Дали е глупаво или нормално на денешно време на некој кому му сте се допаднале претходната вечер...веќе другиот ден да ве покани за пријател на FB и да почне да ви се додворува...иако не пробал да ви се доближи претходно? Mене сеуште ми се глупави тие запознавања преку нет...никогаш нисшто добро не ми се случило од тоа. Што мислите вие?
Не ми се допаѓа додворување преку фб или мсн ,прво се знае дека првиот состанок е многу важен затоа што можеш да ги забележиш реакциите на спротивниот пол и ќе знаеш отприлика што му се допаѓа,ке го оцениш неговото однесување не во целост но делумно колку да знаеш дали би излегла повторно со него и дали би сакала да бидеш со него. Преку фб и мсн незнаеш дали тој се зеза или има навистина добри намери такак да ако на некој му се свигам нека ми се додворува на начин на кој што отсекогас се сметал за нормален сепак фб е само виртуелен свет со мала доза на реалност . п.с заборавив да кажам пристапот многу говори за личноста што преку фб и мсн не би го забележала
Со оглед дека се повеќе нет-комуникацијата зазема место во начинот на комуницирање,не е чудно.Веројатно многу полесно е некому да му пристапиш преку фејсбук или на мсн отколку очи в очи.Ама не практикувам нити па поддржувам таков начин.Поинаку е кога контактот е директен ,кога се гледа фацијалната екпресија.Тоа е вистинскиот начин.Ај поздрав
Немам фб , ни мснто не го користам многу често . За порано , кога немав дечко , беа тие допишувања на мсн ,договарање средби .. паѓање во несвест ( демек љубов ) . Искочи во живо - одма магла фаќај ! Од причина не е убав , не знае во живо муабет да направи и разни . Не сум за вакво запознавање ич , многу филмови и на крај разочарување..Подобро во 4 очи се тоа
Абе искрено оваа нет-технологија многу помага во тие работи. На пример, ако дечково ретко го гледате, не се движите на исти места... овој начин да му се доближите е добар. Ама што ако те аднал некој за пријател, а те запознал претходната вечер. Има луѓе кои адираат други што ВООПШТО НЕ ГИ ПОЗНАВААТ. Премногу си го сфаќаат луѓево сериозно тој фејсбукот. За мене не е мерило. Ама ич.
незнам за вас ама јас на нет заппзнав прекрасен дечко идевме некое време и беше супер. инаку ако веќе претходно сте го запознале интересно е да ви се додворува преку фб или мсн. ама има и некои мноогу досадни што појма немате кој се многу ме нервираат таквите
луѓе излегувајте, шетајте запознавајте прави личности. мене многу ме нервира запознавањето по интернет. ништо не е исто како што можеш дасе заљубиш во првиот поглед, да ти се додворуваат во дискотека, кафич или на седенка. ништо неможе да го замени првиот допир, првата насмевка во живо, првиот бакнеж, првото немигање. а што преку нет..... ќе си пушттате само т.н. водичка колку сакате да се видите се гледате и штооооо......... каде е убавината во сето тоа .... п.с. мое размислување
Се согласувам со карак. Јас сум за додворување во живо. Тој некој флуид што го има кога е во живо не може да се доживее преку мсн или фб.
Глупаво,глупаво,глупаво!!! Тоа ми некако нереално! Вистинското додворување треба да биде во живо,според мене
Е ајде де. А колку само се испоженија! Мене не ми е баш ок за оние кои си бараат женска - дечко преку фејсбук, зборувам за оние што со единствено таа намера користат фб.Тоа ми е знак дека тој не може да си најде женска поради не знам кои причини, па ајде на нет си ја пробува среќата, бидејќи таа нова девојка, ниту го знае, ниту го познава
Ислушајте го ова многу ми е интересно за Фб,негде окај 5 минута: http://www.youtube.com/watch?v=Eu5TJPfuY3c
Мене ми е тоа некако глупаво! Не сакам воопшто некој да ми се додворува преку фб или мсн па затоа фб немам а на мсн ги имам само најблиските и го користам само за да си пишувам со дечко ми или некој роднина во странство! Преку нет запознав само една личност што вреди, еден тип кој ми стана најдобар пријател и кој можеби никогаш нема да го видам затоа што е од многу далечна земја, но пријател каков што ретко се наоѓа, кој секогаш ме слуша и ми дава добри совети, кој знае да ме насмее... Единствена добра личност што сум ја запознала на нет! Додворувањето преку компјутер е за оние што немаат храброст да зборнат во 4 очи, што не знаат можеби да се однесуваат како што треба кога ќе се видат со дечкото/девојката. или пак за оние правно наречени-помлади малолетници(13, 14 год).
Никако виртуелно! Се ежам од тие типови, посебно непознаати кога те аднуваат а имаат по 2000 пријателКИ,на секое можно женско суштество оставаат коментар и се трудат да најдат врска на интернет! Некогаш оправдувам ако е другар на другар,го знаеш па сте седеле неколку пати у диско па ајде да не напиња одма со број, на почеток може некој ситен флерт преку чет!