Форумџика на годината

Државјанство - двојно, тројно...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од daylight, 30 април 2013.

?

Колку државјанства имате?

  1. Двојно

    90 глас(а)
    33,0%
  2. Тројно

    7 глас(а)
    2,6%
  3. Само едно

    171 глас(а)
    62,6%
  4. Повеќекратно (4 или повеќе)

    5 глас(а)
    1,8%
  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Многу земји последнава деценија донесоа закони за легално доделување на државјанства на странци по разни основи (на пр. потекло, инвестирање, брак и тн.) доколку легално се исполнат одредени барања а без притоа да бараат откажување од претходното државјанство. Такви се на пр. Канада, Грција, Хрватска, Србија, Италија, Романија, Франција, Шведска, Унгарија и тн.
    За среќа Република Македонија во своите закони го дозволува повеќекратното државјанство, но со образложение дека македонските државјани кои имаат и едно или повеќе странски државјанства, на територијата на РМ државата ги третира исклучиво како свои државјани. На пр. ако имате американски и македонски пасош, додека сте во Македонија немате право да барате правна помош од американската амбасада и тн.
    На темава можеме да дискутираме и да се информираме за:

    - странските државјанства,
    - за предностите и недостатоците на двојното (повеќекратното) државјанство,
    - обврските и правата кои произлегуваат од тоа,
    - кои земји дозволуваат а кои забрануваат двојно државјанство,
    - начинот на добивање,
    - евентуални интересни пријатни или непријатни случки со патувањето со повеќе пасоши

    (на пр. без визи) и тн.

    Значи идејата ми е темата да биде поширока, да опфати најразлични земји и аспекти.

    п.с. поимот „државјанство„ не треба да се меша со „национална/етничка припадност„. На пр. македонците во австралија можат да бидат австралијански државјани, но етнички гледано тие се македонци.
    п.п.с. Ве молам доколку имате прашања и мислења конкретно само во врска со бугарското државјанство, тоа да не го изнесувате во оваа тема туку во темата предвидена за тоа: „Бугарски пасоши„.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Нормално македонско :)
    А второто ми е по мајка ми, српско.
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Ете Snow-Queen ако имаш и српски пасош можеш да патуваш без виза во Русија до 1 месец, а во Кина и Монголија доколку одиш од деловни причини исто така не ти треба виза. Од друга страна до вчера со српски пасош не можеше да појдеш без виза во Јапонија додека со македонски можеше без проблем уште пред 15 години безвизно во земјата на изгрејсонцето. :)

    [​IMG][​IMG]

    Дел од граѓаните во Македонија кои можат да докажат потекло од Србија (на пр. родители, баба или дедо) имаат право да бараат српско државјанство кое почнувајќи од летото 2012 е бесплатно - претходно чинеше 200 евра - ова инаку важи за жителите на сите држави кои се граничат со Србија (Албанија, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Романија, Хрватска).
    Повеќе информации на линков.
    .
    Дали има некој информација власите имаат ли право на романско државјанство? (тнр.cetățeniei-четацениeј) - со оглед на тоа што Романија (неоправдано) ги смета власите за романци. Знам дека Романија речиси на пола Молдавија и подели романски пасоши, па мислев ако им дале нив, можеби и на другите би им дале.

    [​IMG]
     
  4. Liebe.Love

    Liebe.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    24
    Кога сум била мала додека сме живееле тука, сум имала македонско и српско, но сега имам германско, морав да се откажам од двете бидејќи Германците не дозволуваат двојно.. :/
     
    На Pinafan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.640
    Допаѓања:
    106.676
    Пол:
    Женски
    Јас сега засега имам само македонско , едно државјанство , но за едно 7 год би требало грчко да земам , па изгледа ке треба да се откажам од македонското :|
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Грција дозволува повеќекратно државјанство, така да нема да мораш да се откажуваш од македонското.

    Воедно, колку што ми е познато децата и внуците на оние од Егејска Македонија имаат право да бараат грчко државјанство (не зборам за имоти!) врз основа на „грчко„ потекло, и тоа по повластени услови: без такса, незадолжително познавање на грчки, не мора постојан престој и тн.
    Повеќе информации тука.

    А грчкиов пасош како сликовница е :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=gnAxxatmmko
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Јас освен македонско имам и бугарско
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Кратко интервју на Институтот за канадско државјанство со 2 жени, едната од нив има тројно државјанство (хонгконгшко, австралијанско и канадско) а другата двојно - македонско и канадско.

    http://www.youtube.com/watch?v=aJ9TP2iOybc
     
  9. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    двојно :D
     
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    13.561
    Пол:
    Женски
    Не познавам Власи кои земале романско државјанство. Имам тетин што поминал 10 години во студии во Романија, на основ дека е влав добил стипендија и стана доктор на науки на букурешки универзитет. Знам дека власите имаат доста поволности во Романија (многу мои братучеди студирале и работеле во Романија), но мислам дека би требало да покажат некој доказ за потекло од таму за да добијат државјанство (мое мислење е ова, не знам дали е така).

