Просетав по форумот и ненајдов ништо во врска со даунов синдром. И нормално решив да отворам една тема. дали вие мислите дека лицата се прифатени народно кажано нормално овде во нашата држава. Можам слободно да кажам дека не се баш. Срамота и гревота. И тие се луѓе. Општо гледано лицата со посебни потреби неможат лошо да ти направат ни да те навредат. А кај нас се гледаат со поинакви очи така да кажам, ај да поразговараме на оваа тема.
Што мислите дали лицата со даунов синдром се прифатени во МК Јас не го знам тој даунов синдром така да нема за тоа да коментирам али ке ти кажам дека било кој ....ЗНАЧИ БИЛО КОЈ што има било каков недостаток ке биде исмејуван или ке го оговараат позади грб = нема да биде прифатен во очите на повекето немора да има даунов синдром , било каков да е едноставно до тој степен дошло општеството .
Што мислите дали лицата со даунов синдром се прифатени во МК Знам дека е така а зашто не се погледнат тие прво самите себе, срамота гревота а и неиживеани непрочитале ниеден ред како се зивее надвор од границите не викам запад ке почнам од србија а сакаат бач таквите луѓе да идеме напред да речам во европа на жими мајка. а за даунов синдор да ти објаснам незнам многу но можам народски да ти кажам тоа се личности што имаат исти лик скоро сите, малку поинаков од нашиот, но има неколку вида на тој синдром инаку се предобри, многу помагаат и можат нормално да обавуваат секојдневни работи. некои од нив зборат чисто и јасно.
Што мислите дали лицата со даунов синдром се прифатени во МК Сигурно го знаеш. Специфични фацки имаат овие лица поради тоа што имаат еден хромозом вишок кој им ја пореметува целата генетика. Вака изгледаат: Spoiler Е сега назад на темата: Не. За жал не се прифатени кај нас. Кај нас овие луѓе се сметаат за чудаци, ретардирани и опасни за околината. А всушност тие се најнеопасните, најчувствителните и најискрените лица кои може да постојат. Плус, некои кај кои симптомите не се току изразени дури и се способни да учат и стекнат образование до одреден степен. Но прифатени, не се баш. Сум била сведок на еден немил настан. Жена во маалото кај што израснав има 30 и нешто годишен син со даунов синдром и поради тоа што никој друг неможе да го чува дома, тој седи со неа во нивната продавница и постојано си чепка по рафтовите. И се најде еднаш една „паметна“ госпожа дури купував, и демек се исплашила од детево и и` вика на мајката: „Ти да си најдеш некој да ти го чува детево. Ретардирано е, незнае што прави, ке исплаши некое дете.“ Ретардирано бе! Ретардирано! Крава шугава. Па таа целата е ретардирана! И не само таа. За жал, многу луѓе по улица го гледаат чудно, помалите со потсмев, па дури и го заобиколуваат во радиус од 10 метри како да е чума. Малограѓанштина и неупатеност.
Што мислите дали лицата со даунов синдром се прифатени во МК познавам дете кое е со даунов синдром кога беше малечко, сите членови на семеството беа околу него, душичка во дрзавава секој што е не е ко другите е дискриминиран, а за овие дечиња да не правиме муабет
Што мислите дали лицата со даунов синдром се прифатени во МК Децата со даунров сидром се срциња. Кој успеал макар еднаш во животот да биде во контакт со такво дете ќе види дека детето ќе ве прими со силна љубов искрен поглед и желба за другарување. Мислам дека со некој нови реформи во образованието на овие деца им е дозволено да посетуваат редовна настава а некој од деновите работат со дефектолог. Доколку во одделението има бар едно дете со даунов сидром на учителката треба да и се намали бројот на деца за 5 (е ова може не се почитува). Она што сакав да го кажам е дека последниве неколку години за децата со даунов сидром се презема нешто едноставно баш од таа гледна точка што тие се скоро нормални ок може со мала ментална ретардација која и кај некој не се приметува меѓутоа тоа зависи се и од родителите колку се спремни да работат со тоа дете и колку се спремни да вложат напор а не да речат моето дете е ретардирано и да го пикнат во институција.
Што мислите дали лицата со даунов синдром се прифатени во МК Не мислам т.е. мислам дека не се најдобро прифатени. На нив се гледа како на некои ненормални и опасни за околината. Тоа е погрешно, ама не може на луѓево да им се докаже... Не сум била сведок на кои непријатни случки со заболените од синдромот, ама според разговори заклучувам дека не се најдобро прифатени...
Што мислите дали лицата со даунов синдром се прифатени во МК Не се прифатени, сите ги гледаат со потсмев, со некакво грозење да го наречам...Во населбава има едно девојче, стално го гледам како мајка ѝ ја вози во количка, ја шета, а има многу луѓе и деца, сум приметила како и се смеат, ја покажуваат со прст... Мене ми е просто толку жал кога гледам вакви лица што солзи ми надоаѓаат, а многу се мили, и имаат толку невини лица.Не сум стапила во личен контакт да видам какви се во карактер, ама не се сомневам дека се прекрасни луѓе, полни со љубов. И една случка:Одиме со другарка ми во град и во автобус имаше едно такво лице, и сега си чепкаше во нос, се чешаше нешто и другарка ми почна да се смее, цел автобус ја слушна. Леле колку ми идеше да ја плеснам еднаш, ама се воздржав некако.
