Дали употребувате бели лаги и дали ги опревдувате?Или сметате дека лага си е лага?На пример другарка ти си купила фустанче но тебе не ти се допаѓа.Дали ќе и ја кажеш вистината иако знаеш дека можно е да ја навредиш или ќе и кажеш дека супер и стои т.е. бела лага?Дали белите лаги имаат некакво значење и што всушност кажуваат за човекот?
Јас секогаш настојувам да кажам точно и искрено што мислам.Ма да имам приметено дека на постара личности и да не и стои нешто неможам да и кажам,и често знам да излажам,најверојатно ради почит. А вака на другарки секогаш им кажувам со што запазувам да кажам дека тоа е само мое мислење па ти како сакаш. Зошто каква другарка би била,ако не и кажам искрено дека изгледа како кловн,или слично?
Ниту бели ниту никакви лаги не практикувам, го кажувам тоа што го мислам, подобро човек да знае што и како мислиш за него или неговата облека сеедно, отколку да го залажуваш, искреноста секогаш е добредојдена.
Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат? Секогаш има начин и начин нешто да се соопшти. Генерално, се трудам да кажам што мислам искрено, но при тоа зависно од ситуацијата се трудам да одберам соодветни зборови. Не ми успева секогаш, но сметам дека континуирано климање на главата и кажување само на она што другата страна сака да го слушне не е добро за личниот развој ниту за едната ниту за другата страна. На форумов пак си кажувам подиректно што си мислам, па макар моите ставови биле непопуларни кај мнозинството. Од тапшање по рамо нема корист ако бродот тоне или не мрднува од мртва точка.
Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат? Кажувам што мислам и чувствувам, но внимавам на каков начин тоа го кажувам,а не она што сакаат другите да слушнат.Бидејки ако им кажам тоа што сакаат да слушнат, порано или подоцна ќе дознаат дека сум ги лажела, без разлика за што станува збор.Нема фајде ако човек кажува тоа што другите сакаат да слушнат, само оставање на лош впечаток за себе си, ништо друго.
Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат? Ако тоа е реалноста немам проблем да го кажам, ама ако пример другарка ми лудува по некој тип а тој не знае за неа дека постои, не ја примеќа не можам да и кажам .. еее јас мислам луд е по тебе.. Или за гардероба, изглед.. во било која ситуација јас го кажувам тоа што го гледам и мислам оти знам како е некој да ти го кажува тоа што сакаш да го слушнеш, а после да ја откриеш реалноста па да не можеш да се свестиш.
Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат? Никогаш не кажувам нешто што сакаат другите да го слушнат, туку едноставно си го кажувам моето мислење
Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат? Секогаш го кажувам она што го мислам.Значи сум искрена.Не сакам никого да лажам,затоа што не сакам и мене да ме лажат.
Колку го кажувате она што другите сакаат да го слушнат? Со некого којшто го запознавам неодамна, знам да прикријам некои работи, меѓутоа, ако се спротивставам со нечие мислење или ако на пр. не ми се допаѓа фустанчето на другарка ми, знам да и кажам, иако сум свесна дека и јас на нејзино место не би сакала тоа да го слушнам. Знам некогаш и да го кажам тоа дрско, иако не било потребно, но ете, таа сум и неможам да се сменам.
Значи додека не се знам уште толку многу со некој, се трудам да имаме слични или исти интереси за повеќе да се зближиме, сепак не користам толку многу глума. А со оние поблиските, во последно време и кажувам се искрено и гајле ми е, прашуваат за мислење- го добиваат. ?
Овие бели лаги како што ги нарекувате воопшто не се опасни зошто на пример другарка си купи фустан и мене ако не ми се допаѓа да и кажам стварно не ми се свиѓа? Ќе испаднам љубоморна или незнам што. Подобро ќе кажам убав е да не и го навредам вкусот зошто секој си има различен вкус нели.
Ваквите ситуации се малце незгодни, ама ако речеш бела лага дека ти се допаѓа тогаш другарка ти или од некого кому таа кажала дека имате ист вкус за фустани - можеби утре ќе ти дадат на поклон таков фустан за роденден и сл.
Се тоа е ок, но зашто да кажеш лага кога можеш да и кажеш дека е добар само не по твој вркус, дека сепак имате различен вкус и глупо е сеа да и кажеш не е убав кога сепак тоа е по нејзин вкус. Нема потреба од лажење и измислување ако сте навистина блиски другарки. Можете едноставно се што мислите да го кажете, а она ако е другарка ке свати. Сепак се работи за различен вкус.. А што се работи до мене.. Секогаш ја кажувам вистината. Таква сум, најмногу што ми смета е лага па макар и бела била. Сум кажала на сите што треба да знаат дека повеке ке почитувам ако се искрени па дури и да ме повреди тоа. одколку да ме излажат дека е се убаво, добро и такви слаткоречиви зборови. Секогаш искреноста ми е пред се’.
Користењето бели лаги значи дека си оној вид на „личност“ кој луѓето го нарекуваат „дволична личност“. Нема потреба да се крие вистината. Луѓето кои вредат доволно да ја слушнат вистината нема да се налутат, а оние другите не вредат доволно за да го слушнат моето мислење.
Сите ги користиме малите лаги, но сепак за мене лага е лага и се лутам кога некој ме лаже. А верувајте дека многу можете да смените ако искрено кажувате се. Кога некој не крие ништо од мене и се ми кажува, тоа ме прави подобра личност, ме замислува и ми е поттик да сменам нешто, да поправам.
Лагата е лага, но понекогаш има моменти каде е неопходно да се употреби бела лага, за да се спаси некоја ситуација. Белите лаги ги сфаќам како незлонамерни. Но, сепак генерално не е добро да се лаже и треба да се трудиме да не лажеме.