот и не ми врши нешто работа, не ќе седнам книги да читам, ама на iPad-от ми е апликација број 1. - TruPrint , апликација за wireless принтање на фајлови, мнгоу ми врши работа оти постојано имам потреба од принтање на фајлови што ги добивам на mail - DocsToGo за чување на office фајлови, pdf.... И така, мислам дека би било пофино ако вака пишуваме дообјаснување до апликациите за што се, за што ви вршат работа. Така би била покорисна темата од само нафрлани имиња кои нема да ни значат ништо, вака секој ќе си најде по нешто да си симне Па и немора да бидат 5, битно да споделуваме интересни апликации, твикови, хакови... Јас изглеа многу барања имам за темава, ќе ми простиш Hipster
Баш напротив темава ја отворив да си праиме муабет општо се за ајфон, не само за апликации, туку за се корисно во врска со него. Секој збор плус е и повеќе од добредојден, не само за апликации и за иос оператовен систем. Има милион мислења, мислам дека за нас една тема ќе биде доволна, за разлика на др форуми за секоја ајфон новост имаат нова тема, но што е тука е. Мислам дека е и препорачливо да споделуваме се во врска со ајфон и нивно користење и употреба, дури и за галантерија, само за ајфоните, зашто кај нас е квантна физика да најдеш асална маска испод 20 евра.
Ако знае некој место каде продаваат фини маски, по можност со преклоп со што и предниот дел ќе се покрива од телефонот, нека каже. Толку е личен како модел што никаква маска не би му ставала, ама исто и толку е нежен, затоа обавезно сакам и фолија да ставам и футролче некое, нешто поинтересно од оние силиконските. Ако сте виделе, споделете.
На сите што имаат ајфон или сл. Им препорачувам да имаат и whatsapp мене ми е од голема корист.. Многу помалку трошам од кога го имам.
Јас маска никако. Сега ќе споделам игирчките кои ги играм. Ајфонот ми е премногу мал за да се закачам на него со игри, си ги играм на ајпадот, нема веза тоа, и двата уреди се на IOS и истите апликации се и за телефон. Слики во спојлер. Прва, Angry Birds, не џабе долго време беше прва на најкупувана игра од app store, заразна игра каде со птици маваш по прасињата и треба да ги погодиш сите. И сега најново Star Wars си ја играм. Спојлер Zombie v.s Plants, на прв поглед глупа ама многу заразна. Зомбиња ти ја напаѓаат куќата и ти ја браниќ со цвеќиња кои пукаат Спојлер Infinity Blade, Infinty Blade II, борба со мечови. Всушност играва е подолга приказна, на почетокот витезот е убиен од God King и неговиот меч е задржан од негоа страна во замокот. Играта почнува кога синот доаѓа да се одмазди за негоиот тактко, и да го земе мечот од замокот. Овде почува Bloodline 1. Целата игра се борби со меч, со разни суштества вон и во замокот, собирање парички за купување подобар, појак меч, појако одело, подобар штит, целокупна опрема. Доколку и овој лик биде убиен запонува нова серија, bloodline 2 каде наредниот од почеток доаѓа по одмазда Спојлер Fruit Ninja, играва нема некоја поента освен муабетот во друштво кој ќе исече повеќе овошје заразна е зашто со помош на тачот го сечеш овошјето кое лета низ екранот и треба да припазиш да не закачиш некоја бомба зашто играта завршува. Спојлер Real Steel, борба на роботи во ринг. Ако сте го гледале филмот, јасно ќе ви е Спојлер The Walking Dead, борба со зомби, правена според серијата Спојлер Where is my water?, исто на прв момент многу глупа игра, првите неколку стази ќе бидете wtf, кој би играл вакво нешто ама понатаму станува крајно интересна и заразна. Веќе во поозбилните стази треба да се вкули мозок и логика. Станува збор за крокодилче кое треба да го бањате да му донесете вода во кадата, по пат на логика да најдете пат на водата. Ако издрзите до 10та стаза ви ветувам после дека нема да може да се откачите од играва. Спојлер http://www.techyuva.com/wp- Cut The Rope, исто мала смотана заразна игра за тепање време, слична на оваа погоре, само овде логички треба да го однесеш лижавчето до устата на суштеството Спојлер