На моја екс најдобра другарка тетка и боледува од Даунов синдром. Има околу 40тина години, ама се однесува како мало дете, уште со кукли си игра, плаче ако ја нема мајка и. Многу е воспитана, мирна, полна со љубов за сите. Има завршено специјално учулиште и знае да чита, пишува, смета. Порано кога одев кај другарка ми, а бевме секој ден заедно, и кога ќе ме видеше секогаш сакаше да си играме заедно, па ако и се скинала главата на куклата, да и ја зашијам. Многу мила личност. Не смета никому, се шета со мајка и во град. Бидејќи сум имала близок контакт со вакви луѓе, можам само да кажам дека е греота што не се доволно прифатени од општеството. Ама таква ни е свеста и културата.
Јас немам сретнато досега лице со Даунов синдром. Додуша, барем не некој кој официјално го потврдил тоа. Како во магла ми е сеќавање за еден комшија, кој имаше баш такво мило лице, и секогаш ми даваше цветчиња. Не знам зошто, многу ме сакаше. Мала бев и не знаев ништо, ама сега кога ќе размислам, најверојатно имаше ДС. Но, тоа не значи дека се плашам или дека им се потсмевам. Многу добро знам како и зошто се појавува тој синдром, не е ничија вина тоа. Најмалку на лицето што го има. Иако воглавно имаат среден или низок IQ, не ретко слушам за лица со ДС низ светот кои генијално свират на пијано или решаваат математика како пис оф кејк. Знам исто дека се многу дружељубиви, се приврзуваат многу со личностите. Не ги кривете луѓето кои ги исмеваат и ги гледаат накосо. Кривете ги одговорните, кои треба да информираат повеќе за овие работи. Оти секој се плаши од непознатото, нормална човечка реакција. Ако сакаме да бидеме нормално, модерно и напредно општество, треба уште многу да учиме, не само за оваа работа. А бе кога викам јас дека треба да се учи и да се прошируваат хоризонти, никој не ме слуша.
Ова не е некој да се сопне па ај смејте му се, ова е болест и секого може да го снајде. И никако не ги оправдувам луѓето кои се смеат на вакви појави, туку нај остро ги осудувам. Не е проблем само информираноста, јас ако ме интересира нешто ако не знам доволно веднаш се информирам и не превземам ништо ако не сум информирана, нај малку да реагирам така невоспитано и бездушно на болест кај човек. Не станува збор за информираност туку за постоење на човечки чувства, хуманост, морал... Кога веќе тоа бездушно однесување би го сметала за болест кај човекот, само тогаш би оправдала такво однесување. Ете колку штета може да направи немањето домашно воспитување, затоа родителите се тие кои треба да го воспитаат детето а не треба државата или не знам што да ги информира. Мислам дека лицата со Даунов синдром не се прифатени доволно, односно така како што би требало иако се прават одредени напори особено сега, во минатото не ги ни споменуваа. Тешка и макотрпна е работата со нив, затоа треба трпение, љубов и специјално обучени кадри, не може секоја наставничка да работи со такви деца. И ако луѓето не ги прифатат како дел од нив тешко дека ќе успеат да се вклопат во општеството. Колку е неправеден овој свет. Но се тешам и се надевам дека овие лица со тешки болести живеат во свој свет, чист, безгрешен, недопирлив и уживаат во небеско царство.
едно дете со даунов синдром учи со мене и доаѓа дефектолог со него ама детето стварно има разбирање пример он да каже нешто смешно јас искрајно да ви кажам и не ми е смешно сите други го исмејуваат ама сепак не е убаво така му прават на болно дете
За жал, не се прифатени. Да бидеме реални, така е... Колку пати сум видела како исмејуваат некого со таков недостаток, дури ми се гади од тоа однесување. Срамота е и греота таквото однесување, па треба да бидеме почовечни, никој не знае што може утре да го снајде!
Down Syndrome (Даунов синдром) Дауновиот синдром, трисомија 21 или трисомија Г е хромозомско нарушување,предизвикано од екстра генетички материјал во 21 хромозом. Откриен е во 1866 година од лекарот Џон Ленгдон Даун кој работел со луѓе со интелектуални пореметувања.Тој забележал дека дел од неговите пациенти биле толку слични што лесно можело да се претпостави дека се деца од исти родители. Тој забележал дека овие лица поседуваат широко, сплеснато лице, дебел јазик, мал нос и биле ментално ретардирани. Подоцна ова генетско хромозомско пореметување е наречено Даунов синдром, а негова причина се одредени грешки во клеточната делба пред оплодувањето. Медицински гледано, Дауновиот синдром се нарекува Трисомија 21. Менталната ретардација кај овие луѓе може да се движи од лесна до средна(умерена). Малкумина од нив имаа тешка ментална ретардација.Застапеноста на дауновиот синдром е 1 на 800 или 1000 раѓања. Оваа ментална ретардација може да се открие за време на бременоста на жената, преку амниоцентеза. Иако некои од физичките недостатоци неможат да бидат надминати, соодветната образование и грижа може да го подобри квалитетот на живот кај овие луѓе.
Исркрено мислам дека овие лица се слабо прифатени од средината и од општеството. За жал,сепак никој не е виновен ако се родил така и не треба да имаме такви предрасуди,но не сме сите луѓе исти.Искрено јас би ги исмејувала оние луѓе кои се смејат на нечија несреќа,бидејќи за мене тие се родени со некој синдром.
Има во мојот град и сосема нормално е се , не треба да се однесуваме чудно спрема нив и тие се луѓе и заслужуваат многу љубов.
Не треба никој да се исмејува за нешто што тој не го направил! Сите деца се исти! И да... Сите на форумов сме жени и знаеме дека на секој може да му се случи да роди дете со некаква болест. Сите луге се исти: црни,жолти,бели, со посебни потреби... Имаме емоции,помагаме,сакаме... Мислам дека во Македонија децата не се прифатени воопшто зошто народот не е информиран.