Како мала многу зафркавав по телефон. Ќе се соберевме друштво кај мене (кога бев сама) и вртевме на броеви кои сами ги измислувавме. Најчесто се претставуваме дека сме од некоја фирма, дека сме им се јавиле по случаен избор и дека доделуваме награди (им ги кажувавме наградите на луѓето). Имаше и такви што ни веруваа. Колку само сме се смееле.
Да,помнам како мала дека звонев бесплатно кон космофон броеви со друштвото... Еднаш звонев на домашен број нон стоп на една фамилија се зафркавав се додека тој човекот ми рече дека во пошта ќе ме пријавел Исто имам звонено и такси имам нарачувано до слаткарницата,а јас дома се кикотам.Кога ќе стигне таксито,од кај знаат дека јас сум го порачала Имаме звонето уште многу одамна со еден другар се зафркававме со еден дечко од Скопје,тој другарот збореше како да е жена па му зборевме безобразно,го зафркававме.
Да, многу пати со другарчињата од улица. Вртевме во пожарна, топ шоп, кај комшиите, слаткарници, пицерии, се нарачувавме. Еднаш се јавивме кај еден човек и нарачувавме печка. Будевме луѓе по полноќ и слично. Интересни спомени ми буди темава.
Да Еден период тоа ни беше главна окупација Се јавувавме кај едни комшии,се додека не ни рече комшиката деца ќе ве кажам на баба ви знам кој сте имам ловец на телефон Се имаме јавувано по ресторани,имаме барано такси,звоневме во болница,пожарна и во душевна болница.Се јавувавме редовно кај едно девојче кое многу го мразевме Ама сме биле палави
Сум го правела ова со брачедите како мали! Се јавуваме по домашни телефони што ќе ни текнеја така! Ама па имам еден брачед, тој е возрасен веќе и него често му се јавуваат по грешка барајќи некоја директорка од некоја фирма, не се сеќавам добро која! И последниот пат ко му се јавија му рече вака: “Ами директорката се обесе!“ и овие од таму абе како? И тој му вика: “Еве сега ја слегуват од дрво!“
Како помала со една другарка го зфркававме барт ми по телефон. Абе комедии било измислувавме дека сум го скршила ламинатот па брзо да дојде дома по уште триста и некоја глупост.И за тие зафрканции си го потросив цел кредит. И на брат ми му сме се качиле до глава (навистина ја преминавме секора граница ) и не кажа на мама. И си доагам јас еден ден дома и мајка ми ми го побара телефонт врти на сметка и со ке види кредиот аш и почна да ме кара па после пак ми стави кредит али требаше да ја молам со часови .. Па после од кај другарка ми телефонт пишувавме пораки на луге и еден ни ѕвонеше и јас викам ало и он нешто почна да се дере а јас пак ало и овој ми вика абе ти да не си надувана јас и другарка ми се смееме и јас пак ало и ми вика е нешто бал бла ке ве пријавам у полиција и ни спушти хаха али добро е шо не не пријави ..
Дааа,тоа беше обавезно кога некоја од нас другарките ќе беше сама дома. Обично баравме броеви и имиња во именик и се јавуваме демек за некои награди. Исто така вртевме и на дечки кои ни се свиѓаа,и ги викавме да дојдат на одредено место и еднаш од тараса кај другарка му се смеевме на дечкото што стварно дојде А вртевме и во пожарна
Hahahahahahaha Jaka tema. Obavezno zafrkavavme i toa eden decko sto jas go sakav ke se soberevme 6-7 drugarki i vrtevme kaj nego. Sto ne mu zborevme! Uste se cudam kako ne go smeni brojot si nemase mir siromav
ова ме потсети на старите добри времиња кога јас и другарките им пишувавме писмна на симпатиите да дојдат таму во толку часот на тоа и тоа место и ние ги ѕиркавме и се смеевме
Па пиши барем нешто за да се насмееме. Инаку, освен што зафркавав со другарки по телефон, им ѕвоневме на врата на комшиите и бегавме. Еххххх, тоа беа луди времиња.
Го зафркавав симпатијата, секој ден му ѕвонев... потоа кога ми кажа дека имал идентификатор ми идеше во земја да пропаднам. Кој очај сум била. Од говорниците ѕвоневме во пожарна и тие таму почнаа да стануваат многу безобразни, секакви работи ни кажуваа, а ние деца, сеир фаќавме... Битно им правевме на луѓето да не им е досадно И она кога беше Гледам супер бинго се јавувавме по роднини ги зафркававме. И кај нас дома многу се ѕвонеше, знам татко ми се нервираше многу и ги пцуеше.