Многу добар телефон, а и естетски изгледа прекрасно. Имам една симпатична маска со ракунче, а планирам да си купам уште една од Accessorise ми е, ем е убава ем е малку подигната од напред, па ако паѓа (не дај боже) да не паѓа на екран. Имам и една целосна што се затвара и многу е практична, подарок ми е, мислам дека е од T-mobile ама мислам дека ги има и на пазар. Сега за најкористени апликации. Во моментов сум најзаразена со Subway Surf, многу интересна игра, треба да бегаш од еден полицаец (божиќната верзија е со Дедо Мраз) кој ќе те види како ги шараш графитите. Финтата е да собираш што повеќе парички за да си купуваш поубави работи и ликови и да ги избегнуваш возовите. Спојлер Angela е едно слатко маченце со коешто можеш да разговараш, ти и пишуваш, таа ти одговара. Одлично за тепање време. Спојлер Candy Crush ми е исто една од поомилените игри периодов. Треба да ги исполниш задачите што секогаш се состојат од спојување на три бонбончиња по што тие пукаат и ги снемува, а често во задачите има и други дополнителни работи што треба да ги извршите. Спојлер Shazam е одлична апликација. Во секое време можеш да дознеш која е песната што ти се допаѓа. Често ми се случува да слушнам некоја песна на радио, а да не знам која е, тогаш апликацијава ја слуша песната ја зачувува па кога ќе се уклучите на wireless ќе ви ја каже песната. Спојлер CamWowPro ми е одлична за сликање, особено за Ретро ефектот. Спојлер Ringtone e добра за правење на рингтонови или како и да ги кажам . Многу е корисна со оглед на тоа што на ајфонот мораш да ги сецкаш песните па на посебна програма, за да може некоја песна да ти свири кога некој ќе ѕвони. (не можев слика да најдам за оваа апликација) WordWeb е многу добра апликација. Ако внесете некој збор на англиски веднаш објаснува што значи, дава примери во реченици, кажува дали е именка, придавка итн. Спојлер Viber е одлична за разговарање, праќање пораки преку wireless, нешто слично на Skype само што тука не се гледате. Спојлер А, да и Skype. Сите знаеме што е ама на ајфонот предност е што има предна камера, па може секаде да се гледате со саканите. Спојлер Facebook, Twitter, Instagram ви се self explanatory. Бев заразена и со Temple Run, мислам дека сите веќе ја знаат играта, исто и со Chasing Yello, Impossible што е еден вид на тест, Fruit Ninja, Angry Birds и не знам што веќе. За овие не давам дополнителен опис, игрите се стари и мислам дека повеќето ги знаат. Спојлер Се на се, IPhone-ов ми е стварно омилениот телефон досега.
Браво бе девојки, испаднав најнеинформирана во однос на апликацииве, ама со вашиве објаснувања до поимот, ќе се оправам Сакав да ве прашам оваа апликација за музика што ја користите Shazam, е бесплатна за симнување или? Вчера пробав да си ја симнам и ми даде дека се наплаќа... Како ја симнавте вие?
Руби бесплатна е, барем јас така ја симнав. Баш сега разгледав на iTunes, ама на компјутерот затоа што уште немам wireless дома и вика дека е бесплатна. Побарај ја уште еднаш и разгледај ги сите опции, мора да има една бесплатна.
Shazam не е бесплата, во ајтјунс се наплаќа 6.99 долари, еве ја: https://itunes.apple.com/app/shazam-enc ... 88863?mt=8 и еве ја за оние што ја сакаат кракната: Спојлер http://www.sendspace.com/file/1tvwk8
аха, океј, само мислам дека ова е за американски пазар, ако имаш акаунт од кај нас нема да може да се симне. Сепак, нека проба некој што ја нема па ќе ни каже како иде
Јас баш денес проверив од телефонот на wireless и бесплатна е. Иди на App Store пиши Shazam и ќе ти ја даде да ја симнеш бесплатно. Ако не оди во тоа Top Free и категорија Music и ќе ти ја даде. Баш направив неколку screen shots со телефонот, ама на овој компјутер не ми ги препознава само на другиот. Ако треба ќе ги ставам утре. Пробај на App Store мора да ја има бесплатно.
А да, ми текна шо беше работата, фри верзијата има лиминиран број на препознавања, незнам колку беше месечно. Нешто како трајл. Плус на оваа што се плаќа не ти излегуваат банери цело време. А инаку има и Shazam (RED), таа е направена како донација, пароте од купување на RED идеа во некои добротворни цели, борба против сида...Па ко некој реши да купи, нека ја земе таа
Пак јас Овој пат барам помош за оние слики во 4 дела, т.е една слика а со 4 мали различни вметнатни слики (пози)? Претпоставувам не се прави на Инстаграм, пробував и ненајдов, а ми се допаѓаат тие слики.