1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некогаш сте украле нешто?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 7 август 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Девојки освен што крадете туѓи срца дали сте украле некогаш нешто друго?
    Јас како мала со другарките оперирав по продавници :$ :lol: Мастики за џвакање најчесто. Ќе се убутаме во продавница пет-шест, си купеш една а 5 збришеш :D Детски памет, што ќе правиш :) Се додека една другарка не ја фатија па срам голем пукна :lol:
    И кајсии, сливи, јаболки од туѓи дворови колку сум украла :lol: Ах, тоа беа времиња :lol:
     
    На sugarlips и Plamenka им се допаѓа ова.
  2. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    :D :D Се насмеав на темава.. Ние ко мали деца по маало крадевме едно време секакви штици и ќерамиди, демек куќичка ќе правиме.. :rofl:
    Кога ни заврши таа опсесија и кога видовме дека нема ништо од бизниост, се префрливме да крадеме јаболки и сливи.. :lol: :$
     
    На Alesii и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  3. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Монистри, мастики, киндер јајце.. :$ :lol:
     
  4. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Зимава ко бев во Венција, брачед ми ми врежа вглава дека треба да украдеме нешто, па украдовме 2-3 разгледници и ланче со маска што чинеше 2,5 евра! :lol: :lol:
     
    На sugarlips и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  5. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Еднаш крадевме Пепси (мали стаклени шишиња). Луѓето имаа маркет и во дворот си ги чуваа залихите, па една вечер искористивме гужва и онака мераклиски колку другари бевме толку шишиње зедовме :D :$
    А за сливи, праски, цреши, вишни, круши, јаболки, СЕКОГАШ кога ќе одев на гости кај роднините на село...уф колку беа вкусни. :lol:
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.138
    Допаѓања:
    14.390
    Пол:
    Женски
    Кога бевме мали,со децата од улица крадевме лешници и јоргован... :D лешниците ги крадевме со фрлање на камења ( половина од дрвото беше на улица а др половина со коренот беше во комшиите во нивниот двор) па секој пат кога дрвото беше “бомбардирано“ по едно цвеќе од градината на комшиите беше уништувано а комшивката збеснуваше :@ :D а јоргован крадевме од друга улица ќе се соберевме повеќе деца и кога ќе се затемни накај 8 и пол саатот тајно кршевме гранки под прозорецот..моментално др не ми текнува
     
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    :tmi: :tmi: :tmi: :tmi: :tmi: Ај леле, да не почнувам.... Како мала нон стоп им ги крадев на децата детските пошти и салфетките. И по цела кутија сум им крадела :tmi: . Последно што имам украдено на екскурзијата во Турција, една блуза и шише Кока Кола. Ама имав соучесници... :lol:
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Покрај тоа што крадевме сливи, јаболки и цвеќиња, како помали, ќе се соберевме неколку деца и од трафиките крадевме бомбони или мастики. А еднаш знам дека украдов еден пластичен прстен на другарка ми, ептен бев заљубена во него и си го „земав“. :$ :lol:
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Абе јас часна сестра да не испаднам? :D :D :D
    Добро сеа, крадев секакви ОВОШКИ :lol: И ден-денес ми се случува (кога ќе не мавнат точките со другарките) да обериме некоја слива или круша :lol:
    Друго... :?: му крадев ментол бонбончиња на дедо ми, ама тоа не се важи :wasntme: :lol:
     
    На LittlePinky, sandramnmp и sweet-star им се допаѓа ова.
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Па има ли некој што не украл? :?:
    Како мала со другарчињата од еден маркет украдовме цела гајба јаболки и цел ден ги јадевме. Сме краделе и други овошја....
    А преклани во Венеција, еднаш несакајки урадов наочари за сонце. Ги ставив на глава да ги пробам, и после си продолшив со шетање. Ги приметив дури кога дојдов во смештајот.
    И упте не ми е јасно како продавачот не ми кажа ништо?! :^)
     
    На ShawtyGIRL, sugarlips, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Крадев и јас :tmi: :D Знаевме да отидеме во трафика неколку деца и да прават муабет на продавачката а други да зимаат мастики и се што може да се земе без оваа да примети :D Сум се пентарела по дрва во комшии и тоа кај лошите комшии , место кај тие поблагите да отидам .. :)
     
  12. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    61
    како мала, му ги крадев на комшијата саксиите со китки, и глупачата си ги ставав во мојот двор, и тоа на видно место. и утре пак ќе беа кај него(изгледа сам си ѓи враќаше) и јас па... и така додека да пораснам
     
    На ShawtyGIRL, WildOnes55, tHeBeAuTyFoReVeR и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Покрај сливи , памтам дека во забаваче за малку ќе му ја украдев гумата на едно девојче, ама така убаво мирисаше :D ама ми текна друга идеја да ги замениме мојата и нејзината, од тогаш немам друго ни заменето ни украдено, ако не се смета украдено ако два три пати ме частеше една другарка сок. :D
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ехеее сливите и кајсиите не важат :D Друго вака не помнам да сум украла, ниту од кај другарки, ниту од продавница, штознам срам ми беше, кога бев мала се плашев оти ќе ме фатат. Ама во ред, тие ситни работи што ги пишувате па и не се така баш крадење :wasntme: земање без прашање и без пари :wasntme: :D
     
  15. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Пенкала... :D
    До прва година средно секој ден си носев пенкало и секој ден ми го снемуваше... ама од втора година се опаметив и уште од првиот ден му ги собирам на сите пенкалата и цела година имам пенкала... дома имам и за извоз :D :D :D
     
    На tHeBeAuTyFoReVeR и stilas7 им се допаѓа ова.
  16. EllenMonroe

    EllenMonroe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    3
    Како многу мала имам украдено две шнолички од една бижутерија.И многу често ми се случувало да си соберам некое пенкалце од другарчето на клупа и да си го ставам во прибор али тоа заради заборавеност :lol: :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    НИКОГАШ немам украдено НИШТО, ОСВЕН праски, кајсии, јагоди, лешници, ореви, јаболчиња, круши, сливи, бонбони.......... :lol:
     
  18. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Never ever! :) Не, стварно никогаш немам ништо украдено.
     
    На Tinushka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Љубовта од еден човек :lol: Ако и тоа се важи .Ми вели јас сум како дрога колку повеќе ја нема ,толку повеќе ја посакува.
    Ај луда сум нели ? но тој така вели. :lol: Да како деца онака по некоја цреша од некој двор :lol:
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Еднаш со пет-шест другари, другарки влеговме во продавничка и демек разгледувавме и сите пикање по џебови кој што стигне, беше еден продавач само. Откако украдовме што можевме, летнавме да бегаме, ама човеков увиде што напраивме и почна да не брка, па викна полиција. Ама ние дечишта се пикнавме во една зграда и се откажа човекот :lol:
    Мислам дека нема дете што не крадело од дворови. Ух каква организација сме имале :rofl:
     
    На sugarlips и LadyStyle им се допаѓа ова.