    Јас иначе си имам само македонско државјанство, и би земала друго само ако планирам да живеам во таа држава, која и да е. А бидејќи немам некои желби да ја напуштам Македонија, тешко тоа да се случи. :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Да, сега засега Р.Германија не дозволува двојно државјанство. Доколку некој има 2 или повеќе државјанства може да ги задржи најдоцна додека не наполни возраст од 23 год.
    Но исклучок од тоа правило се децата чии родители се германци. Исклучок се и швајцарските државјани.

    По ова прашање се водат повремени дебати во германското општество како што може да се види од краткава репортажа на Дојче Веле (DW):

    http://www.youtube.com/watch?v=ibJGzVNIw_0

    А интересно е што право на германско државјанство имаат и сите оние кои за време на националсоцијализмот(нацистичка Германија) државјанството им било одземено и биле протерани. Ова право се пренесува и на нивните деца и внуци.

    [​IMG]
     
    На promeneta и Miro91 им се допаѓа ова.
  12. LikeDomino

    LikeDomino Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    25
    Ја имам македонско, а наскоро ќе добијам и хрватско поради што сум многу среќна 8) :D
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  13. V.e.n.e.r.a

    V.e.n.e.r.a Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    18
    Јас имам македонско и српско. :)
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.640
    Допаѓања:
    106.676
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање, сакам на ќерка ми да и извадам македонско државјанство, татко и е грк а јас сум македонка, па ме интересирз кои документи треба да ги поднесам и каде, и дали е потребен некој документ и од таткото ?
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Во подрачната единица на МВР (на пр. Скопје во зградата на МТВ) ќе биде потребно да се достави барање-формулар (се подига на шалтер) за впишување во книга на државјани на РМ.
    Лична карта или пасош, изв.од мат.кн.на родени, можно е да бараат изв.од мат. кн. на венчани, согласност на родителот кој не е државјанин на РМ. Се плаќа такса 20+80ЕУР во пошта или банка.
    Доколку документите се на странски јазик, потребно е да бидат преведени на македонски јазик од овластен судски преведувач.
    Процедурата трае најмногу до 6-7 месеци. Откако ќе се добие државјанството, доколку сакате, имате право да поднесете барање за македонски пасош.

    Можно е да побараат и други документи. Повеќе информации:
    http://www.mvr.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=432
    http://www.uslugi.gov.mk/UslugaDetali.aspx?UslugaID=3FB49FA3D009405DAE77C9FF2102CE3E

    Доколку живеете во Грција потребно е да се обратите до:

    Канцеларија за врски
    на Република Македонија во Атина:


    Papadiamanti 4, P. Psychico,
    154 52 Athens
    ++ 30 210 67 49 585
    ++ 30 210 67 49 548
    ++ 30 210 67 49 572
    athens@mfa.gov.mk
    http://www.missions.gov.mk/athens

    или доколку ви е поблиску во:

    Канцеларија за конзуларни,
    економски и трговски работи
    на Република Македонија во Солун:


    Tsimiski 43,
    54623 Thessaloniki
    ++ 30 2310 277 347
    ++ 30 2310 278 598
    solun@mfa.gov.mk
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.640
    Допаѓања:
    106.676
    Пол:
    Женски

    Благодарам многу :) сега би сакала да ги спремам документите' па во зима ке почнам со сите процедури :) само се надевам да прифатат согласност напишан на хартија од мм бидејки нема шанса наскоро да дојде во мк :|
    како и да е ке одам д се распрашам подетално за се :)
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.209
    Допаѓања:
    36.697
    Пол:
    Женски
    Јас имам македонско државјанство. Можам да имам и српско државјанство, ама за тоа треба да го ангажирам татко ми. Прво тој да извади српско државјанство, па после јас.
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    Доколку баба ти или дедо ти биле некогаш српски државјани (или државјани на некогашната СР Србија во Југославија) можеш и без татко ти да извадиш српско. Потребно е меѓу другото да извадиш нивни изводи од мат.кн.на родени во Србија но да не се постари од 6 месеци кога ќе ги подаваш во амбасадата. (повеќе информации на линкот од претходната стр.) И после ќе можеш како турист да патуваш низ Руската федерација без виза. ;)
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.209
    Допаѓања:
    36.697
    Пол:
    Женски
    Баба ми и дедо ми не се српски државјани. Татко ми е роден во Србија, ама нема српско државјанство. Има само извод од матичната книга на родените.
     
  20. s.t.a.r.s.h.i.n.e

    s.t.a.r.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    28
    наше и бугарско (ова второво го нејќам, ама мора ради пасошот)