Охохооооооо!!! И тоа како сум вртела по телефони...Сум се јавувала и во милиција...А моја најголема специјалност беше-кога ќе ни дојдеа гости дома и сега тие си седат внатре со моите, а јас ИМ ГИ ЗИМАВ КОНДУРИТЕ ОД ПРЕД ВРАТА И ИМ ГИ ФРЛАВ ВО ЕДНА ОТВОРЕНА ЈАМА ВО БЛИЗИНА ИМАШЕ КАЈ НАЈ ТОГАШ... Па си одеа боси или се сеќавам моите некои папучи им даваа Ама тоа кога ептен мала сум била, 4-5 години
Ова мене ми се има случено, за време на емисија братучед ми (13 години постар од мене) ѕвонеше дома и јас кревам слушалка и викам ГЛЕДАМ СУПЕР БИНГО РЕзил. Иначе во основно со друштвото ѕвоневме во душевна болница да резервираме соба
па што знам јас не сум се зафркавала...ама знам еднаш мене ме зфркаваше едно машко што ме сиптизирало тогаш и јас не знаев што да правам а и многу се уплашив дека ми звонеле и прво ми ќутеа на тел,па после пи зборуваа ма не се кажуваше кој е ...и јас плаќејчки и право кај мама: -мамоооо мене некое машко ми звоне на тел и ми лафе таму нешто..... и мама леле будалче некое дете те сипатизира и сеа те задева и јас ааааааааааа и после го дознав кој е и многу се срамев од него!!!! ама сум била забегана лелеееееееееее
Па дали зафркавав Ама еднаш дебело си го изедов од мајка ми Ми беше роденден и дојде братучедка ми од Битола. Останавме сами и ни текна да се зафркаваме по телефон. Детска бујна машта што не прави, под влијание на тогашни Касандри. Земавме се јавивме незнам на кој број и братучедка ми почна да му зборува на тој мажот што се јави дека жена му го изневерува Од тука јас превземав. А луѓето имале идентификатор и од кога завршивме со разговорот мажот ни го кажа нашиот телефонски број. Цел ден се укакавме да не се јави. Вечерта веќе подзаборавивме, кога оп, телефонот ѕвони... Се јавува мајка ми и има што да и кажат од таму. Леле кој ќотек го изедовме и двете. Од тогаш не ми текна повеќе од мојот домашен телефон да вртам било каде и да се зафркавам
Ехе колку кредит и колкави сметки сме направиле со другарки, од зафркавање луѓе по телефон . Инаку секоја недела по два-три саати висевме на телефон и зезавме луѓе, а и сега на овие години некогаш ако ни е досадно тоа правиме. Еднаш звоневме од мојот мобилен, на некој телефон што сами ќе го измислевме и им кажувавме дека пицата ќе им закасни, сме имале проблеми при доставата, а тие ни кажуваа дека не порачале пица, а ние им враќавме со тоа дека пропуштиле шанса да добијат три големи пици за цена од една, и некои не прашуваа дали можат да нарачаат а ние им спуштавме. На другарката, тренерот по одбојка му звоневме, и му зборевме дека добиле микровална од Топ Шоп и не прашуваа како да ја подигнат, и ние се исплашивме и им се јавивме и им се извинивме демек сме го смешале презимето . Еднаш на еден познаник му плачев на телефон, демек како можел да ме остави така сама, а дечково се извади од памет и другарите го викаа, а тој им викаше „Чекајте бе некое девојче ми плаче на телефон“ , а јас само што не сум пукнала од смеење . Има многу други примери кои се по малку срамни и безобразни , само ќе кажам дека на мојата симпатија и се јавувавме и другарка ми му викаше како демек се јавил пред пола саат на Hot Line и му збореа се и сешто, на крај детево спушти , а со еден другар се испокаравме затоа што го зезавме.
Ааа и мене ме имаат зафркавано, 2-3 одделение кога бев сум му се допаѓала на некое детенце од другиот клас, и неговите другарчиња ми се јавија во негово име, со мама си помуабетиле, па после мене ми изјавуваа љубов во негово име. А кај нас имаше гости, па јас само си молчев, не можев да го испратам таму каде што не треба. Секогаш кога ќе се сетам, непрекинато се смеам, како и сега.
Аии итекако зафркававме луѓе хахаха.. бев второ одделение кога дојде другарка ми дома кај мене и од досада незнаевме што више да правиме па почнавме да звониме на разни места (тогаш уште имавме фиксен тел.) ни текна и свртевме на едно такси и порачавме такси за мечето Ушко... и така повеќе пати.и жената оттаму сфати дека деца звонат за ништо и за да не заплаши ни рече: е сеа ќе ве пријавам во полиција и кажете им на вашите дома да си ја проверат сметката за телефон..ептен се исплашивме тогаш али пак правевме ... хеххех имало и мн други случувања али не ми текнува )